галичка свадба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jul 2023 17:30:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png галичка свадба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО ЖИВО: Се развива бајракот на Галичка свадба, се играат ората „Невестинско“ и „Тешкото“, симбол на непокорот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zhivo-se-razviva-bajrakot-na-galichka-svadba-se-igraat-orata-nevestinsko-i-teshkoto-simbol-na-nepokorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zhivo-se-razviva-bajrakot-na-galichka-svadba-se-igraat-orata-nevestinsko-i-teshkoto-simbol-na-nepokorot/#respond Sat, 15 Jul 2023 17:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=856997

Викендов се одржува јубилејното 60-то издание на Галичка свадба. Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Врвот на бајракот денеска се кити со цвеќе, а потоа се развива. Зетот го става на „перде“ од десната страна на куќата и се „фрла“ пушка. Во 20 часот топаните ќе тргнат кон куќата на зетот, а тој со братот и побратимите ќе тргнат кон мостот каде ќе се сретнат. Со сито на глава и бокал во раце, со блиските роднини, сверквата води оро. Потоа ќе се изведат ората „Невестинско“ и  „Тешкото“ кои се симбол на пркосот и непокорот. Поворката од свадбари со борини и факели одат од куќата на зетот до куќата на невестата, а потоа заедно со неа одат на три чешми да наполнат вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zhivo-se-razviva-bajrakot-na-galichka-svadba-se-igraat-orata-nevestinsko-i-teshkoto-simbol-na-nepokorot/feed/ 0
Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-ogranicheno-dvizhene-so-motorni-vozila-za-galichka-svadba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-ogranicheno-dvizhene-so-motorni-vozila-za-galichka-svadba/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=856288

За време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“ по локалниот пат до селото Галичник ќе важи посебен сообраќаен режим со ограничено движење на моторни возила во сабота и во недела. Од полицијата информираат дека во периодот од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) заради одвивање на церемонијата и активностите опфатени со манифестацијата „Галичка свадба 2023“ ќе воведе посебен сообраќаен режим од и кон мијачкото село Галичник. - Во овој период во селото ќе може да влегуваат само возила со посебни пропусници, додека сите други гости и посетители нивните возила ќе треба да ги паркираат на стадионот во Галичник или на ливадите од двете страни пред стадионот, наведуваат од СВР Тетово. Посетителите кои ќе доаѓаат со минибуси и комбиња ќе треба да се паркираат на споредниот пат за соседното село Лазарополе. Од СВР Тетово апелираат посетителите кои планираат да дојдат на „Галичка свадба“ со возила или минибуси и комбиња да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници и да не ги оставаат возилата надвор од предвидените места за таа намена. - Со целосно почитување на сите сообраќајни правила и прописи и јавниот ред и мир ќе придонесат за успешно одржување на оваа традиционална и надалеку позната манифестација, стои во информацијата на СВР Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-ogranicheno-dvizhene-so-motorni-vozila-za-galichka-svadba/feed/ 0
Важна информација за сите галични кои сакаат да учествуваат како статисти во Галичка свадба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazhna-informatsija-za-site-galichni-koi-sakaat-da-uchestvuvaat-kako-statisti-vo-galichka-svadba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazhna-informatsija-za-site-galichni-koi-sakaat-da-uchestvuvaat-kako-statisti-vo-galichka-svadba/#respond Wed, 12 Jul 2023 14:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=855920

Јубилејното 60-то издание на Галичака свадба ќе се одржи овој викенд. Невеста ќе биде Елисавета Булоска од Охрид, а младоженец Оливер Андреевски кој по потекло е од Галичник Месната заедница Галичник ги известува сите галичани кои сакаат да учествуваат како статисти во Галичката свадба, потребно е да бидат облечени во галичка носија во сабота на 15.07.2023 година во период од 17.30 часот до 19.00 часот. Тие треба да се пријават кај Евгенија Плачкоска во црквата Св. Петар и Павле. -На учесниците ќе им биде даден авторски договор за исплата на хонорари што ќе го потпишат во таа прилика. За поедноставување на постапката, ве охрабруваме вашите лични податоци (име, презиме и матичен број) и податоци за плаќање (број на трансакциска сметка и банка), да ги испратите однапред по мејл на [email protected]. Хонорарот изнесува 2.500 денари за возрасни и 1.500 денари за деца. Податоците за малолетните лица ги доставуваат родителите и треба да бидат дополнети со матичен број и трансакциска сметка на која ќе се изврши исплатата. Укажуваме дека статистите задолжително треба да носат ЧЕВЛИ (никако патики). Напоменуваме дека исплата ќе се направи само за целосно исполнета обврска, односно учество во манифестацијата во сабота и недела (15ти и 16ти) јули. Евиденција за учество ќе се води со пријавата во сабота, и со пријава за присуството во 8.30 часот во недела на истата локација (црквата), а присуство ќе се потврди со своерачен потпис на список за евиденција, објавија од МЗ Галичник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazhna-informatsija-za-site-galichni-koi-sakaat-da-uchestvuvaat-kako-statisti-vo-galichka-svadba/feed/ 0
ГАЛИЧКА СВАДБА 2023: Шест децениско сведоштво за автентичната традиција, култура и трајните вредности- Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се младоженец и невеста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/galichka-svadba-2023-shest-detsenisko-svedoshtvo-za-avtentichnata-traditsija-kultura-i-trajnite-vrednosti-oliver-andreevski-i-elisaveta-buloska-se-mladozhenets-i-nevesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/galichka-svadba-2023-shest-detsenisko-svedoshtvo-za-avtentichnata-traditsija-kultura-i-trajnite-vrednosti-oliver-andreevski-i-elisaveta-buloska-se-mladozhenets-i-nevesta/#respond Tue, 11 Jul 2023 11:01:06 +0000 https://kurir.mk/?p=855335

И оваа година, од 14-ти до 16-ти јули, Галичник, лоциран на живописните предели на планината Бистра, ќе биде домаќин на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. Пивара Скопје, СКОПСКО и останатите нејзини брендови остануваат дел од „Галичка свадба“, со што продолжува партнерството кое непрекинато трае од самите почетоци на манифестацијата. Илјадниците посетители од земјава и странство кои годинава се очекува да присуствуваат на Галичка свадба, одново ќе имаат можност да уживаат во автентичните свадбарски обичаи и ритуали, збогатени со уникатниот колорит на народните носии и изворните песни и ора, карактеристични за овие предели од нашата земја. Во центарот на вниманието на најпознатата македонска свадба годинава ќе бидат невестата Елисавета Булоска и младоженецот Оливер Андреевски, кој по потекло е од Галичник. „Благодарение на поддршката што ја добиваме од нашите долгогодишни партнери и оваа година успеавме да ги направиме сите неопходни подготовки за одржување на Галичка свадба, како надалеку позната и призната манифестација која придонесува за промоција на нашата земја во светот, на нејзината култура и традиција, како и на сите нејзини убавини. Охрабрени сме од интересот што го покажуваат младите да бидат дел од Галичка свадба, што е неопходен предуслов за продолжување на оваа вековна македонска традиција. Сето тоа, како и големиот број посетители кои и оваа година ќе дојдат во Галичник, се дополнителен мотив за сите нас да продолжиме да вложуваме максимални напори да го одржиме континуитетот на оваа автентична манифестација, која во овој формат започна да се организира точно пред 60 години“, рече Александар Костиќ, претседател на Советот на Месната заедница Галичник. И оваа година институционален покровител на Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски, а Министерството за култура обезбеди финансиска поддршка за нејзиното одржување. „ Министерството за култура е силен поддржувач на Галичката свадба, но и промотор на Галичката свадба како културно наследство кое зборува за историјата и културата на македонскиот народ. Препознавајќи го значењето на манифестацијата и на галичките свадбени обичаи на мијачкиот крај, а и на македонскиот народ воопшто, со Институтот за фолклор се работи на елаборат со кој за првпат оваа уникатна жива традиција ќе ја добие заслужената институционална заштита. На овој начин ќе се заштитат од заборав уникатните обичаи кои го претставуваат битот на македонскиот народ и се потсетник на едно друго време, начин на живот, ниво на култура и свест што не смее да се заборави“, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬ Пивара Скопје, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци, покрај финансиска поддршка за организирање на Галичка свадба 2023, обезбеди и соодветна количина СКОПСКО и други пијалаци од своето портфолио за учесниците во свадбeната церемонија. „Сите ние во Пивара Скопје сме горди што веќе неколку децении сме партнери во благородната мисија да се негува, одржува и збогатува традицијата на уникатниот галички свадбен обред, кој е значаен дел од нашето богато национално културно наследство. Во ова наше повеќедецениско партнерство нѐ поврзува позитивната енергија и возбудата што сме дел од повеќевековна традиција, која ги одразува нашите компаниски вредности и која е врежана во битот на нашите брендови“, изјави Марија Мининчиќ, менаџерка за партнерства со заедницата на Пивара Скопје, упатувајќи честитки до годинешните галички младоженци Елисавета и Оливер, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет. „Верувам дека овие неколку недели се највозбудливиот период од нивниот живот. Ние – Пиварци, сме среќни што сме дел од него и што имаме можност да придонесеме и да влијаеме тој да биде што поубав, побогат и повпечатлив“, рече Мининчиќ. Таа го повтори и постојаниот апел до сите посетители - да консумираат алкохол одговорно, да не возат доколку пијат и да се грижат максимално за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина. Инаку, традиционално почетокот на годинешната Галичка свадба ќе биде означен во сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали - „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“, а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во овие краеви. Потоа, на платото пред познатата чешма Упија ќе бидат одиграни невестинското и останатите традиционални свадбени ора. Вечерта сватовите, со борина в рака, ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми, а веселбата ќе продолжи до раните утрински часови. Утрото во недела, 16 јули, ќе го одбележат традиционалните свадбените обичаи, меѓу кои и познатото гледање низ прстен, пречек на сватовите, земање невеста и нејзиниот пречек на платото на Упија, а исто така се враќа и пеењето обредни песни кои ќе ги изведе пејачка група. Венчавањето на младенците ќе се изврши истиот ден, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свадбената свеченост ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите. „Особено сум среќна што го чествуваме овој јубилеј, зошто и самата потекнувам од семејство кое што е дел од основоположниците, оние што почнаа да ја организираат Галичката свадба. Тоа беше генерација која растеше во Галичник, беа родени таму, таму се венчаваа, свиваа гнезда и плашејќи се Галичник и целата историја, традиција и култура да не отидат во заборав, почнаа да ја организираат оваа манифестација. Тие го оставија тоа во аманет и наша одговорност е истото да го продолжиме“, изјави Ана Сариевска, режисерка на манифестацијата, задолжена за координација и изведба на обредниот дел од свадбата. За да можат сите посетители да уживаат во убавината и автентичноста на годинешната Галичка свадба, во деновите на одржување на манифестацијата ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, за кој организаторите апелираат доследно да се почитува. Оние пак кои нема да бидат во можност да присуствуваат на настанот, сите содржини и настани од годинешната програма ќе можат да ги проследат преку „лајв стрим“, односно преку пренос „во живо“ на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/galichka-svadba-2023-shest-detsenisko-svedoshtvo-za-avtentichnata-traditsija-kultura-i-trajnite-vrednosti-oliver-andreevski-i-elisaveta-buloska-se-mladozhenets-i-nevesta/feed/ 0
Јубилејната 60-та Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, ова е програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jubilejnata-60-ta-galichka-svadba-ke-se-odrzhi-sledniot-vikend-ova-e-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jubilejnata-60-ta-galichka-svadba-ke-se-odrzhi-sledniot-vikend-ova-e-programata/#respond Fri, 07 Jul 2023 08:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=853929

Идниот викенд (14-16 јули) ќе се одржи јубилејното 60-то издание на Галичка свадба. Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. -Со радост ја објавуваме програмата за годинешното јубилејно издание на Галичката свадба. Повелете, придружете ни се во славењето на љубовта! Благодарност до нашите партнери чија помош и поддршка овозможува живот на ова живо културно наследство. Ве очекуваме, објавија од месната заедница Галичник. На 14-ти ќе се одржи целовечерен концерт на групата Фолтин, а во сабота доцна попладне почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба. Покровител на манифестацијата Галичка свадба е претседателот на државата Стево Пендаровски кој по татко е галичанец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jubilejnata-60-ta-galichka-svadba-ke-se-odrzhi-sledniot-vikend-ova-e-programata/feed/ 0
Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се новите зет и невеста на Галичка свадба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oliver-andreevski-i-elisaveta-buloska-se-novite-zet-i-nevesta-na-galichka-svadba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oliver-andreevski-i-elisaveta-buloska-se-novite-zet-i-nevesta-na-galichka-svadba/#respond Thu, 01 Jun 2023 13:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=841204

Месната заедница Галичник соопшти дека се избрани новите зет и невеста за овогодинешната Галичка свадба. -Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид, се вели во соопштението. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oliver-andreevski-i-elisaveta-buloska-se-novite-zet-i-nevesta-na-galichka-svadba/feed/ 0
60 години Галичка свадба: Започна постапката за избор на новите зет и невеста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/60-godini-galichka-svadba-zapochna-postapkata-za-izbor-na-novite-zet-i-nevesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/60-godini-galichka-svadba-zapochna-postapkata-za-izbor-na-novite-zet-i-nevesta/#respond Wed, 22 Mar 2023 13:31:28 +0000 https://kurir.mk/?p=814989

Месната заедница Галичник информира дека ги започнале подготовките за годинешната Галичка свадба. -И на годинешните зет и невеста ќе им го направиме денот незаборавен, притоа одржувајќи ги во живот и чувајќи ги од заборав нашите единствени обичаи! Ги каниме сите вљубени двојки кои решиле да стапнат на лудиот камен годинава, и кои сакаат да си дадат завет пред Бога за Петровден, најдоцна до 30.04.2023 да се пријават на [email protected] испраќајќи e-mail со назнака "За избор на зет и невеста". Нека ни пишат некој збор зошто сакаат да бидат токму тие младоженците годинава и нека ни испратат фотографии. Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат: 1. Потекло од Галичник (двајцата или едниот), 2. Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога, 3. Учество во активностите на Месната заедница, 4. Ова да им е прв црковен брак. Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и ќе ја објави најдоцна до 31.05.2023 на веб страницата на Галичник и на официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник, стои во објавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/60-godini-galichka-svadba-zapochna-postapkata-za-izbor-na-novite-zet-i-nevesta/feed/ 0
ФОТО: Се одржа 48. издание на традиционалната манифестација Галичка свадба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-se-odrza-48-izdanie-na-tradicionalnata-manifestacija-galichka-svadba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-se-odrza-48-izdanie-na-tradicionalnata-manifestacija-galichka-svadba/#respond Sun, 17 Jul 2022 15:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=706621

Од 15 до 17 јули се одржа 48. издание на традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи се венчаат младенците Илчо Димитров и Елена Дуровска. Интересно за овогодишната Галичка свадба е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден беа венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник, на 28 август. Програмата на годинешната Галичка свадба започна на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт. Тоа што е интересно е дека годинешниот галички зет Илчо Димитров во текот на свеченостите ја носеше личната народна носија на легендарниот Сариевски. Свадбените активности традиционално започнаа вчера, 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа беа изведени свадбарските ритуали – „пречек на топаните“, свекрвата го одигра свекрвиното оро, а членовите на „Фолклорни бисери“ од Скопје го одиграа орото „Тешкото“. Исто така, на платото пред опеаната чешма Упија беа одиграни „Невестинското“, „Манукот“ и други ора. Венчавањето на младенците беше извршено денес, 17 јули, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ Покровител на Галичката свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-se-odrza-48-izdanie-na-tradicionalnata-manifestacija-galichka-svadba/feed/ 0
Галичка свадба почнува во петок, ова се правилата за сите посетители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galichka-svadba-pochnuva-vo-petok-ova-se-pravilata-za-site-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galichka-svadba-pochnuva-vo-petok-ova-se-pravilata-za-site-posetiteli/#respond Wed, 13 Jul 2022 09:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=704376

Од петок во недела ќе се одржи 48. издание на Галичката свадба. Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста. Од Месната заедница го објавија куќниот ред. Оттаму апелираат заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, сите да се придржуваат до правилата и да помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот. -1. Одлагање отпад: - Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади хотел Неда. Камион на Јавното комунално препријатие Маврово ќе биде паркиран на патот кон Света Петка и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион; 2. Сообраќаен режим: - Паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата Свети Петар и Павле, на Упија, на коловоз од Црквата Свети Петар и Павле до куќата на Лукановци од каде ќе се земе невестата НЕ Е ДОЗВОЛЕНО во ниту еден момент од 15ти до 17ти јули; - Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во ПЕТОК, 15ти јули ќе биде забранет од 20:00 часот, па до 01.00 часот изутрина; - Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во САБОТА, 16ти јули ќе биде забранет од 18.00 до 22.00 часот; - Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во НЕДЕЛА, 17ти јули ќе биде забранет од 7.30 до 15.00 часот. - Во термините во кои е забранет сообраќај, паркирањето на автомобили кои ќе доаѓаат кон Галичник ќе биде на Селска ливада; - Месна заедница Галичник обезбедува слободен превоз на посетителите во недела на релација Селска ливада - Галичник. - Сообраќајот може да биде затворен и надвор од овие термини ако за тоа се утврди дека има потреба; - Оној кој ќе има потреба од сопствениот автомобил во овие термини, автомобилот треба да го паркира надвор од Галичник, освен сопствениците на имот на Пеш, Гегоско и Бошнакоско маало; - Непрописно паркираните возила (паркирани спротивно на овие правила), ќе бидат отстранети со помош на специјално возило - пајак, информираат од Месната заедница. Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекрик, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да” во Галичник на 28-ми август. Покровител на Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galichka-svadba-pochnuva-vo-petok-ova-se-pravilata-za-site-posetiteli/feed/ 0
Следниот викенд Галичка свадба, ова се годинешните зет и невеста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledniot-vikend-galichka-svadba-ova-se-godineshnite-zet-i-nevesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledniot-vikend-galichka-svadba-ova-se-godineshnite-zet-i-nevesta/#respond Fri, 08 Jul 2022 10:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=702235

Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста на 48. издание на Галичката свадба, која ќе се одржи следниот викенд, од 15 до 17 јули во Галичник, на планината Бистра. Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекрик, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да” во Галичник на 28-ми август. Со оглед на тоа што има галичко потекло, Илчо Димитров на денешната прес-конференција напомена дека нема пропуштено ниту една галичка свадба, а последниве десет години се облекува во носија. Токму поради тоа, како што рече, е особено горд што годинава заедно со Елена се зет и невеста за Галичка свадба. – Имам галичко потекло по мајка и по татко. Двете мои баби се родени во Галичник, едната баба е Чалоска, а другата е Веноска и од таму потекнува мојата желба да бидам галички зет годинава, со оглед на тоа што секоја година летно време сум таму и мислам дека немам пропуштено ниту една галичка свадба. Последниве десет години се облекувм во носија и сум активен учесник во истата, така што ќе немам никаков проблем околу адетите, носијата, и сум премногу горд и среќен што годинава со Елена сме зет и невеста за Галичката свадба, истакна Димитров. Елена Дуровска рече дека исто така потекнува од западна Македонија и се чувствува привилигирано што оваа година е невеста на Галичката свадба. – Три години и шест месеци сме веќе заедно со Илчо. И јас потекнувам од западна Македонија од селото Битуше и поради тоа ми е многу мерак и ми е многу мило што ќе бидам невеста. Чест и задоволство ми е и дури се чувствувам и привилигирано што сум невеста на Галичката свадба, додаде Дуровска на прес-конференцијата. На прашање кој обичај и е посебно драг за време на свадбата, таа рече дека тоа е обичајот кога невестата го гледа низ прстен зетот и ги кажува зборовите „Низ прстен те гледав, во срце да ти влезам“. Претставникот на организацискиот тим на Месната заедница Галичник, Александар Костиќ на денешната прес-конференција посочи дека интересот на младите за учество на Галичка свадба од година во година се зголемува, што според него, покажува дека традицијата и народните обичаи остануваат темел на нашиот колективен идентитет и вредности. – Оваа година се пријавија пет двојки, од кои три во целост ги исполнија пропишаните критериуми, по што организацискиот тим одлучи сите нив, на најдобар можен начин, да им даде можност да учествуваат во годинешната манифестација, објасни Костиќ. Како што рече благодарение на поддршката од големиот број поддржувачи и оваа година Галичник е подготвен да им посака добредојде на сите посетители од земјава и странство кои ќе дојдат да ги видат и да посведочат за убавината и уникатноста на свадбарските обичаи, богатиот колорит на народните носии на свадбарите и изворните песни и ора, карактеристични за овие македонски предели. И овој пат покровител на Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството за култура. Според министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Галичката свадба е повеќе од традиција, повеќе од културно богатство, од адет, од наследство. Галичката свадба, како што рече, е идентитет. -За восхит е гордоста на галичани на своите корени, на своите семејни стебла, на својот Галичник. Нивната печалбарска историја, која од колено на колено се прераскажува за да не се заборави, е драгоцен запис од македонското минато препоза трудот и љубовта што се вложуваат за зачувување на оваа уникатна традиција, со Институтот за фолклор работиме на елаборат за зачувување и заштита на галичките свадбени обичаи, со што Галичката свадба и неините обичаи, за првпат во нивното шеесетгодишно манифестациско постоене, ке ја добијат заслужената институционална заштита, рече Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата. „Пивара Скопје“ и нејзините брендови и оваа година се дел од Галичка свадба, со што продолжува нивното партнерството кое трае 48 години. – Во годината кога Пивара Скопје прославува 100 години од своето основање, ни претставува посебна чест и задоволство да ја продолжиме поддршката и партнерството со една од најпознатите манифестации по нашата земја. Токму традицијата е она што ги поврзува Пивара Скопје и Галичка свадба и она што сите нас не држи заедно, и тоа во пресрет на одбележувањето на 60-годишнината од почетоците на Галичка свадба во сегашната форма, што ќе се случува следната година. Ние во Пивара Скопје сме подготвени да го продолжиме и дополнително да го зајакнеме нашето меѓусебно партнерство, со што ќе овозможиме продолжување на богата традиција кој е дел од нашето заедничко културно наследство, истакна Марија Миничиќ, менаџерка за партнерства со заедницата на Пивара Скопје. Покрај финансиска поддршка које е неопходна за одржување на континуитетот и високото ниво на Галичката свадба, Пивара Скопје традиционално обезбедува и пијалоци за учесниците на свадбената церемонија. – Се вели дека нема свадба или друга прослава без пијалоците на Пивара Скonje, a ocoбено без скопско. Ако е така, тогаш сосема природно е што скопско било и останува да биде дел од најпознатата македонска свадба. Дополнително, создавањето на скопско како еден од најпознатите македонски брендови е процес во кој се вградени многу знаења, љубов и сто годишна традиција, рече на прес-конференцијата сениор бренд менаџерка за Скопско во Пивара Скопје, Марта Завкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledniot-vikend-galichka-svadba-ova-se-godineshnite-zet-i-nevesta/feed/ 0