г 20 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 07:16:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png г 20 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Видодо: Г-20 мора да биде двигател на економското закрепнување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidodo-g-20-mora-da-bide-dvigatel-na-ekonomskoto-zakrepnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidodo-g-20-mora-da-bide-dvigatel-na-ekonomskoto-zakrepnuvanje/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=760683

Самитот на лидерите на Групата 20 (Г-20) беше отворен денеска на островот Бали со барање на Индонезија, која е домаќин на самитот, за единство и конкретна акција, со што би се постигнало подобрување на глобалната економска состојба, и покрај длабоките поделби што постојат меѓу земјите околу војната во Украина. „Немаме други опции, потребна е соработка за да се спаси светот. Г-20 мора да биде катализатор за инклузивно економско закрепнување. Не треба да го делиме светот на блокови. Не смееме да дозволиме светот да западне во нова студена војна“, рече индонезискиот претседател Џоко Видодо во воведното обраќање, пред лидерите на најбогатите земји во светот да ги започнат разговорите зад затворени врати. Земјите од Г-20 сочинуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија. Во нив живеат две третини од светската популација. Членки на Г-20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел. Шпанија е секогаш поканета како гостин. Пред самитот, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг одржаа тричасовен состанок и порачаа дека никогаш не треба да се води нуклеарна војна. Тоа беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател. Двајцата лидери ветија почеста комуникација и покрај многуте разлики. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidodo-g-20-mora-da-bide-dvigatel-na-ekonomskoto-zakrepnuvanje/feed/ 0
Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=760673

Светските лидери денеска и утре се среќаваат на годишниот самит на Г-20 на индонезискиот остров Бали. Главната цел е да и се помогне на економијата да се опорави по коронавирусот, но тензиите околу војната во Украина би можеле да бидат попречувачки фактор, објави Би-Би-Си. Г-20 е клуб на земји кои се состануваат за да разговараат за плановите за глобалната економија. Земјите од Г-20 сочинуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија. Во нив живеат две третини од светската популација. Членки на Г-20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел. Шпанија е секогаш поканета како гостин. Прашањата за кои дискутираат лидерите на Г-20 се движат од економија до климатски промени, одржлива енергија, меѓународно олеснување на долгот и оданочување на мултинационалните корпорации. Секоја година, различна земја-членка на Г-20 го презема претседавањето и ја поставува агендата за состаноците. Како претседавач во 2022 година, Индонезија сака самитот на Бали да се фокусира на глобалните здравствени мерки и постпандемиското економско закрепнување. Исто така, сака да го промовира усвојувањето на стратегија за одржлива енергија. Самитот е и можност лидерите на земјите да одржат билатерални средби. Пред самитот, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг одржаа тричасовен состанок во понеделникот и порачаа дека никогаш не треба да се води нуклеарна војна. Тоа беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател. Бајден и Си истакнаа дека не може да има победници во нуклеарна војна и го нагласија своето противење на употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина. Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Г-20 поради нејзината инвазија на Украина. Индонезиската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот, а руската делегација ќе ја предводи шефот на дипломатијата на таа земја Сергеј Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/feed/ 0
Самит на Г-20 посветен на зајакнување на здравствените системи ширум светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-g-20-posveten-na-zajaknuvanje-na-zdravstvenite-sistemi-shirum-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-g-20-posveten-na-zajaknuvanje-na-zdravstvenite-sistemi-shirum-svetot/#respond Mon, 20 Jun 2022 07:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=692983

Министрите за здравство на земјите-членки на Г-20 денеска во главниот град на Индонезија почнаа низа состаноци за зајакнување на здравствените системи во светот поради пандемијата со Ковид-19. – На состаноците ќе се разговара за изградба на систем за здравствена безбедност, усогласување на здравствените протоколи поврзани со Ковид-19, стандардизирање на меѓународните патни документи и зајакнување на фармацевтската индустрија, изјави портпаролката на индонезиското Министерство за здравство, Надиа Тармизи. Таа додаде дека на состаноците ќе учествува и генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус. – Глобалната соработка е клучна за надминување на оваа пандемија и за подготвеноста за следната. Овој состанок е важен момент за Г-20 бидејќи ќе им овозможи на земјите да обезбедат поддршка за зајакнување на капацитетите на здравствените системи на национално, регионално и глобално ниво, посочи Тармизи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-g-20-posveten-na-zajaknuvanje-na-zdravstvenite-sistemi-shirum-svetot/feed/ 0
Зеленски добил покана од Видода да присуствува на Самитот на Г-20 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dobil-pokana-od-vidoda-da-prisustvuva-na-samitot-na-g-20/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dobil-pokana-od-vidoda-da-prisustvuva-na-samitot-na-g-20/#respond Wed, 27 Apr 2022 17:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=668800

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека индонезискиот претседател Јока Видода го поканил на Самитот на Г-20, што кон крајот на годината се одржува во Индонезија. Украина не е членка на Г-20, но лидерите на Групата претходно канеа државите како гости на заеднички собири. Г-20 претходно ја осуди руската инвазија врз Украина. Неколку земји-членки на Г-20 повикаа на исклучување на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин од Самитот на Бали во ноември, но Индонезија, која претседава со Г-20 наведе дека е прерано да се одлучи. Индонезискиот министер за финансии Шри Мулјани Идравати призна дека Г-20 се соочува со невидени предизвици, но повика на соработка за надминување на пречките кои го забавуваат глобалниот раст. Минатата недела на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Вашингтон, претставниците на САД, на Велика Британија и на Канада ја напуштија салата кога зборуваа руските претставници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dobil-pokana-od-vidoda-da-prisustvuva-na-samitot-na-g-20/feed/ 0
САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-nema-da-uchestvuvaat-na-sostanocite-na-g-20-dokolku-prisustvuva-rusija-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-nema-da-uchestvuvaat-na-sostanocite-na-g-20-dokolku-prisustvuva-rusija-2/#respond Wed, 06 Apr 2022 17:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=659339

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија. – Претседателот (Џозеф) Бајден јасно стави до знаење, и јас секако се согласувам со него, дека Русија не може да продолжи да учествува на вообичаен начин ниту во која било финансиска институција, истакна Јелен во обраќањето пред Комитетот за финансиски услуги при Претставничкиот дом на САД. Таа наведе и дека американскиот претседател побарал Русија да биде исклучена од Г-20 и јасно им ставила до знаење на своите колеги во Индонезија, земјата домаќин на самитот на Г-20, дека САД нема да учествуваат на бројни состаноци доколку присуствуваат руски претставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-nema-da-uchestvuvaat-na-sostanocite-na-g-20-dokolku-prisustvuva-rusija-2/feed/ 0
Бизнис заедницата од Г-20 повика да се обезбеди одржување на сегашниот економски раст https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biznis-zaednicata-od-g-20-povika-da-se-obezbedi-odrzuvanje-na-segashniot-ekonomski-rast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biznis-zaednicata-od-g-20-povika-da-se-obezbedi-odrzuvanje-na-segashniot-ekonomski-rast/#respond Sat, 30 Oct 2021 10:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=588118

Претставниците на деловната заедница на државите од Г-20 стравуваат дека тековниот економски раст што се случи откако пандемијата стивна може да биде бесмислен без координирана политика за обезбедување инвестиции и енергетска транзиција, изјави Ема Маркегалија – претседателка на Б-20 (Бизнис 20), која нагласи дека бизнисмените очекуваат политичарите да обезбедат одржлив раст. – Главната грижа е дека сегашното економско закрепнување што го гледаме по неверојатната рецесија во 2020 година ќе биде краткотрајно. Она што е важно не е сегашниот економски раст што се проектира за оваа година (до 6 отсто во Италија), туку потребата да се задржи овој раст на долг рок. Друга загриженост е дека нерамномерниот раст ќе создаде уште поголеми економски и социјални разлики. Истовремено, неопходно е да се избегне протекционизам, кој и штети на светската економија, рече Марчегалија. Според неа, оваа година се очекува раст на светскиот БДП на 5,7-6 отсто, а во 2022 година – 4,5 отсто. По минатогодишниот колапс, светската трговија порасна за речиси 10 проценти. Овие две години се многу важни во однос на растот, кој не смееме да го загубиме, рече претседателката на Б-20. Таа изрази мислење дека на глобално ниво е можно до крајот на 2021 година да се вратат предпандемиските показатели. Б-20 очекува политичарите да усвојат заедничка политика насочена кон одржување на конкурентноста на компаниите. Не е потребна само еколошка транзиција, туку и поддршка на социјалните и економските модели. За таа цел, има потреба од инвестиции во истражување и иновации, како од страна на државата, така и од приватниот сектор. – Не е доволно само да се каже дека ќе се спротивставиме на климатските промени – ни треба политика, инвестиции, рече таа. Маркегалија истакна дека Б-20 е за одредување „цена на јаглеродот“ и исто така сака јасни критериуми за стандардите на компаниите со „зелен статус“. – Сакаме координиран систем сличен на европскиот модел за тргување со емисии да се воведе насекаде во сите земји. И ова ќе даде јасен сигнал до инвеститорите да посветат поголемо внимание на проектите за обновливи извори на енергија. Но, ова не го гледаме како данок, туку како пазарен систем. Такви модели веќе постојат – во Европа, во Јапонија, но овие системи мора да се координираат, вели бизнисменката. Таа изрази мислење дека треба да се зачува природниот гас. Неговата употреба постепено ќе се намалува, но без него е тешко да се направи каква било енергетска транзиција. – Во тој поглед, ние не се придржуваме до никакви идеолошки линии, туку се водиме од многу практични и прагматични размислувања. Потребни се инвестиции во нови технологии и истражувања. А за да избегнеме ситуации како сегашната на енергетскиот пазар, мора да ја напуштиме идеологијата и да се придржуваме до прагматичната линија на однесување, рече Марчегалија. Таа истакна дека големиот бизнис има повеќе допирни точки и можности за постигнување договор за клучните прашања. „Важно е да бидеме чуени, бидејќи ги познаваме пазарите и тоа ни овозможува да дојдеме до заклучоци кои потоа им ги пренесуваме на политичарите. Но, се разбира, без политичка волја, глобалните проблеми не можат да се решат, заклучи шефицата на Б-20. Во Рим денеска почнува Самитот на Г-20. Таму ќе бидат презентирани заклучоците и препораките од состаноците на ресорните министри одржани во текот на годината, како и од Б-20. Главните теми на форумот се климата, здравјето и одржливиот развој, кои се меѓусебно поврзани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biznis-zaednicata-od-g-20-povika-da-se-obezbedi-odrzuvanje-na-segashniot-ekonomski-rast/feed/ 0
Г-20: САД ќе го покренат прашањето за рамнотежата на светските енергетски пазари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g-20-sad-kje-go-pokrenat-prashanjeto-za-ramnotezata-na-svetskite-energetski-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g-20-sad-kje-go-pokrenat-prashanjeto-za-ramnotezata-na-svetskite-energetski-pazari/#respond Sat, 30 Oct 2021 09:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=588093

САД имаат намера да го покренат прашањето за баланс меѓу понудата и побарувачката на глобалните енергетски пазари за време на самитот на Г20 во Рим. Сепак, според претставникот на американската администрација, не треба да се очекуваат резултати од овие дискусии, соопшти Белата куќа. Важно е понудата на глобалниот енергетски пазар да не заостанува зад светската побарувачка. Побарувачката на енергетските пазари практично се врати на нивоата пред пандемијата, за разлика од понудата, рече висок американски функционер на брифингот за самитот на Г20. – Во рамките на Г-20 има големи потрошувачи на енергетски ресурси, но и големи добавувачи. Би сакале да го покренеме прашањето и да ја нагласиме важноста од изнаоѓање поголема рамнотежа и стабилност и на пазарите на нафта и гас, рече тој. САД немаат намера да навлегуваат во прашањата на ОПЕК, бидејќи не се членка на таа организација. Сепак, Вашингтон има намера да ги покрене прашањата поврзани со цените на енергијата, бидејќи тие имаат сериозно влијание врз светската економија. Американскиот функционер, исто така, истакна дека не треба да се смета на какви било „квантитативни“ резултати од состаноците. – Дефинитивно нема потреба да се зборува за барели дневно, процент од сегашното ниво на побарувачка или процент од сегашното ниво на понуда, објасни тој, додавајќи дека за такви конкретни показатели не се разговара на ниво на шефови на држави. Резултатите од Г20 ќе бидат сумирани во изјава, се пренесува изјавата на високиот претставник на сајтот на Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g-20-sad-kje-go-pokrenat-prashanjeto-za-ramnotezata-na-svetskite-energetski-pazari/feed/ 0
Поранешни државници: Г20 треба да го прераспредели вишокот вакцини против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshni-drzavnici-g20-treba-da-go-preraspredeli-vishokot-vakcini-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshni-drzavnici-g20-treba-da-go-preraspredeli-vishokot-vakcini-protiv-kovid-19/#respond Fri, 29 Oct 2021 05:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=587453

Поранешни претседатели и премиери порачаа дека лидерите на Г20 треба да го искористат состанокот во Рим овој викенд за да се договорат за прераспределба на вишокот вакцини против Ковид-19 во земјите со ниски приходи. Стотици поранешни шефови на влади и министри во писмо до италијанскиот премиер Марио Драги повикаа самитот на Г20 да се искористи на темата за неправедна дистрибуција на вакцини во светот. Групата соопшти дека Соединетите Американски Држави, ЕУ, Велика Британија и Канада ќе складираат 240 милиони неискористени вакцини до крајот на месецот, а армиите на тие нации би можеле веднаш да ги пренесат во земјите каде што се потребни. До крајот на февруари би можело да се пренесат вкупно 1,1 милијарда вишок вакцини. „Неетички е сите овие вакцини да се расипуваат кога во светот има 10.000 смртни случаи од Ковид-19 секој ден, од кои многу можеа да се избегнат“, се наведува во писмото. Некои од потписниците се поранешниот генерален секретар на ОН Бан Ки-мун, поранешниот британски премиер Гордон Браун и поранешниот бразилски претседател Фернандо Кардосо. Потписниците наведуваат дека целта на Светската здравствена организација за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на годината може да биде исполнета само доколку Г-20 донесе заедничка одлука и нареди итен трансфер на вишокот резерви на вакцини. „Нееднаквоста во вакцините, исто така, претставува закана за сите нас. Не сме сите безбедни додека сите не се безбедни. Без итна и широко распространета вакцинација, варијантите ќе продолжат да се појавуваат во невакцинираните региони, а оттаму може да се прошират и да ја доведат во прашање заштитата од вакцини која досега беше постигната во повеќе земји“, наведуваат потписниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshni-drzavnici-g20-treba-da-go-preraspredeli-vishokot-vakcini-protiv-kovid-19/feed/ 0
Министрите за трговија на Г-20 ветија праведна распределба на вакцините против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-trgovija-na-g-20-vetija-pravedna-raspredelba-na-vakcinite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-trgovija-na-g-20-vetija-pravedna-raspredelba-na-vakcinite-protiv-kovid-19/#respond Wed, 13 Oct 2021 06:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=578090

Министрите за трговија на Г-20 вчера се обврзаа дека ќе промовираат „праведна распределба“ на вакцините против Ковид-19, особено со укинување на „ограничувањата за извоз“, и ќе работат на „мултилатерален и транспарентен систем на тргување“. Нивната заклучна декларација, усвоена по состанокот во Соренте, во јужниот дел на Италија, е знак за „започнување на мултилатерализмот“, увери италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, чија земја претседава со Г-20. – Треба да обезбедиме поголема циркулација на вакцини и фабрики за нивно производство во земјите во развој, истакна францускиот министер за надворешна трговија Франк Ристер за време на состанокот. Повеќе од шест милијарди дози вакцини против Ковид-19 се произведени во светот, но само 1,4 проценти од жителите на земји со ниски примања се вакцинирани, наспроти 58 проценти од богатите земји, изјави на почетокот на октомври генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала. Приближувајќи се до 12. министерска конференција на СТО закажана од 30 ноември до 3 декември во Женева, таа ги повика членовите на организацијата да договорат „силен одговор на пандемијата“ и да ги постават основите за „поправедна распределба“ на вакцините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-trgovija-na-g-20-vetija-pravedna-raspredelba-na-vakcinite-protiv-kovid-19/feed/ 0
Лидерите на Г20 ветија дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна за сите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g20-vetija-deka-vakcinata-protiv-koronavirus-kje-bide-dostapna-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g20-vetija-deka-vakcinata-protiv-koronavirus-kje-bide-dostapna-za-site/#respond Sun, 22 Nov 2020 08:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=432697

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји. Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите. „Нема да штедиме напори за да обезбедиме сите луѓе да имаат еднаков пристап до вакцините“, велат лидерите на Г20 во нацрт-документот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g20-vetija-deka-vakcinata-protiv-koronavirus-kje-bide-dostapna-za-site/feed/ 0