француски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 06:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француски суд и забрани на полицијата да користи дронови на протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-sud-i-zabrani-na-policijata-da-koristi-dronovi-na-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-sud-i-zabrani-na-policijata-da-koristi-dronovi-na-protesti/#respond Wed, 23 Dec 2020 06:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=446927

Врховниот управен суд на Франција забрани употреба на беспилотни летала од страна на полицијата за покривање на протести во Париз, со што се поддржува позицијата на групите за заштита на приватноста, пренесува Би-Би-Си. Државниот совет соопшти дека началникот на полицијата во Париз треба веднаш да запре со употребата на дронови заради следење на јавните собири. Одлуката е донесена додека Парламентот расправа за контроверзниот закон за безбедност, кој вклучува употреба на беспилотни летала од страна на полицијата, чија цел е регулирање на споделувањето на полициските снимки и фотографии. Групата за заштита на приватноста „La Quadrature du Net“ (LQDN) тврди дека мерките предвидени со закон ја нарушуваат слободата на изразување и дека беспилотните летала опремени со камери не можат да обезбедат мир, туку следат лица. Државниот совет донесе одлука дека „постои сериозно сомневање во законитоста“ за употребата на дронови без претходно писмено овластување. Групата посочува дека единствен начин на кој Владата може да легализира употреба на дронови е да понуди доказ дека такво нешто е неопходно за зачувување на редот и мирот, но, според нив, не е таков случајот. Ова е втора по ред одлука во последните месеци да се спречи употребата на беспилотни летала од страна на полицијата во Париз. Истиот суд донесе одлука во мај дека беспилотните летала не можат да се користат за да се следи почитувањето на мерките за карантин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-sud-i-zabrani-na-policijata-da-koristi-dronovi-na-protesti/feed/ 0
Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-sud-pobara-nova-medicinska-ekspertiza-za-smrtta-na-adama-traore/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-sud-pobara-nova-medicinska-ekspertiza-za-smrtta-na-adama-traore/#respond Fri, 10 Jul 2020 15:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=373511

Француските истражни судии нарачаа нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре, за што постојат сомневања за евентуално полициско насилство, јави дописникот на МИА. Траoре почина во 2016 година по неговото апсење од жандармите и се претвори во симбол на борбата против полициското насилство во Франција. Нова медицинска експертиза е нарачана по сослушувањето на сведокот, кај кого Траоре се засолни на денот на неговото апсење. – По сослушувањето од страна на истражните судии на 2 јули на сведокот, кај кого се засолни Адама Траоре, истражните судии одлучија, да наредат нова медицинска експертиза која им е доверена на белгиските лекари , изјавија адвокатите. Досега се направени две судски експертизи во Франција и нивните заклучоци се различни. По смртта на Џорџ Флојд и антирасистичките демонстрации ширум целиот свет, сестрата на Траоре организира протести за време на мерките на изолација во Париз, на кои учествуваа илјадници лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-sud-pobara-nova-medicinska-ekspertiza-za-smrtta-na-adama-traore/feed/ 0