Франсиско Франко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Feb 2021 07:21:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Франсиско Франко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шпанија: Отстранета последната статуа на диктаторот Франсиско Франко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-otstraneta-poslednata-statua-na-diktatorot-fransisko-franko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-otstraneta-poslednata-statua-na-diktatorot-fransisko-franko/#respond Wed, 24 Feb 2021 07:21:16 +0000 https://kurir.mk/?p=473044

Последната статуа на поранешниот шпански диктатор Франсиско Франко е отстранета вчера од градските порти на Малиља, шпанската енклава во Мароко. Работници со багери и тешки дупчалки ја урнаа и платформата на која се наоѓаше споменикот. Статуата, која беше поставена три години по смртта на Франко (1892-1975), ја истакнуваше неговата улога како командант на Шпанската легија во Римската војна – конфликтот меѓу Шпанија и Франција со племињата Бербери во Мароко во 20-те години на минатиот век. – Ова е историски ден за Малиља, истакна Елена Фернандес Тревино, задолжена за образование и култура во енклавата, каде локалното Собрание го изгласа отстранувањето на споменикот, додавајќи дека тоа е „единствената статуа посветена на диктаторот, која се уште се наоѓа на јавен простор“. Крајно десничарската партија Вокс гласала против таквиот потег, тврдејќи дека статуата ја славела воената улога на Франко, а не неговата диктатура. Со шпанскиот Закон за историско сеќавање од 2007 година се овозможува отстранување на сите симболи поврзани со режимот на Франсиско Франко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-otstraneta-poslednata-statua-na-diktatorot-fransisko-franko/feed/ 0