гасење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jul 2020 08:51:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гасење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Пожарот во катедралата во Нант го гаснат 70 пожарникари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozarot-vo-katedralata-vo-nant-go-gasnat-70-pozarnikari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozarot-vo-katedralata-vo-nant-go-gasnat-70-pozarnikari/#respond Sat, 18 Jul 2020 08:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=378020

Пожарот што избувна утрово во катедралата во Нант во западниот дел на Франција, го гаснат 70 пожарникари, соопшти локалната противпожарна служба, јави допписникот на МИА. Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година. Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на пожарот. „Пожарот се уште не е под контрола“, соопшти пожарникарската служба. Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со оган во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа. Таа катедрала е исто така и седиште на епархијата во Нант. Прогласена е за историски споменик во 1862 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozarot-vo-katedralata-vo-nant-go-gasnat-70-pozarnikari/feed/ 0