Фреди Белери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 19:59:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фреди Белери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фреди Белери во затвор, ЦИК му го потврди мандатот за градоначалник на Химара https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fredi-beleri-vo-zatvor-tsik-mu-go-potvrdi-mandatot-za-gradonachalnik-na-himara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fredi-beleri-vo-zatvor-tsik-mu-go-potvrdi-mandatot-za-gradonachalnik-na-himara/#respond Thu, 25 May 2023 19:59:56 +0000 https://kurir.mk/?p=838793

Престојот на Фреди Белери во затвор под обвинение за купување гласови не влијаеше на Централната изборна комисија(ЦИК) на Албанија. - Попладнево претседателот на комисијата, Илиријан Челибаши му го додели мандатот за градоначалник на Химара, кој беше избран на 14 мај. Одлуката ниту ја бранеа ниту се спротивставија претставниците на политичките партии во ЦИК, јави Ора њуз. Претходно, во текот на денов адвокатите на Белери и другиот притвореник Пандели Кокавеши поднеле жалба со барање да бидат ослободени од затворската ќелија во која престојуваат од 12 мај. - Белери бара запирање на случајот, тврдејќи дека нема докази за да го вклучи во кривичното дело за кое е обвинет. Кокавеши бара поблага мерка од „затворски притвор“, со тврдење дека неговата здравствена состојба му го загрозува животот во изолација. Обвинителството тврди дека има докази за вмешаност на Белер во купување гласови во Химара. Според истражното досие, имало инфилтриран агент кој разговарал со него ноќта на 12 мај за да добие 3.600 евра во замена за 8 гласа, наведува телевизијата. Според аналитичари, прашани за став, од моментот на заверување на мандатот, Фреди Белери се смета за градоначалник, но владата може да донесе одлука за негово разрешување, доколку во рок од три месеци не даде заклетва, бидејќи не може да ги извршува своите должности од затвор. Сепак, додаваат дека работите може да се променат доколку Апелациониот суд одлучи да продолжи истрагата а нему да му се укине затворскиот со домаше притворот или да се брани од слобода, со што ќе може да ги извршува должностите на градоначалникот на Химара. По прашањето "Белери" имаше серија реакции и од официјална Атина со барање за негово ослободување и предупредување дека може да влијае врз евроинтегративниот пат на Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fredi-beleri-vo-zatvor-tsik-mu-go-potvrdi-mandatot-za-gradonachalnik-na-himara/feed/ 0
Припадниците на грчкото малцинство бараат ослободување на градоначалникот на Химара, Белери https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnitsite-na-grchkoto-maltsinstvo-baraat-osloboduvane-na-gradonachalnikot-na-himara-beleri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnitsite-na-grchkoto-maltsinstvo-baraat-osloboduvane-na-gradonachalnikot-na-himara-beleri/#respond Thu, 18 May 2023 11:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=835840

Претседателот на Партијата заедно за човекови права, Ванѓел Дуле во име на припадниците на грчкото малцинство во Албанија, денеска изјави дека Фреди Белери, кој на неделните локални избори беше избран за градоначалник на Химара е политички затвореник и треба да биде ослободен од затвор. -Навикнати сме на клевета и оцрнување и говор на омраза и купување гласови во изборните процеси. Сето тоа сме го виделе, но сектата на власт повторно не изненади и нивната ароганција ги наведе на чин што докажува тиранија, апсење на ривалскиот кандидат, а потоа и победник на изборите. Кој не го следи командантот е казнет. Заедницата што ќе се осмели да создаде слобода ќе плати. Тој што ја води заедницата во потрага по демократија завршува во затвор, обвини Дуле. Според него „избраниот градоначалник на општина Химара, Фреди Белери, е политички затвореник, земен како заложник од премиерот Еди Рама“. -Правдата го има зборот, но има и логика на мислење. Белери велат е уапсен на дело, но јавноста смета дека тоа е под сомнителни околности. Фреди Белери треба да биде ослободен и да оди во својата заедница. Како заложник е земен и Пандели Кокавеши, со истите обвиненија, млад човек кој има трансплантација на срце. Иако ги известив сите дека животот му е во опасност, тој и понатаму е во заложништво. Во Химара најстарите ме потсетија на 1945 година, уште тогаш гласале против режимот. И тогаш биле прогонувани, рече Дуле. И шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас оцени дека „приведениот градоначалник на Химара од грчкото малцинство Дионисис Фреди Белерис треба да биде ослободен“ најавувајќи дека ова прашање ќе биде иницирано в понеделник на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Белери, кој е претседател од огранокот на грчкото друштво „Омонија“ за Химара, на изборите настапи како кандидатот на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“ во рамки на меѓупартискиот договор на Дуле, со партијата на Илир Мета и фракцијата на Демократска партија, предводена од Сали Бериша. Белери беше уапсен на 12 мај на полноќ под обвинение за „активна корупција на избори извршени во соработка“. Два дена подоцна на изборите ја доби довербата на гласачите, со 50,12 отсто од излезените гласачи. Тој во реакцијата на социјалните мрежи од притвор напиша дека „денес нема губитници, победници се сите граѓани на Химара“ и додаде дека „Победи демократијата! Химара победи!“. Апсењето во неговото кафуле во Химара, гратче главно населено со припадници на грчката заедница, во четвртокот на полноќ и изречената мерка притвор во петокот од судот во Валона, ја вжешти политичката клима во земјата а силни реакции имаше и од Грција. На предупредувањата дека овој случај ќе го загрози европскиот пат кон ЕУ, поради „непочитување на правата на Грците во Албанија“ официјална Тирана и порача на Атина „да не се меша во нејзините внатрешни работи“. Вчера во затворот во Валона, Белери го посетиле генералниот секретар на грчкото МНР заедно со амбасадорката во Тирана, Константина Камици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnitsite-na-grchkoto-maltsinstvo-baraat-osloboduvane-na-gradonachalnikot-na-himara-beleri/feed/ 0
Апсењето на кандидатот за градоначалник на Химара ја вжешти политичката атмосфера во Албанија и во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/apseneto-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-himara-ja-vzheshti-politichkata-atmosfera-vo-albanija-i-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/apseneto-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-himara-ja-vzheshti-politichkata-atmosfera-vo-albanija-i-vo-grtsija/#respond Fri, 12 May 2023 12:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=833484

Апсењето на кандидатот за градоначалник на Химара, Фреди Белери, од редовите на опозицијата и припадник на грчката заедница, под обвинение за купување гласови, ја вжешти атмосферата на албанската политичка сцена, но ја налути и Грција. За опозицијата тоа е политички атак на власта „преплашена пред неделниот пораз“ и феномен поврзан со тоталитарните режими, за полицијата постапка заснована на докази, за премиерот Еди Рама е „голем испит за правдата во пресрет на изборите“, додека за шефот на грчката дипломатија Дендијас, доколку нема докази тоа е „невиден скандал“ По апсењето на Белери, кој настапува како кандидат на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“, предложен од Партијата за заштита на човековите права (партија на грчкото малцинство), прв реагираше неговиот партиски лидер Ванѓел Дуле, обвинувајќи дека „апсењето на Белери е политички напад“ и повика да се запрат ваквите обиди за попречување на изборниот процес. - По една недела делириум на омраза, поделби и стигматизирање од страна на премиерот Еди Рама против кандидатот на коалицијата во Химара, господинот Белери, по негова наредба, полициските сили во центарот на градот го киднапираа Белери и неговиот адвокат. Тоа е невиден и необјаснив чин. Тоа е феномен поврзан со тоталитарните режими. Нашиот повик е да се ослободи господинот Белери, гарантирање на изборниот процес и еднаш засекогаш да престане заплашувањето на граѓаните и обидот да се отуѓи волјата на суверенот, изјави Дуле. Реагираше и лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, чија партија ја предводи изборната коалиција. Во објава на Фејсбук, Мета пишува „учество, учество и само учество! Ова е лекот против премиерот и режимот кој е преплашен од слободно дадениот глас“. Мета наведе дека „додека Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) не постапува против десетици градоначалници, кои го прекршуваат законот и се докажани виновни, по умислените и монтирани напади на деликвентниот премиер, по полноќ на мафијашки начин е киднапиран кандидатот за градоначалник во Химара“. - Сите граѓани и опозициските структури во Химара да бидат на нозе, максимално да ја зајакнат кампањата и да ги интензивираат контактите со гласачите за масовно гласање и да му го зададат последниот удар на премиерот, најголемиот ограбувач и уништувач на имот за мафијашки цели во Химара и целото јужно крајбрежје од Валона до Ксамил, објави Мета. Преку објава на Твитер реагираше и премиерот Рама за кого притворот на Белери по наредба на Обвинителството претставува „голем испит за правдата во пресрет на изборите“. Премиерот подвлече дека „нашата изборна битка со тој кандидат нема никаква врска со истрагите или заклучоците на обвинителството“ - Апсењето на опозицискиот кандидат за Химара Ф. Белери по наредба на Обвинителството претставува голем тест за правдата во пресрет на изборите, што значи дека прекршувањето на законот од негова страна мора да се докаже и неговото апсење е законски мотивирано. Нашата битка со тој кандидат нема никаква врска со истрагите или заклучоците на обвинителството, затоа, почитувајќи ја целосната независност на правосудните органи, ги повикувам сите да не избрзуваат со политички заклучоци и трпеливо да го чекаат зборот и доказите на правдата, наведува Рама во реакцијата на Твитер. Албанските медиуми пренесуваат реакција и на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас кој изјавил дека „ако нема докази дека Белери купувал гласови, тоа ќе биде вистински скандал“. Тој додаде дека настанот што се случил два дена пред избори го пријавил кај високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и кај шефот на шведската дипломатија, како земја претседавач со ЕУ. Од грчкото МНР најавија дека по упатствата од министерот Дендиас, амбасадорката на Грција во Тирана, Константина Камици, денеска ќе упати демарш до албанското МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/apseneto-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-himara-ja-vzheshti-politichkata-atmosfera-vo-albanija-i-vo-grtsija/feed/ 0