француски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 15:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Францускиот парламент одобри значително зголемување на воените трошоци поради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-odobri-znachitelno-zgolemuvane-na-voenite-troshotsi-poradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-odobri-znachitelno-zgolemuvane-na-voenite-troshotsi-poradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Thu, 13 Jul 2023 15:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=856359

Францускиот парламент денеска одобри зголемување на воените трошоци за милијарда евра поради руската војна во Украина и брзо растечките глобални закани, објавија американските медиуми. Претседателот Емануел Макрон се заложи за поголем буџет за кој ќе бидат употребени 413 милијарди евра, што е најголемото зголемување на трошоците во последниот половина век. Макрон тврдеше дека зголемувањето е неопходно за да се гарантира слободата, безбедноста, просперитетот на Французите и нивното „место во светот“. Новиот воен план вклучува удвојување на бројот на воени резерви и зајакнување на сајбер одбраната, како и зголемување на капацитетот за производство на оружје и за помош на Украина, како и за соодветно снабдување на француската војска. Новиот буџет за 2024-2030 година е повеќе од една третина повисок од последниот план за воени трошоци од 295 милијарди евра за 2019-2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-odobri-znachitelno-zgolemuvane-na-voenite-troshotsi-poradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Францускиот парламент го поддржа владиниот план за нуклеарна обнова https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-go-poddrzha-vladiniot-plan-za-nuklearna-obnova/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-go-poddrzha-vladiniot-plan-za-nuklearna-obnova/#respond Wed, 22 Mar 2023 06:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=814753

Еден ден откако француската Влада го преживеа гласањето за недоверба поради најавената реформа на пензискиот систем, францускиот Парламент со големо мнозинство го поддржа планот на Владата за инвестирање во нуклеарната енергија. Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, беше одобрен синоќа во францускиот Парламент со 402 гласа за и 130 против. „По Сенатот минатиот месец, Долниот дом со големо мнозинство гласаше за планот за нуклеарно обновување, што е резултат на заедничката работа во борбата против климатските промени и гарантирање на нашиот енергетски суверенитет“, напиша премиерката Елизабет Борн во објава на Твитер. На вчерашното гласање за недоверба на француската Влада, 278 пратеници го поддржаа предлогот на опозицијата за изгласување недоверба, а уште девет пратеници, односно 287 од нив, гласаа против соборувањето на Владата на премиерката Борн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-go-poddrzha-vladiniot-plan-za-nuklearna-obnova/feed/ 0
Францускиот Парламент одобри прием на Шведска и Финска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-parlament-odobri-priem-na-shvedska-i-finska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-parlament-odobri-priem-na-shvedska-i-finska-vo-nato/#respond Wed, 03 Aug 2022 15:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=713560

Со 209 гласови „за“ и 46 „против“ францускиот Парламент го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО. Сенатот, Горниот дом на парламентот, пред две недели изгласа прифаќање на двете земји во НАТО. Шведска и Финска поднесоа барање за членство во Алијансата во контекст на руската војна против Украина. Досега, двете нордиски држави на ЕУ беа блиски партнери, но не и членки на НАТО. Пред да влезат во сила пристапните протоколи, тие мора да бидат ратификувани од сите 30 земји-членки на НАТО. Околу две третини од земјите на НАТО веќе дадоа одобрение за северното проширување на одбранбената алијанса.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-parlament-odobri-priem-na-shvedska-i-finska-vo-nato/feed/ 0
Францускиот Парламент го усвои продолжувањето на контроверзните мерки на антитерористичкиот закон „Силт“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-parlament-go-usvoi-prodolzuvanjeto-na-kontroverznite-merki-na-antiteroristichkiot-zakon-silt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-parlament-go-usvoi-prodolzuvanjeto-na-kontroverznite-merki-na-antiteroristichkiot-zakon-silt/#respond Thu, 17 Dec 2020 12:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=444658

Францускиот Парламент го усвои продолжувањето до крајот на јули 2021 година на контроверзните мерки на антитерористичкиот закон познат како „Силт“ од 2017 година, по последното гласање на Националното собрание, јави дописникот на МИА. Со други зборови, антитерористичките мерки ќе продолжат да важат и понатаму. Како „домашни посети“, индивидуални мерки за контрола, воспоставување на безбедносни периметри и затворање на места за богослужба: овие мерки, се осудувани веќе три години, од бранителите на граѓанските слободи, кои сметаат дека тие се директно инспирирани од вонредната состојба. Овој исклучителен режим беше спроведен вечерта на нападите од 13 ноември 2015 година и се до усвојувањето на законот за внатрешна безбедност и борба против тероризмот (Силт) од тогашниот министер за внатрешни работи Жерард Коломб во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-parlament-go-usvoi-prodolzuvanjeto-na-kontroverznite-merki-na-antiteroristichkiot-zakon-silt/feed/ 0
Во францускиот Парламент е претставен планот за излегување од ограничувачките мерки на француската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francuskiot-parlament-e-pretstaven-planot-za-izleguvanje-od-ogranichuvachkite-merki-na-francuskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francuskiot-parlament-e-pretstaven-planot-za-izleguvanje-od-ogranichuvachkite-merki-na-francuskata-vlada/#respond Tue, 28 Apr 2020 15:09:31 +0000 https://kurir.mk/?p=338804

Францускиот премиер Едуар Филип пред Националното собрание го претстави планот за олабавување на мерките на ограничување. Притоа тој предупреди дека „ако индикаторите не се исполнети, олабавувањето на мерките нема да го има на 11 мај“, јави дописникот на МИА. Мерките на ограничување и нивното подигање, нема да бидат исти во зависност од регионот, со оглед дека сите региони не се погодени од коронавирусот на ист начин. Односно секое оддалечување на повеќе од 100 километри од домот, мора да има императивни потреби. Значи од 11 мај повеќе нема да има потреба од потврда за излегување од дома. Медиатеките, библиотеките и малите музеи ќе можат да отворат на 11 мај. Од 11 мај ќе има 700 000 виролошки тестови неделно, позитивно тестираните лица ќе можат да се изолираат дома или во за тоа наменетите хотели. Нивните блиски ќе бидат тестирани, а тестовите ќе бидат на сметка на социјалното осигурување. Правилата на социјално растојание ќе треба и понатаму да се почитуваат, посебно во продавниците кои ќе можат да отворат на 11 мај, а секоја продавница може да побара носење на заштитна маска. Рестораните, кафулињата и бистроата ќе останат затворени, за нивното отворање одлуката ќе биде донесена по 2 јуни. Пазарите на отворени исто така ќе бидат доволени. Во јавниот транспорт носењето на заштитна маска ќе биде задолжителна. Спортските натпревари и понатаму остануваат забранети. Односно сезоната 2019-2020 за професионалните спортови, како фудбалот не може да продолжи. Засега нема одлука за летните одмори и за другите манифестации, бидејќи сите собири со повеќе од 10 лица остануваат и понатаму забранети. Забранети се и религиозните свечености до 2 јуни. Додека собирите со повеќе од 5000 учесници и на кои им е потребна дозвола од префектурата не ќе можат да се одржат пред септември. Училиштата ќе бидат прогресивно отворени од 11 мај , додека другите од 18 мај, со максимум од 15 ученици во одделение, наставниот и училишниот персонал ќе биде со маски ако не можат да се почитуваат гестовите на заштита. Од забавиште до петто одделени враќањето на училиште на 11 мај е на доброволна основа, на децата не им се советува да носат маски нда носат маски бидејќи тие не се прилагодени на нивните лица. За децата од 6 до 9 одделение ќе биде задолжително носењето на маски. А градинките ќе можат да работата само со десет деца, според приоритетот на работните обврски на нивните родители. Додека за средните училишта одлуката ќе биде донесена на крајот на мај. Премиерот Филип, притоа тврди дека на 11 мај ќе има доволно маски за сите. За апликацијата СтопКовид ќе се дискутира на посебна сесија на собранието, по што ќе има и посебно гласање. Подигањето на мерките на ограничување според францускиот премиер се потребни, бидејќи во спротивно постои ризик од „рушење на економијата“/ -Чувствуваме дека продолжениот прекин на производството на цели делови од нашата економија, дека трајното нарушување на школувањето на голем број деца и адолесценти, дека прекинот на јавните или приватните инвестиции, дека продолженото затворање на границите, дека екстремното ограничување на слободата на движење (…), би претставувало за земјата, не само болното непријатност на затвореност, туку всушност она што е пострашно, ризикот од колапс “, рече премиерот, кој исто така додаде дека„ олабавувањето на мерките ќе се направи според триптихот: заштита- тестирање-изолирање “. Односно дека ќе биде потребно да научиме да живееме со Ковид-19 и да се заштитуваме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francuskiot-parlament-e-pretstaven-planot-za-izleguvanje-od-ogranichuvachkite-merki-na-francuskata-vlada/feed/ 0