г7 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 15:42:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png г7 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лидерите на Г7 ја објавија безбедносната рамка за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g7-ja-objavija-bezbednosnata-ramka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g7-ja-objavija-bezbednosnata-ramka-za-ukraina/#respond Wed, 12 Jul 2023 15:42:56 +0000 https://kurir.mk/?p=855936

Земјите од Г7 денеска објавија безбедносна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија. Во декларацијата се наведува дека денеска ќе започнат преговорите со Киев за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7 за Украина и дека тоа ќе вклучува поддршка за понатамошен развој на украинската одбранбена индустрија, обука на украинските сили, размена на разузнавачки информации и поддршка во одбраната на сајбер просторот. Покрај тоа, членките на Г7 ќе работат на зајакнување на економската стабилност и отпорност на Украина, што вклучува обнова и закрепнување на земјата по агресијата. Истовремено, на Украина ќе и биде овозможена техничка и финансиска поддршка за сегашните потреби, поради руската инвазија, но и ќе и се овозможи да продолжи со спроведувањето на реформите. Во декларацијата се наведува дека земјите од Г7 ја повикуваат Русија на одговорност и дека воените и другите злосторства не смеат да останат неказнети. -Во согласност со нашите правни системи, рускиот суверен имот под наша јурисдикција ќе остане недвижен додека Русија не ја плати штетата што и ја нанела на Украина, се вели во документот, додавајќи дека е неопходно да се воспостави меѓународен механизам за репарација на штети, загуби или повреди предизвикани од руската агресија. За возврат, Украина ќе продолжи да спроведува судски, економски, безбедносни реформи, како и реформи во борбата против корупцијата, што ќе покаже дека Киев е посветен на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободата на медиумите. Покрај тоа, Киев ќе работи на одбранбената реформа и модернизација, која вклучува подобрување на ефикасноста и транспарентноста во украинскиот одбранбен сектор. -Ние, лидерите на Групата седум, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се одбрани од руската агресија, се вели во Декларацијата. Се додава дека безбедноста на Украина е составен дел од безбедноста на евроатлантскиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g7-ja-objavija-bezbednosnata-ramka-za-ukraina/feed/ 0
Г7 ќе испрати силна порака до Русија, на која и истекува времето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-ke-isprati-silna-poraka-do-rusija-na-koja-i-istekuva-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-ke-isprati-silna-poraka-do-rusija-na-koja-i-istekuva-vremeto/#respond Wed, 12 Jul 2023 11:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=855784

Долгорочниот ангажман за безбедноста на Украина, што денеска ќе го усвојат земјите од Г7, ќе и покаже на Русија дека времето работи против неа, изјави советничката за европски прашања во Белата куќа, Аманда Слоат. - Планот ќе и помогне на Украина да изгради војска, која ќе може да се одбрани и да го одврати секој иден напад, наведе Слоат, додавајќи оти се работи за „долгорочна инвестиција“. Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Канада) ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од Самитот на НАТО во Вилнус и ќе презентираат пакет кој содржи безбедносни гаранции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-ke-isprati-silna-poraka-do-rusija-na-koja-i-istekuva-vremeto/feed/ 0
Г7 повика на развој на глобални технички стандарди за вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-razvoj-na-globalni-tehnichki-standardi-za-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-razvoj-na-globalni-tehnichki-standardi-za-veshtachkata-inteligentsija/#respond Mon, 22 May 2023 09:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=837317

Иако на тридневниот самит во Хирошима, лидерите на Групата седум (Г7) првенствено се занимаваа со теми кои се однесуваат на продолжување на помошта за Украина, дополнителни санкции против Русија и намалување на влијанието на Кина, регулаторниот пристап кон вештачката интелигенција (ВИ) исто така беше дискутиран по првпат. Договорите и плановите на лидерите на седум најнапредни светски економии укажуваат на итноста за справување со влијанието и ублажување на ризиците околу развојот на вештачката интелигенција, ги пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) анализите на светските медиуми. Лидерите на Г7 повикаа на развој и усвојување на технички стандарди за да се одржи вештачката интелигенција „безбедна“, нагласувајќи дека правилата за дигитални технологии како што е вештачката интелигенција треба да цветаат „во согласност со заедничките демократски вредности“, посочува Ројтерс. Повикот доаѓа откако Европската Унија овој месец се приближи до усвојување законодавство за регулирање на технологијата за вештачка интелигенција, потенцијално првиот сеопфатен закон за вештачка интелигенција во светот што може да создаде преседан меѓу напредните економии. Иако постојат одредени разлики меѓу земјите околу регулирањето на вештачката интелигенција, лидерите на Г7 се согласија да формираат министерски форум наречен „Хирошима AI Процес“ за да разговараат за овие прашања. Самитот следи по минатомесечниот состанок на министрите на Г7, каде што членовите на групата – САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада и ЕУ – соопштија дека треба да усвојат правила за вештачка интелигенција заснована на ризик. Лидерите на Г7 велат дека одговорната употреба на вештачката интелигенција треба да биде усогласена со вредностите кои вклучуваат правичност, почитување на приватноста и „заштита од вознемирување, омраза и злоупотреба на интернет“, според агенцијата Франс прес. Алатките за генерирање текст, како што се ChatGPT, креаторите на слики и музиката составена од вештачка интелигенција, предизвикаа возбуда, тревога и правни битки бидејќи креаторите ги обвинуваат за присвојување материјал без дозвола, пренесува АФП, додавајќи дека владите ширум светот се под притисок што поскоро да ги намалат ризиците. Новиот јазичен модел на вештачка интелигенција од OpenAI ги принуди земјите ширум светот за првпат да се фокусираат на опасностите од дезинформации, хаос и физичко уништување на критичната инфраструктура, посочува Њујорк Тајмс. Затоа, покрај дискусиите за Украина и Кина на самитот во Хирошима, лидерите на седумте најголеми демократски економии во светот ги одржаа првите разговори за заеднички пристап за регулирање на употребата на програмите за вештачка интелигенција како што е GPT-4. Претходните обиди да се натера групата да се занимава со многу поедноставни технолошки прашања, како што е сајбер безбедноста, обично завршуваа со флоскули за „јавно-приватно партнерство“, и никогаш немало сериозна дискусија за правилата за насочување на употребата на офаназивно кибер оружје, додава весникот.. Сепак, како што истакна Њујорк тајмс, американските власти веруваат дека во случајот на чет-ботови, дури и нејасна дискусија може да помогне да се воспостават некои заеднички принципи: дека корпорациите што ги носат производите ќе бидат првенствено одговорни за безбедносните прашања и дека мора да има правила за транспарентност кои јасно укажуваат за тоа каков тип на податоци е обучен секој систем. Тоа, велат официјалните лица, ќе овозможи дискусии за деталите за тоа како би изгледале тие први прописи. Бидејќи земјите од Г7 се свесни за потенцијалните придобивки и ризици од генеративната вештачка интелигенција, во центарот на дискусиите на самитот на лидерите во Хирошима беше загриженоста за темпото на напредок na вештачката интелигенција што го надминува развојот на стандардите, поради што Самитот ја истакна важноста од дефинирање на „заштитни мерки“ за развојот на вештачката интелигенција, посочува Форбс. Лидерите се согласија да одговорат на предизвикот и да преземат пристап „заснован на ризик“ за навигација на оваа непозната територија. Тие ги идентификуваа клучните области на кои треба да се фокусираат напорите: препознавање на важноста на ВИ, балансирање на нејзините ризици и придобивки, едукација за вештачката интелигенција и повикување на „заштитни огради“ кога станува збор за вештачката интелигенција. За да се обезбеди одговорна и безбедна употреба на генеративната вештачка интелигенција, експертите веруваат дека е од клучно значење да се има сеопфатна регулаторна рамка која ги опфаќа приватноста, безбедноста и етиката, која ќе обезбеди јасни упатства и за развивачите и за корисниците на технологијата за вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција веќе не е плод на научна фантастика, туку составен дел од реалноста, подготвена да го трансформира светот на незамисливи начини, истакнува Форбс и оценува дека предизвикот не е да се спротивставиме на еволуцијата на вештачката интелигенција, туку да се осигураме дека патот на развојот е усогласен со заедничките вредности, општествените норми и колективната благосостојба, за да стане алатка за добро, катализатор за напредок и мотор за поправедна и поодржлива иднина, го пренесува РСЕ пишувањето на светските медиуми на оваа тема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-razvoj-na-globalni-tehnichki-standardi-za-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Г7 со нови санкции за руските дијаманти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-so-novi-sanktsii-za-ruskite-dijamanti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-so-novi-sanktsii-za-ruskite-dijamanti/#respond Fri, 19 May 2023 11:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=836388

Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина. Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со кои се финансира војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руските дијаманти, но во заедничката изјава не се наведе детали за функционирање на мерките. Според извори од ЕУ, ќе се користи технологија за трагање по дијаманти со која ќе се спречи руските дијаманти да се препродаваат преку други земји како Индија или Обединетите Арапски Емирати. Трговијата со руски дијаманти во ЕУ веќе е намалена за околу 80 проценти, како резултат на доброволни обврски. Но, сè уште нема формални ограничувања на ЕУ за руските дијаманти, делумно поради отпорот на Белгија, главниот глобален центар за трговија со дијаманти. Русија е најголемиот светски производител на небрусени дијаманти. Трговијата со скапоцени камења е важна индустрија за земјата и значаен извор на приход. Руската државната групација за ископување дијаманти „Алроса“ во 2021 година имаше приходи од 332 милијарди рубљи (околу четири милијарди долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-so-novi-sanktsii-za-ruskite-dijamanti/feed/ 0
Лидерите на Г7 изразија почит кон жртвите од атомската бомба во Хирошима https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g7-izrazija-pochit-kon-zhrtvite-od-atomskata-bomba-vo-hiroshima/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g7-izrazija-pochit-kon-zhrtvite-od-atomskata-bomba-vo-hiroshima/#respond Fri, 19 May 2023 06:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=836120

Лидерите на седумте индустриски најразвиени земји (Г7) го одбележаа споменот на загинатите од атомската бомба фрлена врз јапонскиот град Хирошима на крајот на Втората светска војна, јави ДПА. Шефовите на држави и влади го посетија споменикот на жртвите од бомбата фрлена од американското воено воздухопловство на 6 август 1945 година, положувајќи венци со цвеќе што им ги подарија јапонските ученици во Меморијалниот парк на мирот во градот. Атомската бомба фрлена во 1945 година го опустоши градот, убивајќи околу 70.000 лица на лице место и уште 70.000 до 80.000 во текот на следните месеци. Втората бомба беше фрлена врз Нагасаки три дена подоцна. Бомбите беа прва употреба на нуклеарно оружје и оттогаш не е употребено нуклеарно оружје, наведува ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-g7-izrazija-pochit-kon-zhrtvite-od-atomskata-bomba-vo-hiroshima/feed/ 0
Г7 повика на имплементација и проширување на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-implementatsija-i-proshiruvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito-od-pristanishtata-vo-tsrnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-implementatsija-i-proshiruvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito-od-pristanishtata-vo-tsrnoto-more/#respond Sun, 23 Apr 2023 11:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=826607

Групата седум економски најразвиени земји (Г7) повика денеска на „продолжување, целосна имплементација и проширување“ на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море, соопштија министрите за земјоделство од земјите - членки на групата. Претходниот договор беше со посредство на Обединетите нации и Турција и беше потпишан во Истанбул во јули минатата година, овозможувајќи и на Украина да извезе повеќе од 27 милиони тони жито од неколку нејзини пристаништа на Црното Море. Русија, сепак, најави дека нема да дозволи продолжување на договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-povika-na-implementatsija-i-proshiruvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito-od-pristanishtata-vo-tsrnoto-more/feed/ 0
Г7 се договорија до 2040 година да престане загадувањето со пластика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/#respond Sun, 16 Apr 2023 13:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=824464

Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА. Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај на загадувањето со пластика до 2050 година. - Евтината пластика за еднократна употреба стана исклучително вообичаен производ во индустријализираните земји. Поради тоа е исклучително важно земјите од Г7 да се обврзат брзо да стават крај на пластичниот отпад, изјави германската министерка за животна средина Штефи Лемке. Правно обврзувачкиот договор треба да биде договорен до крајот на 2024 година. Според еколошката организација „Светски фонд за дивата природа“ (World Wildlife Fund) од 19 до 23 милиони тони пластичен отпад годишно завршуваат во океаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/feed/ 0
Г7 го повика ММФ да обезбеди помош за Украина до крајот на март https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-go-povika-mmf-da-obezbedi-pomosh-za-ukraina-do-krajot-na-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-go-povika-mmf-da-obezbedi-pomosh-za-ukraina-do-krajot-na-mart/#respond Thu, 23 Feb 2023 18:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=804327

Министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска го повикаа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да обезбеди нов пакет помош за Украина до крајот на март. - Ги повикуваме ММФ и Украина да воспостават кредибилна, амбициозна, целосно финансирана програма со соодветни услови до крајот на март 2023 година, се вели во заедничката изјава од министерскиот состанок во Бангалор, јужна Индија. Министрите од Г7, која ја сочинуваат Канада, САД, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Велика Британија, додадоа дека санкциите досега „во голема мера ја ослабнале способноста на Русија да ја води својата нелегална војна“. - Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ефикасноста на санкциите и да преземаме нови мерки доколку е потребно. Исто така ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери за да ги спроведеме санкциите и да го спречиме секој обид за избегнување или заобиколување на санкциите, се додава во соопштението. Министрите на Г7 ги повикаа другите земји да се приклучат на санкциите против Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-go-povika-mmf-da-obezbedi-pomosh-za-ukraina-do-krajot-na-mart/feed/ 0
Г7: Ќе продолжиме да воведуваме економски санкции кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-ke-prodolzhime-da-voveduvame-ekonomski-sanktsii-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-ke-prodolzhime-da-voveduvame-ekonomski-sanktsii-kon-rusija/#respond Tue, 21 Feb 2023 17:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=803287

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Групата седум (Г7) соопштија денеска дека нивните земји ќе продолжат да наметнуваат економски санкции кон Русија и ја повикаа меѓународната заедница да го осуди „бруталниот експанзионизам“ на Москва. Во соопштението на Г7 се наведува дека најбогатите земји ќе продолжат да наметнуваат дополнителни економски санкции за поединци и ентитети во и надвор од Русија кои пружаат политичка или економска поддршка на кршењето на меѓународното право. Западните земји воведоа економски санкции кон Русија поради нападот на Украина, со цел да ги ослабат руските сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-ke-prodolzhime-da-voveduvame-ekonomski-sanktsii-kon-rusija/feed/ 0
Г7 вети 32 милијарди долари помош за Украина во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-veti-32-milijardi-dolari-pomosh-za-ukraina-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-veti-32-milijardi-dolari-pomosh-za-ukraina-vo-2023-godina/#respond Thu, 22 Dec 2022 16:13:32 +0000 https://kurir.mk/?p=779233

Групата богати земји Г7 вети до 32 милијарди долари помош за Украина следната година, соопштија нивните министри за финансии во заедничката изјава денеска додавајќи дека се подготвени да дадат повеќе доколку е потребно. -Остануваме силно посветени на итните краткорочни финансиски потреби на Украина, рекоа министрите, охрабрувајќи ги другите донатори да го зголемат својот придонес за земјата разурната од војна. Ветувањето од 32 милијарди долари од земјите од Г7 вклучува 19 милијарди долари од Европската унија, се наведува во соопштението за медиумите. Оваа сума или е делумно исплатена или исплатата за Украина е во тек, се вели во соопштението на министрите на САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-veti-32-milijardi-dolari-pomosh-za-ukraina-vo-2023-godina/feed/ 0