ФЗНХ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Dec 2019 08:24:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ФЗНХ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски“ по повод 72 години ФЗНХ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/100-godini-od-ragjanjeto-na-akademik-gjorgji-filipovski-po-povod-72-godini-fznh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/100-godini-od-ragjanjeto-na-akademik-gjorgji-filipovski-po-povod-72-godini-fznh/#respond Mon, 16 Dec 2019 08:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=278055

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска го продолжува одбележувањето на 72-годишнината од своето постоење со свечена седница на Научно-наставниот совет и со презентацијата „100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски“. На седницата на Советот ќе се обратат деканот на Факултетот, Вјекослав Танасковиќ и државниот секретар во Министерството за земјоделство, Нефрус Челику. За 100-годишнината од раѓањето на академик Филиповски ќе зборува професорката Татјана Миткова, но се очекува обраќање да има и Ѓорѓи Филиповски. Одбележувањето 72 години од постоењето на ФЗНХ почна во петокот, со проектот на ФАО за застапеноста на бројлерското производство во студиските програми на универзитетите во земјава, додека во саботата беше организиран Ден за еколошка акција на ФЗНХ. За утре е предвидена 11. Смотра на студентски трудови, одбележување пет години Кариерен центар на Факултетот и презентација на списанието „Scienta iuvenis“. Во среда, пак, ќе бидат доделени дипломите на завршените студенти од првиот и вториот циклус студии. Одбележувањето на 72-годишнината завршува во четврток со брзопотезен шаховски турнир на студенти од УКИМ, што ќе се одржи во Салата на Деканатот на ФЗНХ. Сите настани по повод 72 години од постоењето на Факултетот за земјоделски науки и храна се посветени на 100-годишнината од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски, еден од најеминентните педолози и поранешен професор на Факултетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/100-godini-od-ragjanjeto-na-akademik-gjorgji-filipovski-po-povod-72-godini-fznh/feed/ 0