Габриел Ескобар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 07:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Габриел Ескобар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ескобар: Загрижен сум за пораките од Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-zagrizhen-sum-za-porakite-od-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-zagrizhen-sum-za-porakite-od-prishtina/#respond Fri, 22 Sep 2023 07:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=880584

Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека е „малку загрижен“ од пораките од Приштина во кои се критикува претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Ескобар рече дека „не наоѓа докази за пристрасност“ во Лајчак. „Не наоѓам никакви докази за дослух на работа за да ги фаворизираат интересите на Србија во ова“, рече Ескобар. Тој додаде дека САД очекуваат двете страни да ја зајакнат својата посветеност и дека Приштина „да покаже повеќе прагматизам и реализам во нејзиниот пристап кон ЕУ“. На прашањето што гледа како излез од ќорсокакот во кој моментално се наоѓа дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ескобар одговори дека во моментов нема алтернатива за дијалогот, дека е важно двете страни да продолжат да се држат до дијалогот и ја повика Приштина да биде поконструктивна. Зборувајќи за мерките што Европската унија ги воведе во Приштина, тој рече дека тоа се последиците. „Не би рекол мерки, би рекол последици. И ќе ви кажам дека последиците со кои се соочува Косово се дека доколку одбијат да соработуваат со ЕУ, ЕУ нема да се вклучи во дополнителна помош и дополнителни мерки за интеграција“, рече Ескобар. Тој изрази надеж дека, барем билатерално, САД ќе можат да соработуваат со Приштина за да изнајдат начин за отстранување на тие мерки во 2024 година. Тој одговори негативно на прашањето дали има рок за тоа и посочи дека овие мерки се на неопределено време додека не се постигне напредок во спроведувањето на Охридскиот договор и планот за деескалација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-zagrizhen-sum-za-porakite-od-prishtina/feed/ 0
Маричиќ на средба со Ескобар: САД дејствуваат за напредок на регионот на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-na-sredba-so-eskobar-sad-dejstvuvaat-za-napredok-na-regionot-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-na-sredba-so-eskobar-sad-dejstvuvaat-za-napredok-na-regionot-na-zapaden-balkan/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=880392

На конструктивната средба со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, потврдивме дека нашето стратешко партнерство ги зајакнува односите меѓу двете држави и нашето заедничко дејствување за напредок на целиот регион кон ЕУ , истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата што се одржа во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации. Со премиерот Димитар Ковачевски, како што истакна Маричиќ, ја изразиле подготвеноста на Владата и определбата за продолжување на сите реформски процеси кои се од клучно значење за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. -Работејќи на нов напредок во преговорите со ЕУ, веруваме дека во наредниот период ќе ги оправдаме очекувањата на нашите сојузници и ќе продолжиме во правец за брзо членство во ЕУ, а САД ќе продолжи да ги поддржува реформите на патот кон ЕУ, нагласи вицепремиерот Маричиќ. САД, како што посочи Маричиќ, ги цени волјата и сериозниот пристап кој Северна Македонија го има кон евроинтеграцијата и одржувањето на стабилноста и мирот на целиот регион, што нѐ прави кредибилен и важен партнер на НАТО Алијансата, чиј придонес е признат и ценет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-na-sredba-so-eskobar-sad-dejstvuvaat-za-napredok-na-regionot-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Ковачевски – Ескобар: Неопходно е да донесеме уште една државничка одлука со што ќе ги осигураме евроинтеграциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-eskobar-neophodno-e-da-doneseme-ushte-edna-drzhavnichka-odluka-so-shto-ke-gi-osigurame-evrointegratsiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-eskobar-neophodno-e-da-doneseme-ushte-edna-drzhavnichka-odluka-so-shto-ke-gi-osigurame-evrointegratsiite/#respond Thu, 21 Sep 2023 07:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=880115

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамките на работна посета на Њујорк, се сретнал со заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот на премиерот Ковачевски со високиот претставник на САД, Ескобар, е разговарано за актуелни прашања од значење за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД и за состојбите во регионален и геополитички контекст. На средбата е истакнато значењето на големото и искрено пријателство помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, од независноста на нашата држава до денес. Тоа, како што е констатирано е одразено со активна соработка преточена во стратешкото партнерство меѓу двете држави и со потврдени резултати на планот на демократските, економските и стратешките интеграциски процеси на нашата држава. САД, како што е потенцирано, високо го ценат учеството на Република Македонија во мировните мисии, одговорното партнерство во НАТО и придонесот на земјава во стабилноста на Западен Балкан и со тоа и на Европа. -Од овие причини, во Северна Македонија се гледа доверлив партнер на САД. И, во таа насока е споделено е очекувањето дека сите политички субјекти во земјава ја имаат предвид историската и неповторлива шанса за ефикасен процес на зачленување во Европската Унија, по полноправното членство во НАТО. Нашиот европски пат, како што беше нагласено на средбата, е силно поддржан од САД, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Премиерот Ковачевски се заблагодарил за огромната и континуирана тридецениска поддршка од САД, во остварувањето на сите клучни и стратешки цели на Република Северна Македонија, како и за личните заложби на високиот американски претставник, Ескобар, во овој важен период кога треба да се осигура европската иднина на државата. -Поддршката од САД е од голема важност за унапредувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани, за просперитетот и стабилноста на Северна Македонија, како и на целиот регион. Неопходно е во претстојниот период да донесеме уште една државничка одлука со што ќе ги осигураме евроинтеграциите - и Владата и јас лично сме силно посветени на оваа цел, нагласил премиерот Ковачевски. На средбата било разговарано и околу имплементацијата на реформите во нашата држава, со фокус и кон владеењето на правото и борбата со криминал и корупција. При тоа била нагласена важноста на поддршката што ја добива Македонија од САД и во овие значајни процеси за граѓаните и за европските интеграции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-eskobar-neophodno-e-da-doneseme-ushte-edna-drzhavnichka-odluka-so-shto-ke-gi-osigurame-evrointegratsiite/feed/ 0
Ескобар: Курти не гарантира нормализација на односите меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-kurti-ne-garantira-normalizatsija-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-kurti-ne-garantira-normalizatsija-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/#respond Wed, 13 Sep 2023 07:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=877538

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека не добил гаранции од премиерот на Косово, Албин Курти за посветеноста на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, односно претставување на нацрт-статутот на ЗСО на утрешната рунда дијалог во Брисел. Во интервју за Гласот на Америка, Ескобар изјави дека не добил гаранции од Курти во неодамнешниот телефонски разговор дека е посветен на спроведувањето на договорот за нормализација и неговиот анекс, што Курти го објави во понеделникот на социјалната мрежа Х (Твитер ). „Кога станува збор за косовската страна, тоа значи презентирање на нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство. Курти не се обврза да го направи тоа. Во суштина, она на што се обврза беше присуството на состаноците во Брисел и ништо повеќе“, рече Ескобар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-kurti-ne-garantira-normalizatsija-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: На само 300 метри додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку власта е европска, се случи рутинска каубојска крими пресметка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-samo-300-metri-dodeka-kovachevski-go-ubeduvashe-eskobar-kolku-vlasta-e-evropska-se-sluchi-rutinska-kaubojska-krimi-presmetka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-samo-300-metri-dodeka-kovachevski-go-ubeduvashe-eskobar-kolku-vlasta-e-evropska-se-sluchi-rutinska-kaubojska-krimi-presmetka/#respond Sat, 26 Aug 2023 08:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=871112

За тоа колку власта е европска говори и вчерашниот настан кој веќе е рутина во главниот град, да се случуваат криминални пресметки меѓу криминални пулени на власта, додека во исто време Спасовски и Ковачевски не убедуваат за европските вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека среде Скопје, во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа криминална влада е европска. -Во оваа држава криминалците и политичкото водство на државата се едно. Криминалците и истите тие кои се пресметуваат се луѓето чии услуги ги користат властите и затоа е дрскоста со која среде главниот град си се пресметуваат а Скопје го претворија во вестерн стрелиште. Со години влакно не им фали на криминалците кои се заштитени како бели мечки. Затоа се потребни промени, и затвор за сите кои се огрешиле кон законот, се наведува во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-samo-300-metri-dodeka-kovachevski-go-ubeduvashe-eskobar-kolku-vlasta-e-evropska-se-sluchi-rutinska-kaubojska-krimi-presmetka/feed/ 0
Ескобар: САД не поставуваат влади, но поставуваат очекувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-sad-ne-postavuvaat-vladi-no-postavuvaat-ochekuvana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-sad-ne-postavuvaat-vladi-no-postavuvaat-ochekuvana/#respond Fri, 25 Aug 2023 10:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=870838 Фото: МИА .

„Навистина ни беше многу мило што започна процесот затоа што сакаме да ве видиме во ЕУ, вие сте дел и член на евроатланската заедница така што сакаме да имате блиску учество во сите тие структури, мило ми е што започна процесот и се надевам дека ќе продолжи“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар. Тој додаде дека САД не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања. „САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар. Заменик-помошникот државен сректар на САД додаде дека со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ќе има отворен разговор и сака да ги слушне неговите ставови. „Се надевам дека ќе имаме повеќе да кажеме на јавноста по нашиот состанок“ рече Ескобар.]]>
Фото: МИА .

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-sad-ne-postavuvaat-vladi-no-postavuvaat-ochekuvana/feed/ 0
Ковачевски со Ескобар: Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-so-eskobar-nov-dogovor-nema-da-ima-nitu-ke-ima-mozhnost-za-repregovarane-na-pregovarachkata-ramka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-so-eskobar-nov-dogovor-nema-da-ima-nitu-ke-ima-mozhnost-za-repregovarane-na-pregovarachkata-ramka/#respond Fri, 25 Aug 2023 09:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=870815

САД биле, се и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси за демократскиот напредок на земјата, од независноста до денес и се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на државата а тоа е членството во НАТО, кое што го остваривме и она што следи, членството во ЕУ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во посета на Скопје. Тој информираше дека на денешниот состанок разговарале за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Нов договор, како што рече, нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка. -Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка, како што некои политичари истакнуваат. Она што ние треба да направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Македонија во полноправно членство во ЕУ. По членството во НАТО, Македонија треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи Европската Унија е нашата единствена алтернатива и директен интерес на граѓаните и барање на граѓаните, рече Ковачевски. Тој изрази благодарност за придонесот на САД во сите процеси, како и за личните заложби на Ескобар, како во однос на развојот на Македонија, така и во неговите лични заложби за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан. -На денешниот состанок разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Раговаравме за успешниот тек на скрининг процесот, а пред се за процесот на отпочнувањето на уставните измени кои покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европската иднина и продлжување на процесот на европски интеграции на Македонија, рече Ковачевски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-so-eskobar-nov-dogovor-nema-da-ima-nitu-ke-ima-mozhnost-za-repregovarane-na-pregovarachkata-ramka/feed/ 0
Ескобар: САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-sad-gi-gledaat-kako-prirodni-partneri-onie-shto-se-posveteni-na-evropskata-integratsija-na-nato-i-na-borbata-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-sad-gi-gledaat-kako-prirodni-partneri-onie-shto-se-posveteni-na-evropskata-integratsija-na-nato-i-na-borbata-protiv-koruptsijata/#respond Fri, 25 Aug 2023 09:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=870812 Фото: МИА .

САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Влада. Прашан каква порака има за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Ескобар рече дека нема никого да подложува на тортура овде, но дека очекува отворена размена на гледишта и дека ќе има нешто повеќе да каже за јавноста по состанокот. – Нема никого да подложувам на тортура овде. Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања и единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја даваме на сите во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака, изјави Ескобар, одговарајќи на новианарско прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-sad-gi-gledaat-kako-prirodni-partneri-onie-shto-se-posveteni-na-evropskata-integratsija-na-nato-i-na-borbata-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Ескобар на средби со Ковачевски и Мицкоски, Вашингтон очекува да продолжат евроинтеграциските процеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-na-sredbi-so-kovachevski-i-mitskoski-vashington-ochekuva-da-prodolzhat-evrointegratsiskite-protsesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-na-sredbi-so-kovachevski-i-mitskoski-vashington-ochekuva-da-prodolzhat-evrointegratsiskite-protsesi/#respond Fri, 25 Aug 2023 07:23:55 +0000 https://kurir.mk/?p=870759

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Првата средба на Ескобар беше вчера со претседателот Стево Пендаровски, и на неа, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. - На средбата беше потврдена и поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина, соопшти Кабинетот на Претседателот. Во пресрет на посетата на Ескобар премиерот Ковачевски вчера најави дека со американскиот функционер ќе разговараат за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија. Порача дека уставните измени се исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ. - Уставните измени така како што се предложени во Собранието за кои отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда, рече премиерот. Мицкоски, пак, пред посетата на Ескобар порача дека е важно секој кој доаѓа во нашата држава без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Го повтори барањето за предвремени парламентарни избори и ставот дека нема поддршка за уставните измени од опозициската партија. Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Сѐ останато е дополнително тапкање во место, рече Мицкоски. Според мего, можна е лидерска средба, но, како што рече, на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. - Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека сѐ останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави. Неговиот ставот што го изнесе претходно „дека има обиди од Европа и од светот да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ нивните пратеници да гласаат за уставни измени“, вчера го коментираше Ковачевски, кој вели дека тоа го потсетува на 11-те години на претходниот прв човек на опозициската партија. Пласирање на тези дека постои светска завера, наведе премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува. Дополни дека покрај сите хистерии и лажни обвинувања дека ќе настанела бугаризација, асимилација, губење на јазик и на идентитет, ние ги почнавме преговорите со ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет преку резолуции на германскиот Бундестаг. -Она што следува во американскиот Конгрес преку изјави на сите највисоки раководители од Европа тука во нашиот Парламент за значењето на македонската култура, историја, идентитет итн. Затоа сметам дека една држава која што има стратешко партнерство со САД како ниедна друга земја во овој регион, која што е земја членка на НАТО пласирање на тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен во политичка кариера на тој што го кажува, изјави премиерот Ковачевски. Од прес-службата на Стејт департментот вчера порачаа дека заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија. - Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-na-sredbi-so-kovachevski-i-mitskoski-vashington-ochekuva-da-prodolzhat-evrointegratsiskite-protsesi/feed/ 0
Ковачевски: Поддршката од САД е значајна во сите клучни моменти за нашата држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-poddrshkata-od-sad-e-znachajna-vo-site-kluchni-momenti-za-nashata-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-poddrshkata-od-sad-e-znachajna-vo-site-kluchni-momenti-za-nashata-drzhava/#respond Thu, 24 Aug 2023 19:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=870682

Стратешкото партнерство со САД е базирано на меѓусебна доверба и продолжуваме да го развиваме низ меѓусебно разбирање, за сите важни прашања од заеднички и стратешки интерес, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. На објавата во која му посакува добредојде на заменикот-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој пристигна во Скопје, Ковачевски наведува дека поддршката од САД е значајна во сите клучни моменти за нашата држава. - Значајна е поддршката од САД во сите клучни моменти за нашата држава. Стратешкото партнерство со САД е базирано на меѓусебна доверба. И продолжуваме да го развиваме низ меѓусебно разбирање, за сите важни прашања од заеднички и стратешки интерес. Очекувам продуктивна средба утре, напиша Ковачевски. Официјалната средба на Ковачевски и Ескобар е најавена за утре, по која претпладне тие ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата, а Ескобар ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Тој денеска имаше средба и со претседателот Стево Пендаровски, на која го изрази очекувањето од официјален Вашингтон Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-poddrshkata-od-sad-e-znachajna-vo-site-kluchni-momenti-za-nashata-drzhava/feed/ 0