француски департмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jul 2020 07:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француски департмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новиот француски министер за полиција под истрага за силување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-minister-za-policija-pod-istraga-za-siluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-minister-za-policija-pod-istraga-za-siluvanje/#respond Wed, 08 Jul 2020 07:07:40 +0000 https://kurir.mk/?p=371397

Францускиот претседател Емануел Макрон и новата Влада се принудени да ја бранат одлуката за назначување на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи против кого се води истрага за наводното силување, јави Би-Би-Си. Случајот беше отфрлен во февруари 2018 година, но овој јуни Апелациониот суд во Париз донесе одлука дека причините за откажување на на истрагата не се доволни. Дарманин остро ги негира тврдењата дека во 2009 година ја силувал Софи Патерсон Спац кога таа побарала правна помош од него. Тој изјави дека таа се согласила да има секс и ја обвинува за клевета. Меѓутоа, неговото именување предизвика шок и гнев кај феминистичките групи и критичарите на Владата, пренесува Би-Би-Си. Макрон почна со реконструкција на Владата во петокот, по лошите резултати на неговата партија Република во движење на локалните избори минатата недела. Истиот ден, досегашниот премиер Едуард Филип поднесе оставка, а на негово место беше назначен конзервативниот политичар Жан Кастекс. Неколку часа подоцна, судот почна истрага за реакцијата на Владата на пандемијата на коронавирусот, која се фокусира на тројца високи функционери, вклучувајќи го и Филип. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-minister-za-policija-pod-istraga-za-siluvanje/feed/ 0
Десетина француски департмани во очекување на силно невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-francuski-departmani-vo-ochekuvanje-na-silno-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-francuski-departmani-vo-ochekuvanje-na-silno-nevreme/#respond Fri, 26 Jun 2020 10:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=363350

Десетина француски департмани се ставени во метеоролошка претпазливост поради ризик од силно невреме во текот на целиот денешен ден, јави дописникот на МИА. Покрај силниот дожд, пропратен со силен ветер и на места град, се очекува и силно електрично празнење на атмосферата. Слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден, што според регистрираните електрични празнења се најде на третото место од почетокот на годината. со вкупно 8.864 громови. Претходно на 3 јуни беа забележани 9.930 удари од грим, а на 9 мај дури 12.304 удари од гром. Франција во текот на изминатите неколку дена, како и денеска е зафатена од топлотен бран и на многу места максималната температура надмина 30 целзиусови степени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-francuski-departmani-vo-ochekuvanje-na-silno-nevreme/feed/ 0