гари каспаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 13:36:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гари каспаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каспаров: За нападот со дрон врз Кремљ одговорна е Украина, но таа има право на тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kasparov-za-napadot-so-dron-vrz-kreml-odgovorna-e-ukraina-no-taa-ima-pravo-na-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kasparov-za-napadot-so-dron-vrz-kreml-odgovorna-e-ukraina-no-taa-ima-pravo-na-toa/#respond Fri, 05 May 2023 13:36:30 +0000 https://kurir.mk/?p=830991

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, не верува дека руските разузнавачки служби се одговорни за нападот со дронот врз Кремљ од пред три дена, и притоа ја обвини Украина за нападот, но, додаде, дека смета дека е оправдано Киев да нападне цел на руска територија бидејќи има право да возврати. Остриот критичар на Кремљ, Каспаров за германската агенција ДПА изјави дека „лесно може да замисли како КГБ организира лажни настани“ за да предизвика гнев кај јавноста, но тој смета дека Кремљ е погрешната цел. „Поверојатно е дека Украинците испраќаат порака дека можат да стигнат до Москва пред Денот на победата над нацизмот, на 9 мај, кога се одржува воена парада во руската престолнина“, смета Каспаров. -Мислам дека тоа ќе направи многу руски функционери нервозни, кажа Каспаров. „Тоа е на Црвениот плоштад и мислам дека сигурно ќе направи многу руски функционери, особено војската, многу нервозни“, кажа тој. Поранешниот светски шампион, а сега опозициски политичар, додаде дека нема инсајдерски информации, туку може само да анализира од тоа што се известува за инцидентот. Во интервју дадено во Гмунд, јужно од Минхен, каде доби награда за слобода на медиумите, Каспаров рече дека не може да разбере зошто Западот го условува испраќањето оружје во Украина со тоа да не се користи за напади на руска територија. -Ако е војна, тоа е војна. И ако Украина е цел на руски ракети од соседните региони, мислам дека тие имаат право да возвратат, рече тој, додавајќи дека Украинците се обидуваат да избегнат цивилни жртви, за разлика од Русите. Каспаров очекува Украина на крајот да ги добие западните борбени авиони бидејќи по долги одолговлекувања беше донесена и одлуката за испраќање тенкови. -Мислам дека и авионите ќе пристигнат, но тоа се случува болно бавно и разбирам зошто Украинците се толку загрижени, рече Каспаров во интервјуто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kasparov-za-napadot-so-dron-vrz-kreml-odgovorna-e-ukraina-no-taa-ima-pravo-na-toa/feed/ 0
Гари Каспаров: Војната во Украина несомнено стана пресвртница во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gari-kasparov-vojnata-vo-ukraina-nesomneno-stana-presvrtnica-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gari-kasparov-vojnata-vo-ukraina-nesomneno-stana-presvrtnica-vo-istorijata/#respond Mon, 19 Sep 2022 18:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=734982

Поранешниот светски шаховски првак, експерт за вештачка интелигенција и критичар на режимот во Кремљ, Гари Каспаров, изјави дека војната во Украина несомнено стана пресвртница во историјата, јави дописникот на МИА од Софија. Каспаров, кој учествуваше на конференцијата во Софија за прашањата на одбраната и кибер-безбедноста на земјите од Југоисточна Европа, рече дека тоа е важна лекција и треба да биде потсетник за способноста на слободните луѓе да одговорат на сите предизвици. Според него, на почетокот на воените акции во Украина, Русија извршила масовен напад на сите фронтови – воена офанзива и кибер-напад од големи размери. Каспаров нагласи дека кибер-војната не треба да се одвојува од реалните воени операции. – Војната во Украина се води и онлајн и офлајн, демонстрирајќи ги предностите на слободниот свет, рече тој. Форумот е организиран од израелската платформа ImImprovate, а домаќин е Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија (2012 – 2017), кој е во советодавниот одбор на платформата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gari-kasparov-vojnata-vo-ukraina-nesomneno-stana-presvrtnica-vo-istorijata/feed/ 0
Гари Каспаров: Исфрлете ја Русија од финансиските пазари, нека банкротира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gari-kasparov-isfrlete-ja-rusija-od-finansiskite-pazari-neka-bankrotira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gari-kasparov-isfrlete-ja-rusija-od-finansiskite-pazari-neka-bankrotira/#respond Sat, 26 Feb 2022 20:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=637260

Поранешниот шампион во шах Гери Каспаров, руски дисидент и противник на Владимир Путин, го повика Западот да ја „исклучи Русија од финансиските пазари“ поради инвазијата на Украина. -Исклучете ја Русија од светските финансиски пазари. Погрижете се рускиот финансиски систем повеќе да не произведува ресурси за воената машина на Путин, изјави Каспаров за Corierre della Sera во саботното издание. Каспаров, кој моментално престојува во Њујорк, му порача на Западот дека мора да дејствува и да му покаже на Путин која цена тој ќе мора да ја плати. Банкротирајте ја воената машина на Путин, замрзнете и запленете ги руските финансии и неговите“, рече Каспаров, кој на својот Твитер профил пред два дена напиша дека нема смисла да се зборува и дека треба да и се понуди нова единствена порака на Русија – или да престане или да биде целосно изолирана. „Но, наместо тоа, вие само зборувате за економската цена што Путин треба да ја плати, но Украинците ја плаќаат со своите животи. Оние кои зборуваат за економски трошок треба да се засрамат. Тие ја проценуваат економската штета на сметка на човечки животи“. Каспаров, кој на 22 години стана најмладиот неприкосновен светски шампион во шах, исто така тврди дека светот треба да најде замена за руската нафта и гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gari-kasparov-isfrlete-ja-rusija-od-finansiskite-pazari-neka-bankrotira/feed/ 0