Француски Сенат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Sep 2023 07:19:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Француски Сенат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избори за францускиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-za-frantsuskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-za-frantsuskiot-senat/#respond Sun, 24 Sep 2023 07:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=881170

Избори за пополнување на околу половина од местата во францускиот Сенат, Горниот дом на Парламентот, се одржуваат денеска во Франција, јави ДПА. Речиси 77.000 локални и регионални политичари имаат право на глас на денешното делумно гласање. За разлика од Долниот дом, Националното собрание, Сенатот не се избира директно од народот. Се очекува конзервативците да го задржат мнозинството во Домот. Таборот на претседателот Емануел Макрон во моментов има 24 места во Сенатот. Сенатот се состои од 348 членови кои се избираат за шестгодишен мандат. На секои три години, околу половина од неговиот состав се обновува со избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-za-frantsuskiot-senat/feed/ 0
Кралот Чарлс Трети одржа говор пред францускиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-odrzha-govor-pred-frantsuskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-odrzha-govor-pred-frantsuskiot-senat/#respond Thu, 21 Sep 2023 19:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=880317

За време на вториот ден од државната посета на Франција, кралот Чарлс Трети им се обрати на парламентарците во Сенатот. Кралот изјавил дека Украина „мора да ја добие војната против ужасната руска инвазија“. Тој потсети на единството на Велика Британија и Франција за време на Втората светска војна, велејќи дека и денеска има потреба „заедно да се спротивстават на неиспровоцираната агресија на нивниот континент“. „Заедно сме непоколебливи во нашата одлучност дека Украина ќе триумфира“, изјави кралот Чарлс пред претставниците на Сенатот. Во говорот, кралот и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора, велејќи дека „во богатата и сложена таписерија на односите меѓу Франција и Обединетото Кралство, златната нишка на неговата мајка засекогаш ќе сјае“. Според планот за вториот ден од посетата, кралот Чарлс Трети ќе се сретне со спортските групи во предградијата на Париз и ќе ја посети катедралата Нотр Дам, во која во тек се реставраторски работи. Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила се во тридневна државна посета на Франција. Ова е прва официјална посета на Чарлс како британски крал, која има за цел да го истакне пријателството меѓу Обединетото Кралство и Франција. Покрај сериозните теми, во прв план беше и свечената вечера на која присуствуваа многу познати личности. Меѓу поканетите беа британскиот актер Хју Грант, писателот Кен Фолет, пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, како и поранешната фудбалска ѕвезда на лондонски Челзи, Дидие Дрогба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-odrzha-govor-pred-frantsuskiot-senat/feed/ 0
Проруски хакери ја блокираа веб-страницата на францускиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/#respond Fri, 05 May 2023 15:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=831046

Веб-страницата на францускиот Сенат е недостапна поради блокадата за која се тврди дека ја извршила проруската хакерска група NoName. Во март таа група ја блокираше веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание. „Пристапот до веб-страницата на Сенатот е прекинат од изутрината, нашиот тим е целосно мобилизиран за да ги отстрани дефектите“, соопшти Сенатот на Твитер без да даде дополнителни детали. NoName ја презеде одговорноста со порака на Телеграм во која на руски и англиски јазик ја критикува поддршката на Франција за Украина. „Во печатот прочитавме дека Франција работи со Украина на нов план за помош кој може да вклучува оружје, како и изјавите на министерката за надворешни работи Кетрин Колона“ и „ја блокиравме веб-страницата на францускиот Сенат“, се вели во пораката. Веб-страницата на Долниот дом на Парламентот беше блокирана неколку часа на крајот на март. И тогаш групата NoName ја презеде одговорноста, а причината исто така беше поддршката на Франција за Украина. Колективот NoName, основан во март 2022 година, е еден од околу 80-те проруски хакерски групи кои ги напаѓаат институциите на земјите што ја поддржуваат Украина, особено во Западна Европа, објасни аналитичарот Николас Квинтин на крајот на март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/feed/ 0
Францускиот Сенат ќе разгледува резолуција за признавање на Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-kje-razgleduva-rezolucija-za-priznavanje-na-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-kje-razgleduva-rezolucija-za-priznavanje-na-nagorno-karabah/#respond Thu, 19 Nov 2020 07:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=431518

Францускиот Сенат ќе разгледа резолуција во која парламентарците ги повикуваат властите на државата да ја признаат независноста на Нагорно Карабах, објави на Твитер претседателот на републиканците во Сенатот, Бруно Ретајо. „На 25 ноември, Сенатот ќе разгледа резолуција за признавање од страна на Франција на Република Арцах. Само неговата независност може со сигурност да ги гарантира правата и слободите на народот во Нагорно Карабах пред турскиот исламистички експанзионизам”, наведе сенаторот. Резолуциите на францускиот Сенат се од советодавна природа и извршната власт може да ги земе предвид, но не е обврзана да ги почитува. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потсети дека „никој, па дури и Ерменија, не ја призна независноста на Карабах“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-kje-razgleduva-rezolucija-za-priznavanje-na-nagorno-karabah/feed/ 0
Францускиот Сенат го отфрли планот за укинување на рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-go-otfrli-planot-za-ukinuvanje-na-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-go-otfrli-planot-za-ukinuvanje-na-restriktivnite-merki/#respond Mon, 04 May 2020 19:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=341604

Францускиот Сенат (горниот дом на Парламентот) го отфрли владиниот план за излез од рестриктивните мерки кои се во сила од 17 март, од помош за најранливата категорија – младите, користењето заштитни маските, делумната невработеност, помошта за фирмите, јави дописникот на МИА. По дискусијата сенаторите со 89 гласови „против“, 81 „за“ и 174 „воздржани“ го одбија владиниот план. „Против“ се изјаснија и сенаторите републиканци, како и социјалистите и комунистите. Владиниот план беше одобрен минатиот вторник во Националното собрание со 368 гласови „за“, 100 „против“ и 103 „воздржани“. Овие две гласања, според примената на членот 50-1 од Уставот, имаат симболична вредност и немаат никакво влијание за започнувањето на планот за укинување на ограничувачките мерки, планирано од 11 мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-go-otfrli-planot-za-ukinuvanje-na-restriktivnite-merki/feed/ 0