Фумио Кишида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 07:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фумио Кишида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во новата јапонска Влада именувани пет министерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-novata-japonska-vlada-imenuvani-pet-ministerki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-novata-japonska-vlada-imenuvani-pet-ministerki/#respond Wed, 13 Sep 2023 07:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=877556

Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида го смени министерот за одбрана и за надворешни работи и го зголеми присуството на жени во неговиот кабинет од две на пет. Кишида го разреши министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши и на негобво место ја именува 70-годишната Јоко Камикава. Првпат по 19 години жена ќе биде задолжена за јапонската дипломатија. Таа неколку пати како министерка за правда во периодот од 2014 до 2021 година. За прв пат по 19 години жена ќе биде задолжена за јапонската дипломатија. Камикава како министерка за правда ја надгледуваше егзекуцијата на клучните членови на сектата Аум Шинрикио одговорни за смртоносниот напад со сарин во метрото во Токио во 1995 година. Министерот за одбрана Васуказу Хамада беше заменет со Минору Кихара, кој беше парламентарен секретар за одбрана (2013-2014) и специјален советник за безбедност на премиерот на Јапонија од 2019 до 2021 година. Овие промени се спроведуваат во време кога Јапонија, близок сојузник на САД, се соочува со зголемени тензии со Кина и Северна Кореја и во време кога Токио планира значително да го зголеми буџетот за одбрана за периодот 2023-2027. Министерот за финансии Шуничи Сузуки ја задржа функцијата, како и министерот за економија, трговија и индустрија Јасутоши Нишимура и популарниот министер за дигитална трансформација Таро Коно, кој е поранешен ривал на Кишида за лидерската функција во партијата. Генералниот секретар на Владата и владин портпарол Хироказу Мацуно, исто така, останува на функцијата. Според аналитичарите, со реконструкцијата на Владата Кишида има за цел да биде реизбран на партиската лидерска функција идната година, што ќе му овозможи да остане премиер. Според анкетите голем број не се задоволни од работата на Владата пред сè во справувањето со инфлацијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-novata-japonska-vlada-imenuvani-pet-ministerki/feed/ 0
Јапонскиот премиер го разреши својот син од функцијата поради недолично однесување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-go-razreshi-svojot-sin-od-funktsijata-poradi-nedolichno-odnesuvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-go-razreshi-svojot-sin-od-funktsijata-poradi-nedolichno-odnesuvane/#respond Mon, 29 May 2023 19:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=840165

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека го отпуштил својот син од функцијата секретар поради „недолично однесување“ во официјалната резиденција. Одлуката дојде откако еден магазин објави дека Шотаро Кишида поканил пријатели на забава во официјалната резиденција на премиерот минатата година. „Неговото однесување во јавноста минатата година беше несоодветно за политички секретар и решивме да го смениме“, изјави Кишида додавајќи дека оставката ќе стапи на сила на 1 јуни. Премиерот веќе наиде на критики за односот на неговиот син, кој на патувањата низ Европа со службени автомобили им купувач сувенири на министрите. Кишида изгуби четворица министри за три месеци поради наводите за финансиски неправилности или врски со контроверзната секта „Мун“, позната и како Црква на обединување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-go-razreshi-svojot-sin-od-funktsijata-poradi-nedolichno-odnesuvane/feed/ 0
Бајден и Кишида договорија блиска соработка во решавање на регионалните безбедносни предизвици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-kishida-dogovorija-bliska-sorabotka-vo-reshavane-na-regionalnite-bezbednosni-predizvitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-kishida-dogovorija-bliska-sorabotka-vo-reshavane-na-regionalnite-bezbednosni-predizvitsi/#respond Thu, 18 May 2023 16:44:05 +0000 https://kurir.mk/?p=835995

Американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ветија дека ќе одговорат на сите и тесно ќе соработуваат за решавање на регионалните безбедносни предизвици. Белата куќа појасни дека предизвиците пред нив ги вклучуваат прашањето за севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма и заканувачкиот однос на Кина со кршење на меѓународното право. Двајцата лидери го истакнаа противењето на какви било обиди за насилна промена на „статус кво“ состојбата на Тајван и ја повторија својата решеност да го одржат мирот и стабилноста во поширокиот Тајвански теснец. Бајден и Кишида изразија поддршка за АСЕАН (Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија) и ја истакнаа важноста од зајакнување на мултилатералната соработка во Индо-пацифичкиот регион. Белата куќа додаде дека САД и Јапонија ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од „бруталната и нелегална инвазија на Русија“. Претходно, во разговор со Кишида, Бајден изјави дека целиот свет е побезбеден кога Вашингтон и Токио стојат заедно. -Ние се залагаме за заеднички вредности, вклучувајќи и поддршка на храбриот народ на Украина додека ја брани својата суверена територија и повикувањето на Русија на одговорност за нејзината брутална агресија, рече Бајден, кој денеска пристигна во Хирошима на самитот на Г7, јави Кјодо. . Американските медиуми пренесуваат дека Кишида го поздрави успешниот развој на односите меѓу САД и Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-kishida-dogovorija-bliska-sorabotka-vo-reshavane-na-regionalnite-bezbednosni-predizvitsi/feed/ 0
Јапонскиот премиер и покрај инцидентот продолжува со предвидените активности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-i-pokraj-intsidentot-prodolzhuva-so-predvidenite-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-i-pokraj-intsidentot-prodolzhuva-so-predvidenite-aktivnosti/#respond Sat, 15 Apr 2023 09:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=824187

Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида продолжува со денешната предизборната кампања по инцидентот во Саиказаки, во префектурата Вакајама, објави на Твитер неговата .Либерално демократската партија. За време на говорот на Кишида момче фрли предмет сличен на димна бомба. Се слушна гласна експлозија, при што луѓето почнаа панично да бегаат, а премиерот беше засолнет и е неповреден. Полицијата веднаш го совлада и го приведе осомничениот. Поранешниот премиер Шинзо Абе почина откако беше застрелан на предизборен митинг со рачно изработен пиштол во јули минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-i-pokraj-intsidentot-prodolzhuva-so-predvidenite-aktivnosti/feed/ 0
Јапонскиот премиер Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-kishida-pristigna-vo-nenadejna-poseta-na-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-kishida-pristigna-vo-nenadejna-poseta-na-kiev/#respond Tue, 21 Mar 2023 06:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=814355

Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев, јавија јапонските медиуми. Кишида е единствениот лидер на Г7 кој се уште не ја посетил Украина од почетокот на руската офанзива кон крајот на февруари минатата година. Се очекува тој да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата ќе разговараат за јапонската поддршка за обновата на Украина. Во мај Кишида ќе претседава со тридневниот самит на Г7 во јапонскиот град Хирошима. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-kishida-pristigna-vo-nenadejna-poseta-na-kiev/feed/ 0
Кишида: Приоритет на Јапонија е развивање на армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-prioritet-na-japonija-e-razvivane-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-prioritet-na-japonija-e-razvivane-na-armijata/#respond Mon, 23 Jan 2023 08:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=790537

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека земјата се соочува со најтешката безбедносна средина во регионот од крајот на Втората светска војна и вети дека ќе ја развива војската според неодамна усвоената безбедносна стратегија за следните пет години. Во декември, Владата на Кишида ги усвои клучните безбедносни и одбранбени реформи, вклучително и за контранапад, што претставува отстапување од повоената политика на самоодбрана на земјата. Во говорот за владината политика на почетокот на овогодишната собраниска седница, Кишида наведе дека приоритет треба да ѝ се даде на активната дипломатија, но дека за тоа „потребни се одбранбените сили кои ќе ја поддржат“. Според Кишида новата безбедносна стратегија на Јапонија се заснова на „реалистична симулација“, а целта на новата стратегија е да се контролираат растечките територијални амбиции на Кина. Кишида рече дека тоа е „драстичен пресврт“ во јапонската безбедносна политика, но дека и понатаму останува во рамките на пацифистичкиот Устав на земјата и меѓународното право. Тој додаде дека нема да има промени во безбедносните принципи на Јапонија против нуклеарното оружје, за самоодбрана и мирољубива политика на земјата.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-prioritet-na-japonija-e-razvivane-na-armijata/feed/ 0
Бајден на пречекот на Кишида ги поздрави историските воени реформи на Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-na-prechekot-na-kishida-gi-pozdravi-istoriskite-voeni-reformi-na-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-na-prechekot-na-kishida-gi-pozdravi-istoriskite-voeni-reformi-na-japonija/#respond Fri, 13 Jan 2023 19:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=787074

Американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска во Белата куќа разговараат, меѓу другото и за американско-јапонскиот сојуз и „воспоставувањето слободен и отворен Индо-пацифик“, што е синтагма што ја користат двете страни за да ги опишат напорите за да се спротивстават на Кина. Бајден на пречекот му рекол на Кишида дека САД силно го поддржуваат зајакнувањето на одбраната на Јапонија и му се заблагодарил за блиската соработка на полето на технологијата и економијата, јавија светските агенции. На овој начин Вашингтон ги поздравува историските планови на Токио за воени реформи, првенствено во контекст на заедничката загриженост за Кина. Пред средбата со Бајден, Кишида се сретна со американскиот потпретседател Камала Харис. Таа најави и дека во текот на денот двете страни ќе потпишат договор за соработка во вселенските програми. Јапонскиот премиер е на последната станица од турнејата низ земјите на Г7, а неговото пристигнување во Вашингтон следи по последната посета на Бајден на Токио во мај и нивната средба на регионалниот самит во Камбоџа во ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-na-prechekot-na-kishida-gi-pozdravi-istoriskite-voeni-reformi-na-japonija/feed/ 0
Мелони и Кишида се договорија да изградат „стратешко партнерство“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-i-kishida-se-dogovorija-da-izgradat-strateshko-partnerstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-i-kishida-se-dogovorija-da-izgradat-strateshko-partnerstvo/#respond Tue, 10 Jan 2023 16:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=785652

Италијанската премиерка Џорџија Мелони и нејзиниот јапонски колега Фумио Кишида се согласија да ја зајакнат соработката меѓу двете земји во повеќе области, вклучително и економијата, трговијата и безбедноста, италијанските медиуми, повикувајќи се на изјава на лидерите. – Се договоривме да го подигнеме нивото на билатералните врски до стратешко партнерство, рече Мелони во кратката изјава за новинарите по средбата во Рим. Според Кишида, меѓу областите на зајакната соработка ќе бидат дипломатијата, инвестициите, железницата и киното. – Покрај обезбедувањето целосна поддршка за Украина, сакаме да работиме заедно со јапонското претседателство (со Г-7) на некои приоритети предложени од Јапонија, како што се заштита на меѓународниот поредок заснован на правила, зајакнување на економската безбедност, заштита на синџирите на испорака и зајакнување на борбата против климатските промени, додаде Мелони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-i-kishida-se-dogovorija-da-izgradat-strateshko-partnerstvo/feed/ 0
Фумио Кишида: Руската употреба на нуклеарно оружје би била чин на непријателство кон човештвото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fumio-kishida-ruskata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-bi-bila-chin-na-neprijatelstvo-kon-choveshtvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fumio-kishida-ruskata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-bi-bila-chin-na-neprijatelstvo-kon-choveshtvoto/#respond Sat, 22 Oct 2022 09:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=749315

Руската употреба на нуклеарно оружје би претставувала „чин на непријателство против човештвото“, предупреди денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на неговата посета на Австралија. Руското заплашување за можна употреба на нуклеарно оружје „претставува сериозна закана за мирот и безбедноста на меѓународната заедница и е целосно неприфатливо“, рече Кишида, лидер на единствената земја во светот која беше погодена со атомска бомба, во летото 1945 година. Во мај 2023 година, Кишида треба да биде домаќин на лидерите на Г7 во Хирошима, која беше погодена од американска нуклеарна бомба на 6 август 1945 година, при што загинаа 140.000 луѓе. Три дена подоцна беше нападнат и јапонскиот град Нагасаки. За јапонскиот премиер тој период од 77 години без прибегнување кон нуклеарно оружје „никогаш не треба да заврши“.
„Ако нуклеарното оружје би се употребило еден ден, тоа би било чин на непријателство кон човештвото… меѓународната заедница никогаш не би одобрила таков чин“, рече тој, опишувајќи го како „длабоко вознемирувачки“ заканувачкиот став на рускиот претседател Владимир Путин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fumio-kishida-ruskata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-bi-bila-chin-na-neprijatelstvo-kon-choveshtvoto/feed/ 0
Анкета: Пад на рејтингот на јапонскиот премиер Кишида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pad-na-rejtingot-na-japonskiot-premier-kishida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pad-na-rejtingot-na-japonskiot-premier-kishida/#respond Mon, 12 Sep 2022 06:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=731479

Рејтингот на јапонскиот премиер Фумио Кишида е на најниско ниво откако стапи на должност поради поврзаноста на неговата партија со контроверзната црква и трошоците за државниот погреб на неговиот претходник Шинѕо Абе. Според резултатите од анкетата поддршката за Влада изнесува 41 процент, додека според претходното истражување беше 47, а во јули 57 отсто. Анкетата нарачана од весникот „Асахи шимбун“ покажува дека е зголемен и бројот на Јапонците кои се против Кишида од 39 на 47 проценти. Поврзаноста на Кишида со Црквата на обединување на Мун, формирана во 50-тите години од минатиот век во Јужна Кореја, го намали неговиот рејтинг по атентатот на поранешниот премиер Абе. Тој беше застрелан на 8 јули, кога обвинетиот за нападот го обвини Кишида дека ја поддржува црквата што ја доведе неговата мајка до банкрот. Поголемиот број Јапонци исто така не ги одобруваат големите трошоци што се предвидени за државниот погреб на Абе, што ќе се одржи на 27 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pad-na-rejtingot-na-japonskiot-premier-kishida/feed/ 0