габон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 20:14:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png габон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хунтата во Габон го назначи Рејмонд Ндонг Сима за премиер во преодната влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-vo-gabon-go-naznachi-rejmond-ndong-sima-za-premier-vo-preodnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-vo-gabon-go-naznachi-rejmond-ndong-sima-za-premier-vo-preodnata-vlada/#respond Thu, 07 Sep 2023 20:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=875868

Владејачката хунта во Габон денеска го назначи поранешниот опозициски лидер Рејмонд Ндонг Сима за премиер во преодната влада. Армиските офицери на државната телевизија прочитаа указ со кој беше објавено именувањето на Сима за премиер. Сима, 68-годишен економист, беше отворен критичар на претседателот Али Бонг, кој беше соборен од воените офицери со државен удар на 30 август. Сима беше премиер од 2012 до 2014 година, а потоа поднесе оставка и се кандидираше за претседател против Али Бонг во 2016 година и повторно годинава како дел од опозициската коалиција. Бонго беше на власт од 2009 година, а го наследи својот татко Омар Бонг кој владееше 42 години. Генералот Брис Нгуема во понеделникот положи заклетва како привремен претседател. Нгуема вети економски реформи и рече дека сака да одржи слободни и фер избори, без да прецизира кога. Бонго беше во домашен притвор по пучот, но хунтата во средата соопшти дека тој е слободен и може да отпатува во странство на медицински прегледи доколку сака. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-vo-gabon-go-naznachi-rejmond-ndong-sima-za-premier-vo-preodnata-vlada/feed/ 0
Лидерот на воената хунта Брис Нгуема положи заклетва како привремен претседател на Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-voenata-hunta-bris-nguema-polozhi-zakletva-kako-privremen-pretsedatel-na-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-voenata-hunta-bris-nguema-polozhi-zakletva-kako-privremen-pretsedatel-na-niger/#respond Mon, 04 Sep 2023 15:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=874449

Лидерот на воената хунта во Габон, Брис Нгуема денеска положи заклетва како привремен претседател на земјата. Генералот Нгуема го предводеше државниот удар минатата среда против претседателот Али Бонго, соборувајќи го кусо време откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори. Нгуема има одредена поддршка од народот, а на неговата инаугурација присуствуваа многу цивили, јави Би-Би-Си. Аналитичарите сепак изразија загриженост дека владеењето на Нгуема ќе биде продолжение на 55-годишното владеење на династијата Бонго, бидејќи тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во најтесниот круг на Бонго и дури се верува дека е роднина на Али Бонго. Таткото на Али Бонг, Омар, беше на власт 41 година пред да почине во 2009 година кога неговиот син го наследи. Габон е шестата франкофонска земја што потпадна под воена власт во изминатите три години додека поранешната колонијална сила Франција се бори да го задржи влијанието во Африка. Габон беше суспендиран од Африканската унија по државниот удар, што беше осуден од ОН и Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-voenata-hunta-bris-nguema-polozhi-zakletva-kako-privremen-pretsedatel-na-niger/feed/ 0
Шефот на пучот во Габон в понеделник ќе положи заклетва како „преоден претседател“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-puchot-vo-gabon-v-ponedelnik-ke-polozhi-zakletva-kako-preoden-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-puchot-vo-gabon-v-ponedelnik-ke-polozhi-zakletva-kako-preoden-pretsedatel/#respond Thu, 31 Aug 2023 17:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=873134

Новиот лидер на Габон, генерал Брис Олигуи Нгуема ќе положи заклетва како „преоден претседател“ в понеделник пред Уставниот суд, соопштија водачите на државниот удар. Според нив, тие „постапно ќе влезат во преодните институции“. Габонската хунта објави дека го назначила генералот Брис Олигуи Нгуема за привремен лидер, а успехот на овој удар ќе претставува крај на 56-годишното владеење на семејството Бонго во таа поранешна француска колонија, земја која сега е една од најголемите африкански производители на нафта. Воената хунта вчера објави дека ја презела власта и го ставила претседателот Али Бонго во домашен притвор. Пучистите ги поништија изборните резултати со кои Бонго доби трет мандат, а ова е осми пуч во Западна и Централна Африка од 2020 година. -Предизвиците со кои се соочува Габон мора да се решат во согласност со принципите на владеење на правото, уставниот поредок и демократијата, изјави Борел, висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност. Од тоа зависат мирот и благосостојбата на земјата, како и регионалната стабилност, додаде тој. Борел нагласи дека ЕУ е крајно загрижена за начинот на кој беа спроведени претседателските избори, кои му претходеа на државниот удар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-puchot-vo-gabon-v-ponedelnik-ke-polozhi-zakletva-kako-preoden-pretsedatel/feed/ 0
Соборениот претседател на Габон е во домашен притвор, еден од неговите синови е уапсен за предавство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboreniot-pretsedatel-na-gabon-e-vo-domashen-pritvor-eden-od-negovite-sinovi-e-uapsen-za-predavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboreniot-pretsedatel-na-gabon-e-vo-domashen-pritvor-eden-od-negovite-sinovi-e-uapsen-za-predavstvo/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=872512

Сoборениот претседател на Габон, Али Бонго Ондимба е во домашен притвор, изјавија воени офицери. „Претседателот Али Бонго е во домашен притвор, опкружен со семејството и лекарите“, рекоа тие во изјавата емитувана на државната телевизија. Еден од синовите на претседателот е уапсен за „предавство“, се наведува во соопштението. Група високи воени офицери во Габон изутрината преку националната телевизија објавија дека армијата ја презела власта, откако државното избирачко тело објави дека претседателот Али Бонго добил трет мандат. Офицерите рекоа дека зборуваат во име на сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската држава. Најавија дека резултатите од изборите се поништени, сите граници се затворени до дополнително известување и распуштени се државните институции. Во главниот град Либервил можеа да се слушнат силни пукотници. „Во име на народот на Габон, решивме да го браниме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, рекоа офицерите. Али Бонго Ондимба и неговото семејство владееја 56 години.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboreniot-pretsedatel-na-gabon-e-vo-domashen-pritvor-eden-od-negovite-sinovi-e-uapsen-za-predavstvo/feed/ 0
Политичката ситуација во Габон „под контрола“, бунтовниците уапсени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politichkata-situacija-vo-gabon-pod-kontrola-buntovnicite-uapseni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politichkata-situacija-vo-gabon-pod-kontrola-buntovnicite-uapseni/#respond Mon, 07 Jan 2019 13:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=149431

Политичката ситуација во Габон е „под контрола“ по обидот за воен удар, изјави портпарол на Владата, пренесува Би-Би-Си. Сите петмина бунтовници кои се обиделе да ја преземат власта се уапсени. Претходно на програмата на државната телевизија на Габон се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар со цел, како што тврдеа, враќање на демократијата. – Владата функционира. Институциите функционираат, изјави портпаролот на Владата Гај-Бертранд Мапангоу. Претходно на државната телевизија се појави војник кој прочита соопштение во кое се наведува дека армијата ја презела контролата врз Владата. Би-Би-СИ јави дека жителите на Либервил изјавиле дека на улиците во градот има тенкови и вооружени возила. Претседателот на Габон Али Бонго, кој на функцијата е од 2009 година, е вон земјата од октомври, а постои сомнеж дека доживеал мозочен удар. Тој на жителите на Габон им испрати новогодишна порака од болница во Мароко што ги поттикна сомнежите во неговата способност да продолжи да ги извршува своите обврски, истакна поручникот Кели Ондо Обианг кој се претстави како командант на Републиканската гарда и предводник на самопрогласеното Патриотско движење за одбрана и безбендосни сили на Габон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politichkata-situacija-vo-gabon-pod-kontrola-buntovnicite-uapseni/feed/ 0
Армијата изврши државен удар во Габон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armijata-izvrshi-drzaven-udar-vo-gabon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armijata-izvrshi-drzaven-udar-vo-gabon/#respond Mon, 07 Jan 2019 10:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=149338

Во Габон армијата соопшти дека извршила државен удар, а на улиците на главниот град Либервил има тенкови и други вооружени возила. На програмата на државната телевизија на Габон се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар со цел, како што тврдат, враќање на демократијата. На програмата се појави војник кој прочита соопштение во кое се наведува дека армијата ја презела контролата врз Владата. Жителите на Либервил изјавиле дека на улиците во градот има тенкови и вооружени возила. Претседателот на Габон Али Бонго, кој на функцијата е од 2009 година, е вон земјата од октомври, а постои сомнеж дека доживеал мозочен удар. Тој на жителите на Габон им испратил новогодишна порака од болница во Мароко. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armijata-izvrshi-drzaven-udar-vo-gabon/feed/ 0