Франк-Валтер Штајнмаер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 06:39:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Франк-Валтер Штајнмаер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на Франк-Валтер Штајнмаер и Џо Бајден во Белата куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-frank-valter-shtajnmaer-i-dho-bajden-vo-belata-kuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-frank-valter-shtajnmaer-i-dho-bajden-vo-belata-kuka/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=885827

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе престојува во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти Белата куќа. „Состанокот во американската престолнина треба да ја потврди „нашата блиска соработка како сојузници на НАТО во голем број важни прашања како што се одбраната на демократските вредности и нашата заедничка посветеност да ја поддржиме Украина во одбраната од руската инвазија“, се наведува во соопштението од Белата куќа. Берлин објави дека Штајнмаер патува на покана на Бајден.Тоа ќе биде прва средба на двајцата претседатели откако поранешниот шеф на германската дипломатија ја презеде претседателската функција. Според Белата куќа, официјална причина за посетата е Германско-американскиот ден, кој се одбележува на 6-ти октомври во спомен на доаѓањето на првите доселеници од Германија во Филаделфија во 1683 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-frank-valter-shtajnmaer-i-dho-bajden-vo-belata-kuka/feed/ 0
Штајнмаер ја поддржува идејата за намалување на старосната граница за гласање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-ja-poddrzhuva-idejata-za-namaluvane-na-starosnata-granitsa-za-glasane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-ja-poddrzhuva-idejata-za-namaluvane-na-starosnata-granitsa-za-glasane/#respond Wed, 17 May 2023 06:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=835053

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер ја поддржува дебатата за намалување на старосната граница за гласање во Германија од 18 на 16 години. Штајнмаер, член на Социјалдемократската партија (СПД) и поранешен министер за надворешни работи, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека долго време бил скептичен, но дека имало голема демографска промена со зголемен удел на повозрасни лица во електоратот. Во ваква ситуација, мислам дека не е потребно, но советувам дека треба да се размисли дали треба да се избалансира со намалување на старосната граница за гласање на 16 години и за федерални избори, посочи Штајнмаер. На прашањето што мисли за продолжување на мандатот на пратениците од четири на пет години, Штајнмаер истакна дека може да види „голема придобивка во тоа што на Бундестагот му се даде повеќе време за законодавната работа“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-ja-poddrzhuva-idejata-za-namaluvane-na-starosnata-granitsa-za-glasane/feed/ 0
Германскиот претседател Штајнмаер го прими Зеленски во Берлин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-go-primi-zelenski-vo-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-go-primi-zelenski-vo-berlin/#respond Sun, 14 May 2023 09:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=833977

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го пречека Володимир Зеленски во Шлос Белви, неговата официјална резиденција во Берлин, со што и официјално почна посетата на украинскиот претседател на Германија. Како што јави ДПА, Зеленски изрази благодарност до Германија при потпишувањето во книгата за посетители во официјалната берлинска резиденција на Штајнмаер. - Во најпредизвикувачкиот период во модерната историја на Украина, Германија се покажа како наш вистински пријател и сигурен сојузник, кој одлучно стои рамо до рамо со украинскиот народ во борбата за одбрана на слободата и демократските вредности, напиша Зеленски на англиски. - Заедно ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Европа. Ви благодариме, господине сојузен претседател, за личната поддршка на Украина и гостопримството, и на германскиот народ за фантастичната солидарност. Слава на Украина. Данке Дојчланд, напиша Зеленски. Двајцата лидери ќе разговараат заедно со по четворица советници. Улогата на Штајнмаер е во голема мера церемонијална, додека Зеленски има извршни овластувања, како и шеф на државата. Подоцна во текот на денот, германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го пречека украинскиот лидер со воени почести по што ќе одржат тет-а-тет разговори. Потоа ќе се приклучат уште неколку функционери. По средбата со Шолц закажана е и прес-конференција. Во Ахен на Зеленски и украинскиот народ попладне ќе им биде врачена наградата Карло Велики за придонес во европското единство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-go-primi-zelenski-vo-berlin/feed/ 0
Штајнмаер во Тирана: Албанија e важен партнер, борбата против корупцијата клучна за членството во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtajnmaer-vo-tirana-albanija-e-vazen-partner-borbata-protiv-korupcijata-kluchna-za-chlenstvoto-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtajnmaer-vo-tirana-albanija-e-vazen-partner-borbata-protiv-korupcijata-kluchna-za-chlenstvoto-vo-eu/#respond Thu, 01 Dec 2022 12:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=769483

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој денеска допатува во дводневна официјална посета на Албанија, по средбата со неговиот домаќин, претседателот Бајрам Бегај, на заедничката прес-конференција изјави дека Албанија е важен партнер, дека нејзиното членство ќе ја збогати Европската унија, но посочи дека борбата против корупцијата е клучна за членството во ЕУ. Тој и се заблагодари на Албанија за соработката во НАТО и ја нагласи гарантираната поддршка во процесот на европска интеграција на земјата. -Имам максимална почит за посветеноста како членка на Советот за безбедност во тежок период. Германија од самиот почеток ве придружуваше во приближувањето кон ЕУ и во рамките на своите можности придонесе за зајакнување на односите и нивно проширување. Беше многу важно што поскоро да отпатувам за Албанија и ви ветувам дека ќе продолжиме да ве поддржуваме во процесот за членство. Се надевам дека многу скоро Албанија ќе стане дел од ЕУ, дури и во нејзината формална димензија, истакна Штајнмаер. Според него, Албанија и Северна Македонија се земји кои „требаше со гордост да се појават во овој процес“. Посочи дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 6 овој месец во Тирана, нема да бидат донесени конкретни одлуки. -Мораме да ја земеме предвид средбата меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Не станува збор за Самит каде ќе има одредени одлуки. Но, ќе се дадат вистинските стимулации за да се следи патот кон ЕУ. Албанија и Северна Македонија се земји кои требаше со гордост да се појават во овој процес, рече германскиот претседател. Тој ја нагласи борбата против корупцијата и организираниот криминал, како клучни на патот за членство во ЕУ. -Борбата против корупцијата и организираниот криминал бараше навистина голем обем на работа и напори, а успесите на овој пат се одлучувачки за членството во ЕУ, бидејќи ЕУ го смета за основа на правото на патот кон функционална демократијата, додаде Штајнмаер. Претседателот Бегај од своја страна, нарекувајќи ја Германија партнер од доверба, рече дека очекува помош и во фазата на преговори, додавајќи дека за процесот за членство во ЕУ, секоја земја мора да ги исполни своите обврски. – Нашата земја мора тесно да соработува со сите партнери. Не верувам дека има време што можам да го одредам, но верувам дека зависи од работата на секој. Германија беше доверлив партнер на Албанија и тесно соработуваше со албанските институции за да обезбеди помош во реформите во правосудството, изборните реформи и другите интегративни процеси. Верувам дека помошта што Германија ќе ја пружи во фазата на преговори со експерти би била многу добродојдена, изјави Бегај. Шефот на германската држава ќе се обрати и пред пратениците во албанскиот Законодавен дом, а ќе се сретне и со премерот Еди Рама. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtajnmaer-vo-tirana-albanija-e-vazen-partner-borbata-protiv-korupcijata-kluchna-za-chlenstvoto-vo-eu/feed/ 0
Штајнмаер денеска во Тирана, прва посета на германски претседател по 27 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtajnmaer-deneska-vo-tirana-prva-poseta-na-germanski-pretsedatel-po-27-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtajnmaer-deneska-vo-tirana-prva-poseta-na-germanski-pretsedatel-po-27-godini/#respond Thu, 01 Dec 2022 06:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=769214

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Тирана, каде ќе пристигне по посетата во Скопје. Ова е прва посета на германски претседател на Република Албанија по 27 години. Со сите државнички почести ќе биде дочекан од неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со кого ќе имаат куса средба по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Според официјалното соопштение од претседателскиот кабинет „посетата претставува дополнителен сигнал за поддршка од Германија за европската иднина на земја“. -Во фокусот на посетата е ситуацијата во регионот, ефектите од војната на руската агресија во Украина и континуираната поддршка на Германија за членството на земјата во Европската унија, пренесуваат медиумите дел од соопштението на кабинетот на германскиот претседател. Штајнмаер ќе се сретне и со премиерот Еди Рама, ќе има обраќање во албанскиот парламент, планирана е посета на Националниот музеј „Куќа на лисјата“ во Тирана, дискусија како да се соочиме со комунистичкото минато и разговор со студенти од шесте земји од Западен Балкан. Тој ќе го посети и градот Берат каде ќе биде запознаен со проектите за развој на албанско-германската соработка. -Во пресрет на посетата на Албанија и на Северна Македонија Штајнмаер за Дојче веле изјави дека достигнувањата на Северна Македонија и Албанија заслужуваат признание и почит. Меѓу другото, тој рече дека посетата има за цел да ја пренесе пораката дека Германија не го заборава Западен Балкан, јави албанската државна агенција, АТА. Според истиот извор ова е првпат германскиот претседател официјално да ги посети Албанија и Северна Македонија, откако ја презеде функцијата на 19 март 2017 година. -Сепак, поранешниот германски министер за надворешни работи добро го познава Западен Балкан. Во двата периода колку што беше министер за надворешни работи постојано го враќаше регионот на агендата на својата работа, додава АТА. На Штајнмаер ова му е втора посета на Тирана по онаа кога допатува како министер за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtajnmaer-deneska-vo-tirana-prva-poseta-na-germanski-pretsedatel-po-27-godini/feed/ 0
Штајнмаер: Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmaer-vie-sami-odluchuvate-shto-ja-pravi-vashata-zemja-posebna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmaer-vie-sami-odluchuvate-shto-ja-pravi-vashata-zemja-posebna/#respond Tue, 29 Nov 2022 16:03:35 +0000 https://kurir.mk/?p=768376

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вели дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи. Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото. „Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна. Вие решавате како изгледа македонскиот идентитет денес и како ќе изгледа во иднина“, порача германскиот претседател Штајнмајер во Собранието. Македонскиот претседател Стево Пендаровски пак е уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време. Шатјнмаер се обрати и пред пратениците во Собранието, а оствари средба и со премиерот Димитар Ковачевски. Германскиот претседател положи цвеќе и на гробот на националниот херој Гоце Делчев, а утре ќе го посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци. Ова е прва посета на Штајнмаер на Македонија, а својата турнеја ја продолжува во Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmaer-vie-sami-odluchuvate-shto-ja-pravi-vashata-zemja-posebna/feed/ 0
Штајнмаер: Кога ќе се исполни напредокот на домашен план, тогаш и патот кон членство во ЕУ ќе стане поизвесен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmaer-koga-kje-se-ispolni-napredokot-na-domashen-plan-togash-i-patot-kon-chlenstvo-vo-eu-kje-stane-poizvesen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmaer-koga-kje-se-ispolni-napredokot-na-domashen-plan-togash-i-patot-kon-chlenstvo-vo-eu-kje-stane-poizvesen/#respond Tue, 29 Nov 2022 10:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=768144

Мојата посета на регионот, има цел да сигнализира дека Западниот Балкан во ниту еден случај не е заборавен. Кога ќе се исполни соодветниот напредок на домашен план, тогаш и патот кон членство во ЕУ ќе стане поизвесен, порачува германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. -Моето патување има цел да сигнализира дека имавме дебати со колешките и колегите од Западниот Балкан, кои ги искажаа своите грижи, дека желбата за приближување и влез во ЕУ на Украина, можеби ќе биде третирана поинаку, ќе биде забрзана, за разлика од кандидатурите на земјите од Западниот Балкан. Ја разбирам таа нестрпливост, но како и многу други и јас сакам да уверам, дека Западниот Балкан во ниту еден случај не е заборавен. И патувањето во двете земји, Северна Македонија и Албанија, е во функција на таа порака за регионот, вели тој во интервју за Дојче веле. Во однос на тоа дека државите од регионот си ја поставуваат за цел 2030 година како рамка за влез во ЕУ, шефот на германската држава вели дека останува на ставот оти тоа зависи од подготвеноста за внатрешни реформи во државите и од подготвеноста да се имплементираат тие реформи. –Ние и денес можеме поинаку да аргументираме во однос на земјите од Западен Балкан, како на пример за Северна Македонија и Албанија кои направија решителни чекори напред. Тоа ја зголемува самодовербата во земјите и им покажува и на другите во регионот на Западниот Балкан дека овој чекор се исплаќа. А освен тоа, не смееме да заборавиме дека надвор од прашањето за пристапување во потесна смисла, на тој пат се постигнува и напредок, вели германскиот претседател. Тој потсетува дека процесот за Западен Балкан започна во Берлин пред многу години. -На почетокот беше тешко, како што се сеќавам. Но, кога ќе помислам на последниот самит, сметам дека патувањето со лични карти, меѓусебното признавање на школските и универзитетските дипломи, подготвеноста на ЕУ да помогне со енергетските проблеми, тоа е значителен напредок. Во овој поглед, го разбирам нетрпението, без сомнение. Но, ние не сме во фаза кога некого би обесхрабрувале. И тоа секако не поради Украина, затоа што сите внимаваме на Западен Балкан, но ги следиме и Северна Македонија и Албанија, каде што има напредок, вели Штајнмаер, кој од денеска е во дводневна прва официјална посета на државава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmaer-koga-kje-se-ispolni-napredokot-na-domashen-plan-togash-i-patot-kon-chlenstvo-vo-eu-kje-stane-poizvesen/feed/ 0
Германскиот претседател Штајнмаер во ненајавена посета на Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-vo-nenajavena-poseta-na-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-vo-nenajavena-poseta-na-kiev/#respond Tue, 25 Oct 2022 05:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=750011

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, јави ДПА. Штајнмаер, кој утрово пристигна во Киев со воз, треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна во текот на денот. Ова е прва посета на Штајнмаер откако Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари, но негов трет обид да патува во Киев.
Минатата недела Штајнмаер го одложи планираното патување во Украина на краток рок, поради безбедносни причини. Германскиот претседател, исто така, планираше да го посети Киев со претседателите на Литванија, Полска, Летонија и Естонија во средината на април, но му беше кажано да не доаѓа. Одлуката на Киев дојде во време на постојани критики за врските на Штајнмаер со Русија и неговиот неуспех додека беше министер за надворешни работи да ги послуша предупредувањата од источноевропските соседи на Германија за заканата од руска агресија, потсетува ДПА. Спорот меѓу украинскиот и германскиот претседател беше решен на почетокот на мај.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-vo-nenajavena-poseta-na-kiev/feed/ 0
Претседателот на Германија ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-germanija-ja-otkaza-deneshnata-poseta-na-kiev-poradi-bezbednosni-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-germanija-ja-otkaza-deneshnata-poseta-na-kiev-poradi-bezbednosni-prichini/#respond Thu, 20 Oct 2022 05:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=748042

Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини, соопштија од неговиот кабинет. Тој бил советуван да не замине во Киев од страна на германските служби и Министерството за надворешни работи. Нагласено е дека посетата сепак ќе се реализира и тоа наскоро. Штајнамер планираше да го посети главниот град на Украина уште во април. Киев првично одби да биде домаќин поради неговата поддршка во минатото за политиката на зближување со Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-germanija-ja-otkaza-deneshnata-poseta-na-kiev-poradi-bezbednosni-prichini/feed/ 0
Штајнмаер побара прошка за пропустите што довеле до масакрот на ОИ во Минхен во 1972 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-pobara-proshka-za-propustite-shto-dovele-do-masakrot-na-oi-vo-minhen-vo-1972-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-pobara-proshka-za-propustite-shto-dovele-do-masakrot-na-oi-vo-minhen-vo-1972-godina/#respond Mon, 05 Sep 2022 16:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=729108

Германија денеска им се извини на семејствата на жртвите од нападот на Олимписките игри во Минхен пред 50 години и ја призна одговорноста за серијата пропусти што доведоа до убиството на 11 Израелци. -Како шеф на оваа држава и во име на Сојузна Република Германија, барам ваша прошка за несоодветната заштита на израелските спортисти за време на Олимписките игри во Минхен, несоодветното разјаснување на фактот дека тоа што се случи можеше да се случи, изјави денеска претседателот Франк-Валтер Штајнмаер на церемонијата по повод 50-годишнината од нападот, обраќајќи им се на роднините на жртвите. Претседателите на Германија и на Израел денеска ги предводеа комеморациите за одбележување на 50 години од нападот на ОИ со надеж дека долгоочекуваниот договор за компензација за ужалените семејства конечно ќе помогне да се почне со заздравување, пренесоа француските медиуми. На 5 септември 1972 година, осум вооружени членови на палестинската екстремистичка организација „Црн септември“ упаднаа во зградата во која се наоѓаше израелскиот олимписки тим во Олимпиското село, убивајќи двајца, а земајќи девет заложници. Спасувачката операција на тогашната западногерманска полиција не успеа и сите заложници беа убиени, како и пет напаѓачи и еден полицаец. Роднините на жртвите најавија дека ќе ја бојкотираат денешната комеморација поради несогласувањата околу обештетувањето, но минатата среда конечно беше постигнат договор Берлин да обезбеди вкупно 28 милиони евра отштета. Германија, исто така, за прв пат ја призна одговорноста за грешките што доведоа до убиството на Израелеците. Штајнмаер денеска се извини за тие пропусти на неговата земја. Комеморацијата се одржа на аеродромот Фирстенфелбрук во близина на Минхен, местото на неуспешниот обид за спасување на деветмината израелски спортисти. На локацијата на трагедијата од пред 50 години Штајнмаер и израелскиот претседател Исак Херцог положија венци. -Зборуваме за голема трагедија и троен неуспех. Првиот се однесува на подготовките за Игрите и безбедносниот концепт, вториот на настаните од 5 и 6 септември 1972 година. Третиот почнува ден по нападот: тишина, негирање и заборав, рече Штајнмаер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-pobara-proshka-za-propustite-shto-dovele-do-masakrot-na-oi-vo-minhen-vo-1972-godina/feed/ 0