ганг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jan 2022 18:31:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ганг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стотици илјади Индијанци се капат во светата река Ганг и покрај коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-iljadi-indijanci-se-kapat-vo-svetata-reka-gang-i-pokraj-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-iljadi-indijanci-se-kapat-vo-svetata-reka-gang-i-pokraj-koronavirusot/#respond Fri, 14 Jan 2022 18:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=619459

Стотици илјади хиндуистички верници се капеа денеска во светата река Ганг, додека во земјата се зголемува бројот на заразени со Ковид-19. Хиндуистите веруваат дека капењето во реката Ганг за време на фестивалот Макар Санкранти ќе ги спаси од гревот. Слични собири придонесоа за голем втор бран на пандемијата во земјата минатата година. Голем број луѓе се собраа покрај реката Ганг во северната држава Утар Прадеш и во источната држава Западен Бенгал, прекршувајќи ги воведените здравствени протоколи поради Ковид-19. Властите во градот Прајаграј во Утар Прадеш, каде што се одржа настанот, објавија дека учесниците мора да бидат вакцинирани и да имаат негативен ПЦР тест, како и да им се измери температура на верниците. – Сите верници мора да покажат сертификати за вакцинација со негативен РТ-ПЦР тест. Се мери температура и се обидуваме да спроведеме безбедносни мерки и ќе преземеме чекори против прекршителите, изјави општинскиот функционер Пушпрај Синг. Здравствените експерти предупредија дека таквите масовни настани во време кога земјата е зафатена од трет бран на Ковид-19 ќе го забрзаат ширењето на инфекцијата. Поради позаразниот и помалку смртоносниот сој омикрон, Индија минатата недела забележа голем пораст на бројот на заразени. Во земјата со 1,3 милијарди жители, во изминатите 24 часа се регистрирани над 264 илјади заразени, што е пропорционално помалку отколку во повеќето европски земји. Во изминатите 24 часа во Индија починале 315 лица, а од почетокот на пандемијата на Ковид-19 се потврдени 485.350 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-iljadi-indijanci-se-kapat-vo-svetata-reka-gang-i-pokraj-koronavirusot/feed/ 0
ВИДЕО: Монсунски дождови ги извадија телата на површина, Ганг преполна со жртви од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-monsunski-dozdovi-gi-izvadija-telata-na-povrshina-gang-prepolna-so-zrtvi-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-monsunski-dozdovi-gi-izvadija-telata-na-povrshina-gang-prepolna-so-zrtvi-od-koronavirus/#respond Tue, 29 Jun 2021 10:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=529318

Делумно скриени од долгите трски, мноштво тела прекриени со крпи тивко плутаат по светата река Ганг, како потсетник за тоа како жестокиот бран на коронавирусот ги преплави индиските болници и крематориумите. Илјадници семејства во северна и источна Индија ги предаваа телата на нивните блиски на реката или ги закопуваа во плитки гробници на брегот од реката, бидејќи немаа со што да ги платат погребните кремирања во екот на чумата во април и мај. Меѓутоа, почетокот на сезоната на монсунски дождови предизвика силни струи долж пловниот пат долг 2.500 километри, што исфрлија некои од телата што беа закопани на брегот. Официјални лица во Алахабад, еден од најсветите хиндуистички градови, каде милиони лица присуствуваат на погребните обреди, соопштија дека во текот на изминатите три недели кремирале речиси 150 тела што плутале низ реката. Купишта дрва за погребни кремирања се наредени крај насипите, во очекување нови лешеви да се појават низ реката. Кога новинарите на француските меидуми ги посетија околните области, десетици делумно потопени трупови биле видени во реката. Официјални лица проценуваат дека околу 600 тела биле закопани крај Ганг за време на наездата на заразата. Но, локалното население верува дека ова е само мал дел од реалната бројка и стравуваат дека во следните недели, брзите води може да исфрлат повеќе тела од плитките гробови на песочните брегови. Слични проблеми имаат и другите поголеми верски центри во северна Индија, како што е верскиот центар Варанаси. Локалните жители стравуваат дека труповите, доколку не бидат отстранети, ќе бидат опасни за натамошно загадување на еден од најзагадените водни патишта во светот. -Ова може да предизвика опасни болести, изјави Дипин Кумар, кој живее во близина на Ганг во Алахабад. Полицијата патролира по реката и трага по телата. Поставени се два брода крај брегот за да ги извлекуваат трупови, понекогаш со помош на локални рибари, иако тие немаат многу успех во последните денови. -Протокот е многу брз и тешко е да се извлечат телата, изјави полициски службеник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-monsunski-dozdovi-gi-izvadija-telata-na-povrshina-gang-prepolna-so-zrtvi-od-koronavirus/feed/ 0