франсоа оланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 17:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png франсоа оланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оланд: Исходот од војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oland-ishodot-od-vojnata-vo-ukraina-ke-zavisi-od-rezultatite-na-pretsedatelskite-izbori-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oland-ishodot-od-vojnata-vo-ukraina-ke-zavisi-od-rezultatite-na-pretsedatelskite-izbori-vo-sad/#respond Fri, 09 Jun 2023 17:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=844170

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд оцени дека исходот од војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД во 2024 година. - Доколку Трамп биде избран, ќе рече, застануваме тука; што и да имаат Русите можат да задржат. Војната чини премногу, рече Оланд во интервју за „Фајненшл тајмс“. Според него, она што се сменило од времето кога тој бил на власт е тоа што обликот на новиот геополитички поредок станал појасен, при што оската Русија-Кина се консолидира и го предизвикува Западот. Единствениот претседател во историјата на Петтата република кој одлучи да не бара втор мандат, 68-годишниот Оланд, по три политички книги и две книги за деца, е подготвен да се врати во политиката и вели дека жали поради одлуката да не се кандидира за втор мандат. - Се каам што го кажав тоа во тоа време. Ги немав сите елементи што ми беа потребни за да донесам правилна одлука, вели Оланд. Според него, Франција е во „опасна“ криза, со неодамнешните демонстрации и штрајкови поради одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја спроведе пензиската реформа со која се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. - Традиционалната левица е заробена од радикалите, а традиционалната десница е скршена, опасноста е од социјалните немири да има корист само екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, рече Оланд. Тој додаде дека верува во концептот на европска стратешка автономија и неопходноста од развој на заедничка европска одбрана, но таа автономија секогаш мора да биде поврзана со НАТО.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oland-ishodot-od-vojnata-vo-ukraina-ke-zavisi-od-rezultatite-na-pretsedatelskite-izbori-vo-sad/feed/ 0
Се ожени поранешниот претседател на Франција https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-ozeni-poraneshniot-pretsedatel-na-francija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-ozeni-poraneshniot-pretsedatel-na-francija/#respond Wed, 08 Jun 2022 07:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=688161

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, и неговата придружничка, актерката Жули Гаје, се венчаа дискретно во саботата во градското собрание на Тул, во Корез. Тие „се венчаа во приватен круг“, соопшти градското собрание кога ја објави веста за весникот „Ла Монтањ“, јави дописникот на МИА. Градоначалникот на Корез, Бернар Комб, ја водеше свечената церемонија за неговиот пријател Франсоа Оланд, кого го наследи на чело на општината во 2008 година. Ова е прв брак на Франсоа Оланд (67), татко на четири деца, кои ги има со својата поранешна партнерка Сеголен Ројал. Жули Гаје, е разведена во 2006 година, мајка е на две момчиња, а својот 50-ти роденден го прослави еден ден претходно, на 3 јуни, во Тул. Двојката, чија врска беше откриена во 2014 година од страна на списанието Клозер, кога Оланд се уште беше претседател на Франција, во 2018 година купи куќа во ридовите на Тул. Во изминатите неколку недели, тој имаше повеќе посети во департманот Корез, особено за да ги поддржи дисидентските социјалистички кандидати за парламентарните избори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-ozeni-poraneshniot-pretsedatel-na-francija/feed/ 0
Спречен атентат против поранешниот претседател Франсоа Оланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-atentat-protiv-poraneshniot-pretsedatel-fransoa-oland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-atentat-protiv-poraneshniot-pretsedatel-fransoa-oland/#respond Fri, 24 May 2019 15:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=201634

Припадник на терористичка ќелија, која беше демонтирана на 29 април, планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот претседател Франсоа Оланд, јавува дописникот на МИА од Париз.

Како што јави телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на судски извори, лицето, кое е малолетно, било уапсено во Стразбур во април, заедно со уште други три лица. Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата.

Овие четири малолетни лица беа обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување.

Петтото лице, исто така малолетник, беше уапсен неколку дена подоцна.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-atentat-protiv-poraneshniot-pretsedatel-fransoa-oland/feed/ 0