Галаб Донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 13:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Галаб Донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донев: Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-ne-saka-da-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-ne-saka-da-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti-na-makedonija/#respond Fri, 07 Apr 2023 13:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=821524

Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Република Македонија. Уставните измени и носење други закони секоја држава треба да ги решава согласно внатрешната практика. Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес, изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за бТВ. Донев, како што пренесе БТА, потсети дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што рече, ќе им бидат гарантирани нивните права. Според него, нормално е Република Македонија да ја исполни преземената обврска, којашто не е само кон Бугарија, туку кон сите земји членки на ЕУ. -Затоа што Република  Македонија, потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ, го потпиша тој договор со сите земји членки, рече Донев. На прашањето дали Бугарија треба да стави повторно вето на Северна Македонија за членство во ЕУ, Донев рече дека тоа не е најправилното решение, туку треба да се бара позитивен дијалог и патишта за да се приближат позициите. - Бидејќи Република Северна Македонија има желба да стане членка на ЕУ, треба да ги почитува принципите врз кои се темели Унијата, изјави Донев. Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вчера на брифинг за новинари појаснил дека „процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Македонија“, но, притоа нагласил дека „Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Македонија“. Во средата, тој на брифинг со новинари, како што пренесе БНР, кажал дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, на што македонското МНР истиот ден експресно излезе со реакција, потенцирајќи дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија. Вчера и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски потенцираа дека уставните измени се внатрешно прашање на земјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-ne-saka-da-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti-na-makedonija/feed/ 0
Донев: Подготвени сме за избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-podgotveni-sme-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-podgotveni-sme-za-izbori/#respond Wed, 22 Mar 2023 08:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=814818

На 12 дена пред 2 април ние можеме јасно да кажеме пред јавноста дека сме подготвени за избори. Ова го изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев пред почетокот на денешната владина седница. „Ние сме во епицентарот на предизборната кампања“, забележа тој „Во последниве месеци, земјата беше управувана од преодна влада поради неможноста на 48-то Народно собрание да формира редовна влада. Ова е причината поради која имаме нови парламентарни избори. Очекувањата на сите политички фигури вклучуваат размислување за следните изборни денови кога избраните пратеници во 49. Народно собрание ќе донесат одлуки за иднината на Бугарија“, рече премиерот на Бугарија пред почетокот на денешната седница. Тој додаде дека таа влада политичките партии ја вовлекуваат во предизборна игра, „за жал, често со нечесност и лаги“. - Ние сме официјална влада. Како не нарекуваат е без начење - техничка, привремена или назначена влада“, изјави Галаб Донев, јави БТА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-podgotveni-sme-za-izbori/feed/ 0
Донев: Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-makedonija/#respond Mon, 06 Feb 2023 19:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=796955

Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели. Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Северна Македонија, и прва и обезбедила воена опрема. Тој нема информации оти и некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Северна Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје. - Нема да го прекинеме дијалогот со Република Северна Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев. Запрашан дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-makedonija/feed/ 0
Ковачевски – Донев: Достоинствено чествување на роденденот на Делчев, санкционирање на секој што ќе ги наруши мирот и безбедноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-donev-dostoinstveno-chestvuvane-na-rodendenot-na-delchev-sanktsionirane-na-sekoj-shto-ke-gi-narushi-mirot-i-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-donev-dostoinstveno-chestvuvane-na-rodendenot-na-delchev-sanktsionirane-na-sekoj-shto-ke-gi-narushi-mirot-i-bezbednosta/#respond Fri, 27 Jan 2023 18:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=793007

Прeмиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со техничкиот премиер на Република Бугарија, Галаб Донев, во чиј фокус биле актуелните теми во двете држави, соопшти владината прес-служба. Ковачевски во разговорот со техничкиот премиер Донев потенцираше дека Република Северна Македонија, согласно уставното уредување гарантира остварување на правата на секој граѓанин кој живее во државата. -Во контекст на случувањата и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, беше потенцирано дека активностите на поединци, без разлика дали се граѓани на Република Бугарија или на Република Северна Македонија кои ќе бидат во насока на оневозможување на мирно и безбедно чествување на празникот, ќе бидат соодветно санкционирани, како што се очекува да постапи и бугарската страна, стои во соопштението. Во однос на претстојното чествување на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а со цел одбележувањето да помине во мирна и пријателска атмосфера, задолжено е Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-donev-dostoinstveno-chestvuvane-na-rodendenot-na-delchev-sanktsionirane-na-sekoj-shto-ke-gi-narushi-mirot-i-bezbednosta/feed/ 0
Ковачавески и Донев телефонски разговарале за актуелните случувања во односите меѓу двете земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachaveski-i-donev-telefonski-razgovarale-za-aktuelnite-sluchuvana-vo-odnosite-megu-dvete-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachaveski-i-donev-telefonski-razgovarale-za-aktuelnite-sluchuvana-vo-odnosite-megu-dvete-zemji/#respond Fri, 27 Jan 2023 15:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=792946

Премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, денеска имале телефонски разговор за актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службата на бугарската Влада соопшти дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да се одвиваат мирно и непречено. Во таа насока, в понеделник на 30 јануари вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари. – Донев и Ковачевски разговараа и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Во разговорот, премиерот Донев повторно потсети на очекувањата, Република Северна Македонија да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachaveski-i-donev-telefonski-razgovarale-za-aktuelnite-sluchuvana-vo-odnosite-megu-dvete-zemji/feed/ 0
Радев: Следен вршител на должноста премиер ќе биде Галаб Донев https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-sleden-vrshitel-na-dolzhnosta-premier-ke-bide-galab-donev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-sleden-vrshitel-na-dolzhnosta-premier-ke-bide-galab-donev/#respond Sat, 21 Jan 2023 09:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=789996

Следен технички премиер ќе биде стариот технички премиер, чие име е Галаб Донев. Ниту за секунда не дозволив други опции. Тоа за „Дарик радио“ го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесе БТА. Причината за неговиот коментар е нереализирањето на третиот мандат за формирање влада во таа држава. – Нема Радев модел, има Устав. Таму многу јасно пишува дека кога партиите не можат да формираат влада, претседателот е должен да именува, изјави претседателот. – Партиите, што сакаат да ја избегнат одговорноста за владеење во време на криза, се кријат зад преодната влада, рече Радев.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-sleden-vrshitel-na-dolzhnosta-premier-ke-bide-galab-donev/feed/ 0
Бугарскиот премиер ни држи лекции за условите и обврските кои Македонија мора да ги исполни, а избегна да каже дали пак ќе ни стават блокади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-ni-drzi-lekcii-za-uslovite-i-obvrskite-koi-makedonija-mora-da-gi-ispolni-a-izbegna-da-kaze-dali-pak-kje-ni-stavat-blokadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-ni-drzi-lekcii-za-uslovite-i-obvrskite-koi-makedonija-mora-da-gi-ispolni-a-izbegna-da-kaze-dali-pak-kje-ni-stavat-blokadi/#respond Sat, 29 Oct 2022 13:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=752375

Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е еден од условите кои земјата ги презема како обврска не само во билатералниот протокол од Договорот за добрососедство и соработка, туку со потпишувањето на т.н. „француски договор“. Тоа е обврска не само кон Бугарија, туку и кон сите останати земји членки на Европската унија, изјави денеска бугарскиот премиер Галaб Донев, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Прашан дали Бугарија може да даде гаранции дека доколку се направат уставните измени нема да има повеќе нови блокади на европскиот пат, Донев рече дека патот за членство на Република Северна Македонија во Европската унија поминува низ потписот на апсолутно сите 27 земји членки на ЕУ. -Затоа патот по кој треба да се движите е строго исполнување на сите критериуми и договори кои се преземени пред ЕУ како целина. Бугарија е дел од ЕУ и Бугарија ги постави своите услови, но условите кои се веќе утврдени од земјите членки на ЕУ се поддржани со потпис од сите 27 земји. Така што, тоа што е во договорот и тоа што треба да се исполни за да биде одржана правата меѓувладина конференција, која што го означува стартот на преговорите за членство во ЕУ, тоа е нешто кон кое треба да се стреми Република Северна Македонија, изјави Донев. Бугарскиот премиер, исто така, изрази благодарност до премиерот Ковачевски, оценувајќи дека Владата на Република Северна Македонија држи многу точна, јасна и европска позиција. -Позиција што ќе ја изнесе Република Северна Македонија на вистинскиот пат за членство во ЕУ, кон еден свет со повеќе вредности и слободи и благосостојба, рече Донев. Денешниот пример за отпочнување на источниот дел од Коридорот 8, Донев рече дека, е дел од оние проекти и дејствија што треба да ги преземаат владите за да има многу подобар живот и тоа е примерот што треба да се следи. -Се останато само пречи на нашиот пат кон заедничките вредности и добросостојбата на двата народа, нагласи Донев. Со членството во ЕУ, според Донев, обврските на земјата се прошируваат, исто како и правата и слободите на граѓаните. -Затоа има голем број договори, конвенции и Копенхашките критериуми кои треба да ги исполни секоја една држава, така што граѓаните на ЕУ ги уживаат еднакво исто сите права и обврски кои ги има секој еден граѓанин на ЕУ. Тоа е еден долг и сложен процес, но резултатот и изминатиот пат е еден подобар живот за граѓаните на земјата која станува членка на ЕУ. Едно подобро ниво на живот, подобра благосостојба, живот без граници меѓу државите, слободен проток на стоки и луѓе. Тоа се основните принципи кои си ги поставува ЕУ како цел, изјави Донев, по означувањето на почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-ni-drzi-lekcii-za-uslovite-i-obvrskite-koi-makedonija-mora-da-gi-ispolni-a-izbegna-da-kaze-dali-pak-kje-ni-stavat-blokadi/feed/ 0
Бугарскиот премиер Донев доаѓа во Македонија на свеченото отворање на железничкиот коридор до границата со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-donev-doagja-vo-makedonija-na-svechenoto-otvoranje-na-zeleznichkiot-koridor-do-granicata-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-donev-doagja-vo-makedonija-na-svechenoto-otvoranje-na-zeleznichkiot-koridor-do-granicata-so-bugarija/#respond Fri, 28 Oct 2022 06:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=751568

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, во сабота ќе дојде во Република Северна Македонија, на покана на неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски, за да учествува на церемонијата по повод почетокот на изградбата на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, настанот ќе се одржи в сабота, во 12 часот, во близина на Куманово, а ќе присуствува и бугарскиот вицепремиер за економски политики и министер за транспорт и врски Христо Алексиев. Паневропскиот коридор VIII, како што потсетува дописникот на МИА, ја поврзува Бугарија со Северна Македонија, Албанија и по морски пат со Италија. Тоа е клучна рута во однос на зајакнувањето на поврзаноста на регионот, создавајќи интермодална врска меѓу Црното и Јадранското Море. Коридорот може да создаде голема додадена вредност за развојот на целиот балкански регион. Бугарија, Северна Македонија и Албанија прават заеднички напори за негово комплетирање со изградба на главните проекти за железничка транспортна инфраструктура на нивните територии. Бугарија активно работи на вклучување на Коридорот VIII во приоритетната европска транспортна мрежа во правец Софија – Скопје – Драч – Тирана и тој да биде определен како дел од европскиот коридор „Западен Балкан“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-premier-donev-doagja-vo-makedonija-na-svechenoto-otvoranje-na-zeleznichkiot-koridor-do-granicata-so-bugarija/feed/ 0
Бугарскиот премиер Донев ќе одржи состанок на владиниот Совет за безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-premier-donev-kje-odrzi-sostanok-na-vladiniot-sovet-za-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-premier-donev-kje-odrzi-sostanok-na-vladiniot-sovet-za-bezbednost/#respond Thu, 29 Sep 2022 09:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=738912

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев денеска ќе одржи состанок на владиниот совет за безбедност, јави дописникот на МИА од Софија. Повод за средбата е зголемената ескалација на воениот конфликт меѓу Русија и Украина по најавената делумна воена мобилизација од страна на рускиот претседател Владимир Путин, како и референдумот одржан во неколку украински региони. Донев најави дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но во овој момент нема директна воена закана. Советот за безбедност има за цел да ја анализира состојбата на системот за заштита на националната безбедност, да подготви процени и да ги предложи потребните решенија. Со него претседава премиерот на земјата и вклучува претставници на безбедносните служби. Минатата недела претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа консултативен состанок на тема Украина, на кој учествуваше премиерот Донев и на кој се разговараше за ризиците со кои се соочува земјата и системите кои би можеле да бидат погодени од ескалација на руската инвазија врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-premier-donev-kje-odrzi-sostanok-na-vladiniot-sovet-za-bezbednost/feed/ 0
Ковачевски и Донев на состанок за справување со последиците од енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-i-donev-na-sostanok-za-spravuvanje-so-posledicite-od-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-i-donev-na-sostanok-za-spravuvanje-so-posledicite-od-energetskata-kriza/#respond Mon, 05 Sep 2022 13:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=728983

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија оствари работна средба со премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев, по што беа одржани работни состаноци со ресорите од секторите економија и енергетика од двете земји. Во состав на официјална делегација на работните состаноци присуствуваа Бујар Османи, министер за надворешни работи, Крешник Бектеши, министер за економија, Васко Ковачевски, директор на ЕСМ, Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија и Виктор Андонов,соработник за енергетика. Од бугарска страна на состаноците беа присутни Николај Милков, министер за надворешни работи, Росен Христов, министер за енергетика, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Нина Колева,шеф на политичкиот Кабинет на премиерот, Андреј Техов, советник за надворешна политика на претседателот, Љубомира Ганчева, раководител на политичка канцеларија на министерот за енергетика, Славина Иванова, советник на министерот за енергетика и Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“. На средбата беше дискутирано за состојбата во енергетскиот сектор и кризата на светско ниво предизвикана од воената агресија врз Украина. Двајцата премиери разговараа дека приоритет во преден план треба да биде фокус на решавањето на енергетската криза и недостигот на енергенси. По завршувањето на работните состаноци предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата премиери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-i-donev-na-sostanok-za-spravuvanje-so-posledicite-od-energetskata-kriza/feed/ 0