француски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 11:23:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Францускиот сериски убиец Чарлс Собрај пуштен на слобода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-seriski-ubiec-charls-sobraj-pushten-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-seriski-ubiec-charls-sobraj-pushten-na-sloboda/#respond Fri, 23 Dec 2022 11:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=779596

Францускиот сериски убиец Чарлс Собрај кој беше одговорен за убиство на повеќе од 20 луѓе низ Азија во 1970-те и 1980-те, денеска беше ослободен од затвор во Непал откако одлежани 19 години. Собрај беше изведен од Централниот затвор во Катманду со полициски автомобили денеска попладне по локално време и одведен во Одделот за имиграција во Непал. Неговиот адвокат изјави дека неговиот клиент ќе се врати во Франција. Врховниот суд на Непал во средата нареди негово ослободување од затвор, наведувајќи го неговото здравствена состојба и возраста како причини за неговото ослободување. Собрај од 2003 година ја издржуваше казната во строго обезбедуван затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-seriski-ubiec-charls-sobraj-pushten-na-sloboda/feed/ 0
Француски лек против мамурлак: Рецепт за супа од лук која ќе ве згрее и засити https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/francuski-lek-protiv-mamurlak-recept-za-supa-od-luk-koja-kje-ve-zgree-i-zasiti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/francuski-lek-protiv-mamurlak-recept-za-supa-od-luk-koja-kje-ve-zgree-i-zasiti/#respond Thu, 06 Oct 2022 09:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=741789

Едноставна, заситувачка и неодоливо вкусна супа од кромид (soupe à l’oignon) е француска класика која можете да ја подготвите со само неколку состојки. Полна е со вкус и особено убаво се загрева во постудените денови. Покрај тоа, Французите обожаваат да ја јадат откако ќе се напијат малку премногу бидејќи помага при мамурлак. Со соодветна подготовка, домашната супа од кромид лесно може да им парира на оние од најдобрите ресторани. Покрај кромид ќе ви требаат и сирење кое убаво се топи, како гриер, проволоне, ементалер или гауда, како и пармезан. Иако основата од месо дава полн вкус, Французите често готват супа од кромид само со вода, но во овој случај е потребно долго карамелизирање на кромидот, кој треба целосно да се зарумени и трае до половина час на тивок оган. По потреба, во кромидот може да се додаде и една лажица брашно за да стане погусто. Состојки за француска супа од кромид: 4 супени лажици путер 2 супени лажици маслиново масло 1 голем кромид 1,2 л булјон од месо 2 лажици суво десертно вино (шери, порт, мадира, итн.) 1 лажичка сува мајчина душица 6 кришки долгнавест леб 200 гр сирење (грујере, ементалер итн.) 60 гр рендан пармезан сол, бибер магдонос Подготовка на француска супа од кромид: Во тенџере загрејте ги путерот и маслиновото масло, а потоа додадете го ситно исечканиот кромид и повремено мешајте додека не омекне и стане проѕирен. Истурете го густинот од месо, десертното вино и мајчина душица, сол и бибер. Гответе ја супата 30 минути на средна топлина. Загрејте ја рерната на 200 °C, лебот исечкајте го на парчиња и тостирајте го или испржете го во тава. Истурете ја супата во огноотпорни садови и ставете по една кришка француски леб, одозгора ставете парчиња сирење и посипете со рендан пармезан. Печете под горната решетка 2 до 3 минути додека рабовите не поруменат. Послужете топло со свежо сечкан магдонос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/francuski-lek-protiv-mamurlak-recept-za-supa-od-luk-koja-kje-ve-zgree-i-zasiti/feed/ 0
Бугарската партија ДПС достави предлог за одобрување на нацрт-преговарачката рамка за Македонија и Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskata-partija-dps-dostavi-predlog-za-odobruvanje-na-nacrt-pregovarachkata-ramka-za-makedonija-i-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskata-partija-dps-dostavi-predlog-za-odobruvanje-na-nacrt-pregovarachkata-ramka-za-makedonija-i-albanija/#respond Wed, 22 Jun 2022 17:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=694301

– Бугарската политичка партија ДПС до Националното собрание достави предлог за одлука на Националното собрание за одобрување на нацрт-преговарачката рамка за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ, предложена од француското претседателство. Ова го соопшти лидерот на движењето Мустафа Карадај, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков. – Зошто го направивме тоа – една година овие министри, чија оставка ја прифативме пред малку, и половина година овој кабинет, за чие гласање за недоверба, не направија ништо во оваа насока. Можеме да кажеме дека тие се обидуваа да му попречат на тој процес со тоа што едно зборуваа во Брисел, а друго во Бугарија, тоа е како лага, рече Карадај. Во декларација од собраниската говорница претседавачот на пратеничка група на ГЕРБ Десислава Атанасова, соопшти дека и ГЕРБ-СДС се подготвени со предлог-проект за одобрување на преговарачката рамка со Република Македонија, што ќе биде гаранција дека Бугарија и бугарските национални интереси ќе бидат заштитени. Таа ги повика сите партии да ја поддржат иницијативата. Партијата бара и од премиерот во оставка Кирил Петков и неговата влада веднаш да го одобрат билатералниот протокол. Атанасова потсети дека лидерот на ГЕРБ и пратеничката група јасно го кажале својот став за францускиот предлог за Македонија. – Ова е најдобриот предлог добиен досега. Потребни се неколку корекции за да соодветствува, сметаат од ГЕРБ. Групата нагласува дека Кирил Петков никогаш не успеал да подготви бугарски предлог за случајот и се криел и водел двојна надворешна политика. Претходно бугарските парламентарци му изгласаа недоверба на актуелниот премиер Кирил Петков. Вкупно 123 пратеници од ГЕРБ-СДС, ИТН, ДПС и Преродба за првпат гласаа „за“ смена на кабинетот – 116 од „Продолжуваме со промената“, беа „против“ како и БСП и Демократска Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskata-partija-dps-dostavi-predlog-za-odobruvanje-na-nacrt-pregovarachkata-ramka-za-makedonija-i-albanija/feed/ 0
Околу 600 француски војници се заразени со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-600-francuski-vojnici-se-zarazeni-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-600-francuski-vojnici-se-zarazeni-so-koronavirusot/#respond Sat, 04 Apr 2020 11:51:19 +0000 https://kurir.mk/?p=327214

Околу 600 припадници на француската војска се заразени од коронавирусот, но капацитетот на француската армија да ги извршува своите мисии „не е погоден“, изјави министерката за одбрана Флоранс Парли, јави дописникот на МИА. – Имаме 600 војници со Ковид-19. Ова е моменталната бројка, бидејќи таа еволуира. Ние го следиме ова многу внимателно и соодветно ги прилагодуваме нашите системи. Но нашата оперативна позиција не е засегната, нагласи Парли, притоа потсетувајќи дека едно граѓанско лице кое работело за Службата за инфраструктурна одбрана починало пред неколку дена од коронавирусот. Во Сахел, каде што оваа недела беа потврдени првите четири случаи на коронавирус меѓу војниците на анти-џихадистичката операција Баркхане, забележуваме дека случаите на Ковид-19 почнуваат да се зголемуваат во оваа област. Бидејќи пандемијата е глобална, ова не е изненадување, рече министерката. – Но, нашите сили остануваат фокусирани на нивните анти-џихадистички борбени мисии, а Баркхане, која мобилизира 5.100 француски војници во Сахел, е успешна, рече таа. Осврнувајќи се на повеќекратните придонеси на вооружените сили во борбата против епидемијата која веќе предизвика 6.500 смртни случаи во Франција, Парли особено потенцира дека во оваа фаза, без разлика дали е во Франција, кон Германија, Луксембург или Швајцарија, војските префрлија 64 пациенти од Гранд Ест, чии болници се со преполн капацитет, во помалку погодени региони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-600-francuski-vojnici-se-zarazeni-so-koronavirusot/feed/ 0
ВИДЕО: Кире „растура“ и на француски: Познавањето на јазикот е важна работа https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-kire-rastura-i-na-francuski-poznavanjeto-na-jazikot-e-vazna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-kire-rastura-i-na-francuski-poznavanjeto-na-jazikot-e-vazna-rabota/#respond Fri, 16 Nov 2018 10:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=128513

Кире Лазаров игра во голема форма и во втората своја сезона во Нант. Скоро на секој натпревар максимално ја користи минутажата и со голови и асистенции ги носи победите на својата екипа. Вчера на француската телевизија на чист француски јазик, Лазаров ги објасни своите чувства во втората година во францускиот шампионат. -Кога дојдов тука, не зборував француски. Јазикот е многу важен, да зборуваш со соиграчите, да го разбереш тренерот. Оваа година се чувствувам одлично, многу добра екипа сме, 18 ракометари и верувам во екипата и во големи работи сезонава“, заврши Лазаров. Извор: gol.mk ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-kire-rastura-i-na-francuski-poznavanjeto-na-jazikot-e-vazna-rabota/feed/ 0