функционери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 11:44:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png функционери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: За платите на функционерите треба решение со фер вреднување на работата на секого https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-platite-na-funktsionerite-treba-reshenie-so-fer-vrednuvane-na-rabotata-na-sekogo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-platite-na-funktsionerite-treba-reshenie-so-fer-vrednuvane-na-rabotata-na-sekogo/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:44:06 +0000 https://kurir.mk/?p=890778

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со платите на функционерите, повтори дека „треба да се дојде до решение кое ќе направи фер вреднување на работата на секого“. Кога ќе биде подготвено решението за платите од страна на Работната група, тогаш, рече, ќе може да се разговара за конкретно решение кое ќе треба да биде прифатено од пратениците и сите други избрани и именувани функционери. Ковачевски не верува, како што напомена, во луѓе што работат без плата. -Ви кажав дека има Работна група што работи и треба да ги има сите аспекти на располагање, бидејќи тука се работи за два закона по кои се регулираат платите на функционерите. Едниот е Законот за именувани и избрани функционери со кој се регулираат платите на претседателот на државата, претседателот на Собранието, на членовите на Владата, на сите градоначалници, на сите судии, обвинители,..., а другиот е Законот за пратеници во кој се регулирани платите на пратениците. Прво, треба да се дојде до решение кое ќе направи фер вреднување на работата на секого. Тоа е едната опција, а другата опција е да се оди во сосема спротивен правец и да се прави популистичко решение од какви што две популистички решенија двете паднаа на Уставен суд. Едното беше кога беа замрзнати платите на функционерите и кога секретарка во АЕК имаше поголема плата од пример министер за финансии или од претседател на држава или од претседател на Влада. Другото решение беше кога се отиде исто така во уште една крајност, а тоа е кога се кажа функционерите ќе земаат минимална плата, а Уставниот суд исто така го поништи, бидејќи во државата постои систем на плати што не може да биде дерогиран. Гледам различни изјави, видов и министерот Османи што кажа и јас се согласувам со министерот Османи, бидејќи луѓето работат за плата. Има некои што кажуваат дека би работеле без плата, јас во човек што работи без плата не верувам. Имам 25-годишно работно искуство и не верувам во луѓе што се подготвени да работат без плата, истакна Ковачевски. Министерот Бектеши, пак, на прашањето дали се согласува да му биде намалена платата, одговори дека како член на Владата, ќе го почитува секое решение на Работната група, независно дали е за намалување или за замрзнување на платата. -Секако дека платата е значителна за секој што работи, било да е во јавниот или приватниот сектор. За моите лични приходи тие се во анкетниот лист и веќе се објавени и сите ги знаат. Дали е важно или колку е важно да биде висината тоа секој одлучува посебно. Јас транспарентно сум го објавил мојот анкетен лист. Ако Работната група одлучи некакво решение во делот на намалување или замрзнување, од моја страна ќе биде целосно поддржана како член на Владата, нагласи Бектеши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-platite-na-funktsionerite-treba-reshenie-so-fer-vrednuvane-na-rabotata-na-sekogo/feed/ 0
„Инфлацијата го јаде лебот на граѓаните, а во исто време функционерите на ДУИ и СДС се товат со бифтеци, по евтини цени во владиното бифе“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inflatsijata-go-jade-lebot-na-graganite-a-vo-isto-vreme-funktsionerite-na-dui-i-sds-se-tovat-so-biftetsi-po-evtini-tseni-vo-vladinoto-bife/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inflatsijata-go-jade-lebot-na-graganite-a-vo-isto-vreme-funktsionerite-na-dui-i-sds-se-tovat-so-biftetsi-po-evtini-tseni-vo-vladinoto-bife/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890599

Додека народот се обидува да го преживее секој месец, борејќи се со енормната инфлација, која го јаде нивниот леб, во владиното бифе, каде јадат високите функционери на ДУИ и СДС, има бифтеци и сланини, по багателни цени, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Истите овие, што се сладат секојдневно по багателни цени, во владиното бифе, ги поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и овие производи ги прогласија за луксуз. Во Македонија веќе до крајот на оваа година, според меѓународните организации 600 илјади граѓани ќе живеат на самиот раб на егзистенција, а околу 80 илјади граѓани, живеат живот, со помалку од едно евро на ден. Ваква безидејност и бедотија никогаш немало во Македонија. Тоа ќе се смени набрзо и новата влада, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, веднаш ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inflatsijata-go-jade-lebot-na-graganite-a-vo-isto-vreme-funktsionerite-na-dui-i-sds-se-tovat-so-biftetsi-po-evtini-tseni-vo-vladinoto-bife/feed/ 0
ССМ поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-podnese-predlog-do-sobranieto-za-namaluvane-na-platite-na-funktsionerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-podnese-predlog-do-sobranieto-za-namaluvane-na-platite-na-funktsionerite/#respond Mon, 21 Aug 2023 11:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=869098

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Бараат итни измени на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата. - Предлагаме порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација согласно договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат подеднакво за функционерите, па доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10 проценти од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите по принципот просечна бруто плата и коефициент на сложеност на работното место но започнувајќи од 1 март 2025 година за работниците, истиот принцип функционерите треба да ги применат и за себе и затоа ССМ го дава овој предлог токму во таа насока на примена на еднакви принципи за платите на сите вработени во јавен сектор и избрани и именувани функционери без оглед дали тоа е на централно или на локално ниво, посочува ССМ. Оттаму наведуваат дека ССМ во изминатиот период укажувал до сите избрани и именувани функционери дека нелогично е драстично да се зголемат платите на функционерите особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочени со справување со последиците од економската, здравствената и воената криза, зголемените трошоци за живот – инфлацијата и растот на синдикалната минимална кошница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-podnese-predlog-do-sobranieto-za-namaluvane-na-platite-na-funktsionerite/feed/ 0
Трендафилов за ТВ 24: Не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-tv-24-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-tv-24-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/#respond Tue, 04 Jul 2023 20:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=852736

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во емисијата 24 Отворено истакна дека утре на барање на министерот за финансии треба да се одржи состанок на ниво министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации на кои ќе се разговара за надминување на транзицискиот период. -Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на највисоко работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември, рече Трендафилов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-tv-24-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/feed/ 0
Бектеши до новинар: Не сме на училиште да ти кажеме сите колкава плата земаме (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-do-novinar-ne-sme-na-uchilishte-da-ti-kazheme-site-kolkava-plata-zemame-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-do-novinar-ne-sme-na-uchilishte-da-ti-kazheme-site-kolkava-plata-zemame-video/#respond Fri, 05 May 2023 13:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=830998

Вицепремиерот Артан Груби се пожали дека, и покрај покачувањето, и натаму има ниска плата. Новинарите инсистираа, но тој не ја кажа сумата иако, според пресметките, таа изнесува 125 илјади денари. Посочи дека одлуката на Уставниот суд е во ред. На инсистирање од новинарите сите присутни на прес-конференцијата да си ја кажат платата, имаше реакција од Бектеши. „Не сме на училиште да ти кажеме сите, ќе се обратиш на Влада и ќе ти кажат“, рече Крешник Бектеши. Бесими единствено што кажа е дека 1.600 функционери ќе имаат покачени плати. Функционерите добија повисоки плати за речиси 1.000 евра. „Се работи за 1.600 функционери. Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, директори. Многу широк опфат“, рече Бесими. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-do-novinar-ne-sme-na-uchilishte-da-ti-kazheme-site-kolkava-plata-zemame-video/feed/ 0
Евтината „плата“ драмолетка на Таче и Кацарска https://arhiva.kurir.mk/kolumni/evtinata-plata-dramoletka-na-tache-i-katsarska/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/evtinata-plata-dramoletka-na-tache-i-katsarska/#respond Fri, 31 Mar 2023 08:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=818409

Отидовме во Европа, а? Барем, според висината на забеганите плати на функционерите. Ццццц. Или не ќе да е баш така? Дали ова е само уште една дигресија на северните властодршци, уште една фингирана и наттурена гладијаторска „пресметка“ и дефокус во забеганата македонска медиумска арена? Да има со што да се занимава народот. Нов северен сеир. Да, имајќи предвид со кого си имаме работа, ќе да е ова последното... И сега, Македонците чија држава секој ден е се помалку нивна, со две раце ќе ја прегрнат, силно ќе ја гушнат и ќе се занимаваат со прикаската за платите на најнеспособната влада и функционери во историјата. Овие месеци, главна тема ќе биде колку ќе земел Стево, та дека Таљо ќе имал околу 3.000 евра, па министрите и премиерот од околу 65.000 денари сега ќе „скокнеле“ за 50.000 и ќе одат накај 2000 евра. Замисли, и пратениците од 1-ви ќе имале нето плата повисока од 1.700 евра. 80 насто повеќе ќе имале и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Секако, тука се и судиите, исто како и оние ќускии од Уставниот суд кои практично, со укинување на 2-та члена од Законот за плати на функционерите, си го овозможија споственото зголемување на платата. Ајдееее, бесплатен сеир, пуштен на најјако. И така, два-три месеца ќе се занимаваме со фрлената коска. Ступиден, северен циркус за занимација на рајата. Нов ден, ново добредојде во новата фарса во режија на Таче и Кацарска. Идиотизам со кој наместо со уценувачките Уставни измени и реалното, национално обезличување, сега сите орно и со многу елан ќе се занимаваме со платите на функционерите, па ќе се пенават и јачаат, еве дури и Стево поентира, а кај и да е Најчевска ќе се јави... И, да се кладиме, целата оваа идиотштина ќе заврши со триумфална „победа“ на пазарџијата Таче кој мина пола мандат во Веро и кој по лебаро-јајчарската одисеја, откако ги „среди“ цените кои и никогаш не смееше толку да се дигнат, сега ќе ги „врати“ и „замрзне“ платите на функционерите на старо. Ќе присуствувате на една епска и силна победа на Таче Чесниот, големиот лидер кој преку херојско самооткажување од пари и со неверојатна саможртва на филантропите Заевци му ја донесе благосостојбата на напатениот и обезличен народ. Невидено човекољубие достојно за светци. Плата која и не им ни треба, имајќи предвид колку украдоа и колку крадат како улави и како да не виделе. Сагата за покачувањето кое никогаш не ни требаше да се случи. Бедотија, пародија, глупоштија. Параван за затскривање на тоталната неспособност на секое поле, за националното, економско, образовно, здравствено и какво и да помислите урнисување и уништување. „Занимација“ за отапување на народните сетила  на патот кон дното.. Старата вели, не верувајте им на Данајците (Грците/Бугарите) ни кога дарови носат. На комуњарите, пак, уште помалку верувајте им кога заглавени со неможноста да го истераат ветено и да спроведат уставни измени тераат медумска хајка и ступидна човекољупска агенда како што ќе заврши оваа „евтиноќа“ од прикаска со платите. А, ако имате и трошка сомнеж, само присетете се од кого доаѓа. Од Кацарска. Толку. Точка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/evtinata-plata-dramoletka-na-tache-i-katsarska/feed/ 0
SafeJournalists: Државните функционери и политичари во Македонија да престанат со непрофесионалното однесување кон новинарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/safejournalists-drzhavnite-funktsioneri-i-politichari-vo-makedonija-da-prestanat-so-neprofesionalnoto-odnesuvane-kon-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/safejournalists-drzhavnite-funktsioneri-i-politichari-vo-makedonija-da-prestanat-so-neprofesionalnoto-odnesuvane-kon-novinarite/#respond Thu, 09 Feb 2023 11:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=798366

Во изминатите три недели (од 15 јануари до 6 февруари), државните функционери покажаа омаловажувачки, непрофесионално и арогантно однесување кон новинарите за време на прес-конференциите во Македонија, реагираат здруженијата на новинари од Македонија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Црна Гора. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изминативе 3-4 години забележува случаи на несоодветна комуникација од државни функционери кон новинари во земјава, но тоа се изолирани инциденти. Меѓутоа, во изминатите три недели ваква комуникација имало пет пати. ЗНМ реагираше за сите пет случаи – Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинаритеАли Ахмети не смее да етикетира медиумиНепримерно етикетирање на медиуми од страна на премиерот КовачевскиЗНМ реагира на односот на службеници од МОН кон новинарката Ќерими, и Државните функционери повторно во напад кон новинарите – ваквото однесување мора да престане! „Овој однос кон новинарите и медиумските работници од оние кои треба да дадат пример за позитивна комуникација не само што ќе има негативно влијание врз јавноста во нашата држава, туку несомнено ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на другите релевантни организации. Затоа, оваа практика мора да престане и сите чинители во јавниот дискурс мора да покажат почит и професионален однос кон новинарите и медиумските работници“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ. Европската федерација на новинари (ЕФЈ) исто така го осуди несоодветното однесување на јавните функционери и ги потсети на моралните обврски што ги носи јавната функција. Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, го осудува однесувањето на оние кои се на позиција на моќ и авторитет и ги повикува државните функционери да не ги осудуваат и непочитуваат новинарите затоа што ја вршат својата работа и поставуваат прашања од интерес за јавноста. Властите се избираат од страна на граѓаните и како такви тие се одговорни пред нив и пред новинарите кои ги информираат граѓаните за случувањата во државата. Исто така, тие треба да негуваат култура на толеранција и да покажат подготвеност за соработка. Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овие случаи. Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/safejournalists-drzhavnite-funktsioneri-i-politichari-vo-makedonija-da-prestanat-so-neprofesionalnoto-odnesuvane-kon-novinarite/feed/ 0
ЗНМ и СЕММ: Државните функционери повторно во напад кон новинарите – ваквото однесување мора да престане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-drzhavnite-funktsioneri-povtorno-vo-napad-kon-novinarite-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-drzhavnite-funktsioneri-povtorno-vo-napad-kon-novinarite-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/#respond Thu, 02 Feb 2023 16:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=795331

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Соопштението на ЗНМ и СЕММ го пренесуваме во продолжение: Имено, станува збор за прашање поврзано со порастот на цената на природниот гас, поставено од страна на колешката за време на прес во Владата на РМ, на чија покана медиумите одговориле со своето присуство, Бектеши наместо соодветен одговор на прашање, на Капкоска и било одговорено на следниот начин: „ДОБРА СОРАБОТКА НЕВЕРОВАТНО ИМАТЕ СО КОЛЕГИТЕ , ЗНАЧИ ВИ ГИ ДАВААТ НИВНИТЕ ПРАШАЊА ШТО САКААТ ДА ГИ ПОСТАВАТ….НО НЕМА ПРОБЛЕМ… “ На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари. Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа. Државните функционери, се во служба на јавноста и не смее да постои ваков начин на комуникација, кој е крајно несоодветен, непримерен, дрзок и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Несоодветното однесување со новинарите, кои играат важна улога во информирањето на јавноста, може да ја поткопа довербата во носителот на јавната функција, како и во институцијата што ја претставуваат. Ова може негативно да влијае на угледот и на поединецот и на организацијата, што потенцијално ќе доведе до последици како што се губење на довербата на јавноста, намалена јавна поддршка, па дури и формални санкции. Затоа е важно тие да се однесуваат на начин кој е со почит и професионален однос кон новинарите, дури и во предизвикувачки ситуации. Следејќи ги овие упатства, министерот може да се погрижи да се однесуваат на начин кој е професионален и со почит кон новинарите, а истовремено и ефективно да ги соопштува нивните пораки до јавноста. Само за потсетување, ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири. Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-drzhavnite-funktsioneri-povtorno-vo-napad-kon-novinarite-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/feed/ 0
Пендаровски: Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни функционери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-e-isklucheno-na-crnata-lista-na-sad-da-se-najdat-i-aktuelni-funkcioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-e-isklucheno-na-crnata-lista-na-sad-da-se-najdat-i-aktuelni-funkcioneri/#respond Thu, 22 Dec 2022 18:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=779300

Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува да биде објавена во догледно време. Коментирајќи ги забелешките на американсата амбасадорка Анџела Агелер за изборот на Ислам Абази за јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, Пендаровски истакна дека критиките се реакција на генерално лошите состојби во судството. За него, изборот на Абази не е спорен. Вели дека бил избран на демократски начин со непосоредно изјасување на обвинителите. Потврда за тоа, според него, е и тоа што противканидатите на Абази кои загубиле, не се пожалиле на постапката и за нелегитимност. За состојбата во правосудниот систем, шефот на државата рече дека ќе се подобри само кога „политичарите и бизнисмените ќе се откажат од судството“. Во врска со идејата за генерален избор на судиите, Пендаровски кажа дека за тоа немало „пас“ од Брисел уште во 2017 година, имајќи ги предвид лошите ефекти од ветингот во Албанија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-e-isklucheno-na-crnata-lista-na-sad-da-se-najdat-i-aktuelni-funkcioneri/feed/ 0
ДОЗНАЈТЕ: Колкави се платите на претседателот, премиерот и министрите во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doznajte-kolkavi-se-platite-na-pretsedatelot-premierot-i-ministrite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doznajte-kolkavi-se-platite-na-pretsedatelot-premierot-i-ministrite-vo-makedonija/#respond Thu, 08 Dec 2022 10:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=772652

Државата планира следната година да ги зголеми платите во дел од институциите, според наведеното во Предлог-буџетот за 2023 година, а поголема просечна бруто плата ќе има и кај Претседателот на државата, во Владата, но не и во Собранието, пишува Радио слободна Европа. Претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието и пратениците имаат месечна плата од околу 1.500 евра. Тоа е трипати повеќе од просечната плата во земјата која изнесува околу 500 евра, се наведува во прилогот на РСЕ. Се додава дека министрите имаат од 1.100 до 1,400 евра плата. Работник, пак, кој има минимална плата од 18.000 денари, ќе треба да работи повеќе од пет месеци за да заработи колку овие функционери за еден месец, пресметале од РСЕ и додаваат дека сепак тоа не се најплатените функционери во државата. Директори на државни фирми земаат и двојно повисоки плати од луѓето со најголема политичка моќ и одговорност во државата, што е всушност вообичаена практика во развиените земји. Според законот за плати на избрани и именувани лица, тројцата функционери од државниот врв имаат најголем коефициент од 4,5 за пресметка на плата. За пресметка на бруто плата се зема основица, која со закон е пресметана на 26.755, се множи со 4,5 и на таа сума се додаваат годините стаж, односно колку поголем стаж имаат, толку и платата им е поголема. Пресметка на плата на претседателот на државата: Нето платата на претседателот Стево Пендаровски изнаесува 92.941 денари, велат од Кабинетот на претседателот за Радио Слободна Европа. Основицата на платата е зголемена за 18 отсто по основ на минат труд (36 години стаж). Во бруто износ, претседателската плата изнесува 142.070 денари. Основица: 4,5 х 26.755,00 МКД = 120.398,00 мкд Минат труд: 18% од 120.398,00 мкд = 21.672.00 мкд Вкупно бруто: 142.070,00 мкд Вкупно придонеси: 49.129,00 мкд Нето за исплата: 92.941,00 мкд Според податоците објавени на владината веб-страница, премиерот Димитар Ковачевски зема плата од 88.260 денари со 23 години стаж. По него следи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со плата од 86.324 денари, но во неговата плата се пресметани и 20 отсто за извршување на функцијата. Вицепремиерите земаат плата од околу 69 илјади до 73 илјади, во зависност од вкупниот работен стаж. Од останатите министри, најниска плата од речиси 66 илјади денари има министерот за животна средина Насер Нуредини, оти имал само две години стаж минат труд, а највисока од 76.252 денари има министерот за правда Никола Тупанчески со минат стаж од 34 години. Претседателот на државата и премиерот со своите плати може да наполнат речиси две потрошувачки кошници што ги пресметува Сојузот на синдикатите (ССМ). Потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство за октомври, според ССМ изнесува 51.514 денари, што значи дека се потреби речиси три минимални плати од 18 илјади денари за да се задоволат основните потреби на едно семејство. Од министерствата највисока просечна бруто плата има во Министерството за надворешни работи, а најниска во министерството за политички систем на вицепремиерот Артан Груби. Во МНР просечната бруто плата ќе порасне од 116.893 на 122.243 денари. Односно просечната бруто плата во МНР е околу 2000 евра, или 1300 евра нето. Во министерствата на Груби догодина ќе има 69 вработени повеќе, но вкупната месечна бруто плата ќе се намали од 43.154 на 38.282. Просечната нето плата во ова министерство е околу 25 илјади денари или нецели 400 евра.Оперативно техничката агенција (ОТА) е институција со највисока просечна плата, што добива пари од буџетот. Во оваа институција има 26 вработени со просечна бруто плата од нецели 2000 евра, или околу 1300 евра нето плата. Во Агенцијата за разузнавање, пак, ќе се намали и бројот на вработени и просечната плата. Од буџетските институции, пак најниско платени се вработените во Управата за водење матични книги, кои имаат просечна нето плата помала од 400 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doznajte-kolkavi-se-platite-na-pretsedatelot-premierot-i-ministrite-vo-makedonija/feed/ 0