фројд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 09:02:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фројд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТЕСТ ЗА ЛИЧНОСТА! Дознајте каква ДИЈАГНОЗА би ви дал Фројд! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/test-za-lichnosta-doznajte-kakva-dijagnoza-bi-vi-dal-frojd/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/test-za-lichnosta-doznajte-kakva-dijagnoza-bi-vi-dal-frojd/#respond Fri, 23 Dec 2022 09:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=779495

Зигмунд Фројд е еден од најценетите, но и најконтроверзни научници на 20-тиот век. Додека бил жив, некои го сметале за гениј, а други за шарлатан. Дизајнерката Коко Шанел го нарекла Фројд првиот маж феминист. Неговата кариера ја одбележаа две нешта – разоткривањето на мистериите на човековиот сон и „наоѓањето“ на клучот за потсвеста. Ова е неговиот најинтересeн тест. Пред Вас се неколку прашања. Најважно е многу искрено да одговорите на нив. Не размислувајте многу, кажете го она што прво ќе го помислите. Можно е на различни прашања да ги дадете истите одговори. Не преминувајте на следното прашање додека не го одговорите претходното. И секако: не ѕиркајте во резултатите. Прашања: Гледате во море. Кое е вашето прво чувство? Одите низ шума и гледате во своите нозе. Што чувствувате? (времето за одговор на ова прашање е 30 секунди) Гледате галеби во лет. Што чувствувате? Гледате стадо коњи. Кое е вашето прво чувство? Не размислувајте долго… Во пустина гледате ѕид со мал отвор, а зад него има оаза. Што ќе направите? Повторно пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода. Што ќе направите? Можеби ви звучи банално, но запишете го одговорот на лист хартија. Изгубени сте во шума. Се смрачува. Гледате куќа со осветлен прозорец. Што ќе направите? Во магла сте. Како ќе се однесувате? Што ќе направите? Вашиот однос кон животот, емоциите, чувствата. Како се чувствувате кон своето семејство. Вашиот однос кон жените. Вашиот однос кон мажите. Вашата основна животна стратегија, цел. Како ги решавате своите проблеми. Вашиот сексуален живот. Изборот на партнери. Вашата подготвеност за брак. За оние кои се во брак – вредноста на бракот. Вашиот однос кон смртта.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/test-za-lichnosta-doznajte-kakva-dijagnoza-bi-vi-dal-frojd/feed/ 0
Да, рибата смрди од опашката https://arhiva.kurir.mk/kolumni/da-ribata-smrdi-od-opashkata/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/da-ribata-smrdi-od-opashkata/#respond Thu, 20 Oct 2022 09:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=748231

Додека трајно неспособниот мисир го правеше она што  го прави најдобро, односно не правеше ништо, неговиот газда полека и сигурно се враќаше на сцена. Ни фалеше Муртинхаузен? Јок, ни случајно. Ама тоа нема да го спречи... Да, Црпко засилено се самопромовираше и сликаше. Случајност? Јок, се уплашил новопечениот „филантроп“ од реалноста наречена зандана. И замислете, Зоче негираше дека ќе се врати на политичката сцена?! А, поверојатно, зајакот намирисал дека ќе паѓа во провалија сосе мисирката, па си прави отстапница. Знае пустиот, дека откако северџганистанците ќе бидат сменети и см’кнати од власт, неминовно доаѓа времето на одговорност. А криминал, тендери и државна „помош“ колку сакаш, за извоз ги има. Па така, ги начулил големите уши и се свестил дека дошло време за враќање. И онака, мисирот престолонаследникот го одработил своето, го прифатил забеганиот „француски“ предлог, направил милионски фотоволтаичен бизнис со паунот, а толку му бил мандатот и потребата... А како ќе познаете дека Зајко е во форма и дека пука од желба да се врати? Многу лесно. Пак зборува за себе во трето лице еднина. „Заев нема да продолжи“, срочи Заев... Исто како на стартот на „кариерата“. Она, кога Заев зборува за Заев и кога Црпко ламентира за „тој Црпко“. Психолозите велат дека децата веќе во втората година од животот учат за „ЈАС“ и сфаќаат дека употребата на јас за себе е исправно, а зборувањето во трето лице еднина со име и презиме е инфантилна будалаштина. Да, тоа се децата во втората година, но не и Црпко во 48-та година. Најверојатно и никогаш. Психијатрите, пак, оценуваат дека оваа појава е знак на нарцизам и прв симптом на шизофренија... И додека дволичното човече кое свесно го уништи енергетскиот систем на Македонија и тендер-рушветски ја урниса економијата се кочопереше и помпезно булазнеше за енергетика, струја и економија, м’кнејќи го синчето струјар зад себе ко што претходно го м’кнеше и престолонаследникот Ќуран, сега промовирајќи го подмладокот во бизнис светот, меѓу сите демагогии кажа и една вистина. Неверојатно за него, нели? Фројдовски призна „И се радувам на слободата“. Да, и’ се радува, ама многу... Црпко во Тетово потсвесно си призна дека и’ се радува и ја сака слободата затоа што знае дека набргу може да ја загуби. А добро знае и зошто. Свесен е и дека сороспијската фондација „Заев“ со која глуми муртински филантроп нема да го спаси од одговорноста. Та сега, спрема ли спрема терен зајакот, макар за да ја преживее зимата. Се претставува себеси, верувале или не, како бизнисмен, веројатно алудирајќи на приказната за третата прва девојка од Србија и ајварките со скапан пипер во средина, по што следуваше партиски преземена државна фирма, „Глобал“ тежок 8 милиони евра, стотици илјади за „црквата“ и Вицето, марихуана бизнис и државна помош од 1.4 милиони за истиот тој ајвар. Вајстина, добар бизнис, побонбона, здравје... Сето ова, пак, се случува во исто време кога најпревртливата градоначалничка во историјата и новопромовиран чирак на Црпко и орелот Али, ја обвини опозицијата дека поради нив автобусите во Скопје не возеле?! Не, не дека гавазите на Ќуран му должеле на ЈСП три милиони евра, јок. Не е ни таа, крива е ВМРО. Ко што е виновна и за инфлацијата, за немањето струја, за короната, за хаосот во здравството, за забеганото образование, за војната во Ветнам, за Авганистан. За се’. Толку едноставна, комуњарска логика, според која опозицијата секога е виновна за се’ што тие ќе заебат и уништат. А Данче така „права“. Класика од кујната на Бихаќка. По вокабуларот од говорница со кој целосно се разоткри, секој следен чекор само дополнително ја демистифицира Да/не/ла. Потврда, негација, тра-ла-ЛА. Парадокс на две нозе. И самото име кажува, на страна што одлично и прилега. Знаете, ако личиш на северџганистанец, зборуваш како чирак на Црпко, дејствуваш како продолжена рака на СДССССС и се однесуваш како неокомуњар, тогаш, логиката вели дека мора да си таков. Стана и премногу симптоматично - а им загусти на Зајко и Ќуран, влетува и спасува Данче. Како беше она, дека случајност се вика актот во кој само не можете јасно да ги видите конците кои ја придвижуваат кукличката/марионетата на сцената? Во овој случај, конците се гледаат од авион. Фали уште градоначалничката да почне да зборува за себе во трето лице еднина, нели? А поради „вината“ на шоферите и одборот на ЈСП, веројатно и таа како Црпко има три-четири први љубови и гарант мисли дека рибата смрди од опашката...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/da-ribata-smrdi-od-opashkata/feed/ 0
Најавена книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/#respond Mon, 11 Jul 2022 05:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=703040

Необјавена преписка на познатиот австриски психолог Зигмунд Фројд, со повеќе од илјада писма разменети со Мари Бонапарта, ќе биде објавена во октомври, објави француската издавачка куќа „Фламарион“ (Flammarion). Правнуката на брат на францускиот државник Наполеон, Лусијен Бонапарта – Мари (1882-1962), инаку била и сопруга на грчки принц, а во 20-тите била живо заинтересирана за психоанализата. Така, таа го контактирала Фројд во 1925 година, кој се согласил да ја прифати како пациентка, но и ученичка, во Виена. Таа во неколку наврати била во неговиот кабинет, а размениле и над 1.000 писма до смртта на Фројд во 1939 година. „Досега необјавена, чувана во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), преписката, жива и изобилна, дава клучни податоци за воведувањето на психоанализата во Франција, којашто ја иницирала Мари Бонапарта. …Писмата го откриваат и односот што Фројд го имал со Бонапарта“, соопшти „Фламарион“. Според издавачката куќа, нивната врска брзо се развила, така што ученичката станала и негова многу доверлива пријателка. Книгата од 1.200 страници треба да излезе на 19 октомври – со забелешки на историчарот по психологија Реми Амуро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/feed/ 0
Фројд: Како да препознаете глупави луѓе? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/frojd-kako-da-prepoznaete-glupavi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/frojd-kako-da-prepoznaete-glupavi-lugje/#respond Tue, 04 Dec 2018 08:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=135446

Сигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на модерната психоанализа, ни оставил многу генијални мудрости и безвременски изреки. Меѓу нив е и лекцијата која секој треба да ја запамети, а тоа е како да препознаете глупави луѓе! Легендарниот психијатер многу брзо и лесно ја откривал човековата глупост, а неговиот најдобар совет за препознавање глупави луѓе го срочил во само една реченица: „Првиот знак за глупавост кај луѓето е потполно отсуство на срам.“ Па така кога ќе се најдете во ситуација да се срамите поради нечие туѓо однесување или изјава или се чудите на некои луди постапки – веднаш знаете со кого си имате работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/frojd-kako-da-prepoznaete-glupavi-lugje/feed/ 0