фрескоживопис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 12:54:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фрескоживопис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осветен завршениот фрескоживопис во соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osveten-zavrsheniot-freskozhivopis-vo-sobornata-tetovska-tsrkva-sveti-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osveten-zavrsheniot-freskozhivopis-vo-sobornata-tetovska-tsrkva-sveti-kiril-i-metodij/#respond Sun, 03 Sep 2023 12:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=874041

Архиепископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г Стефан во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово отслужи Архиерејска литургија по повод завршувањето на фрескоживописувањето на целата внатрешност на тетовската соборна црква. Сега покрај иконостасот во оваа црква на сите ѕидови се насликани икони со светци. Од 2010 година досега се насликани 250 икони, кои се донација на исто толку православни семејства. -Се собравме за да ги осветиме новоисликаните фрески и да отслужиме Света Божествена Литургија во овој прекрасен храм, во овој тетовски и македонски бисер меѓу црковните градби, подигнат на почетокот од минатото столетие, а посветен на великаните на македонската и сесловенска писменост и, пред сѐ, рамноапостолни проповедници на христијанската вера, големите светители и просветители Кирил и Методиј; дојдовме во овој молитвен дом, кој цело столетие служи како централен тетовски дом Божји, и кој, веруваме, додека Македонецот битува и додека векот векува, ќе продолжи да биде место во кое тетовчани ќе доаѓаат за да се молат и за да се црквуваат, и во кој тетовското православие ќе продолжи да опстојува и да се чува, посочи во беседата г.г Стефан. Архиепископот им заблагодари на зографите професорите Венко Цветков и Зоран Бошковски, кои ги насликаа фреските. -А токму тоа е, се разбира, смислата на иконите и на фреските ‒ да ни помагаат во молитвеното општење со Бога, во просењето на застапништво кон Пресветата Богородица и кон светиите, во претчувствувањето на царството небесно веќе овде, на земјата. Иконите и фреските не се „уметност заради уметност“, туку се, како што вели еден руски мислител: „умозрение во бои“ . Па, како што Евангелието и делата на светите отци со слово ни говорат за основните догматски вистини за Бога и за основните етички вистини за човекот, така иконите и фреските тоа ни го говорат без зборови, на живописен начин. Затоа е и речено дека иконите и фреските се како отворена Библија, посочи поглаварот на МПЦ-ОА. Архиепископот г.г Стефан светата божествена литургија ја отслужи со владиците митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион и поголем број свештенослужители. -Дојдовме во овој молитвен дом, кој цело столетие служи како централен тетовски дом Божји, и кој, веруваме, додека Македонецот битува и додека векот векува, ќе продолжи да биде место во кое тетовчани ќе доаѓаат за да се молат и за да се црквуваат, и во кој тетовското православие ќе продолжи да опстојува и да се чува, посочи во беседата г.г Стефан. Тој потсети дека се изминати 120 години откако биле положени и осветени темелите на храмот и безмалку 100 години откако е извршено осветувањето. -Му благодариме и  на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, за поканата и воедно, му изразуваме честитки зашто успеа да го доразубави овој храм, како што во своето досегашно десетлетно трудољубиво архипастирствување на од Бога доверената му Тетовско-гостиварска епархија, успеа да  изгради и епархиско седиште во Лешочкиот манастир и да започне со целосно реновирање на стариот манастирски конак. За пофалба е и што митрополитот покажува голема грижа и активности за заштите и доградба на повеќе храмови во епархијава, со што тој продолжува по стапките на своите епархиски претходници и по стапките на сите мудри македонски и македонољубиви поколенија, архијереи и црквољубиви ктитори кои, градејќи цркви и манастири ширум македонската земја, неа ја преобразиле во земја ‒ црква и манастир, во земја ‒ крст и икона, истакна поглаварот во беседата. По литургијата, присутните верници ја примија Светата причест.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osveten-zavrsheniot-freskozhivopis-vo-sobornata-tetovska-tsrkva-sveti-kiril-i-metodij/feed/ 0
Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/#respond Fri, 07 Oct 2022 08:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=742251

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид. Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век. Според неа, фресоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени. – За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и пресликувањата, кои настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи, кои се одвивале 1959-60 – та година, вториот слој е изваден и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата, истакна Велкоска. Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските. – Основниот проблем кој што се јавува во црквата е влагата од северната и источната страна, настаната од дожд. Повлекувањето на влагата од темелите се води како капиларна и другата е дождовна влага, која се залива по ѕидовите, каде предизвикала оштетување, појасни Патчев. Црквата, додаде, припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф. Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/feed/ 0