г.г. Стефан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 17:26:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png г.г. Стефан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/#respond Thu, 29 Jun 2023 17:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=850971

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“. Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“. -Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ. Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество. -Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона – за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан. Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената. -Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан. Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот. Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш од страна на владиците. Светиот архиерејски Синод на МПЦ – ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/feed/ 0
Г.г. Стефан: Имаме света должност да го продолжиме она што сме го примиле и наследиле од предците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/#respond Tue, 27 Jun 2023 08:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=849973

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. – Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето. Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“. Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права. – Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА. Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/feed/ 0
Г.г. Стефан: Имаме должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-imame-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-imame-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/#respond Mon, 26 Jun 2023 08:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=849650

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија информира дека со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Според соопштението испратено од МПЦ-ОА, „во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата“. „Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје“ стои во соопштението. Во продолжение видео обраќањето на поглаварот г.г. Стефан: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-imame-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/feed/ 0
Поглаварот Стефан повика на протест против законите за матична евиденција и за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-stefan-povika-na-protest-protiv-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-stefan-povika-na-protest-protiv-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/#respond Mon, 26 Jun 2023 08:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=849630

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм во четврток на 29-ти јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. „Возљубени секој од нас и сите заедно имаме света должност – она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата. Со тоа обезбедуваме иднина на својот народ, бранејќи и чувајќи ги тие придобивки и кон Бога и кон својот род“, рече меѓу другото поглаварот Стефан. Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) го организира протестот, како што велат, за достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, е неприфаќањето на сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост. Синодот на МПЦ будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие Закони и оценува дека во оваа ситуација мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред се децата. „Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ спомнат во член 23 т.5 од предлог-законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони“, порачаа од МПЦ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-stefan-povika-na-protest-protiv-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј ќе одржат заедничка литургија во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=842061

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух. -Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“. На втората заедничка литургија на двајцата поглавари, овој пат во Соборниот храм во Скопје на 24 мај, патријархот Порфириј упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, по што архиепископот Стефан кажа дека „дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“. По ова на, 6 јуни патријархот Порфириј на архиепископот Стефан во Белград му врачи акт со кој се потврдува одлуката на СПЦ да ја одобри и да упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, најавувајќи дека документот ќе биде доставен и до другите православни црква. Во документот се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Архиепископот Стефан изрази надеж дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 6 јуни, минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/feed/ 0
Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-porfirij-utre-vo-ohrid-ke-odrzhat-zaednichka-arhierejska-liturgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-porfirij-utre-vo-ohrid-ke-odrzhat-zaednichka-arhierejska-liturgija/#respond Sun, 04 Jun 2023 17:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=841989

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека утре во цквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух. -Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-porfirij-utre-vo-ohrid-ke-odrzhat-zaednichka-arhierejska-liturgija/feed/ 0
Средба на архиепископот Стефан со американската амбасадорка Агелер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-arhiepiskopot-stefan-so-amerikanskata-ambasadorka-ageler/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-arhiepiskopot-stefan-so-amerikanskata-ambasadorka-ageler/#respond Tue, 17 Jan 2023 16:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=788554

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска во Архиепископската резиденција ја прими новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер, придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД во Скопје. -Неговото Блаженство ја запозна амбасадорката Агелер, со духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во татковината и меѓу иселените Македонци по светот и посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји, соопштија од МПЦ-ОА. На средбата, којашто, како што се наведува во соопштението, поминала во срдечна атмосфера, присуствуваа и епископот хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-arhiepiskopot-stefan-so-amerikanskata-ambasadorka-ageler/feed/ 0
Пендаровски на божиќен ручек кај поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-bozikjen-ruchek-kaj-poglavarot-na-makedonskata-pravoslavna-crkva-ohridska-arhiepiskopija-g-g-stefan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-bozikjen-ruchek-kaj-poglavarot-na-makedonskata-pravoslavna-crkva-ohridska-arhiepiskopija-g-g-stefan/#respond Mon, 09 Jan 2023 14:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=785141

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан. На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-bozikjen-ruchek-kaj-poglavarot-na-makedonskata-pravoslavna-crkva-ohridska-arhiepiskopija-g-g-stefan/feed/ 0
Владиката забрани погреби за време на Свети Никола, Божиќ и Велигден во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-zabrani-pogrebi-za-vreme-na-sveti-nikola-bozikj-i-veligden-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-zabrani-pogrebi-za-vreme-na-sveti-nikola-bozikj-i-veligden-vo-makedonija/#respond Mon, 19 Dec 2022 18:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=777783

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува А1он. Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден. -По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија. Од управата на Градските гробишта „Бутел“ за „А1он“ неофицијално појаснија дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-zabrani-pogrebi-za-vreme-na-sveti-nikola-bozikj-i-veligden-vo-makedonija/feed/ 0
Бектеши се сретна со г.г. Стефан: Поддршка од верските заедници за да се поттикнат граѓаните да штедат струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-se-sretna-so-g-g-stefan-poddrshka-od-verskite-zaednici-za-da-se-pottiknat-gragjanite-da-shtedat-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-se-sretna-so-g-g-stefan-poddrshka-od-verskite-zaednici-za-da-se-pottiknat-gragjanite-da-shtedat-struja/#respond Wed, 28 Sep 2022 15:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=738623

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оставри средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан. На средбата се разговараше за енергетската криза која што ја зафати, не само Македонија, туку и цела Европа, како и за мерките кои ги превзема Владата со цел полесно справување. Министерот Бектеши го информираше поглаварот на МПЦ за мерките и препораките на Владата за штедење на електрична енергија за институциите, домаќинствата и за бизнисот. „Ситуацијата со енергетската криза со која се соочуваме е сериозна и апелираме до сите граѓани да придонесат секој на свој начин полесно да го пребродиме периодот кој што следи. За нас е важна поддршката од верските заедници во државата се со цел да се подигне свеста кај граѓаните во овој тежок период што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со тоа да и помогнеме на државата. Доколку има недостаток на електрична енергија ќе треба да се купи од надвор по многу повисока цена, а тоа повторно ќе биде на трошок на сите граѓани“, кажа министерот Бектеши. Архиепископот Стефан, пак, изјави дека „Црквата и досега силно апелира до своите верници да покажат грижа за општото добро во овие трудни времиња, а на наредната седница на Светиот архиерејски синод, која ќе се одржи следната седмица, се очекува да се состави и официјално, јавно соопштение во кое сите свештени лице ќе бидат повикани на локално ниво, во своите парохии, да им укажуваат на верните чеда на МПЦ за насушноста од штедење, зашто само така ќе си помогнеме и себеси, но и на нашата држава во целост“. Двајцата се согласија дека е важно во овој период сите рационално да трошат електрична енергија и упатија порака порака дека во оваа криза сите треба да бидеме свесни и да штедиме. „Да не се троши струја непотребно, да го разбереме времето во кое живееме затоа што никој не може да ни помогне во кризни времиња ако ние самите не си помагаме“, заклучиле тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-se-sretna-so-g-g-stefan-poddrshka-od-verskite-zaednici-za-da-se-pottiknat-gragjanite-da-shtedat-struja/feed/ 0