галаксија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 May 2022 19:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png галаксија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За првпат направена фотографија од супермасивна црна дупка во центарот на нашата галаксија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-prvpat-napravena-fotografija-od-supermasivna-crna-dupka-vo-centarot-na-nashata-galaksija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-prvpat-napravena-fotografija-od-supermasivna-crna-dupka-vo-centarot-na-nashata-galaksija/#respond Thu, 12 May 2022 19:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=675988

Фотографијата која ја објави „Event Horizon Telescope Collaboration“ прикажува црна дупка во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат. Црната дупка се нарекува Стрелец А* и се наоѓа близу границата помеѓу соѕвездијата Стрелец и Шкорпија. Таа е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце. Фотографијата ја направиле 8 синхронизирани радиотелескопи ширум светот. Опишувајќи ја фотографијата, од Европската јужна опсерваторија (ESO) навеле дека „иако не можеме да ја видиме самата црна дупка бидејќи е потполно темна, вжештениот гас околу неа открива за што станува збор: тоа е темно централно подрачје, наречено „сенка“, опкружено со светла прстенеста структура. Аголот од кој е настаната фотографијата фаќа светлина обвиена од моќната гравитација на црната дупка која е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце“. „Фотографијата е долгоочекуван поглед на масивен објект кој се наоѓа во самиот центар на нашата галаксија. Научниците претходно забележаа ѕвезди како кружат околу нешто невидливо, компактно и многу масивно во центарот на Млечниот пат. Ова силно сугерира дека овој објект – познат како Стрелец (Saggitarius) A* е навистина црна дупка, а денеска објавената фотографија овозможува прв директен визуелен доказ за тоа“, стои во соопштението на „ЕSO“. Се проценува дека црната дупка е оддалечена околу 27.000 светлосни години од Земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-prvpat-napravena-fotografija-od-supermasivna-crna-dupka-vo-centarot-na-nashata-galaksija/feed/ 0
ШОК ВО ВСЕЛЕНАТА! Откриена НАЈГОЛЕМАТА галаксија досега, а сè уште расте https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shok-vo-vselenata-otkriena-najgolemata-galaksija-dosega-a-se-ushte-raste/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shok-vo-vselenata-otkriena-najgolemata-galaksija-dosega-a-se-ushte-raste/#respond Thu, 17 Feb 2022 15:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=632763

Радио галаксијата „Алкионеус“ е најголемата галаксија откриена досега, согласни се научниците Големите галаксии инаку се мистерија за научниците. Тие се состојат од галаксијата домаќин, збир на ѕвезди кои орбитираат околу галактичкото јадро во кое има супермасивна црна дупка, но и огромни млазови и вентили кои избиваат од галактичкиот центар, пишува „Index.hr“. Она што е интересно е дека оваа галаксија е 400 милиони пати помасивна од Сонцето и сè уште продолжува да расте. – Алкион и нејзината галаксија домаќин се всушност обични – вкупната нискофреквентна густина на светлината, ѕвездената маса и масата на супермасивната црна дупка се пониски од оние на џиновските радио галаксии со средна големина. Значи не се потребни многу масивни галаксии или централни црни дупки за да се формираат такви џинови – пишуваат научниците. Откритието, кое ги фасцинираше научниците, наскоро треба да биде објавено во списанието „Astronomy & Astrophisics“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shok-vo-vselenata-otkriena-najgolemata-galaksija-dosega-a-se-ushte-raste/feed/ 0
Научниците снимиле огромна експлозија во најстарата галаксија во вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-snimile-ogromna-eksplozija-vo-najstarata-galaksija-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-snimile-ogromna-eksplozija-vo-najstarata-galaksija-vo-vselenata/#respond Wed, 16 Dec 2020 19:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=444270

Научниците забележале феномен во надворешната вселенска галаксија кој наликува на моќна експлозија со високо-енергетско зрачење. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде најстариот познат излив на гама зраци што се случил околу 400 милиони години по Големата експлозија. Астрофизичарот Линхуа Џианг од универзитетот во Пекинг и неговите колеги ја користеле опсерваторијата Кек на Хаваите за да ја испитаат најслабата и најстара позната галаксија во вселената, GN-z11. Во еден момент, забележале дека станува стотици пати посветло и посветло на неколку минути, пишува New Scientist. Експертите веруваат дека тие биле сведоци на рафал на гама-зраци (GRB), или моќен излив на гама-зраци поврзан со големи експлозии слични на супернова во далечните галаксии. Еден таков блиц произведува во просек за неколку секунди исто толку зрачење како Сонцето за 10 милијарди години , што всушност би бил целиот животен век на Сонцето. Ова се најмоќните експлозии познати во универзумот што го знае човештвото. Секако, кога ќе се погледне во GN-z11, ќе се види како изгледала таа галаксија пред 13,4 милијарди години, што значи дека таа е една од првите галаксии што се формирала по Големата експлозија. Поради проширувањето на универзумот, тој сега е оддалечен околу 32 милијарди светлосни години. Проширувањето на универзумот исто така го продолжува времетраењето на експлозијата што ја виделе Џианг и неговите колеги, а кое веројатно траело само дваесетина секунди. Пред ова откритие, најоддалечениот познат блесок на гама зрачење се случил околу 100 милиони години подоцна, околу 500 милиони години по Големата експлозија, што укажува на тоа дека галаксиите во раниот универзум биле поактивни отколку што се сметало порано. "Рафалите на гама зраците треба да бидат исклучително ретки. Веројатноста за откривање на таква појава во одредена галаксија е близу до нула. Ако требаше да набљудувате галаксија пред милион години, веројатно ќе пронајдевте само неколку рафали на гама-зраци. Затоа бевме толку изненадени", рече Џианг. . Она што сè уште не е сосема јасно, и што би било добро да се провери понатаму, е дали овој настан е навистина далечен рафал на гама-зраци или можеби бил лош сигнал од сателитот или некој предмет во нашиот соларен систем како на пример астероид. Џианг се сомнева дека станува збор за грешка, но вели дека за жал не може да се потврди затоа што тоа било феномен што поминал. Тој додава дека нивото на осветленост и времетраењето на настанот укажуваат на експлозија на гама зрачење. Студијата наречена Evidence for GN-z11 as a luminous galaxy at redshift 10.957 е објавена во списанието Nature Astronomy.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-snimile-ogromna-eksplozija-vo-najstarata-galaksija-vo-vselenata/feed/ 0
(Видео) Откриена оддалечена диск-галаксија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-otkriena-oddalechena-disk-galaksija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-otkriena-oddalechena-disk-galaksija/#respond Mon, 25 May 2020 18:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=350098

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков вид, кои овие научници ја воочиле досега, ова откритие ќе влијае на претставата која науката ја имала досега за формирањето на галаксиите во текот на раната фаза од историјата на Универзумот. Галаксијата, која го носи името DLA0817g, е забележана благодарејќи на системот од телескопи, кој се наоѓа во пустината Атакама во Чиле. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-otkriena-oddalechena-disk-galaksija/feed/ 0