гаранција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 18:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гаранција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апелацијата ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра, Мијалков излегува од притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-ja-prifati-garancijata-od-nad-11-milioni-evra-mijalkov-izleguva-od-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-ja-prifati-garancijata-od-nad-11-milioni-evra-mijalkov-izleguva-od-pritvor/#respond Wed, 22 Dec 2021 12:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=611647

Сашо Мијалков и дефинитивно заминува дома. Како што потврдија од судот, на него му била прифатена гаранција од 11 милиони евра дека ќе биде достапен за судскиот процес кој се води против него. Покрај гаранцијата, Мијалков е должен еднаш неделно да се јавува во Судот а издадена е забрана да му биде издаден пасош. Мијалков во случајот „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а за што Обвинителството предложи да му биде изречен притвор. Во случајот „Таргет – тврдина“, пак, Мијалков со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против него се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство, токму по предлог на Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-ja-prifati-garancijata-od-nad-11-milioni-evra-mijalkov-izleguva-od-pritvor/feed/ 0
Ројтерс: ЕУ веќе не се согласува за гаранција за членство на Балканот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-eu-vekje-ne-se-soglasuva-za-garancija-za-chlenstvo-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-eu-vekje-ne-se-soglasuva-za-garancija-za-chlenstvo-na-balkanot/#respond Wed, 29 Sep 2021 08:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=569886

Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите-членки, веќе не може да се согласи да им даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, откако еднаш им вети место во клубот, пишува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на четворица дипломати и на интерен документ на Унијата. Станува збор за застој во усогласувањето на декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и на Балканот, закажан за 6 октомври. Според Ројтерс, тоа е ниска точка во стратегијата на ЕУ да ги вклучи во блокот Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Ова се совпаѓа и со разгорување на тензиите на границата Косово-Србија. Според нацрт-декларацијата, во која имаше увид Ројтерс, на самитот, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за „својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“. Но, таа помина најмалку две рунди преговори без да биде постигнат договор, рекоа дипломатите. Државите на ЕУ нема да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-eu-vekje-ne-se-soglasuva-za-garancija-za-chlenstvo-na-balkanot/feed/ 0