француски предлог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 May 2023 14:45:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француски предлог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детектор анкета: Граѓаните против францускиот предлог и преговарачката рамка со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-graganite-protiv-frantsuskiot-predlog-i-pregovarachkata-ramka-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-graganite-protiv-frantsuskiot-predlog-i-pregovarachkata-ramka-so-eu/#respond Sun, 14 May 2023 15:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=834068

Мнозинството граѓани - 55,7 отсто се против преговарачката рамка која Владата ја договори со Европската Унија и сметаат дека со тоа земјава се става во потчинета положба, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето само 28,1 отсто од испитаниците даваат поддршка за преговарачката рамка при што Македонците и Албанците имаат сосема различни ставови. -Додека 70 отсто од Македонците се против преговарачката рамка, дури 75 отсто Албанци даваат поддршка. За преговарачката рамка се само 13,2 отсто од Македонците, додека против неа се само 11,5 отсто етнички Албанци. Најмалку граѓани против преговарачката рамка има во Полошкиот регион, а најмногу во Вардарскиот без Скопје и на Југоистокот, покажуваат резултатите од испитувањето. Граѓаните се поделени и околу можноста да се преговара за нова рамка. -Од нив 37,1 отсто сметаат дека тоа е можно, додека 36,4 отсто, пак, сметаат дека репреговарање на преговарачката рамка не е опција. Тука нема некоја голема разлика меѓу ставовите на доминантните етнички групи. Кај Македонците 36,3 отсто сметаат дека може, а 36,7 отсто дека не може повторно да се преговара за нова рамка. Кај етничките Албанци, 40,6 отсто се на ставот дека е можно да се договори и нова преговарачка рамка, додека 34,9 отсто дека не може, покажуваат резултатите од анкетата. Близу две третини од граѓаните велат дека имаат доволно информации за францускиот предлог. -Ваков став делат 59,1 отсто од анкетираните, додека една третина или 33,9 отсто рекле дека немаат доволно информации за преговарачката рамка. Македонците се подобро информирани од Албанците. Од етничките Македонци 66,2 отсто рекле дека имаат доволно информации за францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето, додека 44,5 отсто етнички Албанци велат дека не се доволно информирани, се гледа од анкетата. На близу половина од граѓаните воопшто не им е позната разликата меѓу францускиот предлог и преговарачката рамка. -Ваков став имаат 49,6 отсто од анкетираните, додека 31,1 отсто рекле дека ја знаат разликата. Од анкетираните 50,9 отсто сметаат дека преговарачката рамка е на штета на македонските национални интереси и се согласуваат со тврдењето дека оваа преговарачка рамка ја става земјава во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација, а само 21 отсто се согласуваат со тврдењето дека преговарачката рамка ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет. Но Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивни ставови. Додека 62 отсто од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација, дури 54,4 отсто од Албанците се на ставот дека преговарачката рамка го гарантира македонскиот идентитет, се истакнува во анкетата. Најзагрижени дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација се повозрасните и граѓаните меѓу 30 и 39 годишна возраст. Најмала е загриженоста кај најмладите. -Близу половина од граѓаните или 48,4 отсто сметаат дека има многу дезинформации по ова прашање, додека 26,9 отсто велат дека нема дезинформации, се посочува во анкетата. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-graganite-protiv-frantsuskiot-predlog-i-pregovarachkata-ramka-so-eu/feed/ 0
Османи му се заблагодари на Макрон за францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mu-se-zablagodari-na-makron-za-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mu-se-zablagodari-na-makron-za-francuskiot-predlog/#respond Mon, 29 Aug 2022 18:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=725695

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на традиционалниот 17-ти Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата“, денеска се сретна со Лоранс Бун, државна министерка за Европа во француското Министерство за Европа и надворешни работи. -Отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ во јули годинава е успешна приказна и Македонија и за ЕУ, бидејќи се испрати силна порака дека интеграцијата на регионот е прашање од геостратешки интерес за ЕУ, истакнал Османи на средбата. Министерот за надворешни работи на својот профил на Фејсбук напиша дека за време на разговорот со Бун, упатил благодарност за ангажманот на францускиот претседател Макрон и на француското претседателство со Советот на ЕУ за надминување на блокадата на нашиот евроинтегративен пат, што ја покажува посветеноста на Франција на европската перспектива на нашата држава. Годинашниот Бледски стратешки форум ќе биде посветен на дискусиите за кризата на мултилатералниот поредок, последиците од руската агресија врз Украина и одговорот на меѓународната заедница на новите предизвици, соопшти МНР. Министерот Османи ќе има обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен“, на кој ќе учествуваат и заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, на Црна Гора Ранко Кривокапиќ и на БиХ Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mu-se-zablagodari-na-makron-za-francuskiot-predlog/feed/ 0
Пендаровски за „Фокус“: Референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-fokus-referendumskoto-prashanje-da-glasi-dali-sakate-da-odite-vo-eu-pod-vakvi-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-fokus-referendumskoto-prashanje-da-glasi-dali-sakate-da-odite-vo-eu-pod-vakvi-uslovi/#respond Wed, 27 Jul 2022 20:10:17 +0000 https://kurir.mk/?p=711020

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за  „Фокус“, дава предлог како да гласи референдумското прашање доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата по усвојувањето на „францускиот предлог“. -Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки… Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат – вели Пендаровски. Воедно, тој бара да се сменат и правилата со цел референдумот да се смета за успешен ако позитивно се изјасниле мнозинство од оние што излегле да гласаат, без разлика дали на гласање излегле над 50 тосто од гласачите. – Јас сум во една таква ситуација да го симнеме прагот од 50 плус 1 од запишаните гласачи и да биде само од оние што сакаат да гласаат тој ден. Власта и опозицијата да го сменат Законот за референдум, да го исчистиме избирачкиот список според она што е нов попис и ви тврдам дека значаен дел ќе бидат „за“ ЕУ, исто како што тврдам дека мнозинството од реалниот електорат се изјасни позитивно на референдумот за Преспа – вели Пендаровски во интервјуто за „Фокус“. Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-fokus-referendumskoto-prashanje-da-glasi-dali-sakate-da-odite-vo-eu-pod-vakvi-uslovi/feed/ 0
Бугарските медиуми сметаат дека францускиот предлог е „мачка во вреќа“: „Само крајно неодговорните национал-нихилисти можат да тврдат дека е добар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-mediumi-smetaat-deka-francuskiot-predlog-e-machka-vo-vrekja-samo-krajno-neodgovornite-nacional-nihilisti-mozat-da-tvrdat-deka-e-dobar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-mediumi-smetaat-deka-francuskiot-predlog-e-machka-vo-vrekja-samo-krajno-neodgovornite-nacional-nihilisti-mozat-da-tvrdat-deka-e-dobar/#respond Sun, 24 Jul 2022 08:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=709480

Единствено што доби Бугарија од „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија е вклучување на Бугарите во Уставот на земјата пред почетокот на преговорите по кластери, а не како што сакаше Скопје пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство, оценува бугарскиот портал „Факти.бг“ во коментар посветен на стартот на преговорите на земјава со ЕУ. Според авторот на коментарот, освен ова, Бугарија не успеала да го заштити нејзиниот став за македонскиот јазик, а не добила ни доволно гаранции за спроведување на барањата поврзани со имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. – Како тогаш можеме да претпоставиме дека предлогот е добро за нас? Де факто, овој предлог е „мачка во вреќа“ и само крајно неодговорните национал-нихилисти можат врз основа на достапните информации да тврдат дека е добар, оценува „Факти.бг“. Според порталот, чиста манипулација на претставниците на властите во Софија е тврдењето дека со „францускиот предлог“ се заштитени бугарските интереси „со преседанот меѓудржавни билатерални односи да бидат вклучени во европска рамка за преговарачки процес“. – Но, вистината е дека нашите интереси воопшто не се заштитени во целост, бидејќи нема експлицитно вклучување на сите барања од протоколот 4+1, туку реално само на две од нив – за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и за ограничување на јазикот на омраза и дискриминација (без прецизирање). Проблемот со одбивањето на Скопје да ја објективизира историјата и да престане со фалсификатите, менување на учебниците и таблите и рехабилитацијата на жртвите на комунизмот не се експлицитно споменати. Во однос на јазикот, предвидено е потпишување на некои еднострани декларации, кои се јасно во мултиперспективна насока, бидејќи во спротивно тоа би била една заедничка декларација, која не би било во наш интерес, заклучува „Факти“. Според порталот, не се точни ниту тврдењата на бугарските власти дека „пристапните преговори може да бидат прекинат во секој момент, доколку се утврди неисполнување на договорот“. – Теоретски, можеме да ставиме вето на секое поглавје од преговорите, доколку ги имаме потребните аргументи. Сепак, повеќето поглавја – Царинска унија, Економска унија, Социјална политика, Енергетика, Земјоделство, Статистика, Рибарство, Животна средина, Финансиска контрола итн.- немаат никаква врска со нашите барања, се додава во текстот. Според авторот на коментарот, во пракса, само мал дел од бугарските услови, но дури и тоа не е сигурно, ќе може да бидат опфатени само во поглавјата Образование и култура, Регионална политика, Надворешни односи и Фундаментални вредности. – Но, нема да можеме да бараме ништо конкретно или суштинско во текот на преговорите ако нашите барања во нивниот целосен обем не се експлицитно вклучени во преговарачката рамка, се заклучува во коментарот на „Факти.бг“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-mediumi-smetaat-deka-francuskiot-predlog-e-machka-vo-vrekja-samo-krajno-neodgovornite-nacional-nihilisti-mozat-da-tvrdat-deka-e-dobar/feed/ 0
Пренџов за промената на историски факти согласно „протоколот“: Ќе ја криеме ли историјата од нашите деца?! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-za-promenata-na-istoriski-fakti-soglasno-protokolot-kje-ja-krieme-li-istorijata-od-nashite-deca-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-za-promenata-na-istoriski-fakti-soglasno-protokolot-kje-ja-krieme-li-istorijata-od-nashite-deca-foto/#respond Sun, 17 Jul 2022 20:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=706691

Прв чекор во сокривање на историските факти по бугарски диктат: 1913 година со Букурешкиот мировен договор, Македонија е поделена помеѓу победничките сили во Балканските војни: -Србија 38,6% -Грција 50.3% -Бугарија 9.9% -Албанија 1.2% Што е тука погрешно од учебникот за 7мо одделение по географија, запраша пратеникот Љупчо Пренџов преку својата Фејсбук страница. Тој напиша дека овој дел согласно “протоколот” ќе мораме да го сокриме и избришеме од нашите учебници по географија за 7мо одделение. Ќе ја криеме ли историјата од нашите деца? #НеЗаБугаризацијаДаЗаЕвропеизација, додава Пренџов во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-za-promenata-na-istoriski-fakti-soglasno-protokolot-kje-ja-krieme-li-istorijata-od-nashite-deca-foto/feed/ 0
ОБЈАВЕН Е БИЛАТЕРАЛНИОТ ПРОТОКОЛ КОЈ ДЕНЕСКА ГО ПОТПИШАА ОСМАНИ И ГЕНЧОВСКА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-e-bilateralniot-protokol-koj-deneska-go-potpishaa-osmani-i-genchovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-e-bilateralniot-protokol-koj-deneska-go-potpishaa-osmani-i-genchovska/#respond Sun, 17 Jul 2022 19:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=706682

Министерството за надворешни работи го објави билатералниот протокол кој денеска во Софија го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. По враќањето од Софија, Османи пред новинарите го презентираше билатералниот протокол и рече дека сите обврски за историјата доаѓаат дури откако ќе се усогласат историчарите во Мешовитата историска комисија. Во продолжение интегрално билатералниот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија: Во согласност со Договорот од 2017 и заедничкиот интерес за зацврстување на добрососедските и партнерски односи, двете држави се ангажираат да работат за исполнување на следните мерки: Република Бугарија изјавува подготвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина конференција на ЕУ и Република Северна Македонија, со разбирање дека следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Република Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ. Мерки кои треба да бидат преземени пред Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезe измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување. Владата на Република Бугарија изразува подготвеност веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на Европската унија согласно конечниот предлог на Француското претседателство да ги повлече своите резерви за склучување на предлог Договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за статусот на Фронтекс-Frontex. Владата на Република Северна Македонија во согласност со чл. 11 ал. 5 од Договорот од 2017, потврдува дека ништо во нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статутот и правата на лица, кои не се граѓани на Република Северна Македонија. Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието, науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави. Говор на омраза Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор. Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи. Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период Владата на Република Северна Македонија, во согласност со “Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година” усвоена во 2006 год. од Собранието на тогашната Република Македонија и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 год., да ја реафирмира осудата и извинувањето за неправдите и репресиите извршувани во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите. Владата на Република Северна Македонија изјавува дека ќе ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи. Бугарија изјавува дека веќе овозможила и ќе продолжи да овозможува пристап кон архивите на репресивниот апарат на поранешните служби на државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање, со што создаде јасни можности за слободен, неограничен и благовремен достап, за проучување и право за употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи. Темата за историјата По потпишувањето на овој Протокол, државите ќе ги објават на интернет страните на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Согласно чл. 8 ал. 3 од Договорот, двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности. Владата на Република Северна Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Северна Македонија на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот. Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе разработи и реализира план за работа, кој предвидува одржување на 8 до 10 состаноци на годишно ниво. Мерки кои треба да бидат превземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори Владата на Република Северна Македонија до почетокот на учебната година 2023-2024 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7 одделение, заради неосновани етнички/територијални претензии. Двете држави се согласија, при утврдување на други случаи на неосновани етнички/територијални претензии во учебници и учебни помагала, тие да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета. Двете страни се обврзуваат последователно меѓусебно да се информираат за сите промени во содржината на сите учебници, учебни помагала и методолошки поими во своите образовни програми и да достават копии од новите изданија. Говор на омраза Двете држави преку дипломатските канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали, како во јавниот простор на територијата на другата држава, и да информираат во разумен рок за преземените активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификуваните случаи на говор на омраза. Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенција на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе одвраќаат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности кои би ги повредиле нивните односи. Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период Владата на Република Северна Македонија, во рок од една година, да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 г. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи. Владата на Република Бугарија ќе ги сподели своите искуства во оваа област, вклучително во однос на создавањето на специјализиран централизиран архив, врз основа на преземеното законодавство од оваа област од страна на државата во текот на 2006 г. Бугарија ќе продолжи да обезбедува пристап во архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање, со што ќе продолжи да создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, публикување и институционално складирање и заштита на соодветните документи. Темата за историјата Двете држави да се придржуваат кон одобрените текстови од Заедничката меѓувладина комисија по чл. 12, како основа за организирање на заедничко или индивидуално чествување, како и да се придржуваат кон нив во јавните говори и изјави за заеднички личности и настани за кои се организираат ваквите чествувања. Двете држави, преку надлежните институции, да подготват и претстават предлог текстови за лекции врз основа на препораките на Комисијата во однос на настани и историски личности од заедничката историја, за кои Комисијата постигнала согласност – кои ќе бидат приложени кон Протоколот за следниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во иднина да ги вклучат во соодветните учебни програми, учебници и други релевантни учебни материјали, а истите да ги земат предвид и да се рефлектираат врз содржините на натписи на табли, историски споменици, споменици и информациски материјали во музеи и други објекти од образовно и културно значење, како и во информативни медиуми во јавна сопственост. Двете држави ја охрабруваат Комисијата да го заврши прегледот на периодот на Средниот век во рок од една година од потпишувањето на овој Протокол. На следниот состанок на Заедничката комисија по чл. 12 од Договорот, двете држави да ги одобрат препораките на Комисијата за целиот период кој го опфаќа Средниот век. Во согласност со заклучокот 3 од Точката 3 на Протоколот од првата Заедничка меѓувладина конференција од 2019, владите на двете држави да ја охрабрат Комисијата во рок од една година да подготви и да им предложи на двете влади препораки за заедничкото одбележување и чествување на заеднички личности и настани. Двете држави, не покасно од учебната 2024-2025 г., да ги усогласат, каде што е неопходно, сите учебници по историја во учебната програма, така што тие ќе ги одразуваат, до тој момент, постигнатите резултати од работата на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот. Двете држави да продолжат да ја поддржуваат и охрабруваат работата на Комисијата, за да ги извршуваат започнатите ангажмани за да ги хармонизираат релевантните учебници и учебни програми, во согласност со резултатите од работата на Комисијата, одобрени од двете влади. Двете држави ја поддржуваат и охрабруваат Комисијата да ја заврши работата за сите периоди од заедничката историја, кои ги поврзува двете држави и нивните народи, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, со цел целосно имплементирање на тие нејзини препораки во образовните програми до членството на Северна Македонија во ЕУ. Република Северна Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Северна Македонија: Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Северна Македонија во јавниот простор во Република Северна Македонија. Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Северна Македонија. Преземање на ефективни мерки за подигнување на свеста, односно институционалните механизми за правата на човекот и подигнување на довербата на Бугарите во Република Северна Македонија кон тие механизми и националните институции. Постигнување на одржливи резултати за гарантирање на слободното остварување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница. Со потпишувањето на овој Протокол, Бугарија потврдува дека ќе даде согласност за усвојување на конечниот предлог на Француското Претседателство со Советот на ЕУ од 30 јуни 2022 за усвојување на Преговарачката рамка и одржување на меѓувладините конференции за почеток и комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Потпишан во Софија на 17 јули 2022 година, во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на државите – бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик, согласно Уставот на Република Северна Македонија, така што двата текста имаат еднаква сила.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-e-bilateralniot-protokol-koj-deneska-go-potpishaa-osmani-i-genchovska/feed/ 0
Мицкоски: Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата, повикувам на обединување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-sobirame-150-iljadi-potpisi-za-referendum-za-da-ja-soborime-bugarizacijata-i-asimilacijata-povikuvam-na-obedinuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-sobirame-150-iljadi-potpisi-za-referendum-za-da-ja-soborime-bugarizacijata-i-asimilacijata-povikuvam-na-obedinuvanje/#respond Sun, 17 Jul 2022 18:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=706671

Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија. Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата. - И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. - Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдусмко изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта. Тоа што го потпишал Османи денеска не значи дека е се завршено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-sobirame-150-iljadi-potpisi-za-referendum-za-da-ja-soborime-bugarizacijata-i-asimilacijata-povikuvam-na-obedinuvanje/feed/ 0
Мицкоски: Промена на учебници и историски факти ни носи протоколот кој толку многу владата го криеше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-promena-na-uchebnici-i-istoriski-fakti-ni-nosi-protokolot-koj-tolku-mnogu-vladata-go-krieshe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-promena-na-uchebnici-i-istoriski-fakti-ni-nosi-protokolot-koj-tolku-mnogu-vladata-go-krieshe/#respond Sun, 17 Jul 2022 17:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=706643

Пред да се случи таа вистинска меѓувладина кога треба да се усвои преговарачката рамка има еден дел каде што се вели воведни изјави од страна на македонската Влада и ЕК, барем таму каде што стои дека двете држави ќе дадат унилатерални изјави, не знам каква унилатерална изјава ќе даде Македонија за македонскиот јазик кој што е кодифициран, стандизиран уште на третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година во Грција. А, каква изјава ќе даде Бугарија? Зошто тоа не го кажат? Еве и да има трета изјава па ЕК да каже без разлика што да речеме Бугарија не го признава македонскиот јазик или има поинаков третман на истиот. Сите останати 26 членки немаат дилема дека тоа е македонски јазик, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија. Мицкоски додаде дека во текот на преговарачкиот проце Бугарија не го затвора прашањето за македонскиот јазик. - Самиот Османи на оној брифинг денеска кажува дека ќе има промена на учебниците, па се повикува на Самоиловото царство итн. се повикува и на други измени кои што треба да ги претрпат учебниците за историја, а до вчера нели Протоколот не беше дел од преговарачката рамка, нели историјата не беше дел од преговарачката рамка, јазикот е чист, запраша Мицкоски. Тој посочи дека сето што говореше власта се испостави дека е лага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-promena-na-uchebnici-i-istoriski-fakti-ni-nosi-protokolot-koj-tolku-mnogu-vladata-go-krieshe/feed/ 0
Македонците до вторник ќе чекаат за да дознаат што содржи протоколот со Бугарија – кој е во право, Генчовска или Османи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-do-vtornik-kje-chekaat-za-da-doznaat-shto-sodrzi-protokolot-so-bugarija-koj-e-vo-pravo-genchovska-ili-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-do-vtornik-kje-chekaat-za-da-doznaat-shto-sodrzi-protokolot-so-bugarija-koj-e-vo-pravo-genchovska-ili-osmani/#respond Sun, 17 Jul 2022 15:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=706595

Македонските граѓани до вторник ќе чекаат за официјално да дознаат што всушност содржи протоколот со Бугарија. На 19 јули ќе биде познато кој е во право – Генчовска која вели дека денеска потпишаниот документ е составен дел од пакетот на францускиот предлог или на Османи кој вели дека преговорите нема да зависат од решавањето на историските прашања со источниот сосед. А во протоколот, според брифингот одржан ден пред потпишувањето, Османи уверува дека не е на штета на Македонија и трерба подеднакво да го спроведуваат и двете држави. Тој вели дека и Македонија и Бугарија годинава и 2023 заеднички ќе слават историски настани кои веќе добиле зелено светло од мешовитата историска комисија. За Самуиловото царство ќе биде користена формулацијата веќе одобрена од историчарите, а како што беше посочено на брифингот во 2024-2025 треба да има усогласување на учебниците со до тогаш одобрени предлози од историската комисија. Говорот на омраза и територијалните претензии ќе бидат обврски за двете земји уверува министерот Османи а и Бугарија и Македонија ја охрабруваат комисијата за една година да го заврши Средниот век, но не ја обврзуваат. И додека учебници ќе се менуваат по едногласна одлука на мешовитата комисија, во протоколот има член дека Бугарите треба да се најдат во македонскиот устав – услов без кој нема да може да почне процесот на отворање на поглавјата и одржување на втората меѓувладина конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-do-vtornik-kje-chekaat-za-da-doznaat-shto-sodrzi-protokolot-so-bugarija-koj-e-vo-pravo-genchovska-ili-osmani/feed/ 0
Борисов им честиташе на македонските пратеници кои го прифатија францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borisov-im-chestitashe-na-makedonskite-pratenici-koi-go-prifatija-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borisov-im-chestitashe-na-makedonskite-pratenici-koi-go-prifatija-francuskiot-predlog/#respond Sat, 16 Jul 2022 20:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=706372

Лидерот на најголемата опозициска партија во бугарското Народно собрание ГЕРБ Бојко Борисов им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во објава на „Фејсбук“ упатуи честитки за мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ова е процес, вели Борисов, кој е започнат уште во 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство и на преден план беше изведена заедничката историја меѓу двете земји. – За време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година, ние бевме тие кои ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа. Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мјирот, разбирањето и просперитетот, напиша Борисов во објавата на „Фејсбук“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borisov-im-chestitashe-na-makedonskite-pratenici-koi-go-prifatija-francuskiot-predlog/feed/ 0