гасовод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гасовод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-chistene-na-trasata-na-gasovodot-leskovats-vrane-koj-treba-da-obezbedi-interkonektsija-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-chistene-na-trasata-na-gasovodot-leskovats-vrane-koj-treba-da-obezbedi-interkonektsija-so-makedonija/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:38:05 +0000 https://kurir.mk/?p=892789

Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот - чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи на реализација на проектот, а во текот на истражното работење нема да биде причинета штета на сопствениците на парцелите соопшти Југпрес. Планот е да се изгради гасовод за јужна Србија, од Дољевац до македонската граница, кој ќе биде долг 146 километри и кој ќе обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Поморавље во Србија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-chistene-na-trasata-na-gasovodot-leskovats-vrane-koj-treba-da-obezbedi-interkonektsija-so-makedonija/feed/ 0
Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/#respond Sat, 10 Jun 2023 10:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=844310

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море. Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој Европа се снабдува со руски гас, пишува американскиот весник Волстрит журнал. Истражителите се обидуваат да откријат зошто јахтата користена за минирање на гасоводот влегла во полските води, се наведува во извештајот. Истрагата покажала и дека Полска би можела да биде центар и за логистика и за финансирање на диверзантскиот напад, додава весникот. Истражителите утврдиле дека јахтата го променила планираниот курс и запловила во полските води, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот, сателити и мобилни телефони, од мејлови и собрани примероци од ДНК пронајдени на јахтата, кои Германија се обидела да ги поврзе со најмалку еден украински војник, пренесуваат британските медиуми. Германската полиција и кабинетот на полскиот премиер се уште не одговориле на барањето за коментар на наводите на весникот Волстрит журнал. „Вашингтон пост“ оваа недела објави дека САД знаеле за планот на Украина да го нападне гасоводот „Северен тек“ три месеци пред гасоводот да биде оштетен од подводни експлозии. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украинците не го саботирале гасоводот. Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, кои потврдија дека се намерно предизвикани, но не можеа да утврдат кој е одговорен за нив. Русија инсистира дека е неопходно да се спроведе објективна меѓународна истрага за експлозиите на гасоводот, со нејзино учество, а тврди дека нападите на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември се терористички напади. На почетокот на февруари, познатиот американски истражувачки новинар Сејмур Херш предизвика сензација со своите тврдења дека нуркачи на американската морнарица поставиле експлозивни направи на гасоводи веќе во јуни. Како што објави WSJ, германските истражители заклучиле дека експлозивот користен во нападот HMX бил познат како октоген, безбојна супстанца погодна за уништување на подводната инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/feed/ 0
Шведско обвинителство: Сè уште не е јасно кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен поток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=820997

Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти денеска шведското обвинителство, кое го истражува случајот. Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море. „Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста“, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист. „Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите“, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/feed/ 0
Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-radev-utre-ke-go-oznachat-pochetokot-na-povrzuvaneto-so-gasovodot-srbija-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-radev-utre-ke-go-oznachat-pochetokot-na-povrzuvaneto-so-gasovodot-srbija-bugarija/#respond Tue, 31 Jan 2023 13:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=794277

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот. Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за Европската Унија. Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, а остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-radev-utre-ke-go-oznachat-pochetokot-na-povrzuvaneto-so-gasovodot-srbija-bugarija/feed/ 0
Бикнијус: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biknijus-nema-neposredni-dokazi-deka-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija-e-rezultat-na-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biknijus-nema-neposredni-dokazi-deka-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija-e-rezultat-na-napad/#respond Fri, 13 Jan 2023 20:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=787092

Извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денеска соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад. – Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, рече Бикнеус на прес-конференција. Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија. На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biknijus-nema-neposredni-dokazi-deka-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija-e-rezultat-na-napad/feed/ 0
Експлодира гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplodira-gasovodot-shto-ja-povrzuva-litvanija-so-letonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplodira-gasovodot-shto-ja-povrzuva-litvanija-so-letonija/#respond Fri, 13 Jan 2023 18:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=787060

Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата. Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението, пренесоа руски медиуми. Се прецизира дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина. Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Саулиај. – Нема станбени згради во близина, но никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите, рече Гегузинскас. Според него, специјални служби работат на лице место, а сообраќајот е привремено во прекин.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplodira-gasovodot-shto-ja-povrzuva-litvanija-so-letonija/feed/ 0
„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajnenshl-tajms-slovenija-planira-da-izgradi-gasovod-do-ungarija-za-alzirski-plin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajnenshl-tajms-slovenija-planira-da-izgradi-gasovod-do-ungarija-za-alzirski-plin/#respond Tue, 06 Dec 2022 13:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=771771

Словенечкиот премиер Роберт Голоб планира да биде изграден гасовод до Унгарија за алжирски гас со цел да и помогне на соседната земја да ја намали зависноста од рускиот гас, обави „Фајненшл тајмс“. Новиот гасовод треба да профункционира за две до три години, а подоцна може да се прошири во зависност од побарувачката, пишува весникот, повикувајќи се на изјавите на словенечкиот и унгарскиот премиер Голоб и Виктор Орбан, кои се сретнаа по повод почетокот. на редовната работа на далноводот Цирковце-Пинце, пренесе СТА. ФТ забележува дека Голоб е поранешен извршен директор во енергетската индустрија, чија партија го победи долгогодишниот сојузник на Орбан, поранешниот премиер Јанез Јанша, на изборите во април. Орбан рече дека е заинтересиран за диверзификација на изворите на гас, наведувајќи три опции, пишува весникот. Првиот би бил словенечки гасовод за гас од Алжир, потоа гасовод за транспорт на гас од наоѓалишта откриени во романските води на Црното Море и продолжување на постојниот гасовод до Хрватска, кој би увезувал течен природен гас. Орбан по средбата со Голоб изјави дека е заинтересиран за сите три опции, додаваат од ФТ. Весникот ја наведува и најавата на Голоб дека соработката ќе се заснова на принципот на солидарност во ЕУ. Според Голоб, гасоводот од Алжир би можел да се користи и за водород од Северна Африка, што добро би можело да дојде во подоцнежните фази на зелената транзиција, пренесува словенечката агенција. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот ја посети Словенија, каде заедно со премиерот Роберт Голоб и хрватскиот министер за економија Давор Филиповиќ учествуваше на свеченото одбележување на почетокот на редовната работа на далноводот Цирковце-Пинце. Деталите за темата на разговор во кабинетот на Орбан и Голоб не се откриени, за таа средба јави словенечката агенција СТА, но на маса наводно бил и проектот за прекуграничниот гасовод меѓу Словенија и Унгарија од Кидричево до Пинац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajnenshl-tajms-slovenija-planira-da-izgradi-gasovod-do-ungarija-za-alzirski-plin/feed/ 0
Русија тврди дека неколку лица се уапсени при обид за напад на гасоводот Турски тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-nekolku-lica-se-uapseni-pri-obid-za-napad-na-gasovodot-turski-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-nekolku-lica-se-uapseni-pri-obid-za-napad-na-gasovodot-turski-tek/#respond Thu, 13 Oct 2022 14:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=744907

Кремљ соопшти дека неколку лица биле уапсени при, како што рече портпаролот Дмитриј Песков, обид за напад на гасоводот Турски тек на руска територија – Сакаа да го кренат во воздух, изјави Песков пред новинарите. – Некои сили, за можното потекло на овие сили навести Путин, (…) веќе посегнаа и поо Турски тек. Фатени се саботерите, уапсени неколку луѓе. Сакаа да го кренат во воздух. На наша територија, на копно изјави денеска Песков. Рускиот претседател Владимир Путин претходно рече дека украинските власти се обидуваат да поткопаат една од делниците на Турски тек. Русија вели дека jа засилува безбедноста на гасоводот Турски тек, кој носи руски гас во Турција, по необјаснети пукнатини на гасоводите Северен тек во Балтичкото Море и истекување нафта на гасоводот Дружба во Полска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-nekolku-lica-se-uapseni-pri-obid-za-napad-na-gasovodot-turski-tek/feed/ 0
Вучиќ ќе гради гасовод од Србија до Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-kje-gradi-gasovod-od-srbija-do-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-kje-gradi-gasovod-od-srbija-do-makedonija/#respond Wed, 05 Oct 2022 13:01:04 +0000 https://kurir.mk/?p=741372

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека енергетската ситуација во Србија е тешка и рече дека земјата купува од Русија две милијарди кубни метри гас, но би било добро да добијат уште една милијарда од другата страна. Тој ова го кажа во изјава за медиумите по свеченоста за пуштање во употреба на новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција денеска во Софија. Вучиќ рече дека и е благодарен на Европската комисија за поддршката и најави дека Србија ќе продолжи да работи на диверзификација на гасот. - За тој проект ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Северна Македонија од многу причини, исто така поради можноста за поврзување со ТАП, кој води од Азербејџан до Италија, па да видиме што можеме да добиеме во иднина, изјави Вучиќ. Посочи дека се разгледуваат и други енергетски можности и нови гасоводи на територијата на Србија. Исто така, рече дека државата размислува за нови нафтени линии, бидејќи, како што нагласи, „некои се фалат дека им прават голема услуга со тоа што Србија им плаќа многу пари за транзит на нафта“. На тој начин, рече Вучиќ, ќе ја диверзифицираме и нафтата за да можеме да го земеме овој извор на енергија од различни извори, не само преку хрватскиот нафтовод, туку и од Албанија, Грција и некои други земји. Тој нагласи дека овие проекти се од стратешко значење за следната зима и ќе и овозможат на Србија да има малку повеќе гас отколку што има денес. Вучиќ додаде дека ситуацијата во моментов е многу тешка, нагласувајќи дека побарал земјите од Западен Балкан да добијат одредени пари како компензација за огромните цени што ги плаќаме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-kje-gradi-gasovod-od-srbija-do-makedonija/feed/ 0
Пад на притисокот во гасоводот Северен тек 2 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-pritisokot-vo-gasovodot-severen-tek-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-pritisokot-vo-gasovodot-severen-tek-2/#respond Mon, 26 Sep 2022 15:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=737629

Притисокот во гасоводот Северен тек 2 остро паднал во текот на изминатата ноќ, потврди во понеделникот портпаролот на компанијата оператор „Nord Stream 2 AG“, наведувајќи како можна причина истекување на гасот. Властите во Германија, Данска, Шведска, Финска и Русија веднаш биле известени, изјавил портпаролот Улрих Лисек од седиштето на компанијата кое сѐ уште не е префрлено од Швајцарија во Германија иако е таму регистрирано според германското законодавство, Ноќта кон понеделникот притисокот во делот од гасоводот кој минува низ подморјето паднал од 105 на само 7 бари. Во германското министерство за економија соопштија дека не ја знаат причината и оти вршат проверки дали тоа се случило во германските територијални води. „Во моментов сме во контакт со регулаторите за да ја разјасниме ситуацијата. Сѐ уште не е јасна причина, ниту точните факти. Истовремено Поморската управа на Данска објави дека е забележано истекување на гас во близина на островот Борнхолм, од кој југоисточно минува гасоводот. Според данската служба, „тоа може да биде опасно за пловидбата“. Компанијата која управува со гасоводот тврди дека гасот не истекува во Лубмин, на северот од Германија. „Некаде сигурно постои дупка, само никој не знае каде. Да истекува во Лодмбин, ќе слушнавте“, изјави портпаролот на „Nord Stream 2 AG. Рускиот гасен гигант „Газпром“ одговори дека прашањето за инцидентот треба да биде проследен до операторот, кој пред судот во Швајцарија побара заштита од доверителите. Судот неодамна му го продолжи рокот за реструктуирање на финансиите. Инцидентот се случува откако неодамна рускиот претседател Владимир Путин порача дека енергетската криза во Европа предизвикана со минимизирање на капацитетите на гасоводот Северен тек 1, може да се надмине со ставањето во функција на гасоводот Северен тек 2, кој е исполнет со гас и подготвен за експлоатација во секое време. Кон средината на август потпретседателот на германскиот парламент Волфганг Кубицки, изјави дека Германија би требало да го стави во функција гасоводот Северен тек 2 за да се подготви за зимата, истакнувајќи дека приоритет на владата би требало да биде стабилното снабдување со гас. Гасоводот Северен тек 2 преку два цевковода требаше да ги удвои испораките на гасот од Русија во Германија за дополнителни 55 милијарди кубни мети гас годишно. Градењето на овој систем кој е дизајниран и за испораки на водород, траеше три години и заврши на 10-ти септември 2021 и исполнет е со технички гас. Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките на рускиот гас во Германија, на вкупно 110 милијарди кубни метри гас годишно. Руски „Газпром“, германските „Wintershall Dea“ и „Uniper“, австриски ОMV, француски „Engie“ и британски „Shell“ го потпишаа договорот за градење уште кон средината на 2015 година. „Газпром“ е сопственик на 51 отсто од уделите во проектот. Тоа го предизвика стравот на Украина дека ќе губи милијарди евра годишни од транзитот на рускиот гас преку нејзината територија, а покрај тоа Полска и другите земји стравуваа дека Германија поскапо ќе им го продава гасот. Вашингтон предупредуваше дека преку него Русија ќе го користи за политичко влијание во Европа, но Берлин тогаш рече дека САД сакаат да го промовираат на континентот својот поскап течен гас од шкрилци. Откако гасоводот беше довршен, Германија го суспендираше издавањето дозвола по доаѓањето во Вашингтон на власт на претседателот Џо Бајден, и бараше конзорциумот со седиште во Швајцарија да биде префрлено во Германија што беше и сторено. Годинава Берлин го суспендираше ставањето во функција, поради у=војната во Украина. Во меѓувреме „Газпром’ ја продаде сопственоста над филијалата „Gazprom Germania“којашто управува со важно складиште за гас, а се занимава и со трговија. Германија ја национализираше со образложени дека сака да го осигури снабдувањето со гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-pritisokot-vo-gasovodot-severen-tek-2/feed/ 0