фудбалска лига на шампиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 19:41:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фудбалска лига на шампиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЛШ: Адеми и Ристовски со пораз се враќаат од Милано https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-ademi-i-ristovski-so-poraz-se-vrakjaat-od-milano/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-ademi-i-ristovski-so-poraz-se-vrakjaat-od-milano/#respond Wed, 14 Sep 2022 19:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=732961

Милан дојде до првата победа во Лигата на шампионите во оваа сезона, победа остварена над Динамо Загреб (3-1) на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. „Росонерите“ важеа за фаворити на „Сан Сиро“ и тоа го потврдија на теренот со три погодоци во мрежата на Ливаковиќ. Во финишот на првото полувреме погоди Жиру од пенал, додека во второто полувреме стрелаа Салемакерс и Побега кој всушност го постави конечниот резултат. Единствениот гол за Динамо беше дело на Оршиќ во 56 минута по одличната асистенција на Петковиќ. Адеми го одигра целиот натпревар, додека Ристовски беше активен до 78 минута. На другата средба во истиот термин, Шахтјор и Селтик одиграа без победник 1-1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-ademi-i-ristovski-so-poraz-se-vrakjaat-od-milano/feed/ 0
Денеска почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампиони https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deneska-pochnuva-novata-sezona-vo-fudbalskata-liga-na-shampioni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deneska-pochnuva-novata-sezona-vo-fudbalskata-liga-na-shampioni/#respond Tue, 06 Sep 2022 05:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=729211

Започнува новата сезона од Лигата на шампионите во која пехарот го брани Реал Мадрид. Кралскиот клуб од Глазгов ја почнува одбраната на големиот трофеј, тимот на Карло Анчелоти му гостува на Селтик. Дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ го пречекува Јувентус. Иако станува за дуел меѓу две големи екипи, парижаните се голем фаворит според прогнозерите. Причина за тоа е квалитетот во составот, но и големиот број на повреди со кој се соочува тимот на Алегри. Два од денешните натпревари се играат од 18:45 часот, на Максимир кај Динамо Загреб гостува Челси, а Борусија Дортмунд ќе го пречека ФК Копенхаген. Од 21 часот играат: Бенфика - Макаби Хаифа, Селтик - Реал Мадрид, ПСЖ - Јувентус, Лајпциг - Шахтар, Салцбург - Милан и Севиља - Манчестер Сити. Утре има два големи дерби меча, и двата се во Италија, едниот е меѓу Интер и Баерн Минхен, а другиот меѓу Наполи и Ливерпул. Утрешниот ден од 18:45 го отвораат Ајакс - Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт - Спортинг Лисабон. Од 21 часот играат: Атлетико Мадрид - Порто, Барселона - Викторија Плзен, Клуб Бриж - Баер Леверкузен, Интер - Баерн Минхен, Наполи - Ливерпул, Тотнем - Марсеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deneska-pochnuva-novata-sezona-vo-fudbalskata-liga-na-shampioni/feed/ 0