француски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 May 2022 13:31:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Три училишта од Карпош ќе бидат дел од регионалниот проект за настава по француски јазик https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tri-uchilishta-od-karposh-kje-bidat-del-od-regionalniot-proekt-za-nastava-po-francuski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tri-uchilishta-od-karposh-kje-bidat-del-od-regionalniot-proekt-za-nastava-po-francuski-jazik/#respond Fri, 13 May 2022 13:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=676288

По повод започнување на проектот (FSPI), за заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, денеска попладне во Клубот на пратеници се одржа семинар за промоција на оваа регионална иницијатива. На средбата присуствуваа Амбасадорот на Франција во РСМ, Сирил Бомгартнер, Министерот за образоваие и наука, Јетон Шаќири, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и други видни личности од културниот и политичкиот живот во нашата држава. Министерството за надворешни работи и Европа на Франција го поддржа овој проект, а за неговите цели и ефекти говореше Аташето за француски јазик, Љупка Димова. Имено, проектот се состои од три компоненти кои опфаќаат поттикнување кон избирање на францускиот јазик во претшколските и школските установи, зајакнување на наставата по француски јазик во училиштата преку вмрежување и територијална соработка и промовирање на францускиот јазик како работен јазик, јазик на креација и иновација и развивање на професионален француски јазик. Инаку, на територија на локалната самоуправа во Карпош, регионалниот проект FSPI ќе се реализира во трите основни училишта „Вера Циривири Трена“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, во паралелките од 6 до 9 одделение. Во рамки на семинарот стана збор и за отворање на новите перспективи на учениците кои ќе бидат инволвирани во овој проект. Во таа насока, Амбасадорот Бомгартнер и Министерот Шаќири имаа свое обраќање за значењето на франкофонијата и улогата на францускиот јазик во Македонија. За поддршката на францускиот јазик говореше првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој во оваа пригода истакна дека локалната самоуправа дава силна поддршка на оваа регионална заложба. -Засега францускиот се изучува како втор јазик во четири од вкупно десет основни училишта на наша територија. Раководството на Општина Карпош има особена почит кон францускиот јазик, култура, историја и народ. Пред 12 години со особено задоволство ја прифатив иницијативата која потекна од француската Амбасада, според која требаше да отвориме детска градинка на француски јазик. Тоа требаше да биде заеднички проект во кој француската Амбасада се обврза да ја обезбеди опремата во градинката, додека пак, Општина Карпош требаше да го изгради објектот. Ние обезбедивме простор и ја изградивме градинката на површина од 650 м2 на централна локација, до градинката „Орце Николов“ во Карпош 3 – објасни Јакимовски. Тој констатираше дека за жал, француската Амбасада се откажала од сопственото учество во оваа претшколска установа и додаде дека, за проширување на влијанието и употребата на францускиот јазик, најдобро е ако најмладите жители почнат да го изучуваат овој странски јазик од најрана возраст. -Токму затоа ве уверувам дека ние како локална самоуправа сме подготвени, се разбира доколку француската Амбасада е заинтересирана, заедно да изградиме една градинка каде што воспитно – образовниот процес ќе се одвива исклучително на француски јазик, во насока на продолжување на соработката меѓу нашите две држави – додаде првиот човек на Општина Карпош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tri-uchilishta-od-karposh-kje-bidat-del-od-regionalniot-proekt-za-nastava-po-francuski-jazik/feed/ 0
Придружбата на Меси негира дека играчот и неговото семејство учат француски јазик https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pridruzbata-na-mesi-negira-deka-igrachot-i-negovoto-semejstvo-uchat-francuski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pridruzbata-na-mesi-negira-deka-igrachot-i-negovoto-semejstvo-uchat-francuski-jazik/#respond Wed, 27 Jan 2021 14:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=460642

Луѓе блиски до напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, ги демантираа информациите дека играчот учи француски јазик. Како што пишува „Diario Sport“, повикувајќи се на потесниот круг на Аргентинецот, ниту самиот фудбалер ниту членовите на неговото семејство учат француски јазик. Вчера, новинарот на „ Canal+“, Жофе Гарет ја рашири оваа информација, велејќи: „Меси и неговото семејство одат на часови по француски јазик. Зошто го прават тоа ако тој оди во Сити?“ Претходно постојано се пишуваше за интересот на Манчестер сити и на ПСЖ за Меси. Оваа сезона, напаѓачот, чиј договор со Барса истекува летото 2021 година, одигра 17 натпревари за клубот во Ла Лига, постигна 11 гола и направи две асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pridruzbata-na-mesi-negira-deka-igrachot-i-negovoto-semejstvo-uchat-francuski-jazik/feed/ 0