– Мора да го добиеме мечот со Лихтенштајн за да останеме во игра за Светското првенство. Се надевам дека од гостувањето ќе се вратиме со три бода. Треба да го одиграме она што селекторот ќе го побара од нас, а воедно и да ја подобриме реализацијата пред противничкиот гол. Не е само реализацијата, треба да подобриме и други детали во играта на овој натпревар.Знаеме дека Лихтенштајн игра добар фудбал во последно време. Игра дефанзивен фудбал, но се многу компактни како тим и не чека тежок натпревар. Лихтенштајн не е тест за Германија, после тоа ќе размислуваме за нив. Германија ќе биде уште потежок противник, но наше е да одиграме, да го слушаме селекторот и да покажеме што знаеме и умееме. Се надевам дека од двата натпревари ќе извадиме максимум, – изјави Елмас.
]]>