фсб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 11:32:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фсб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефовите на ЦИА и ФСБ разговараа за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-tsia-i-fsb-razgovaraa-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-tsia-i-fsb-razgovaraa-za-ukraina/#respond Wed, 12 Jul 2023 11:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=855794

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин денеска изјави дека на крајот на јуни телефонски разговарал со неговиот колега од ЦИА, Вилијам Барнс за тоа „што да се прави со Украина“. Минатиот месец „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“ објавија дека Бернс го повикал Наришкин за да го увери Кремљ дека САД немаат никаква улога во краткотрајниот бунт на руската платеничка група Вагнер од 23 до 24 јуни. Барнс и Наришкин одржуваат комуникација од почетокот на руската војна во Украина, во време кога другите директни контакти меѓу двете земји се минимални, а односите се на најниска точка од Кубанската ракетна криза во 1962 година. Руските медиуми го цитираа Наришкин дека е можно тие двајца да се сретнат. Нивниот последен таков состанок беше во Турција во ноември минатата година, кога американски официјални лица изјавија дека Барнс ја предупредил Русија за последиците од каква било употреба на нуклеарно оружје и го покренал прашањето за американските затвореници во Русија. Наришкин, исто така, денеска рече дека Русија не слушнала „ништо изненадувачки“ од Самитот на НАТО во Вилнус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-tsia-i-fsb-razgovaraa-za-ukraina/feed/ 0
Укриаинското разузнавање тврди дека ФСБ добило задача да го убие Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukriainskoto-razuznavane-tvrdi-deka-fsb-dobilo-zadacha-da-go-ubie-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukriainskoto-razuznavane-tvrdi-deka-fsb-dobilo-zadacha-da-go-ubie-prigozhin/#respond Fri, 30 Jun 2023 10:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=851141

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) доби задача да го убие шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, соопшти Кирил Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина. Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот, според договорот со кој заврши бунтот на борците на Вагнер во текот на викендот. „Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за прекин на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство. Шефот на Вагнер и неговите борци нема да бидат кривично гонети“, соопшти Кремљ по бунтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukriainskoto-razuznavane-tvrdi-deka-fsb-dobilo-zadacha-da-go-ubie-prigozhin/feed/ 0
ВИДЕО: Објавено видео со осомничената за убиството на Дугина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveno-video-so-osomnichenata-za-ubistvoto-na-dugina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveno-video-so-osomnichenata-za-ubistvoto-na-dugina/#respond Mon, 22 Aug 2022 16:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=722255

Руската агенција за внатрешно разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави во понеделникот видео исечоци на кои се тврди дека е осомничената државјанка на Украина за атентатот врз руската новинарка и политички филозоф Дарја Дугина. Станува збор за снимки од надзорни камери на неколку места на коишто според истрагата се движела осомничената. Прво се гледа дека таа при проверка на хаубата на нејзиниот автомобил при влез во Русија, за кој користела регистарски таблички на три различни земји, имала светла коса, а откако се вселила во истата зграда со жртвата веќе е бринета, како и кога ја напуштила Русија. ФСБ претходно во понеделникот објави дека го расветлило убиството на руската новинарка Дарја Дугина, која настрада во петокот вечерта во подметната експлозија на автомобил во предградие на Москва, соопшти во понеделникот служба за односи со јавноста на руското внатрешно разузнавање. Според истрагата, било утврдено е дека злосторството ги подготвиле и извршиле украинските тајни служби. Извршител е државјанката на Украина, Наталија Павловна Вовк, родена 1979 година. Се прецизира дека Вовк, заедно со нејзината 12-годишна ќерка, Софија Михаиловна Шабан, пристигнала во Русија на 23-ти јули и изнајмила стан во зградата каде што живеела Дугина, за да собира информации за нејзините животни навики. Руската хакерска група RahDit, која минатиот месец објави илјадници лични податоци на припадниците на украинското разузнавање на тајни служби, објави дека 43-годишната Украинка претходно била дел од баталојонот „Азов“, за кој Москва тврди дека е составен од припадници на неонацистичките и ултранационалистички украински движења, и дека нејзиното момински презме е Шабан. Руските медиуми наведуваат извесна Наталија Вовк живеела во Мариупол, од каде заминала пред еден месец. Социјалните мрежи, наводно е прклучена само еднаш пред пет години, но тоа име се појавило веб-страницата НемиЗида на 13-ти април годинава. Станува збор за мрежна страница на којашто руските хакери ги објавуваат личните податоци за припадници и врбувани лица од украинските специјални служби. За опсервирање на целта, Вовк користела автомобил „Mini Cooper“ со кој влегла во Русија. Покрај тоа, кога влегла во Русија користела регистарска табличка на Доњецката Народна Република E982ХН DPR, во Москва користела казахстански ознаки 172AJD02 а при напуштање на Русија украинска табличка – AH7771IP. На денот на атентатот, Вовк и нејзината ќерка присуствувале на книжевно-музичкиот фестивал „Традиција“, на кој Дугина била почесен гостин. „По изведувањето на контролираната експлозија на автомобилот Toyota Land Cruiser Prado, со кој управувала Дугина на 21-ви август 2022-ра, Вовк заедно со ќерката заминале преки Псковската област во Естонија“, додаваат од ФСБ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveno-video-so-osomnichenata-za-ubistvoto-na-dugina/feed/ 0
ФОТО: Анонимуси тврдат дека ја хакирале страницата на руската разузнавачка служба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-anonimusi-tvrdat-deka-ja-hakirale-stranicata-na-ruskata-razuznavachka-sluzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-anonimusi-tvrdat-deka-ja-hakirale-stranicata-na-ruskata-razuznavachka-sluzba/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:48:21 +0000 https://kurir.mk/?p=647909

Анонимуси денеска објавија дека хакирале неколку руски сајтови во борбата против инвазијата на Путин на Украина, а меѓу нив се и страниците на руската разузнавачка служба ФСБ (наследник на КГБ) како и страниците на руската влада. Тие го објавија ова на Твитер користејќи го воениот термин „Танго надолу“, додавајќи дека хакирале уште две страници, аналитички центар на руската влада и Министерството за спорт. Тие објавија и наводна приватна кореспонденција меѓу Путин и неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгуи за плановите за сечење на украинските шуми. Да потсетиме, Анонимуси ја отфрлија војната на Путин на самиот почеток на неговата инвазија на Украина, а пред неколку дена објавија порака специјално дизајнирана да допре до руските граѓани, наводно, повикувајќи ги да застанат против Путин и да го тргнат од власт. „Анонимусите официјално се во сајбер војна против руската влада“, објавија тие на Твитер на 25 февруари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-anonimusi-tvrdat-deka-ja-hakirale-stranicata-na-ruskata-razuznavachka-sluzba/feed/ 0
ФОТО: Украинската фудбалска легенда Анатолиј Тимошчук е руски шпион и таен агент на ФСБ?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=645313

Легендарниот украински репрезентативец и долгогодишен капитен Анатолиј Тимошчук (42) стана непожелна личност во својата земја, после руската инвазија врз Украина. Играчот со најмногу настапи во дресот на Украина (144) важи за предавник бидејќи не сакал да го напушти тимот на Зенит каде работи како тренер, а сите негови рекорди и значајни остварувања се бришат, како да не постои. Од Украина денеска пристигна навистина шокантна вест, а новинарот Костјантин Андријук открива дека Тимошчук всушност е руски таен агент. Како доказ ги објавил фотографиите кои ги добил пред неколку години за време на истрага. Сепак, тој не сакаше да ги објави без вистински докази, а војната очигледно го разоткри познатиот фудбалер. Тимошчук се заколна на верност на Русија и потпиша изјава во која се вели: -Јас, Анатолиј Тимошчук, се колнам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и дека ќе чувам државни и службени тајни. Подготвен сум да го дадам животот за Русија, е наводната заклетва дадена од поранешниот фудбалер на Баерн. Претходно, Фудбалската федерација на Украина на својата официјална веб-страница објави дека ќе го санкционира Тимошчук за „соработка со окупаторите“. Освен што федерацијата нема да признае никаков настап или трофеј, му ја одзеде и тренерската лиценца. Официјално, Тимошчук до денес беше фудбалер со најмногу настапи за украинската репрезентација. Многу Украинци остро го критикуваа дека останал во Русија. Нему му се јавил неговиот поранешен соиграч Евгениј Левченко, кој му рекол: „Тимо, зошто го направи тоа? Ти си од Украина. Како можеш да молчиш и да продолжиш да работиш таму? Игравме заедно за ист тим, го носевме тој дрес со гордост, пееше химна, славевме и тагувавме. Како ќе живееш со тоа?“ На овие критики набрзо им се придружи и најдобриот украински фудбалер на денешницата, играчот на Атланта, Руслан Малиновски: „Не знам што се случи со Тимошчук, треба да го прашате. Тешко е да се коментира, но чудно е. Мислам дека не е правилно Тој повеќе не е 100 проценти и никогаш нема да биде легенда на украинскиот фудбал. Неговите достигнувања сега се заборавени“. На серијата вакви и слични јавни настапи се приклучи и претседателот на украинскиот прволигаш Рух, Григориј Козловски, кој за Тимошчук рече: „Како што рече Шевченко, пријателската гнида е полоша од ушите на непријателот. Тој е украинска гнида. Се вели дека со такви гниди не ви се потребни непријатели“. Своето мислење за Тимошчук го сподели и Олександр Алиев, кој го нарече поранешниот украински фудбалски херој „предавник“ кому „јазикот му бил заглавен во задникот“. „Ти си наш украински патриот. Или црташе знамиња на образите само за да се покажеш? му порача поранешниот соиграч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/feed/ 0
Стејт департмент: Труењето на Навални е дело на агенти на ФСБ на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-truenjeto-na-navalni-e-delo-na-agenti-na-fsb-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-truenjeto-na-navalni-e-delo-na-agenti-na-fsb-na-rusija/#respond Thu, 24 Dec 2020 06:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=447473

САД сметаат дека агенти на Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја употребиле супстанцата „новичок“ во обидот за убиство на рускиот опозиционер Алексеј Навални, изјави синоќа за Си-ен-ен портпарол на Стејт департментот. Се истакнува дека Русија се обидува да го оспори тоа со разни теории на заговор. Една од нив е дека Америка ја конструирала целата приказна околу труењето на Навални. -Русија сугерираше на многубројни најчесто противречни теории на заговор, но тоа не е ништо друго туку обид да се одвлече вниманието од сериозните прашања што руската влада допрва треба да ги одговара, изјавија од Стејт департментот. Се додава дека нема друго објаснување освен тоа дека вклученоста и одговорноста за труењето на политичарот е кај руските власти. -Нема сомнеж дека тие се вклучени во ова. Секако, претседателот Путин и руската влада сакаат да мислиме во спротивното. Си-ен-ен наведува дека изјавата на официјален Вашингтон е досега најконкретна осуда на Русија од страна на Адмнистрацијата на претседателот Доналд Трамп за труењето на Навални. Според телевизијата, санкциите околу ова се во подготовка, но дека нивното одобрување, меѓудругите инстанци, треба да биде заверено и со потпис од претседателот. Трамп досега го нема коментирано труењето, и не ја обвини Русија за тоа. Тој неодамна ги потцени и масивните кибер напади врз повеќе американски владини агенции, при што настрадаа и стотици приватни компании. Државниот секретар Мајк Помпео, во септември изјави дека постојат „солидни шанси“ дека зад труењето стојат Руси. Таа изјава остана млака, во споредба со сегашната многу поостра, при што конкретно се именува улогата на ФСБ. Од телевизијата наведуваат дека по истражувањето на тим од меѓународни новинари за одговорните за труењето на Навални, повеќепати досега побарале изјава од Стејт департментот. Претходно, Си-ен-ен и Белингкет, група на истражувачки новинари, објавија дека во операцијата учество зеле од шест до десет вработени во ФСБ. Навални потоа објави видео како тој телефонски разговора со лице кое според него е учесник во тимот агенти кои го следеле речиси три години и се обиделе два пати да извршат атентат со хемиски боев отров. Видеото, насловено „Му се јавив на својот убиец. Тој призна сѐ“, на Јутјуб досега е прегледано од речиси 19 милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-truenjeto-na-navalni-e-delo-na-agenti-na-fsb-na-rusija/feed/ 0
ФСБ бара продолжување на притворот на украинските морнари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fsb-bara-prodolzuvanje-na-pritvorot-na-ukrainskite-mornari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fsb-bara-prodolzuvanje-na-pritvorot-na-ukrainskite-mornari/#respond Thu, 10 Jan 2019 18:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=150747

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) побара продолжување на притворот на украинските морнари кои беа уапсени во Керчинскиот Теснец, соопшти денеска еден од адвокатите на морнарите Сергеј Бадамшин. Претходно и руските истражни органи побараа од судот да го продолжи притворот на морнарите. – Московскиот суд ќе го разгледа предлогот на 15 јануари, изјави адвокатот Бадамшин. Три украински брода на 25 ноември минатат година се обидоа да минат низ Керченскиот Тесец, со што, според Русија, ги нарушиле руските територијални води, па затоа руските сили ги запленија бродовите и ги приведоа 24 членови на нивните екипажи. Украина, од своја страна, негира дека ги бродовите ги влегле во руски територијални води. По лишувањето од слобода на украинските морнари им беше изречена мерка притвор, која истекува на 25 јануари. Притоа, ним им се заканува обвинение за илегален премин на руската граница, за што според законите на Русија, се предвидува казна затвор до шест години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fsb-bara-prodolzuvanje-na-pritvorot-na-ukrainskite-mornari/feed/ 0
Тинејџер се разнесе во зградата на ФСБ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-se-raznese-vo-zgradata-na-fsb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-se-raznese-vo-zgradata-na-fsb/#respond Wed, 31 Oct 2018 12:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=121840

Експлозивната направа која денеска експлодира во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Архангелск, северна Русија, била внесена во зградата од 17-годишен локален жител, кој загинал откако ја активирал, соопшти полицијата. Според прелиминарните податоци, тинејџерот користел рачно изработена експлозивна направа. Неговиот идентитет  е утврден, се наведува во соопштението, во кое нема детали за сторителот. Тројца вработени од локалната канцеларија на ФСБ беа повредени во експлозијата. На местото работат истражители и криминалисти, кои ги распрашуваат сведоците и собираат материјал за експертиза Формирано е кривично дело за терористички напад и незаконско носење на оружје. Случајот ќе биде под истрага од централниот апарат на Истражниот комитет во Москва, кој ќе го истражуваат кругот на познати на момчето и неговите евентуални мотиви, изјави портпаролката на федералната истрага Светлана Петренко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-se-raznese-vo-zgradata-na-fsb/feed/ 0