гана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 18:43:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гана депортира стотици луѓе кои бегаат од екстремистичкото насилство во Буркина Фасо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gana-deportira-stotitsi-luge-koi-begaat-od-ekstremistichkoto-nasilstvo-vo-burkina-faso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gana-deportira-stotitsi-luge-koi-begaat-od-ekstremistichkoto-nasilstvo-vo-burkina-faso/#respond Thu, 13 Jul 2023 18:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=856422

Гана насилно депортирала стотици луѓе кои бегаат од насилството во Буркина Фасо, објави денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Приближно 251 лице се протерани, од кои мнозинството се жени и деца кои побарале засолниште во Гана, според УНХЦР. Високиот офицер за комуникации на УНХЦР, Алфа Сеиди Ба, изјави дека „тоа не била доброволна репатријација“. Во соопштението, ОН ја повика Гана да ги прекине овие протерувања „и да гарантира пристап до територијата и азил на граѓаните на Буркина Фасо кои бараат меѓународна заштита“. Според меѓународното право за човекови права, законот гарантира дека никој не треба да биде вратен во земја каде што би се соочил со тортура, сурово или понижувачко постапување или казнување. Во соопштението на ОН се вели дека Гана го прекршува овој принцип. Од почетокот на јули, речиси 40 илјади луѓе заминаа, од кои половина побегнаа во Мали, повеќе од 11 илјади во Нигер и осум илјади во Гана. ОН соработуваат со властите во Гана за заштита на барателите на азил. Министерството за безбедност на Гана соопшти дека обвинувањата дека лицата се протерани се неосновани и дека станува збор за државјани на Буркина Фасо кои сакале да се вратат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gana-deportira-stotitsi-luge-koi-begaat-od-ekstremistichkoto-nasilstvo-vo-burkina-faso/feed/ 0
Уште една оставка: И Гана остана без селектор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ushte-edna-ostavka-i-gana-ostana-bez-selektor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ushte-edna-ostavka-i-gana-ostana-bez-selektor/#respond Fri, 02 Dec 2022 19:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=770393

Репрезентацијата на Гана остана без селектор откако репрезентацијата не успеа да ја помине групната фаза на СП во Катар. Ганците го загубија дуелот со Уругвај со 2:0 во последното коло и го заземаа последното место на табелата. Тоа е трета тренерска смена на СП 2022 откако претходно оставки поднесоа Херардо Мартино од Мексико односно Роберто Мартинез од Белгија. Инаку Адо беше назначен за селектор на Гана оваа година, а претходно беше в.д. селектор. И покрај пласманот на СП, тој не можеше да го крене тимот да биде „фактор“ на Мундијалот во Катар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ushte-edna-ostavka-i-gana-ostana-bez-selektor/feed/ 0
Гана го слави Мохамед Кудус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gana-go-slavi-mohamed-kudus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gana-go-slavi-mohamed-kudus/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=767740

Фудбалерите на Гана ги задржаа шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако денеска ја совладаа Јужна Кореја со 3-2 (2-0) и ги запишаа првите бодови во групата Х по стартниот пораз од Португалија. Гана на стадионот „Едјукејшн“ во Ал Рајан поведе во 24 минута преку Мохамед Салису, а го удвои водството само десет минути подоцна со голот на Мохамед Кудус. Јужна Корека се врати резултатски во игра во интервал од само три минути преку двојниот стрелец Чо (58, 61), но Кудус со својот втор гол на натпреварот во 68 минута донесе триумф на африканската репрезентација. Второто коло во групата Х ќе го комплетираат Португалија и Уругвај, вечерва од 20 часот во Лусаил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gana-go-slavi-mohamed-kudus/feed/ 0
СП2022: Роналдо и Португалија со многу важна победа против Гана https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-ronaldo-i-portugalija-so-mnogu-vazna-pobeda-protiv-gana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-ronaldo-i-portugalija-so-mnogu-vazna-pobeda-protiv-gana/#respond Thu, 24 Nov 2022 18:24:08 +0000 https://kurir.mk/?p=766055

Португалската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Гана со 3-2 (0-0) во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство, во натпревар во кој сите пет голови беа постигнати во завршните 30-ина минути на стадионот „974“ во Доха. Португалија поведе преку Кристијано Роналдо од пенал во 65 минута, а откако Гана го израмни резултатот осум минути подоцна преку Андре Ајев, го врати водството со два гола за две минути. Најпрво Жоао Феликс беше прецизен за 2-1 (78), а водството го удвои Леао (80). До крајот на натпреварот Гана се обидуваше да остане непоразена, но успеа само да го ублажи поразот преку Осман Букари (89). Во истата група претходно денеска Уругвај и Јужна Кореја одиграа без голови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-ronaldo-i-portugalija-so-mnogu-vazna-pobeda-protiv-gana/feed/ 0
Гана планира да купува нафта со злато наместо со долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gana-planira-da-kupuva-nafta-so-zlato-namesto-so-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gana-planira-da-kupuva-nafta-so-zlato-namesto-so-dolari/#respond Thu, 24 Nov 2022 17:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=766045

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук на потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. Мерката има за цел да ги зачува девизните резерви на земјата, кои се сериозно погодени од растот на цените на енергенсите, како и од побарувачката на девизи од увозниците на нафта, што ја ослабува локалната валута и ги зголемува трошоците за живот. . Доколку се имплементира како што е замислено, новата политика „суштински ќе го промени нашиот платен биланс и значително ќе ја намали тековната депрецијација на нашата валута“, напиша Бавумиа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gana-planira-da-kupuva-nafta-so-zlato-namesto-so-dolari/feed/ 0
Дојдоа во Катар да играат Светското првенство, но ги заборавија дресовите дома https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dojdoa-vo-katar-da-igraat-svetskoto-prvenstvo-no-gi-zaboravija-dresovite-doma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dojdoa-vo-katar-da-igraat-svetskoto-prvenstvo-no-gi-zaboravija-dresovite-doma/#respond Tue, 15 Nov 2022 18:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=761241

Светското првенство започнува во недела, а дел од репрезентациите учеснички се соочуваат со сериозни проблеми, пред се логистички. Така, една од селекциите е во ситуација да нема дресови за првиот натпревар. Репрезентацијата на Гана сериозно ризикува да не го одигра првиот натпревар на Светското првенство во официјални дресови од бизарна причина. Имено, експедицијата на африканската селекција пристигна во Катар, а комплетната опрема вклучувајќи ги и дресовите беше заборавена, а сега практично немаат дресови за Светското првенство. ФС Гана ги иницираше сите можни врски за да бидат доставени дресовите во Катар, но како што сега стојат работите тешко дека тоа ќе се случи до првиот натпревар. Главна причина е бавноста на поштата во Гана, па избраниците на Ото Ада веројатно ќе мора да бараат алтернативно решение за првиот меч на Мундијалот. Гана го отвора турнирот на 24 ноември со мечот против Португалија, а ќе игра и со Јужна Кореја и Уругвај. За очекување е да бидат испорачани дресовите за другите два натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dojdoa-vo-katar-da-igraat-svetskoto-prvenstvo-no-gi-zaboravija-dresovite-doma/feed/ 0
Потврдени уште два случаи на Марбург вирусот: Сличен е на ебола и е многу заразен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeni-ushte-dva-sluchai-na-marburg-virusot-slichen-e-na-ebola-i-e-mnogu-zarazen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeni-ushte-dva-sluchai-na-marburg-virusot-slichen-e-na-ebola-i-e-mnogu-zarazen/#respond Wed, 27 Jul 2022 15:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=710941

Светската здравствена организација потврди уште два случаи на вирусот Марбург во Гана, многу заразна болест слична на ебола, соопшти денеска официјалниот претставник на организацијата, доктор Соке Фол. - Имаме уште два случаи, рече тој обраќајќи им се на новинарите. Пред десет дена, здравствената служба на Гана објави дека во земјата се официјално регистрирани два случаи на вирусот Марбург, откако две лица, кои оттогаш починаа, беа позитивни на вирусот на почетокот на овој месец. Според Светската здравствена организација (СЗО), две заразени лица од јужна Гана имале симптоми како што се дијареа, гадење, треска и повраќање. Првиот случај на Марбург вирусот во Западна Африка беше откриен минатата година во Гвинеја, но оттогаш не се идентификувани нови случаи. Од 1967 година, имаше десетина големи епидемии на Марбург, главно во јужна и источна Африка. Марбург вирусот се пренесува на луѓето со лилјаци, еден вид лилјаци, и се шири меѓу луѓето преку директен контакт со телесни течности на заразени лица или преку заразени површини и материјали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeni-ushte-dva-sluchai-na-marburg-virusot-slichen-e-na-ebola-i-e-mnogu-zarazen/feed/ 0
Два случаи на вирусот Марбург во Гана, 90 лица во карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-sluchai-na-virusot-marburg-vo-gana-90-lica-vo-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-sluchai-na-virusot-marburg-vo-gana-90-lica-vo-karantin/#respond Mon, 18 Jul 2022 06:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=706753

Во Гана се откриени два случаја на вирусот Марбург, хеморагична треска смртоносна колку и еболата. Овие случаи се првите во земјата, соопштија здравствените власти. По сомнение за зараза со вирусот Марбург, на 8 јули се земени примероци крв од две лица во регионот Ашанти. „Ова е првпат Гана да потврди присустно на Марбург вирусот“, се наведува во соопштението на Патрик Кума Абоажје, директор на здравствената служба на Гана. Сега во карантин се 90 лица, идентификувани како контакти на заразените. Засега, нема заразен меѓу некој од нив. Здравствените власти тврдат дека прават сè за да го „заштитат здравјето на населението“. Тие ги повикаа „сите“ на соработка, со цел вирусот „успешно да се спречи“. Вирусот го пренесуваат лилјаци, а меѓу луѓето се шири со директен контакт со телесни течности на заразени или со површини и материјали, појасни Светската здравствена организација. Во други делови на Африка, досега се откриени епидемии и спорадични случаи, во Јужна Африка, Ангола, Кенија, Уганда, Демократска Република Конго. Симптомите се појавуваат неочекувано – висока температура, силна главоболка и слабост. Смртната стапка во претходните епидемии беше од 24 до 88 отсто, во зависност од патогеноста на видот и управувањето со кризата, наведува СЗО. Иако не постојат вакцина и одобрени антивирусни лекови, оралната и интравенската рехидратација и лекување на специфични симптоми ја зголемуваат стапката на преживување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-sluchai-na-virusot-marburg-vo-gana-90-lica-vo-karantin/feed/ 0
Инаки Вилијамс ја избра Гана https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inaki-vilijams-ja-izbra-gana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inaki-vilijams-ja-izbra-gana/#respond Wed, 06 Jul 2022 15:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=701177

Инаки Вилијамс, 28-годишниот фудбалер на шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао, објави денеска на социјалните мрежи дека одлучил во продолжение на кариерата да го носи дресот на Гана. Неговите родители се родени во Либерија, но поради граѓанската војна во оваа држава ја напуштиле татковината и преку бегалски камп во Гана се доселиле во Шпанија, поточно во Билбао каде во 1994 година е роден напаѓачот на Атлетик. Од 2014 година Вилијамс е член на прволигашот од Билбао, а во кариерата запиша 17 настапи за селекцијата на Шпанија до 21 година, а одигра и еден натпревар за сениорската репрезентација на Црвената фурија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inaki-vilijams-ja-izbra-gana/feed/ 0
Арсенал до крајот на сезоната без Парти https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-do-krajot-na-sezonata-bez-parti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-do-krajot-na-sezonata-bez-parti/#respond Sat, 16 Apr 2022 08:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=663945

Репрезентативецот на Гана, Томас Парти, речиси сигурно ќе ги пропушти натпреварите на Арсенал до крајот на оваа сезона, во која лондонскиот клуб се бори по подолг период да избори место во Лигата на шампиони. Парти е вон тренажен процес откако пред околу две недели го повреди бутниот мускул за време на лондонското дерби против Кристал Палас. Арсенал е петтопласиран на табелата во Премиер лигата со 54 бодови, три помалку од четвртопласираниот Тотенхем, кој има одиграно натпревар повеќе. Арсенал има три порази во последните четири првенствени натпревари, а денеска му гостува на Саутемптон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-do-krajot-na-sezonata-bez-parti/feed/ 0