Франкфуртер Алгемајне Цајтунг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 14:26:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Франкфуртер Алгемајне Цајтунг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fac-analiza-dobri-vesti-za-albanija-na-patot-kon-eu-no-ne-i-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fac-analiza-dobri-vesti-za-albanija-na-patot-kon-eu-no-ne-i-za-makedonija/#respond Mon, 18 Jul 2022 14:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=707035

Македонија и Албанија можат да ги започнат преговорите за членство во ЕУ, но за Скопје тие преговори можат многу скоро да завршат со повторна блокада, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг. ФАЦ пишува дека по гласањето во македонскиот парламент за францускиот предлог пристигнале честитки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и германскиот канцелар Олаф Шолц, но се сомнева дека европскиот пат сега е отворен за земјата. „Колку далеку ќе стигне Македонија на овој пат е нејасно, затоа што Бугарија поставува предуслови од кои дел се неостварливи. Притоа, во најголем дел се работи за историјата и идентитетот на словенските Македонци.“ ФАЦ ја цитира изјавата на Фон дер Лајен во македонскиот парламент, каде таа даваше гаранции дека „билатералните теми, како интерпретацијата на историјата, не се услов во преговорите“. „Тоа е нејзината и позицијата на Европската комисија“, пишува весникот, „но прашање е дали така мисли и Бугарија“. Прва пречка- Уставот Во тој контекст, првата пречка, според ФАЦ, е промената на Уставот за внесување на Бугарите во него. „Прашањето на признавањето на бугарско малцинство во Македонија ќе беше споредливо лесно за решавање. Но владата на премиерот Ковачевски во моментов е многу оддалечена од двотретинско мнозинство за да може да организира промена на Уставот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржи и за такво нешто постојат добри причини. Кој гарантира дека Бугарија, по промената на Уставот, нема да поставува нови барања? Не само националистите во Скопје го поставуваат тоа прашање“. „За надминување на оваа недоверба во јавноста циркулира предлогот за ‘условена промена на Уставот’. Според него, парламентот во Скопје би можел да ја изгласа промената на Уставот за вметнување на бугарското малцинство, со клаузула дека промената ќе стапи во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ, или барем во заедничкиот пазар“, наведува ФАЦ. Добра вест… за Албанија Но, пишува понатаму германскиот весник, сосема е друга приказната кога станува збор за прашањата на историјата и идентитетот. „Бугарското гледиште – а тоа се претставува како обврзувачки наратив – на кој треба да се придржуваат и јавните медиуми и сите државни органи во Македонија, не може да се спроведе и не одговара на слободата на академската настава.” „Меѓу Бугарија и Македонија уште пред неколку години беше формирана историска Комисија за ‘решавање’ на историските спорови. Но, Бугарија во тоа подразбира дека Скопје треба да го прифати бугарскиот поглед на ‘заедничката историја’. Од Скопје има предлози да се именуваат и странски историчари во комисијата. Сепак, според извештаите, Бугарија отфрла интернационализација на комисијата.” „Добри вести“, ФАЦ гледа само во случајот на Албанија која ја опишува како досегашна „колатерална штета“ на македонско-бугарскиот историски спор, и го цитира албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека со почетокот на преговорите на неговата земја „завршува апсурдното заложништво“. „Но за желбата на неговата земја за членство во ЕУ, тоа не мора многу да значи. Црна Гора преговара веќе една деценија, без притоа воопшто да се приближи до некаков датум за членство“, заклучува ФАЦ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fac-analiza-dobri-vesti-za-albanija-na-patot-kon-eu-no-ne-i-za-makedonija/feed/ 0
Франкфуртер Алгемајне Цајтунг: Можеби членството во ЕЕЗ, за балканските земји е пореално од членството во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frankfurter-algemajne-cajtung-mozebi-chlenstvoto-vo-eez-za-balkanskite-zemji-e-porealno-od-chlenstvoto-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frankfurter-algemajne-cajtung-mozebi-chlenstvoto-vo-eez-za-balkanskite-zemji-e-porealno-od-chlenstvoto-vo-eu/#respond Thu, 14 Jan 2021 12:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=455243

Да присуствуваш без да бидеш дел, можеби членството во ЕЕЗ за балканските земји е пореално од членството во ЕУ, вели блкизок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел. Понекогаш сеуште опстојува, но очигледно во последно време никој повеќе не верува, во проширувањето на Eвропската унија кон шеsте држави од западен Балкан или за поедини од нив во престојнава деценија тоа е мошне нереално. Дури и со 27 членки, Европската унија не е воопшто одлучувачка, кога станува збор за прашања од финнансиите, буџетирањето и надворешната политикa, за една унија од 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можеме да си претпоставиме, што би значело кога држава како Србија би имала право на глас во однос на прашањето, каков однос треба да има унијата со Русија. Но, на Европската унија не може да и биде сеедно, како на соседите на нејзините земји членки од Балканот се развиваат. Bидејќи, ова станува нереално, се поставува прашањето која понуда ќе и ја дадае Европската унија и нејзините земји членки на балканските држави, која истовремено ќе биде реална, но од друга страна за регионот ќе биде доволно атрактивна, за да се спречат авторитарми тенденции кои ќе овозможат реформските процеси да се одржат или на одредени места да заживеат. Рецепт кој што постојано се повторува гласи: да се земат балканските држави како членки на Европската Економска Зона. Поинаку кажано: ќе имаат економски и пазарно учество без право на плитичка одлука во Европската унија. Дел од оние кои што се особено гласни за овој кон концепт припаѓа и долгогодишниот европски преставник, Елмар Брук кој доаѓа од ЦДУ. Во неговото скоро четири децениско присиство во Европскиот парламент, од 1980 година Брук бил сведок на шест проширувања на Европската унија. Тоа што гласањето во последно време се променило, тој посочува дека францускиот претседател Макрон има право кога вели дека треба да има реформи на Европската унија пред нови проширувања. Дури и да успее одредена балканска држава да ги заврши пристапните преговори како што тоа го бара Европската комисија, ратификацијата на пристапување во европскиот парламент и во националните парламенти, е скоро неверојатно. За очекување е дека одредени земји членмки ќе наоѓаат причини за одолговлекувањето на пристапувањето. Преку тоа, разочорувањето кое ќе се појави во западен Балкан отвора врата за зголемено влијание на Русија, Турција, Арапските држави и Кина во регионот. И тоа не може да биде во интерес на Европската унија, изјавува Брук. Одтука, потребни се реални, меѓу решенија кои на луѓето од регионот ќе им овозможат низа поволности и со што ќе почуствуваат промени. Одтука постои еден начин: Членство во ЕЕЗ. Државите од ЕЕЗ имаат целосен пристап до европскиот пазар со сите права и обврски, за нив важи евтопското право. Но, тие не се дел од инстируциите на Европската Унија. Ова функционира со Новрешка, Исланд и Лихтенштајн, при што постои взаемно задоволство. ЕЕЗ е основана 1994 година со цел се имплементира влијанието на европскиот заеднички пазар врз државите членки на ЕФТА. Шведска, Австрија и Финска после пристапувањето кон ЕЕЗ успешно станаа членки на Европската Унија. Други држави, како Норвешка, не се одлучија кон последниот чекор - пристапување кон ЕУ. Припадноста кон ЕЕЗ е на некој начин, камен темелник. Кој од таму би сакал да продолжи кон целосно членство во Европската унија тоа може да го направи, бидејќи за пристап во ЕЕЗ се потребни да се исполнат и до 70% од потребните критериуми за влез во ЕУ. Па така патот до унијата од таму и не е така далечен. Обвинувањата на балканските држави дека понудата за влез во ЕЕЗ е членство од втора класа и за тоа се одбва, Брук ја објаснува на следниов начин. Како прво, опцијата за целосно членство, реално гледано, за многу години од различни причини е нереална и понатаму да се стремите, може само да предизвика разочарување. Членството во ЕЕЗ, од друга страна е значаен, но и реален чекор кој за државите членки на Европската економска зона им овозможува бројни предности, а за луѓето од Балканот носи големи подобрувања. Но, дали стопанствата од западниот балкан би можеле да го издржат притисокот на Европскиот заеднички пазар? Дали не постои опасноста цели сектори да подпаднат под притисокот на пазарно посилните европски корпорации, кога пазарите би се отвориле без ограничување? Но, тоа според Брук, се решава со асиметрични решенија, нагласува тој - Пазарите нема веднаш целосно да се отворат, одредени сектори би се штителе во повеќегодишен период. Во тој период, ќе се згиолеми компетитивната способност на погодените сектори, преку европските фондови. Брук посочува, дека сите источно европски држави, кои со слаби економиии им пристамуваат на ЕУ доживуваат робустен, во дел и огромен економски раст.Иако, идеите на Брук со години кружат, треба да се кажи, тие во јавниот дискурс на балканските држави се потценети. Таму, „проевтопејците“ се сеуште во исчекување на целосно членство во Унијата. Еврокомесарот, Оливер Вархеј ја препознава реалноста, но, сепак вели дека, целосното членство е возможно, кое државите членки со сопствени сили би го оствариле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frankfurter-algemajne-cajtung-mozebi-chlenstvoto-vo-eez-za-balkanskite-zemji-e-porealno-od-chlenstvoto-vo-eu/feed/ 0