Габриел Жесус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 03:52:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Габриел Жесус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсенал без Габриел Жесус ќе ја започне новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-bez-gabriel-zhesus-ke-ja-zapochne-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-bez-gabriel-zhesus-ke-ja-zapochne-novata-sezona/#respond Thu, 03 Aug 2023 03:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=862748

Тренерот на Арсенал Микел Артета ја потврди повредата на коленото на Габриел Жесус и рече дека напаѓачот ќе отсуствува неколку недели. Арсенал на 12. август го игра првиот натпревар од новата сезона во Премиерлигата, а дотогаш Габриел Жесус нема да биде опоравен. „Тој имаше мала процедура утринава, за жал повреден е. Имаше некаква нелагодност во коленото која му правеше проблеми, па мораше да се направи интервенција. Тој неколку недели ќе биде надвор од теренот“, потврди Артета.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-bez-gabriel-zhesus-ke-ja-zapochne-novata-sezona/feed/ 0
Арсенал се огласи, Жезус опериран https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-se-oglasi-zezus-operiran/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-se-oglasi-zezus-operiran/#respond Wed, 07 Dec 2022 18:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=772469

Фудбалерот на Арсенал и бразилски репрезентативец Габриел Жесус го оперираше коленото, соопшти вечерва лондонскиот клуб. Жесус се повреди пред пет дена на натпреварот од последното, трето коло од групата Г на Светското првенство во Катар против Камерун (0:1). - Габи сега ќе започне со рехабилитација. Сите во клубот го поддржуваат и заедно ќе работиме напорно за што поскоро да го вратиме на теренот, објави Арсенал, но не прецизираше колку долго бразилскиот напаѓач ќе отсуствува од терените. Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе паузира меѓу 10 и 12 недели, а во тој период ќе пропушти бројни натпревари. Жесус (25) во летниот преоден рок пристигна во Арсенал од Манчестер Сити. За лондонскиот клуб одигра 20 натпревари и постигна пет гола. Бразил во петок во четвртфиналето на СП ќе игра против Хрватска.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-se-oglasi-zezus-operiran/feed/ 0
Жесус постигна два гола во дебито за Арсенал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zesus-postigna-dva-gola-vo-debito-za-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zesus-postigna-dva-gola-vo-debito-za-arsenal/#respond Sat, 09 Jul 2022 08:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=702580

Засилувањето на Арсенал од Манчестер сити, Габриел Жесус постигна два гола на првиот меч за „топчиите“. Лондонскиот клуб во пријателски натпревар вчеравечер го победи Нирнберг на гостиснки терен со 5:3. Дваесет и петгодишниот Бразилец влезе на стартот од вториот дел и погоди двапати по асистенциите на Едвард Нкетија и Габриел Мартинели. Жезус го постигна првиот гол по само две минути од влегувањето на теренот. На 4 јули, Жесус се пресели во Арсенал од Манчестер сити, потпишувајќи договор со лондонскиот клуб до 2027 година. Со Жезус во тимот Арсенал се надева дека во новата премиерлигашка сезона ќе избори место кое носи учество во Лигата на шампионите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zesus-postigna-dva-gola-vo-debito-za-arsenal/feed/ 0
Бразилец доаѓа во Милан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazilec-doagja-vo-milan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazilec-doagja-vo-milan/#respond Mon, 16 May 2022 20:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=677558

Милан е на добар пат да ја освои првата шампионска титула во Серија А по пауза од 11 години, додека веќе им е обезбедено местото во Лигата на шампиони, па „росонерите“ почнаа да размислуваат за потенцијални засилувања. Раководството на клубот почна да бара нови засилувања, а една од желбите им е Габриел Жесус кој ќе замине од Манчестер сити поради доаѓањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Бразилецот не е во прв план на тренерот Пеп Гвардиола, иако настапи на 40 меча во сите натпреварувања оваа сезона и притоа постигна 13 голови и 12 асистенции.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazilec-doagja-vo-milan/feed/ 0
Дојде Халанд, па Габриел Жесус е вишок – Бразилецот пред потпис со Арсенал! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dojde-haland-pa-gabriel-zesus-e-vishok-brazilecot-pred-potpis-so-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dojde-haland-pa-gabriel-zesus-e-vishok-brazilecot-pred-potpis-so-arsenal/#respond Tue, 10 May 2022 19:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=674834

Манчестер сити веќе го промовира своето бомбастично засилување за новата сезона, норвешкиот незапирлив бомбардер Ерлинг Браут Халанд и ангажманот на суперталентот значи дека Габриел Жесус е вишок на „Итихад“. „Скај Спорт“ вечерва објави дека репрезентативецот на „кариоките“ и долгогодишен член на Сити е пред потпис со лондонски Арсенал, зашто Микел Артета веќе подолго време бара добар центарфор за својот тим, а бидејќи „топчиите“ се пред пласман во ЛШ, за настапот во елитното друштво и тоа како ќе им треба добар голгетер. Жесус во Сити дојде за 33 милиони евра од Палмеираш во 2017 година и оттогаш има 58 гола на 157 настапи за „граѓаните“, додека за Бразил на 54 меча даде 18 гола. Жесус сезонава има осум гола и осум асистенции во 26 меча во Премиерлигата, но посебно игра во одлична форма во последниве три недели во кои даде вкупно шест гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dojde-haland-pa-gabriel-zesus-e-vishok-brazilecot-pred-potpis-so-arsenal/feed/ 0