фудбалска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 18:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фудбалска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради земјотресот: Одложен натпреварот Мароко-Либерија, фудбалерите даруваат крв (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video/#respond Sat, 09 Sep 2023 19:05:40 +0000 https://kurir.mk/?p=876424

Фудбалскиот натпревар од квалификациите за Купот на нациите на Африка меѓу Мароко и Либерија е одложен поради силниот земјотрес во оваа северноафриканска земја, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Мароко вечерва требаше да биде домаќин во Агадир, но фудбалскиот сојуз соопшти дека натпреварот е одложен на неодредено време по договор со Африканската фудбалска конфедерација (CAF). Ова е воедно последен натпревар од групата К, а на завршниот турнир кој на почетокот на следната година ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска се пласираа Јужна Африка и Мароко. Познатиот марокански репрезентативец Ашраф Хакими се огласи на социјалните мрежи и изрази сочувство за жртвите од земјотресот. -Време е да си помогнеме еден на друг за да спасиме што повеќе животи. Сочувство до сите што изгубија близок, напиша Хакими на Инстаграм. Воедно во текот на денот фудбалерите даруваа крв на повредените во страшниот земјотрес. На минатогодишното Светско првенство во Катар, Мароко стана првата африканска репрезентација која стигна до полуфиналето, каде што беше поразена од Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video/feed/ 0
Муслиу: Треба да ја поправиме реализацијата, ама треба и да не примиме гол https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/musliu-treba-da-ja-popravime-realizacijata-ama-treba-i-da-ne-primime-gol/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/musliu-treba-da-ja-popravime-realizacijata-ama-treba-i-da-ne-primime-gol/#respond Tue, 05 Oct 2021 18:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=573589

По смената на селекторот и пристигнувањето на Благоја Милевски на кормилото на „црвено-жолтите“, Македонската фудбалска репрезентација ја чека првата победа откако минатиот месец одигравме три нерешени средби во низa. Гостувањето во Вадуц кај аутсајдерот Лихтенштајн е добра шанса за прва радост и цел плен. „Максимално се подготвуваме за Лихтенштајн, потребно ни е да ги освиме трите бода, сите знаат колку е важен овој меч. Се надевам дека играта и резултатот ќе бидат на наша страна. Во последно време често игравме против Лихтенштајн, добро ги знаеме и се покажавме многупати со нив“ – вели Висар Муслиу. „На хратија сме фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуц. Знаеме дека Лихтенштајн има некои добри страни, ни ние ќе се потрудиме да ги неутрализираме тие добро страни и во исто време да ја покажеме нашата најдобра страна. Треба да ја поправиме реализацијата, ама треба и да не примиме гол. Ќе одиграме онака како што ќе ни каже шефот, ќе треба да ги одработиме инструкциите кои тој ќе ни ги даде“ - заврши во својата изјава Муслиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/musliu-treba-da-ja-popravime-realizacijata-ama-treba-i-da-ne-primime-gol/feed/ 0
Повторно реми, Македонија одигра нерешено со Романија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/povtorno-remi-makedonija-odigra-neresheno-so-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/povtorno-remi-makedonija-odigra-neresheno-so-romanija/#respond Wed, 08 Sep 2021 22:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=561189

Македонската фудбалска репрезентација и третиот натпревар од овој квалификационен прозорец го одигра нерешено, овој пат ремизиравме против Романија во Скопје, мечот заврши без голови 0-0. Македонската репрезентација го имаше поседот на топката во текот на целиот натпревар, но тешко создаваше големи шанси. Брзо по почетниот свриреж на судијата Македонија воспостави доминација на теренот која ја одржуваше, но не успеваше да создаде посериозни шанси. Првата шанса ја имавме во 34. минута кога Елмас биеше од добра позиција, но голманот Ница го одбрани неговиот удар. Во вториот дел состојбата на теренот беше слична со разлика што почнавме да создаваме поконкретни шанс. Течеше 51. минута кога Елиф Елмас се обиде по еден соло пробив, топката удри романски фудбалер, го смени правецот и малку фалеше да го измами голманот Ница кој со крајни напори успеа да одбрани. Седум минути подоцна Барди шутираше по асистенција од Елмас, но и неговиот удар го одбрани романскиот голман. Во 73. минута Барди се обиде со силен удар од далечина, но и овој пат голманот на Романија беше поуспешен од нашите фудбалери. Романија единствената шанса ја имаше од слободен удар, Димитриевски реагираше лошо, но за среќа нашата мрежа остана мирна. До крајот на натпреварот не успеавме да создадеме нова посериозна закана кон голот на Романија, па и на овој натпревар на Арената „Филип Втори“ публиката не виде гол. По шест одиграни кола ние сме на четвртата позиција со девет освоени бода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/povtorno-remi-makedonija-odigra-neresheno-so-romanija/feed/ 0
Нов предизвик за нашите фудбалери – Исланд https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-predizvik-za-nashite-fudbaleri-island/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-predizvik-za-nashite-fudbaleri-island/#respond Sun, 05 Sep 2021 09:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=559560

По дебито на Благоја Милевски како селектор на домашен терен против Ерменија (0-0), Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година во Катарсе соочува со првото септемвриско гостување и тоа против Исланд. Исланд оваа година има само три победи на последните 15 средби имаат избраниците на Арнар Видарсон. А, сè уште во тимот се играчи како Сигурдсон, Гунарсон, Халфредсон... „Рибарите“ во изминатите 365 дена успеаја да победат против Романија (2-1) во квалификациите за Европско првенство, против Литхенштајн (4-1) во квалификациите за Светско првенство и против Фарски Острови (1-0) во пријателски натпревар. За Македонија и Исланд ова ќе биде прва меѓусебна средба по дванаесет години. Последен пат двете селекции играа во 2009 година во рамки на мундијалските квалификации. Во Скопје победи Македонија со головите на Аце Стојков и Филип Ивановски (2-0), додека во Рејкјавик се доживеа минимален пораз (0-1). Овие тимови играа еден против друг и во квалификациите за СП 1998, а билансот беше домашна победа на Македонија и гостинско реми (1-0 и 1-1).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-predizvik-za-nashite-fudbaleri-island/feed/ 0
Фудбалерите се во Исланд, еден тренинг пред мечот со домаќинот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-se-vo-island-eden-trening-pred-mechot-so-domakjinot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-se-vo-island-eden-trening-pred-mechot-so-domakjinot/#respond Sat, 04 Sep 2021 06:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=559063

Македонската фудбалска репрезентација е во Рејкјавик Исланд , каде ќе одработи еден тренинг, а во недела  се среќава со против оваа репрезентација во рамките на 5. коло од групата „Ј“ во квалификациите за СП во Катар. Нашиот национален тим по нерешените 0-0 во Скопје со Ерменија, посакува победа против Исланд кој загуби од Романија со 2-0 во Рејкјавик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-se-vo-island-eden-trening-pred-mechot-so-domakjinot/feed/ 0
Фудбалската репрезентација го одработи официјалниот тренинг пред мечот со Ерменија и дебито на новиот селектор (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalskata-reprezentacija-go-odraboti-oficijalniot-trening-pred-mechot-so-ermenija-i-debito-na-noviot-selektor-fotogalerija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalskata-reprezentacija-go-odraboti-oficijalniot-trening-pred-mechot-so-ermenija-i-debito-na-noviot-selektor-fotogalerija/#respond Wed, 01 Sep 2021 19:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=558050

Македонската фудбалска репрезентација го одработи официјалниот воедно и последен тренинг пред утрешниот меч со Ерменија за дебито на новиот селектор Боби Милевски, кој пред точно еден месец ја презеде селекторската улога од Игор Ангеловски.
Милевски ги склопи коцките за своето деби во обид за успешен старт и освојување на првото место во групата против моменталниот лидер кој во мартовските мечеви освои максимални девет бодови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalskata-reprezentacija-go-odraboti-oficijalniot-trening-pred-mechot-so-ermenija-i-debito-na-noviot-selektor-fotogalerija/feed/ 0
Познати судиите кои ќе и судат на Македонија на натпреварите против Ерменија и Романија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-sudiite-koi-kje-i-sudat-na-makedonija-na-natprevarite-protiv-ermenija-i-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-sudiite-koi-kje-i-sudat-na-makedonija-na-natprevarite-protiv-ermenija-i-romanija/#respond Wed, 01 Sep 2021 15:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=557971

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде домаќин на два од трите септемвриски натпревари во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година. Прв домашен меч за Македонија во септември е против селекцијата на Ерменија ,a nа дебито на Благоја Милевски ќе суди португалскиот арбитар Артур Диаз, а ќе му помагаат Руи Таварес и Пабло Соарес. За првпат по плеј-офот против Косово, во Скопје на Арената „Тодор Проески“ ќе има ВАР. Во собата ќе бидат Жоао Пињеро и Луис Кампос, двајцата од Португалија. За натпреварот против Романија закажан на 8 септември на центарот ќе стои реномирано европско име. УЕФА го делегира Матеу Лахоз, шпанскиот делител на правдата кој судеше во финалето на Лигата на шампионите меѓу Челзи и Манчестер Сити, исто така беше и дел од ЕП 2020. Помошници ќе му бидат Пау Норберт Себријан Дејвис и Роберто Диаз Перез Дел Паломар, четврти судија е Хозе Луис Мунуера Монтеро, а во ВАР-собата се Хуан Мартинез Муниера и Диего Барберо Севиља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-sudiite-koi-kje-i-sudat-na-makedonija-na-natprevarite-protiv-ermenija-i-romanija/feed/ 0
Ристовски: Македонија сите ја гледаат со други очи по ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ristovski-makedonija-site-ja-gledaat-so-drugi-ochi-po-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ristovski-makedonija-site-ja-gledaat-so-drugi-ochi-po-ep/#respond Wed, 01 Sep 2021 15:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=557965

Капитенската лента по Горан Пандев ќе продолжи да ја носи Стефан Ристовски Во пресрет на утрешната средба со Ерменија во рамките на квалификациите за Светското првенство, новиот капитен на Македонија пред сè се заблагодари на Горан Пандев. Покрај тоа, најави дека ќе даде максимум во новата улога, а се осврна и на самите натпревари. „Пред сè сакам да се заблагодарам на капитенот Горан Пандев кој многу направи за оваа репрезентација и треба да биде пример на сите како треба да играме за Македонија. Се надевам ќе успееме да го испратиме како што доликува за играч од негов калибар. Огромна чест е што сум капитен на генерацијата, благодарност до селекторот што ми ја укажа таа доверба. Би се израдувал уште повеќе, ако сите бидеме условно кажано капитени. Треба да покажеме како се носи овој дрес, како на терен така и надвор мора да бидеме пример. Ќе дадеме максимум за репрезентацијата. Веројатно соиграчите ме почитуваат, но јас веќе кажав. Постарите мора да сме пример на генерацијата, сите заедно. На сите прашања мора да се одговори на теренот. Јас како капитен, можам да ветам дека ќе дадам максимум за оваа генерација. Фудбалот дојде до тоа дека нема многу време за мислење. Имаме доста промени во тимот, но ние сме професионалци. Ќе продолжиме каде што застаневме. Се надевам на добар резултат со Ерменија. Македонија сите ја гледаат со други очи, без разлика на промените во тимот. Доаѓаме од едно Европско првенство, без разлика на резултатите. Сметам дека мора да се однесуваме така, да се цениме и да гледаме напред. Европското мора да е голем поттик за понатаму, за да дојдеме до нови големи победи и остварувања“, изјави Ристовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ristovski-makedonija-site-ja-gledaat-so-drugi-ochi-po-ep/feed/ 0
Милевски: Иако сум краток приод, видов дека атмосферата е на високо ниво https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-iako-sum-kratok-priod-vidov-deka-atmosferata-e-na-visoko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-iako-sum-kratok-priod-vidov-deka-atmosferata-e-na-visoko-nivo/#respond Wed, 01 Sep 2021 15:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=557957

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува нов квалификациски натпревар на патот кон Светското првенство во Катар идната година и тоа против Ерменија на домашен терен, За прв пат, од клупата репрезентацијата ќе ја води Благоја Милевски. На официјалната прес-конференција во пресрет на натпреварот, тој изјави дека и покрај сите промени е оптимист. „Не треба да зборувам многу што ќе се менува во тимот. Благодарност до сите кои беа дел од репрезентацијата, а веќе не се. Пред сè на Пандев, Тричковски и Велкоски. Неминовно беше освежување на тимот. Тоа само по себе си носи промени. Ние ќе се концентрираме на тоа да изгледаме добро како тим на теренот и надвор од него. Иако сме кратко заедно, јас видов дека атмосферата е на високо ниво. Поради тоа, јас сум оптимист иако немавме време за воигруање со новите играчи пред Ерменија. Сите тука се професионалци, имаат квалитет и се добри карактери. Не би зборувалм за тактичките работи. Сите конкурираат за првите 11. Како ќе изгледаме на теренот, исто и формацијата ќе ги оставам во тајност за натпреварот. Сепак, кој и да се најде во тимот, ќе покаже дека е со право тука и има потенцијал. Новите играчи, како и тие со краток репрезентативен стаж се тука поради својот квалитет, а верувам дека тоа ќе го докажат, бидејќи тие се иднината на мак-фудбалот. Се наоѓаме на старт на сезона, не можеме да бараме висока натпреварувачка форма кај сите фудбалери. Сепак, како е за нас, така е и за останатите. Одредени репрезентативци немаа минутажа, а други немаа било какви натпревари. Направивме освежувања каде што бевме приморани. Голем дел од тимот е ист на тој кој ги започна квалификациите. Мора да останеме конкурентни во овие квалификации, но и во иднина мора да останеме на високо ниво и за следните предизвици на Македонија. “, смета селекторот. Боби Милевски се осврна и на утрешниот противник Ерменија. „Ерменците со самото место кое го заземаат во групата, докажува дека се квалитетен тим. Се гледа одличната работа на селекторот Капарос, особено на последните натпревари. Тие покажуваат дека освен тимски квалитет имаат и поединечен. На стартот победија „три од три“, а одиграа добри тестови со Шведска и Хрватска. Сепак, свесни сме дека и ние поседуваме квалитет, да одговориме на предизвикот“, изјави Милевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-iako-sum-kratok-priod-vidov-deka-atmosferata-e-na-visoko-nivo/feed/ 0
Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чувствувал тоа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-sekogash-sum-sakal-da-igram-za-makedonija-i-sum-go-chuvstvuval-toa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-sekogash-sum-sakal-da-igram-za-makedonija-i-sum-go-chuvstvuval-toa/#respond Tue, 31 Aug 2021 17:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=557471

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ се враќа во репрезентацијата на Македонија. Селекторот Благоја Милевски верува во корпулетниот фудбалер и ќе му даде шанса во септемвриските три натпревари од мундијалските квалификации. Фудбалерот не го криеше задоволството што пак ќе заигра за македонсата репрезнтација. „Пред два месеци со селекторот имавме состанок и разговаравме за моето враќање. Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина, но таква беше претходната ситуација. Но што било поминало, не сакам да се враќам назад. Повикот ме радува и среќен сум што сум дел од репрезентацијата. Мило ми е што сум со една квалитетна и добра репрезентација. Се надевам дека ќе се адаптираме. Сите ги познавам. Се е до нас. Само треба да покажеме квалитет на терен. Мора да одиме од меч во меч, сега се подготвуваме за Ерменија. Направивме добра анализа. Тој меч треба најпрво да го одиграме како што треба. Потоа ќе размислуваме за следниот меч со Исланд. Овие три меча се многу наближени, во седум-осум дена. Ќе биде многу интензивно, но сите ние сме добри играчи, не за џабе сме во репрезентацијата. Се надевам дека со добри резултати ќе ја израдуваме нашата држава и ќе бидеме сериозни кандидати за место на СП“, изјави Јаховиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-sekogash-sum-sakal-da-igram-za-makedonija-i-sum-go-chuvstvuval-toa/feed/ 0