фзом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 15:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фзом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата ја констатираше оставката на Фатон Ахмети, Абдурамани од денес е прв човек на ФЗОМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-konstatirashe-ostavkata-na-faton-ahmeti-abduramani-od-denes-e-prv-chovek-na-fzom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-konstatirashe-ostavkata-na-faton-ahmeti-abduramani-od-denes-e-prv-chovek-na-fzom/#respond Tue, 15 Aug 2023 15:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=867052

Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба. Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка. -Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети. Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-konstatirashe-ostavkata-na-faton-ahmeti-abduramani-od-denes-e-prv-chovek-na-fzom/feed/ 0
Панова за падот на системот на ФЗОМ: Не треба да се помириме дека сега функционира, мора да има одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-za-padot-na-sistemot-na-fzom-ne-treba-da-se-pomirime-deka-sega-funktsionira-mora-da-ima-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-za-padot-na-sistemot-na-fzom-ne-treba-da-se-pomirime-deka-sega-funktsionira-mora-da-ima-odgovornost/#respond Tue, 21 Feb 2023 18:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=803313

„Според мене се е проблем и се е проблематично заради тоа што со овој случај се откри всушност како не функционираат на дело нашите институции“, истакна Ели Панова, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи за крахот на ФЗОM. Панова додаде дека за крахот кој што се случи на ФЗО потребна е одговорност и да одговараат надлежните. „Дајте да видиме колкава е штетата од сето тоа. Дајте да видиме дали воопшто нешто било загрозено. Дајте да видиме колку боледувања имало неисплатени. Дајте да видиме колку граѓани не можеле да си го земат лекот навреме и морале да го платат од сопствениот џеб заради тоа што не функционирал целиот систем. Мора да се направи анализа на се“, заклучи Панова. Таа посочи дека е потребно да се свика надзорна расправа, за да се повикаат одговорните лица на ФЗО и да се увиди колкава штета всушност треба да ја платат граѓаните на Република Македонија заради тоа што некој од директорите не направиле контрола навреме, не спровеле тоа што требало да се спроведе. „Никако не треба да се помириме со тоа дека тоа денес овој систем функционира, без притоа од одговорните да не одговараат“, рече Панова. „Институциите треба да излезат, треба да утврдат дали воопшто некој треба да сноси некаква одговорност, но треба и да дадат многу одговори зошто две недели го оставија македонскиот народ така“, заклучи таа. Панова укажа дека институциите во оваа држава треба да сносат одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-za-padot-na-sistemot-na-fzom-ne-treba-da-se-pomirime-deka-sega-funktsionira-mora-da-ima-odgovornost/feed/ 0
Најавена кривична пријава против одговорните за колапсот на ФЗОМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavena-krivichna-prijava-protiv-odgovornite-za-kolapsot-na-fzom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavena-krivichna-prijava-protiv-odgovornite-za-kolapsot-na-fzom/#respond Mon, 20 Feb 2023 13:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=802694

Со оглед на фактот дека повеќе денови доцни платата на здравствените работници, Независниот синдикат на државна администрација, денеска на прес-конференција информираше дека е формирана правна комисија, што ќе изготви кривична пријава, против „лицата коишто го довеле Фондот за здравствено осигурување во ваква ситуација“. - Имено, Република Македонија низ годините вложува во ИТ системот, но вложувањето не е само да вложиш, туку тој систем треба и да се одржува. Со оглед на фактот дека години наназад, најмалку десетина години, тој систем на Фондот крахира на моменти. Иако не до оваа мера како што е денеска. Во таа насока, бараме како синдикат, да почне да има и лична одговорност на лицата коишто се на позиција да организираат и спроведуваат правила и закони. Во таа насока, правниот тим на Синдикатот, ќе поднесе кривична пријава в петок. Мора некој да понесе одговорност, рече претседателот на Синдикатот, Горан Ристески. Тој нагласи дека нема бенефит, иако во јавноста имало информации дека државата вложила толку многу пари за надградба на софтвер и за негово одржување. Наместо тоа, додаде Ристески, крахира Фондот, а од неговото функционирање зависат и граѓаните осигуреници и здравствените работници. Во името на здравствените работници, се обрати доктор Дијана Јанкуловска, која рече дека се пробиени сите рокови за исплата на плата и надоместоци. - Многу сме револтирани и бидејќи овие денови додека доцни плата, никој од Фондот не излезе да каже во што е проблемот. Ние сме даватели на услуги и Фондот е тука заради нас. Не сме ние заради него. И обврска и човечка и морална и законска е, да се излезе и да се каже во што е проблемот. Секако, ние имаме разбирање, трпение, ако имало каков било проблем од технички аспект. Меѓутоа, револтот е уште поголем што немаме официјални информации, нагласи таа, потсетувајќи дека во тој сектор има и многу чувствителни податоци на здравствени работници, но и на осигурениците. Таа додаде дека здравствениот систем во една држава е еден од главните столбови, па кога таму се случува крах, тогаш во прашање е доведена и стабилноста на една држава. На прес-конференцијата беше изразено уверување оти проблемот ќе се надмине, но јавно беше упатено прашање дали и наредниот месец ќе има проблем и дали во иднина системот со податоци ќе биде заштитен. Затоа што, како што беше нагласено, постои страв од злоупотреба на податоци. Беше нагласено дека ќе имаат трпение, но ако до крај на неделава не се исполнат ветувањата, ќе се пристапи и кон протести. Независниот синдикат на државна администрација соопшти и дека испратил писмени барања за средби во Владата, Министерството за здравство и ФЗО, со цел изнаоѓање на решение за проблемот. Од Синдикатот, меѓу другото, информираа и дека нивни членови барале организирање на штрајк, а самоиницијативно планираат и протест на 24 февруари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavena-krivichna-prijava-protiv-odgovornite-za-kolapsot-na-fzom/feed/ 0
Започна исплатата на боледувањата, породилнoтo и рефундациите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-isplatata-na-boleduvanata-porodilnoto-i-refundatsiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-isplatata-na-boleduvanata-porodilnoto-i-refundatsiite/#respond Mon, 20 Feb 2023 12:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=802676

Речиси сите модули на ФЗОМ, се ставени во функција, информираат од Фондот. -ИТ експертите ги финализираат процесите и функционалностите, и со тоа започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации. Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, се вели во соопштението. Во тек е и враќањето во функција и на ДРГ системот, (кој е систем за евиденција на болничките услуги) за што јавноста навремено ќе биде известена.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-isplatata-na-boleduvanata-porodilnoto-i-refundatsiite/feed/ 0
Вратен системот “Мое осигурување”, здравствените установи и аптеките имаат увид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-sistemot-moe-osiguruvane-zdravstvenite-ustanovi-i-aptekite-imaat-uvid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-sistemot-moe-osiguruvane-zdravstvenite-ustanovi-i-aptekite-imaat-uvid/#respond Mon, 20 Feb 2023 09:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=802542

Фондот за здравствено осигурување информира дека "Мое Осигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот. -До овој момент "Мој термин" ги има преземено податоците заклучно со денешен датум (20 февруари 2023). Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ,,Мој Термин". Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, информираат од Фондот. Активно се работи и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. -Очекуваме во текот на денешниот ден враќање и на останатите состеми. Сите информации веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста, посочуваат од ФЗОМ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-sistemot-moe-osiguruvane-zdravstvenite-ustanovi-i-aptekite-imaat-uvid/feed/ 0
Се прават напори здравствените работници да ги добијат јануарските плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pravat-napori-zdravstvenite-rabotnitsi-da-gi-dobijat-januarskite-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pravat-napori-zdravstvenite-rabotnitsi-da-gi-dobijat-januarskite-plati/#respond Mon, 20 Feb 2023 06:44:11 +0000 https://kurir.mk/?p=802455

Претставници на синдикални организации на вработени во здравствениот сектор денеска пред ФЗОМ ќе побараат исплата на платите за јануари и ќе информираат за следните чекори доколку не ги добијат парите во текот на денов. Најави за протест поради неисплатените плати има од докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар од ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава. Јануарските плати на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на Фондот. ИТ-системот на ФЗО прекина со работа на 6 февруари откако беше цел на сајбер-напад. ФЗО во четвртокот побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата. Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека доколку до понеделник не се реши проблемот, платите за здравствениот кадар ќе се обезбедат од Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со трезорот на Фондот за здравствено осигурување. Уверување дека ќе биде надминат проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување, вчера искажа и премиерот Димитар Ковачевски. Во интервју за МИА кажа дека се ангажирани домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, како што истакнува, се заштитени и апелира на смиреност, а се прават и напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници. Пари во Буџетот за исплата на плати има, тврди Ковачевски. - Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво, имаше информации дека немало пари во Буџетот. Пари во Буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на којшто се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови. Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот тоа да може да се направи од централниот трезор што е комплицирана работа, меѓутоа на која што се работи, изјави Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pravat-napori-zdravstvenite-rabotnitsi-da-gi-dobijat-januarskite-plati/feed/ 0
ФЗОМ: Очекуваме следната недела да почне исплатата на платите за здравствените работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-ochekuvame-slednata-nedela-da-pochne-isplatata-na-platite-za-zdravstvenite-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-ochekuvame-slednata-nedela-da-pochne-isplatata-na-platite-za-zdravstvenite-rabotnitsi/#respond Thu, 16 Feb 2023 14:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=801328

ФЗОРСМ ја известува јавноста дека во координација со јавните здравствени установи, се очекува потребната документација за исплата на плати да се прибере најдоцна до понеделник, а со цел што поскора исплата на платите на здравствените работници. Доколку сите ЈЗУ го исполнат овој рок, согласно протоколот за исплата на плати, исплатата се очекува да биде веќе наредна недела, соопштија од Фондот за здравствено осигурување. - Во оваа прилика, Фондот им се заблагодарува на сите здравствени работници за трпението и апелира за понатамошна соработка, имајќи предвид дека техничките тимови работат постојано и секојдневно, се наведува во соопштението. ФЗОРСМ ја уверува јавноста дека ги користи сите расположливи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност, а со привремените решенија кои Фондот ги операционализира во кус рок, се надминуваат дел од проблемите, особено и се овозможува функционирање на системот во услови на сајбер напад. - Во оваа прилика би сакале да ја искористиме можноста и повторно да потврдиме дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Воедно напоменуваме дека, во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи. Подрачните служби на Фондот функционираат согласно препораките и во континуитет ги примаат барањата, а контролорите од ФЗОРСМ веќе и започнуваат со контроли на терен врзани со спроведувањето на сите споделени упатства и насоки за работење, се посочува во соопштението. Од Фондот наведуваат дека сите осигуреници непречено можат да се обратат до подрачните служби кои се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита. - Фондот навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните, се посочува во соопштението.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-ochekuvame-slednata-nedela-da-pochne-isplatata-na-platite-za-zdravstvenite-rabotnitsi/feed/ 0
ФЗО: При кибер-нападот нема излевање на податоците надвор од базите на институцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzo-pri-kiber-napadot-nema-izlevane-na-podatotsite-nadvor-od-bazite-na-institutsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzo-pri-kiber-napadot-nema-izlevane-na-podatotsite-nadvor-od-bazite-na-institutsijata/#respond Thu, 09 Feb 2023 18:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=798595

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција. Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите. - ФЗОРСМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми, дека лиферираните информации се забелешки кои се однесуваат на 2021 година и по кои Фондот уште од минатата година постапува. Конечниот извештај за извршена ревизија на ревизорите од Државниот завод за ревизија, доставен на 23 јануари 2023 односно минатиот месец, укажува дека „во текот на 2022 година отпочната е постапка за јавна набавка на услуги за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци со кои се очекуваше состојбата да биде надмината, велат од ФЗО. Јавната набавка, појаснуваат оттаму, е распишана на 30.09.2022 година, додека договорот е склучен на 09.12.2022 година, при што селектираната компанија започнала со работа од 1 јануари 2023. Според планот и спецификацијата, првата фаза односно миграцијата на системската инфраструктура требаше да се реализира во текот на оваа недела, кога всушност се случил нападот, а после која фаза би почнала миграцијата на апликативна и податочна инфраструктура. -Анализата на експертските техничките тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Техничките тимови приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите. Во интерес на транспаретно и прецизно информирање на јавноста, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, Фондот навремено ќе информира, велат од Фондот за здравствено осигурување.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzo-pri-kiber-napadot-nema-izlevane-na-podatotsite-nadvor-od-bazite-na-institutsijata/feed/ 0
Новогодишна “честитка“ за докторите: Зголемена вредноста на капитациониот бод, еве колку ќе изнесува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novogodishna-chestitka-za-doktorite-zgolemena-vrednosta-na-kapitacioniot-bod-eve-kolku-kje-iznesuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novogodishna-chestitka-za-doktorite-zgolemena-vrednosta-na-kapitacioniot-bod-eve-kolku-kje-iznesuva/#respond Tue, 27 Dec 2022 15:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=781257

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со  Лекарската комора и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната  седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година,  донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00  на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод  се зголемува  од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице. -Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари  во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ. Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање  повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, се посочува во соопштението од ФЗОМ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novogodishna-chestitka-za-doktorite-zgolemena-vrednosta-na-kapitacioniot-bod-eve-kolku-kje-iznesuva/feed/ 0
Електронски регистар и ортопедски помагала за слепите лица на товар на Фондот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektronski-registar-i-ortopedski-pomagala-za-slepite-lica-na-tovar-na-fondot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektronski-registar-i-ortopedski-pomagala-za-slepite-lica-na-tovar-na-fondot/#respond Fri, 05 Aug 2022 12:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=714592

Слепите лица ќе добиваат ортопетски помагала на товар на Фондот за здравствено осигурување, а ќе имаат и свој електронски регистар. Министерот за здравство Беким Сали на денешната средба со коалицијата „Менуваме“ ги прифатил нивните барањата. Со ова, според Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“, ќе бидат опфатени околу три и пол илјади лица. По средбата со министерот Сали, во изјава за медиумите, Алиша истакна дека ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид како што се белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни ќе бидат на товар на Фондот на Министерството, а воедно ќе биде создаден и електронски регистар за деца и лица со попреченост кој ќе помогне во делот на користењето на правата на овие лица. -Откако сме независна и самостојна држава отсега натаму во соработка со Министерството за здравство и министерот преку новиот тим ќе направиме програма каде ќе биде програма на Министерството во првите две години за да можат овие лица да ги користат своите права кои досега не можеа, изјави Алиша. Истакна дека исто така разговарале и да нема поделба на вработени и невработени и лица кои учат и не учат, туку сите да ги користат ортопетските помагала. -Порано беше ако учи или работи има право да користи на товар на Фондот, сега предлагаме и тоа да се тргни, да нема поделба, ќе иницираме да се создаде регистерот за лицата со попречености, Министерството за здравство ќе го создаде тој регистер, а после тоа ќе се поврзат и Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, каде ќе можат заедно тој регистран да го имаат на увид, и да знаат колкав број имаме и кои се потребите на овие лица, министерот за овие две прашања не посочи кон правното одделение, да ги изработиме овие предлози, и согласно програмата на Министерството за здравство да бидат достапни, појасни тој. Тој изрази задоволство од позитивниот одговор од министерот Сали меѓутоа, се пожали од односот на министерката за труд и социјална политика, посочувајќи дека е „дискриминирачки“. Според Алиша, овие барања иако се големо олеснување, не ги решаваат сите проблеми. -Ова за жал е само капка во морето, но искрено ова е прв министер кој одлучи да го реши овој проблемот, инаку другите наши барања се јасни и се однесуваат на асистентите. Министерката е време да седне со нас, бараме 35 проценти од просечната плата, по вчерашната изјава каде што вели дека овие лица не биле ставени на пазар на труд, сакам да и порачам дека нема врска додатокот со примањата за попреченост, и слепото лице кое работи користи додаток на попреченост, тоа значи дека министерката не си го знае законот, изјави Алиша. Алиша, исто така, ја демантира министерката дека Министерството обезбедува средства преку инвалидската организација да користат терапевтски помагала, велеќи дека доколку тоа е точно не би доаѓале денеска пред министерот за здравство. Тој предложи и формирање на Национална агенција за лица со попреченост, преку што, како што вели, ќе се знае какви лица со попречености има, и кои се нивните вистински потреби. Алиша, исто така, најави дека најдоцна до утре ќе испратат писмо до Брисел во кое ќе се жалат, за како што рече „непрофесионален и дискриминирачки однос“ на министерката Тренчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektronski-registar-i-ortopedski-pomagala-za-slepite-lica-na-tovar-na-fondot/feed/ 0