гасификација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 19:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гасификација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска: Гасификација до секој дом и град без диви депонии, тоа е Скопје за коешто се борам https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-gasifikacija-do-sekoj-dom-i-grad-bez-divi-deponii-toa-e-skopje-za-koeshto-se-boram/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-gasifikacija-do-sekoj-dom-i-grad-bez-divi-deponii-toa-e-skopje-za-koeshto-se-boram/#respond Mon, 25 Oct 2021 19:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=585326

Во мојата програма има системски решенија за секундарната и терциерната мрежа на гасификација. Има и начин како тоа да се направи. Јас имам еден цел тим експерти кој работи на оваа проблематика и последниве денови ќе го презентираме тоа како цел проект којшто ќе можат граѓаните да го видат, нагласи Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје во „Топ Тема“ на телевизија Телма. Арсовска потсети дека Шилегов во својата програма гасификацијата ја најавувал како итна и битна, но од тоа граѓаните не видоа ништо. „Ова е нешто коешто треба да се направи навистина системски, квалитетно, коешто пред се според мене мерката зад себе го има намалувањето на загадувањето на градот, намалувањето на трошоците на граѓаните, за подобар и поквалитетен живот“, појасни Арсовска. Арсовска додаде дека не е тешка операција ниту да се исчистат дивите депонии низ градот. „Прво не сметам дека е голема и тешка операција да се исчистат дивите депонии во градот. Јас, за два месеци колку што сум надвор во секое населено место успеав да видам над стотина диви депонии, големи диви депонии коишто не само што согоруваат отпад туку согоруваат и опасен отпад, да ги детектирам, да ги фотографирам, да ги мапирам не само како индивидуа туку и со граѓаните на сите овие населени места. И верувајте ми не случајно ставив дека во првите 82 дена од својот мандат ќе бидат овие диви депонии расчистени“, рече Арсовска. Арсовска посочи дека ќе има санкционирање на луѓе кои што ја загрозуваат животната средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-gasifikacija-do-sekoj-dom-i-grad-bez-divi-deponii-toa-e-skopje-za-koeshto-se-boram/feed/ 0
Максим Димитриевски: Куманово е единствениот град којшто има и развива гасификација https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/maksim-dimitrievski-kumanovo-e-edinstveniot-grad-kojshto-ima-i-razviva-gasifikacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/maksim-dimitrievski-kumanovo-e-edinstveniot-grad-kojshto-ima-i-razviva-gasifikacija/#respond Thu, 21 Oct 2021 09:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=583000

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во дебатната емисија на телевизија 24 потенцираше дека Куманово е единствениот град којшто има и развива гасификација, го има во домаќинствата и во голем дел од јавните објекти во општината. Во изминатите четири години испорачани се над 2.100.000м3 гас до потрошувачите. Изградена е 4.500м гасоводна мрежа, доведен е гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи. Исто така, вложено е и во енергетска ефикасност на училиштата. Во идниот мандат, предвидено е ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа. Предвидено е намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/maksim-dimitrievski-kumanovo-e-edinstveniot-grad-kojshto-ima-i-razviva-gasifikacija/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Непоправливи „квантни“ промашувања во гасификацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-nepopravlivi-kvantni-promashuvanja-vo-gasifikacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-nepopravlivi-kvantni-promashuvanja-vo-gasifikacijata/#respond Tue, 12 Jan 2021 12:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=454271

Изминативе неколку недели на целата македонска јавност и стана јасно дека за гасификацијата се зборува едно, а во позадина се случува нешто друго, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Додека оваа Влада времето го искористи како да купи 25 години стар гасовод по цена колку што чини нов гасовод и за тоа да потроши скоро 33 милиони евра народни пари, во нашето соседство се изгради и се отвори новиот транзитен гасовод кој низ Србија поминува од бугарската до унгарската граница и кој треба да овозможи снабдување на јужна и југоисточна Европа со нешто повеќе од 30 милијарди кубни метри гас годишно. Овој гасовод овозможува Србија да биде транзитна држава и да остварува финансиски прилив од транзитот на природен гас Република Македонија е заобиколена држава. Според постоечките планови не се предвидени нови големи меѓународни транзитни гасоводи на Балканскиот полуостров. Со оглед на ова, слободно може да се заклучи дека оваа Влада не направи ништо за да ја внесе Република Македонија во глобалната гасоводна инфраструктура и со тоа и ја ускрати можноста да профитира од транзит на природен гас преку нејзината територија. Сеуште немаме ниту пониски цени на природниот гас. Конкурентни цени требаше да се овозможат доколку се изградеше интерконекцијата со Грција која требаше да обезбеди нов независен извор за снабдување со природен гас. Овој интерконективниот гасовод секоја година само се најавува, но никако да започне неговата изградба. Да потсетиме, станува збор за проект за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2015 и 2016 година ги обезбеди потребните одобрувања од европските институции. Досега оваа Влада изгуби четири години, доволен период во кој интерконецијата целосно можеше да биде изградена и пуштена во работа. Во четири години владеење, оваа Влада ги проби сите рокови и не успеа ниту да ги заврши магистралните гасоводи. Исто така, не започна ниту да ги гради дистрибутивните мрежи низ населените места. Со тоа уште многу долг период природниот гас ќе остане недостапен за нови корисници, а Република Македонија ќе биде негасифицирана држава. Овие се неколку од многуте причини поради кои на Република Македонија и треба нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која сериозно ќе се посвети на гасификацијата, се вели во објавата на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-nepopravlivi-kvantni-promashuvanja-vo-gasifikacijata/feed/ 0
ФОТО: Гасификација на општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-gasifikacija-na-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-gasifikacija-na-opshtina-ilinden/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=383636

Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа. Во рамките на проектот Воспоставување на гасификациски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти, во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа. Веќе е завршена првата фаза од проектот, односно изградбата на гасовод „Приклучна делница 17б” во должина од 2400 метри од Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) до локалната економска зона Марино-Кадино. Градоначалникот Жика Стојановски кој на самото место се запозна со текот на градежните активности истакна дека реализацијата на овој проект има за цел воведување на инсталации за стопански објекти во локалните економски зони во Општината со цел да се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс. Тој додаде дека гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните гасови во воздухот. Според експертите од областа на енергетската ефикасност употребата на гасот ќе придонесе за многу почист воздух и дека не постои друга алтернатива. Затоа, веројатно многу брзо, покрај компаниите благодетите од овој енергенс ќе можат да ги почувствуваат и домаќинствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-gasifikacija-na-opshtina-ilinden/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излажаа за гасификацијата, енергетско ефикасното осветлување и дислокација на депонијата во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-izlazaa-za-gasifikacijata-energetsko-efikasnoto-osvetluvanje-i-dislokacija-na-deponijata-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-izlazaa-za-gasifikacijata-energetsko-efikasnoto-osvetluvanje-i-dislokacija-na-deponijata-vo-kumanovo/#respond Tue, 30 Jun 2020 10:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=365739

Куманово е општина со најголем број на жители во Македонија и за време на изборните кампањи во 2016 и 2017 година, СДСМ пред нејзините жители излегоа со многу ветувања кои требаше да донесат напредок, благосостојба и подобар живот. Како по обичај, СДСМ ветија многу, а не реализираа ништо од ветеното, се вели во Фејсбук објавата на на страницата Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ветија многу проекти чија цел беше подобрување на животниот стандард и развој на стопанството, а едно од најважните беше ветувањето за довршувањето на гасификационата мрежа во Куманово, ветување кое остано нереалзиирано. Од оваа област СДСМ ветуваа и подобрување на услови за развој и инвестирање во индустриската зона во месноста Речице и Новине. И ова ветување остана само на хартија, а на терен нема никакви инвестиции во индустриската зона. Од областа на комуналната инфраструктура СДСМ ветија воведување на далечинско отчитување во системот за водоснабдување, како и воведување на систем на енергетско ефикасно јавно осветлување во општината со поставување на светилки со фотоволтаични колектори. За жал, и овие проекти остана само на хартија, а никаде на дело. СДСМ ветија и дослокација на постоечката депонија, која е горлив проблем за локалното население, преку изградба на нова регионална депонија за сите општини од Североисточниот плански регион. Повторно, СДСМ ветија и излажаа, нова регионална депонија нема! СДСМ беа „дарежливи“ и за соседната општина на Куманово, Старо Нагоричани, каде исто така ветуваа голем број на проекти. Така, за жителите на Старо Нагоричани СДСМ ветија изградба и реконструкција на голем број на локални патишта, доградба на водоводот во Младо Нагоричане, како и проширување и инвестиции во индустриската зона во с. Војник. СДСМ повторно вети и излажа. Поради сите овие лаги и неисполнети ветувања, на 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-izlazaa-za-gasifikacijata-energetsko-efikasnoto-osvetluvanje-i-dislokacija-na-deponijata-vo-kumanovo/feed/ 0
Комисија за енергетика: Три години откако СДСМ е на власт е доволно за да се изгради еден започнат гасовод од страна на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-tri-godini-otkako-sdsm-e-na-vlast-e-dovolno-za-da-se-izgradi-eden-zapochnat-gasovod-od-strana-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-tri-godini-otkako-sdsm-e-na-vlast-e-dovolno-za-da-se-izgradi-eden-zapochnat-gasovod-od-strana-na-vmro-dpmne/#respond Fri, 15 May 2020 08:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=346100

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ сподели демант во кој се вели дека оваа Влада предводена од СДСМ заборава дека скоро три години е на власт. Три години е период кој е повеќе од доволнен за да се изгради еден гасовод од почеток, а да не зборуваме за завршување на веќе започната изградба. -ДЕМАНТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА Би сакале да ги демантираме тврдењата на Министерството за транспорт и врски во врска со нивниот напис на порталот Plusinfo.mk Оваа Влада предводена од СДСМ заборава дека скоро три години е на власт. Три години е период кој е повеќе од доволнен за да се изгради еден гасовод од почеток, а да не зборуваме за завршување на веќе започната изградба. Затоа никакви проблеми во градбата не можат да ги стават на товар на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, ВМРО-ДПМНЕ работеше интензивно на гасификацијата на Република Македонија, а како поткрепа на тоа наведуваме прецизно што точно направи ВМРО-ДПМНЕ за гасификацијата со пресек јули 2017 година, кога СДСМ ја презема власта. Заклучно со Јули 2017 година се изготвени Идејни проекти за над 800 км гасовод и Основни проекти за над 370 км гасовод. Се изгради гасоводот Делница од Клечовце - Штип во должина од 61 km. За гасоводот Делница од Штип до Неготино во должина од 36 km, за кој велат дека го изградиле, не и кажаа на јавноста дека го наследија со 77% реализација. Треба да се нагласи дека оваа реализација од 77% е направена за само 1 година, а нив им требаа години за да ги довршат останатите 23% од изградбата и да кажат дека го изградиле. Гасоводот Делница од Неготино до Битола во должина од 92 км го наследија со 17% реализација која беше остварена за само 6 месеци од започнувањето на изградбата, а нивната реализација трае три години и сеуште не е завршена. Гасоводот Делница од Скопје до Тетово и Гостивар во должина од 76 км го наследија со 12% реализација која беше остварена за само 7 месеци од започнувањето на изградбата, а поминаа три години за да се наближат до 50% реализација. За гасоводот кој требаше да биде Интерконекција со Грција се обезбедија потребните одобрувања од европските институции уште во 2015 и 2016 година, а во Октомври 2016 година се склучи Меморандум со грчкиот оператор на систем, но и после три години нема никаква изградба на оваа интерконекција. За дистрибуција на природен гас се изработи Физибилити студија и се објавија огласи за воспоставување на јавно приватно партнерство, но со доаѓањето на СДСМ на власт се стави комплетна блокада на овој процес и после изминати три години изградбата сė уште не е на повидок. Кога ќе се земат во предвид наведениве податоци станува јасно дека Министерството за транспорт и врски, сакајќи да се оправда и вината да ја префрли на друг, всушност покажа дека месечната реализацијата која е направена додека ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше Владата е далеку побрза од сегашната. Министерството за транспорт и врски во недостиг на сопствени проекти не кажа дали во овие три години испроектирале барем 1 метар гасовод, не кажа дали започнале да градат барем 1 метар нов гасовод како сопствен проект и не кажа дали изградиле барем 1 метар дистрибутивна мрежа за природен гас во секоја од општините во Република Македонија. Со ова уште еднаш се докажа посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ во реализација на проектите и затоа ВМРО-ДПМНЕ и е потребно на Македонија, за таа да биде гасифицирана држава. Обновата доаѓа! Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ!, стои во нивниот пост на Фејсбук. https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/127413692275457  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-tri-godini-otkako-sdsm-e-na-vlast-e-dovolno-za-da-se-izgradi-eden-zapochnat-gasovod-od-strana-na-vmro-dpmne/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гасифицира медицинските центри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-gi-gasificira-medicinskite-centri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-gi-gasificira-medicinskite-centri/#respond Thu, 27 Feb 2020 08:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=309380

ВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети, ќе исполни по 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира својата влада ќе започне со реализирање на проекти за доброто на граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Еден од проектите кои што ќе бидат приоритет на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гасификацијата. Како за домаќинствата, така и медицинските центри ќе бидат гасифицирани, се со цел намалување на загадувањето кое во изминатите години се забележуваше во институциите. Приоритетни медицински центри кои ќе бидат први гасифицирани се Клиничкиот Центар во Скопје, болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Котларите кои во најголемиот дел од болниците долги години наназад претставуваа загадувач, сега ќе бидат во функција на болниците без при тоа да се загадува. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува по 12-ти април со сиот свој капацитет да се заложи за подобрување на здравствениот систем во Република Македонија, како и модернизирање на болниците и болничките капацитети кои се од огромно значење на граѓаните, потенцираат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните заслужуваат силно и стабилно здравство кое ќе биде на располагање секогаш кога тоа ќе биде потребно, а тоа ќе го добијат по 12-ти април по формирањето на новата влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-gi-gasificira-medicinskite-centri/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за целосна гасификација на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-se-obvrzuva-za-celosna-gasifikacija-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-se-obvrzuva-za-celosna-gasifikacija-na-makedonija/#respond Mon, 24 Feb 2020 07:21:25 +0000 https://kurir.mk/?p=307860

ВМРО-ДПМНЕ со новата програма се обврзува да донесе целосна гасификација на Македонија, велат од партијата. Како што информираат еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн. -Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: завршување и пуштање во употреба на проектите. ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизгради магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, изградба на магистралниот гасовод Штип – Радовиш- Струмица – Гевгелија. Исто така се предвидува изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево, магистралниот гасовод Свети Николе – Велес, магистралниот гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април предвидува поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски, а само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ, соопштуваат од партијата. Ќе се предвидат и изградби на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени. Обнова на Македонија ќе има по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе проекти кои ќе овозможат целосна гасификација на државата. Обновата кога ќе дојде, ќе дојде време кога ќе има повеќе за секој граѓанин во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-se-obvrzuva-za-celosna-gasifikacija-na-makedonija/feed/ 0
ЃОРЧЕВ: Знаевме дека лаже, ама до толку?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-znaevme-deka-laze-ama-do-tolku/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-znaevme-deka-laze-ama-do-tolku/#respond Thu, 23 Jan 2020 13:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=293654

Знаевме дека лаже, ама до толку?!, пишува пратеникот Влатко Ѓорчев коментирајќи го видеото постирано на Фејсбук кое се однесува на работата на Зоран Заев и неговите ветувања во минатото. Видеото можете да го погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/videos/536839436924331/?t=0]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-znaevme-deka-laze-ama-do-tolku/feed/ 0
Данев: Гледам за година ипол не направивте апсолутно ништо, па да не зборуваме за некои поголеми чекори во врска со гасификацијата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danev-gledam-za-godina-ipol-ne-napravivte-apsolutno-nishto-pa-da-ne-zboruvame-za-nekoi-pogolemi-chekori-vo-vrska-so-gasifikacijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danev-gledam-za-godina-ipol-ne-napravivte-apsolutno-nishto-pa-da-ne-zboruvame-za-nekoi-pogolemi-chekori-vo-vrska-so-gasifikacijata/#respond Thu, 06 Dec 2018 16:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=136628

-За гасификацијата имате сто проценти согласнот од опозицијата. Ние веќе го почнавме тој проект во градот Скопје за таа секундарна гасификација, продолжете. Гледам за година ипол не направивте апсолутно ништо, па да не зборуваме за некои поголеми чекори во врска со гасификацијата детално во градот Скопје и општина Аеродром, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на деншната Комисија за финансирање и буџет. Тој потенцираше дека загадувањето во градот Скопје им беше приоритет број еден и топ тема на СДСМ во предизборитео и на локалните избори и за парламентарните избори.Тој ги потсети СДСМ дека ветуваа дека експресно и брзо ќе се зафатите со решавање на овој горчлив проблем за граѓаните на градот Скопје и општина Аеродром. -Ветувавте гасификација, ветувавте еко-дрва, ветувавте низи дополнителни други мерки со кои што ќе се намали загаденоста во градот Скопје и Аеродром,но помина година ипол откако сте државна власт, повеќе од година време откога имате и локална власт и освен флоскулите дека има низи мерки, плановите се направени, стратегијата е направена, ништо конкретно граѓаните на градот Скопје и општина Аеродром не видоа, додаде Данев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danev-gledam-za-godina-ipol-ne-napravivte-apsolutno-nishto-pa-da-ne-zboruvame-za-nekoi-pogolemi-chekori-vo-vrska-so-gasifikacijata/feed/ 0