фронтекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 08:52:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фронтекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ќе потпише договор за Фронтекс со Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ke-potpishe-dogovor-za-fronteks-so-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ke-potpishe-dogovor-za-fronteks-so-albanija/#respond Fri, 08 Sep 2023 09:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=875958

Советот на ЕУ донесе одлука за потпишување договор со Албанија за оперативни активности на Европската агенција за гранична и крајбрежна заштита (Фронтекс). Како што соопшти денеска Европскиот совет, договорот ќе овозможи организација на заеднички операции и распоредување на тимови на Фронтекс за контрола на границите во Албанија. - Благодарерни на овој договор, Фронтекс ќе може да и помага на Албанија во контрола на миграциските текови и во справувањето со илегалната имиграција и прекуграничниот криминал, се додава во соопштението. По повод одлуката, шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, изјави дека договорот има за цел спречување на прекуграничниот криминал и илегалната имиграцијата, кои претставуваат големи предизвици, како за земјите членки на ЕУ, така и за нејзините најблиски држави соседи. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, покрај контрола на границите на ЕУ, Фронтекс им мисија за помош во надзорот на граничните линии и на други земји кои не се членки на Унијата, за што се склучуваат посебни договори. Договори за соработка за Фронтекс, ЕУ досега има потпишано со Северна Македонија, како и со Молдавија, Србија и Црна Гора. Со новата регулатива на Европската агенција за гранична и крајбрежна заштита од 2019 година, Фронтекс може да им помага на земјите со кои има договори за соработка на целата нивна територија, а не само во регионите што граничат со држави членки на ЕУ, како што беше случајот со претходните правила. Новата регулативата, исто така, на припадниците на Фронтекс им дава и извршни овластувања, како што се гранични проверки и регистрација на лица. Одлуката на Советот на ЕУ за склучување на договорот за Фронтекс со Албанија, сега треба да биде одобрен од Европскиот парламент, по што тој ќе може конечно да биде склучен. Договорот ќе стапи во сила на првиот ден од вториот месец по датумот на кој Албанија и ЕУ меѓусебно ќе известат за завршувањето на нивните процедури за ратификација на документот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ke-potpishe-dogovor-za-fronteks-so-albanija/feed/ 0
Фронтекс: Во првата половина од годината илегалната имиграција во ЕУ зголемена за 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-vo-prvata-polovina-od-godinata-ilegalnata-imigratsija-vo-eu-zgolemena-za-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-vo-prvata-polovina-od-godinata-ilegalnata-imigratsija-vo-eu-zgolemena-za-10-otsto/#respond Mon, 31 Jul 2023 15:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=862089

Илегалната имиграција во Европска Унија е зголемена за 10 отсто во првата половина на 2023 година во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел од пристигнувањата се по медитеранските рути, соопшти Фронтекс. Според Фронтекс, од почетокот на годината до крајот на јуни имало 132.370 обиди за влез на територијата на ЕУ надвор од редовните гранични премини, што е за 10 отсто повеќе од истиот период минатата година. Во извештајот на Фронтекс се наведува дека премините кон централниот Медитеран се зголемиле за повеќе од една третина и сочинуваат половина од вкупниот број, бидејќи има пораст на пристигнувања од Тунис во Италија. Нелегалниот шверц на мигранти на сите други рути кон ЕУ е намален во споредба со првите шест месеци од 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-vo-prvata-polovina-od-godinata-ilegalnata-imigratsija-vo-eu-zgolemena-za-10-otsto/feed/ 0
Фронтекс: Бројот на нерегуларни премини на надворешните граници на ЕУ зголемен за 12 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-brojot-na-neregularni-premini-na-nadvoreshnite-granitsi-na-eu-zgolemen-za-12-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-brojot-na-neregularni-premini-na-nadvoreshnite-granitsi-na-eu-zgolemen-za-12-otsto/#respond Fri, 16 Jun 2023 13:19:20 +0000 https://kurir.mk/?p=846576

Во првите пет месеци од годината, бројот на откриени нерегуларни премини на надворешните граници на ЕУ достигна 102 илјади, што е за 12 проценти повеќе од пред една година, покажуваат прелиминарните пресметки на ФРОНТЕКС. Централен Медитеран останува главната миграциска маршрута кон ЕУ. Во првите пет месеци од годината, бројот на откривања се зголемил повеќе од двојно (160 отсто) во споредба со истиот период во 2022 година. Тоа е најголем број регистриран од 2017 година. Повеќе од 2.700 офицери на постојан корпус и персонал на ФРОНТЕКС се вклучени во различни операции за поддршка на земјите-членки и соседните земји во заштитата на надворешните граници на ЕУ и борбата против криминалот. Пристигнувањата на централномедитеранската маршрута доведоа до зголемување од 12 проценти од сите влезови во ЕУ, бидејќи пристигнувањата на сите други миграциски движења забележаа пад од шест отсто на Западниот Медитеран се до 47 проценти на западноафриканската маршрута. - Миграцискиот притисок во регионот останува висок и може да очекуваме зголемување на активноста на шверцерите во регионот во наредните месеци, соопшти Фронтекс. Во периодот јануари-мај, западнобалканската маршрута, која е втора најактивна рута со над 30.700 детекции, забележа пад од 25 проценти во однос на истиот период минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-brojot-na-neregularni-premini-na-nadvoreshnite-granitsi-na-eu-zgolemen-za-12-otsto/feed/ 0
Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-dogovor-fronteks-da-gi-chuva-tsrnogorskite-granitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-dogovor-fronteks-da-gi-chuva-tsrnogorskite-granitsi/#respond Tue, 16 May 2023 20:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=834988

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема мера придонесува за зајакнување на соработката меѓу Црна Гора и Европската унија во областа на управувањето со границите и постигнување на очекуваните стандарди на патот кон полноправно членство. Новиот договор, меѓу другото, предвидува распоредување офицери на Фронтекс и примена на извршните овластувања на кој било дел од државната граница на Црна Гора, не само на границата со Европската унија како што е дефинирано со претходниот договор. Предвидено е, покрај службениците на полициската управа на Црна Гора, задачи за гранична контрола да вршат и членови на тимовите на постојаните сили на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-dogovor-fronteks-da-gi-chuva-tsrnogorskite-granitsi/feed/ 0
ФРОНТЕКС: Мигрантскиот бран преку централен Медитеран зголемен за 300 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-migrantskiot-bran-preku-tsentralen-mediteran-zgolemen-za-300-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-migrantskiot-bran-preku-tsentralen-mediteran-zgolemen-za-300-otsto/#respond Fri, 12 May 2023 15:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=833546

Приливот на мигранти низ централен Медитеран достигна невидено ниво бидејќи шверцерските банди се повеќе се организираат и многу е полесно да се направат импровизирани пловни објекти, изјави директорот на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС), Ханс Лајтенс. Во периодот од јануари до април бројот на нерегуларни влезови во ЕУ преку централниот дел на Средоземно Море зголемен е за речиси 300 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, достигнувајќи 42.200. Никогаш не сум видел вакво нешто досега. Во овој момент бележиме раст од 1.100 проценти во однос на минатата година, особено од Тунис, наведе Лајтенс. Според него зголемувањето е последица на промената на начинот на работа на шверцерите и поевтиното криумчарење мигранти. Во моментов се користат мали метални пловни објекти што можат да се направат на плажа за еден ден, а чинат околу 1.000 евра. Пониската цена значи дека им требаат повеќе луѓе. Тоа може да ги објасни овие бројки, посочи Лајтенс. Тој додаде дека шверцерите се повеќе се организираат и се натпреваруваат меѓу себе „и немаат проблем да изгубат човечки животи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fronteks-migrantskiot-bran-preku-tsentralen-mediteran-zgolemen-za-300-otsto/feed/ 0
Фронтекс ја чува целата граница на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fronteks-ja-chuva-tselata-granitsa-na-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fronteks-ja-chuva-tselata-granitsa-na-tsrna-gora/#respond Wed, 10 May 2023 08:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=832567

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ќе ја штити целата црногорска граница, не само областите на заедничката граница со земјите од Европската унија (Хрватска и Италија), како што беше до сега случајот. Ова е предвидено со Договорот меѓу ЕУ и Црна Гора за оперативните активности што Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ќе ги спроведува во Црна Гора, а кој беше усвоен од Советот на ЕУ. „Договорот меѓу Европската унија и Црна Гора за оперативните активности што ги спроведува Фронтекс во Црна Гора е одобрен во име на Унијата“, се наведува во документот до кој Побједа имала увид. Договорот стапува во сила по објавувањето во Службениот весник на Европската Унија. Во однос на претходниот договор со кој и беше дадена помош на Црна Гора во областа на управувањето со границите и можните кризни ситуации поврзани со зголемениот проток на мигранти од Блискиот Исток и конфликтните области само на заедничката граница со земјите од ЕУ, Советот на ЕУ предвидува пошироки надлежности на Фронтекс во новиот договор поточно на границите на Црна Гора со трети земји - Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина - од каде што се случува најголемиот прилив на мигранти и илегално преминување на државната граница. Договорот предвидува заеднички оперативни активности на тимовите на Фронтекс со Граничната полиција на Црна Гора, пишува во договорот што го потпишаа Владата на Црна Гора и ЕУ. Исто така, се наведува дека тимот на Фронтекс може да биде распореден на територијата на Црна Гора, вклучувајќи ги нејзините копнени, поморски и воздушни граници со други земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fronteks-ja-chuva-tselata-granitsa-na-tsrna-gora/feed/ 0
Македонија и ЕУ го потпишаа Договорот со Фронтекс на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-eu-go-potpishaa-dogovorot-so-fronteks-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-eu-go-potpishaa-dogovorot-so-fronteks-na-makedonski-jazik/#respond Wed, 26 Oct 2022 17:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=750868

Во Владата попладнево е потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Договорот е потпишан на македонски јазик. Од име на ЕУ го потпишаа амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која е дел од делгацијата на Фон дер Лајен, а од македонска страна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На потпишувањето присуствуваа претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски. -Потпишувањето на Договорот за статусот на Фронтекс претставува уште еден чекор во продлабочувањето на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Тоа ќе донесе практични придобивки преку подобрување на граничната безбедност на земјата. Договорот е на македонски јазик, како и на сите 24 јазици на ЕУ, а сите јазични верзии се подеднакво валидни, информираа претпладнево од Делегацијата на ЕК во земјава. Договорот за гранично управување, познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите „македонски јазик“. Советот на ЕУ на 13 октомври ја усвои одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија, откако Софија всушност го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. Договорот потоа беше одобрен и од страна на Европскиот Парламент.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-eu-go-potpishaa-dogovorot-so-fronteks-na-makedonski-jazik/feed/ 0
ЕК усвои препораки за преговори на „Фронтекс“ со Србија, Албанија, БИХ и Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-usvoi-preporaki-za-pregovori-na-fronteks-so-srbija-albanija-bih-i-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-usvoi-preporaki-za-pregovori-na-fronteks-so-srbija-albanija-bih-i-crna-gora/#respond Wed, 26 Oct 2022 11:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=750630

Европската комисија ја усвои препораката на Советот на ЕУ да го одобри отворањето на преговорите за подобрени договори за статусот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража со четири земји од Западен Балкан, како и нов пакет помош од 39,2 милиони евра за зајакнување на управувањето со границите во регионот, соопшти дописникот на МИА од Белград. -Одобрувањето се однесува на границите меѓу ЕУ и Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во рамките на тоа е и пакетот помош од 39,2 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош за зајакнување на граничното управување на Западен Балкан, соопшти Европската службата за надворешна политика. Комисијата, со поддршка на „Фронтекс“, ќе ги зајакне капацитетите на земјите од Западен Балкан во нивното управување со миграцијата, борбата против шверцот и обезбедувањето безбедност. Според моментално постоечките договори за статусот меѓу „Фронтекс“, од една, и Албанија, Србија и Црна Гора, од друга, распоредувањето на постојаниот корпус може да се случи само на границите на земјите на ЕУ и без извршни овластувања. Според новата правна рамка, договорот за статусот ќе овозможи постојаниот корпус на „Фронтекс“ да биде распореден во трета земја и на границата на ЕУ, како и на границите со трети земји и да има извршни овластувања. Во соопштението се објаснува дека оваа поддршка е за регионалните капацитети за управување со границите главно преку обезбедување на специјализирана опрема. Тие вклучуваат мобилни системи за надзор, беспилотни летала, биометриски уреди, обука и поддршка за формирање и операционализација на националните координативни центри. Поддршката, исто така, ја покрива операционализацијата на миграциските објекти, вклучувајќи ги прифатните и притворските објекти. Пакетот ја донесува вкупната билатерална и регионална поддршка усвоена во оваа област како дел од претпристапната помош на 171,7 милиони евра. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон истакна дека ЕУ е посветена на поддршката на регионот и зајакнувањето на соработката во управувањето со миграцијата на терен. -Затоа предлагаме да преговараме за договорите за статусот според новата правна рамка што ќе му овозможи на „Фронтекс“ да биде распореден во сите четири партнерски земји со целосна сила на неговиот мандат, за да се осигура дека нивните граници ќе продолжат да се почитуваат и штитат во согласност со најдобрите европски стандарди и практики, изјави Јохансон. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оцени дека овој пакет е навремен, бидејќи миграцијата останува област во која мора да се направи поблиска соработка со партнерите од Западен Балкан. Тој ја најави намерата на Европската комисија да го зголеми финансирањето на регионот за вкупно 60 отсто во периодот меѓу 2021 и 2024 година, што би достигнало најмалку 350 милиони евра за земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-usvoi-preporaki-za-pregovori-na-fronteks-so-srbija-albanija-bih-i-crna-gora/feed/ 0
Се договараат деталите за потпишување на Договорот за ФРОНТЕКС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-dogovaraat-detalite-za-potpishuvanje-na-dogovorot-za-fronteks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-dogovaraat-detalite-za-potpishuvanje-na-dogovorot-za-fronteks/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=747648

Ги договараме деталите за денот на потпишувањето, времето и каде би се потпишал Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС), изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Кога ќе ги имаме сите детали ќе ја информираме јавноста, затоа што тоа е секако еден од најзначајните документи што ќе биде потпишан, нагласи Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Договорот за ФРОНТЕКС ќе биде потпишан утре. Инаку, Владата на вчерашната седница го разгледа и усвои Извештајот од Министерството за внатрешни работи за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу земјава и ЕУ за ФРОНТЕКС и го разгледа и прифати усогласениот текст. Со потпишувањето на Договорот, според информацијата од МВР, се создаваат неопходните правни предуслови коишто ќе овозможат непосредна соработка меѓу надлежните органи на двете фоговорни страни, за ситуации кога членови на тимот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража имаат извршни овластувања на територијата на Република Северна Македонија, а во контекст на управувањето со миграциските текови и сузбивањето на незаконска миграција и прекуграничен криминал во земјава. Европскиот совет донесе одлука за потпишување на Договорот за ФРОНТЕКС со Северна Македонија и ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност. Договорот ќе биде преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски и доставен до земјите членки на Европската Унија. – ЕУ и Западен Балкан споделуваат заеднички миграциски предизвици и единствениот начин за нивно решавање е преку заедничка акција. Договорот со Северна Македонија е важен чекор во оваа блиска соработка. Тоа ќе му овозможи на ФРОНТЕКС да обезбеди конкретна поддршка на теренот во корист и на Северна Македонија и на земјите од ЕУ, порача Вит Ракушан, министер за внатрешни работи на Чешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-dogovaraat-detalite-za-potpishuvanje-na-dogovorot-za-fronteks/feed/ 0
ЕУ: Фронтекс ги прикривал насилните враќања на мигранти извршени од грчката полиција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-fronteks-gi-prikrival-nasilnite-vrakjanja-na-migranti-izvrsheni-od-grchkata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-fronteks-gi-prikrival-nasilnite-vrakjanja-na-migranti-izvrsheni-od-grchkata-policija/#respond Thu, 13 Oct 2022 18:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=744992

Вработените во Агенцијата на ЕУ за гранична и крајбрежна заштита (Фронтекс) биле вклучени во прикривањето на „пушбек“, односно грчката полиција присилно ги истуркувала од своја територија, се вели во извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Грчката полиција насилно ги протерувала илегалните мигранти во Турција. Во извештајот се наведува дека вработените во Фронтекс прикривале кршење на „фундаменталните права“ на луѓето и не успеале да ги истражат инцидентите и да постапат правилно. Германските медиуми денеска го објавија извештајот на ОЛАФ од 120 страници. „На овој начин тие ја попречија способноста на Фронтекс целосно да ги исполни своите должности, односно да обезбеди заштита и унапредување на основните права“, се наведува во извештајот. Насилното враќање на луѓето преку меѓународна граница без да се проценат нивните права да аплицираат за азил или други форми на заштита ги прекршува и меѓународното и правото на ЕУ. Истражителите на ОЛАФ го напишаа извештајот врз основа на медиумски извештаи, документи од Фронтекс, Европската Комисија и интервјуа со 20 сведоци. „ОЛАФ, врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, заклучува дека наводите се потврдени“, се вели во извештајот. Фронтекс и грчката полиција засега не коментираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-fronteks-gi-prikrival-nasilnite-vrakjanja-na-migranti-izvrsheni-od-grchkata-policija/feed/ 0