фреди меркјури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 06:59:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фреди меркјури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вкупната заработка од наддавањата со 1.400 предмети на Фреди Меркјури, достигна 46,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vkupnata-zarabotka-od-naddavanata-so-1-400-predmeti-na-fredi-merkjuri-dostigna-46-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vkupnata-zarabotka-od-naddavanata-so-1-400-predmeti-na-fredi-merkjuri-dostigna-46-5-milioni-evra/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:59:38 +0000 https://kurir.mk/?p=879357

Вкупната заработка од низата наддавања во „Сотби'с“ во сите 15 галерии, со 1.400 предмети што му припаѓале на покојниот пејач Фреди Меркјури, достигна 46,5 милиони евра. Тоа е рекорд за колекција од овој вид, објави аукциската куќа. „Сотби'с“ ги стави на аукција предметите како дел од еден вид музејска изложба што ја отвори за јавноста бесплатно, привлекувајќи повеќе од 140.000 посетители за нешто повеќе од еден месец. На интернет аукциската куќа забележала дури 41.800 понуди од целиот свет. Речиси 99 отсто од предметите се продадени по цена повисока од првично проценетата. Исклучок е клавирот на музичарот од видот „Јамаха“, на којшто предводникот на групата „Квин“ ја компонирал својата позната „Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody). Продаден е за две милиони евра (2,2 милиони долари), што според „Сотби'с“ е рекорд за ваков инструмент, но проценките беа дека тој ќе се продаде за цена меѓу 2,5 и 3,8 милиони долари. Сребрената нараквица со змија како мотив којашто Меркјури ја носеше во видеоспотот за „Bohemian Rhapsody“ во 1975 година. Продадена е за 881.717 долари, што е рекордна цена за парче накит, што ѝ припаѓало на рок-ѕвездата. Изненадувањето е сребрен чешел за мустаќи од познатата златарница „Тифани“, продаден за 189.000 долари. Инаку првично се проценуваше на 500 до 750 долари. Реткост е и зачуваната училишна книга со потпис на „Фредерик“ Булсара на предната страна, продадена за 88.786 долари. Меркјури инаку е роден како Фарок Булсара во Занзибар во 1946 година. Понудувачите беа од 76 земји од Европа, Северна и Латинска Америка, а купувачите од 50 земји. Дел од средствата од наддавањата и продажбите ќе бидат наменети за Фондацијата „Меркјури феникс“ и Фондацијата против СИДА „Елтон Џон“, посветени на собирање пари за борба против СИДА-та. Пејачот на „Квин“ боледуваше и почина во 1991 година од оваа болест, на 45-годишна возраст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vkupnata-zarabotka-od-naddavanata-so-1-400-predmeti-na-fredi-merkjuri-dostigna-46-5-milioni-evra/feed/ 0
Клавирот на Фреди Меркјури продаден за два милиони евра https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/klavirot-na-fredi-merkjuri-prodaden-za-dva-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/klavirot-na-fredi-merkjuri-prodaden-za-dva-milioni-evra/#respond Thu, 07 Sep 2023 06:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=875523

Малиот концертен клавир на Фреди Меркјури, на којшто тој ги компонираше речиси сите негови партитури од „Боемска рапсодија“ е продаден вчеравечер за 1.742.000 фунти (околу два милиони евра) на аукција во „Сотби“ во Лондон. Taa „Јамаха Г-2“ беше главната понуда на наддавањето со илјадници предмети што му припаѓале на пејачот. Проценетата вредност за клавирот што ја објави аукциската куќа „Сотби“ изнесуваше два до три милиони фунти (2,3 до 3,5 милиони евра). Британскиот пејач инаку роден како Фарок Булсара, кој почина од СИДА во 1991 година на 45-годишна возраст, го купил пијаното во 1975 година за илјада фунти. Самиот ракопис на „Bohemian Rhapsody“ - веројатно најголемиот хит на неговата група „ Квин“ којшто беше дел од албумот „A Night At The Opera“ од 1975 година, е продаден за 1,3 милиони фунти (1,6 милиони евра). Тие 15 страници испишани со молив и хемиско пенкало ги откриваат различните насоки на уметникот при создавањето на оваа песна, којашто првично требало да се нарече „монголска рапсодија“, наместо „боемска“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/klavirot-na-fredi-merkjuri-prodaden-za-dva-milioni-evra/feed/ 0
Неколку интересни факти за Фреди Меркјури кои веројатно не сте ги знаеле https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekolku-interesni-fakti-za-fredi-merkjuri-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekolku-interesni-fakti-za-fredi-merkjuri-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele/#respond Fri, 05 Aug 2022 16:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=714433

Во септември 1946 година е роден Фарок Булсара, попознат како Фреди Меркјури. Во следните редови ќе дознаете неколку факти од животот на починатиот пејач на групата Квин, кои можеби не сте ги знаеле. Роден е во Занзибар Таткото на Фреди работел за Британската колонијална служба во Занзибар (сега Танзанија), кога славниот пејач се родил во Стоун Таун во оваа земја. Неговото семејство припаѓало на етничката заедница Парси, чии членови денес претежно живеат во Индија. Тој го променил своето име во 1970 година. Кога групата Квин била формирана во 1970 година, Фарок Булсара одлучил да го промени своето име во Фреди Меркјури. Бил страстен колекционер на поштенски марки Колекцијата на поштенски марки на Меркјури, стекната за време на неговото детство во Занзибар, Велика Британија, Нов Зеланд и Монако беше еден од ретките негови поседи кои останаа во сопственост на неговото семејство, по смртта на пејачот. Меѓутоа, во 1993 година, колекцијата е купена од Британскиот поштенски музеј. Некогаш работел како носач на багаж Пред да стане светка ѕвезда, познатиот пејач на Квин, имал прилично негламурозна работа. Имено, тој бил вработен на лондонскиот аеродром Хитроу, кадешто помагал околу багажот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekolku-interesni-fakti-za-fredi-merkjuri-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele/feed/ 0
Триесет години од смртта на Фреди Меркјури https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trieset-godini-od-smrtta-na-fredi-merkjuri/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trieset-godini-od-smrtta-na-fredi-merkjuri/#respond Wed, 24 Nov 2021 11:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=599276

Зачекорувајќи со испакнати гради напред, вртејќи се со карактеристичното движење на колковите и стегајќи ја едната рака во тупаница… За пејачот на „Квин“ (Queen), излегувањето на сцената со класичен држач за микрофон, беше незамисливо. Вистинското име на Фреди Меркјури е Фарук Булсара. Роден е на 5 септември 1946 година во Занзибар. Пораснал во Индија и на 17 години се доселил со семејството во Лондон. Таму, тој се запознава со гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор, првично помагајќи им за турнејата… Малку подоцна почнува и да компонира и изведува свои песни во различни групи. Во 1970 година е родена „Кралицата“ (поп-рок групата „Квин“). Фреди (така нарекуван во училиште) го избрал уметничкото презиме „Меркур“. Првите поголеми успеси „Квин“ се околу 1975 година – со оперска пародија… И денес „Боемската рапсодија“ (Bohemian Rhapsody) останува најпознатата песна на бендот. На четворицата музичари им носи безброј награди, и oвa е нивниот прв хит што стигна до првото место на музичките топ-листи. Со недели, албумот „A Night at the Opera“ беше на врвот во Обединетото Кралство – како и речиси сите последователни албуми на „Квин“. И во САД, честопати биле на врвот, станувајќи така еден од најуспешните состави на сите времиња. Фреди Меркјури често го чува својот приватен живот во тајност. Откако раскинал со својата девојка Мери Остин, на која ѝ признава дека е хомосексуалец, пејачот на „Квин“ има неколку врски со мажи. Не се знае точно кога Фреди Меркјури дознал дека има СИДА. Првично, тој ја чуваше дијагнозата во тајност и продолжи да пишува нови песни. Следи албумот „Miracle“. Заедно со оперската дива Монсерат Кабаје, Фреди Меркјури ја сними и баладата „Барселона“. Последниот јавен настап на Фреди Меркјури е во февруари 1990 година на „Британските награди“, каде што ја доби „Почесната награда за извонредно достигнување во британската музика“. Во 1991., „Квин“ го издаде албумот „Innuendo“. Ден пред смртта, Фреди Меркјури објави дека има СИДА и со тоа стави крај на гласините за неговото здравје. Почина на 24 ноември 1991 година, од пневмонија. Во 1996., негова статуа била поставена на едно од неговите омилени места, во швајцарскиот град Монтре. Насловната страна на албумот „Made in Heaven“, објавен по неговата смрт, го прикажува задниот дел на статуата покрај Женевското езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trieset-godini-od-smrtta-na-fredi-merkjuri/feed/ 0
ФОТО: „Квин“ е првата група која ја има на британска монета https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kvin-e-prvata-grupa-koja-ja-ima-na-britanska-moneta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kvin-e-prvata-grupa-koja-ja-ima-na-britanska-moneta/#respond Tue, 21 Jan 2020 08:45:14 +0000 https://kurir.mk/?p=292528

Британската Кралска ковачница издаде комеморативна метална паричка во чест на рок-групата „Квин“, и на покојниот пејач Фреди Меркјури. – Ова е еден ‘кој би рекол’ миг. Имаме монета од нашето кралство, вредна пет фунти, изработена од Ковачницата. На едната страна е кралицата (The Queen – Елизабета Втора), а на другата е „Квин“ (Queen, групата). Тоа никогаш досега не се случило, изјави гитаристот на групата, Брајан Меј. Сите британски монети и банкноти го содржат лицето на монархот. Новата паричка е издадена во златен и сребрен дизајн и го има логото на бендот и инструментите на кои тие свират: Бекстајн клавирот на Фреди Меркјури, гитарата на Меј, тапанот на Роџер Тејлор и бас-гитарата на Џон Дикон. Цената варира од 13 фунти за сребреникот до 2.100 за златникот. Ова е прва паричка од планираната серија „Музички легенди”, соопшти Кралската ковачница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kvin-e-prvata-grupa-koja-ja-ima-na-britanska-moneta/feed/ 0
Мајката на покојниот пејач открила што мисли за неговата најголема љубов: „Таа е дел од семејството!“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkata-na-pokojniot-pejach-otkrila-shto-misli-za-negovata-najgolema-ljubov-taa-e-del-od-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkata-na-pokojniot-pejach-otkrila-shto-misli-za-negovata-najgolema-ljubov-taa-e-del-od-semejstvoto/#respond Fri, 29 Nov 2019 17:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=271214

Фреди Меркјури еднаш изјави дека Мери Остин е љубовта на неговиот живот, и во наследство и ја остави неговата куќа во Западен Кенсингтон по смртта во 1991 година. Фронтменот на Квин имаше најблизок однос со Мери, со која се запознал во 1974 година, непосредно пред бендот да започне успешна музичка кариера. Две децении по смртта на Фреди од бронхијална пневмонија, компликација поради СИДА, неговата мајка Џер Булсара го искажа своето мислење за Мери. Пред да почине, Џер рекла оти Мери била „љубезна и доаѓала кај нив дома на ручек“. Таа дури откри дека се надевала дека Фреди ќе се ожени со Мери. „Сакав тој да се ожени со неа и да има нормален живот и деца. Но, дури и кога двајцата раскинаа, знаев дека таа сè уште го сака мојот син и останаа пријатели до самиот крај. Не сум ја видела од кога тој почина“, вели Џер. Таа не чувствува никаква омраза или нетрпеливост кон Мери, иако Фреди и оставил голем дел од своето богатство. „Зошто не? Таа ни беше како семејство и таа сè уште е дел од него“, рече Џер. Фреди зборуваше за неговиот имот пред неговата смрт и рече дека планира сè да и остави на Мери. Во колекцијата интервјуа и изјавата „„Fredie Mercury: A Life In His Own Words“, Фреди рече дека имало само две личности кои му возвратиле со голема љубов како што им ја дал нив, а тоа се Мери со која имал долга врска. и нивната мачка Џери. „Мојата врска со Мери само расте и расте. Ако умрам прв, ќе и оставам сè што имам на неа. Никој друг нема да добие денар освен моите мачки”, изјави Фреди. Тој продолжи да зборува убаво за Мери до крајот на животот. „Можам да ги имам сите проблеми на овој свет, но ја имам и Мери и тоа ме прави посилен. Јас сè уште ја гледам секој ден и сум поврзан со неа како никогаш досега. Ќе ја сакам до последниот здив. Веројатно ќе остариме заедно”, рече тој во една прилика. Поминаа многу години пред неговото богатство конечно да стигне до Мери, која призна дека речиси ќе се откажала од сè, бидејќи трошоците за вилата станале преголеми. „Тоа беше време на грижи за мене. Данокот беше платен, но без готовина, не бев сигурна дека ќе можам да си ја дозволам куќата. Бев под голем притисок”, заклучи Мери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkata-na-pokojniot-pejach-otkrila-shto-misli-za-negovata-najgolema-ljubov-taa-e-del-od-semejstvoto/feed/ 0