гаспром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Sep 2022 20:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гаспром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/#respond Fri, 02 Sep 2022 20:34:10 +0000 https://kurir.mk/?p=728053

Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа. Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“. „ Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“. „ Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/feed/ 0
„Гаспром“ дополнително ја намали испораката на гас за француската компанија „Енџи“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-dopolnitelno-ja-namali-isporakata-na-gas-za-francuskata-kompanija-endzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-dopolnitelno-ja-namali-isporakata-na-gas-za-francuskata-kompanija-endzi/#respond Tue, 30 Aug 2022 11:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=725952

Француската енергетска компанија „Енџи“ (Engie) денеска соопшти дека добила известување од рускиот гигант „Гаспром“ за дополнителни и моментални намалувања во испораките на гас „поради несогласувања меѓу страните за спроведување на договорот“. Испораките руски гас за француската компанија веќе значително опаднаа од почетокот на конфликтот во Украина, неодамна на само 1,5 терават час месечно. Француската компанија потсети дека веќе вовела мерки со цел да може да ги снабдува своите купувачи, дури и во случај „Гаспром“ целосно да ја прекине испораката. Резервите гас во Франција го надминаа прагот од 90 отсто резерви за зимата – 91,47 отсто изутринава, а целта е 100 до ноември. По санкциите воведени од западните земји против Москва поради тоа што ја нападна Украина, Русија неколкупати ја намалуваше испораката на гас за Европа, која од неа зависи во голем степен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-dopolnitelno-ja-namali-isporakata-na-gas-za-francuskata-kompanija-endzi/feed/ 0
„Ова не е Москва“: Протест пред бугарската влада против преговорите со „Гаспром“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-ne-e-moskva-protest-pred-bugarskata-vlada-protiv-pregovorite-so-gasprom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-ne-e-moskva-protest-pred-bugarskata-vlada-protiv-pregovorite-so-gasprom/#respond Mon, 29 Aug 2022 18:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=725687

Со скандирања „Ова не е Москва“ и „Оставка“ почна протестот пред владината зграда во Бугарија поради преговорите на техничката влада за обновување на испораките од Гаспром. Демонстрациите го блокираа главниот влез на владата, а полициското присуство таму е зголемено. - Гаспром не е комерцијална компанија. Ова е оружје во рацете на Путин против Украина и демократскиот свет, систем на рекетирање, манипулации, изнудувања, уцени и во никој случај Бугарија не треба да се врати на овој начин на зависност. Има доволно други можности и алтернативи за вистинска диверзификација, кои, сепак, намерно се саботираат од официјалниот кабинет и по три недели протестирање и несогласување, најавуваме деноноќна блокада на централниот влез на Владата, изјавија организаторите за БНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-ne-e-moskva-protest-pred-bugarskata-vlada-protiv-pregovorite-so-gasprom/feed/ 0
„Газпром“ најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-najavuva-ogromno-zgolemuvanje-na-cenata-na-gasot-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-najavuva-ogromno-zgolemuvanje-na-cenata-na-gasot-vo-evropa/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=719325

Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри. Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина. Производството на „Газпром“ од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува „Газпром“ на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти. Рускиот весник „Комерсант“ објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на „Газпром“. – Цената на гасот во Европа вчера се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е сè поскап поради високите температури на воздухот и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река. Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производните капацитети, се наведува во текстот на „Комерсант“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-najavuva-ogromno-zgolemuvanje-na-cenata-na-gasot-vo-evropa/feed/ 0
Гаспром: Турбината за Северен тек 1 се уште не е пристигната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-turbinata-za-severen-tek-1-se-ushte-ne-e-pristignata-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-turbinata-za-severen-tek-1-se-ushte-ne-e-pristignata-2/#respond Wed, 27 Jul 2022 15:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=710934

Извршниот директор на Гаспром Виталиј Маркелов денеска соопшти дека сè уште не ја добиле Сименс турбината за компресиската станица Портоваја од гасоводот Северен тек 1 , по ремонтот во погон за одржување во Канада. Изјавата на Маркелов дојде денеска, кога испораките на гас од „Северен тек“ во Европа паднаа на речиси 20 отсто од капацитетот на гасоводот, според податоците на германскиот оператор „Гаскаде“. Маркелов за доцнењето ја обвинува Сименс енерџи, компанијата која ја сервисираше споменатата турбина во Канада, објаснувајќи дека проблемите настанале како резултат на санкциите на Западот. „Сименс енерџи“, пак, ја обвинува руската компанија и тврди дека Гаспром како клиент мора да достави царински документи за да ја увезе турбината во Русија. – Ние кажавме сè: транспортот на турбината може веднаш да започне. Германските власти му ги дадоа на Сименс енерџи сите потребни документи за извоз на турбината во Русија. Она што недостасува е документацијата за увоз во Русија, рече портпаролот. на германската компанија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторува дека Северен тек 1 би работел нормално доколку немало санкции. Песков вчера рече дека „едната турбина испратена во Канада за ремонт сè уште не е пристигната, таа е на пат и се надеваме дека ќе пристигне наскоро“, а забележани се тешкотии и на втората турбина, рече тој. Намалувањето на протокот е нов удар за испораките на гас за најголемата европска економија во време на високи тензии меѓу Русија и Западот, кои тргуваат со економски удари како одговор на инвазијата на Русија во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-turbinata-za-severen-tek-1-se-ushte-ne-e-pristignata-2/feed/ 0
Русија драстично го намалува протокот на гас преку Северен тек 1 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-drastichno-go-namaluva-protokot-na-gas-preku-severen-tek-1/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-drastichno-go-namaluva-protokot-na-gas-preku-severen-tek-1/#respond Mon, 25 Jul 2022 15:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=710040

Рускиот гасен гигант Гаспром во понеделникот објави дека ја затвора втората гасна турбина на Северен тек 1, гасовод до Германија кој веќе се користи со само 40 отсто капацитет, и затоа протокот на гас ќе се намали на половина. Тоа е нов удар за снабдувањето со гас на најголемата европска економија, што доаѓа во време на високи тензии меѓу Русија и Западот, кои разменуваат економски удари како одговор на руските акции во Украина. Европската унија ја обвини Русија за уценување на енергијата, додека Кремљ вели дека прекинот во снабдувањето со гас е поради одржувањето и последиците од западните санкции. „Гаспром“ денеска соопшти дека од среда ќе го намали протокот на гас на 33 милиони кубни метри дневно, што е само половина од она што денеска пристигнува во Германија преку тој гасовод, кој веќе е намален на само 40 отсто од вкупниот капацитет. Европските политичари постојано предупредуваат дека Русија би можела да го прекине снабдувањето со гас оваа зима, потег што може да ја турне Германија во рецесија и да предизвика поскапување на бензинот за потрошувачите, кои веќе се соочуваат со високи цени на енергијата и храната. Рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец го предупреди Западот дека со продолжување на санкциите, тие ризикуваат да предизвикаат катастрофален скок на цените на енергијата за потрошувачите ширум светот. Русија е втор најголем извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас. Европа увезува приближно 40 отсто од гасот и 30 отсто од нафтата од Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-drastichno-go-namaluva-protokot-na-gas-preku-severen-tek-1/feed/ 0
„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-go-namali-snabduvanjeto-so-gas-preku-severen-tek-1-za-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-go-namali-snabduvanjeto-so-gas-preku-severen-tek-1-za-germanija/#respond Tue, 14 Jun 2022 16:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=690863

Рускиот енергетски гигант Гаспром го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 Балтичко Море до Германија за 40 проценти, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на Сименс, соопшти денеска компанијата. Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас, се вели во извештајот. Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината инвазија врз Украина. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесува ДПА. За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-go-namali-snabduvanjeto-so-gas-preku-severen-tek-1-za-germanija/feed/ 0
Гаспром продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-prodolzuva-da-ja-snabduva-evropa-so-gas-preku-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-prodolzuva-da-ja-snabduva-evropa-so-gas-preku-ukraina/#respond Sun, 22 May 2022 19:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=680248

Рускиот нафтен гигант „Гаспром“ денеска најави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку Украина, преку граничниот премин Суџа. Преку таа влезна точка, во Украина денеска ќе поминат 44,7 милиони кубни метри, што е мало намалување во однос на вчера, кога изнесуваше 45,9. „Гаспром“ додаде дека Киев го одбил нивното барање за пренос на гас преку главната станица Сохрановка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-prodolzuva-da-ja-snabduva-evropa-so-gas-preku-ukraina/feed/ 0
Гаспром потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-potvrdi-deka-pomalku-gas-se-isporachuva-preku-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-potvrdi-deka-pomalku-gas-se-isporachuva-preku-ukraina/#respond Wed, 11 May 2022 09:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=674977

Рускиот енергетски гигант Гаспром потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина кон Европа, откако Киев соопшти за намалување на количината поради војната. – Гаспром ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина на 11 мај, изјави денеска, портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов. Тоа ниво е намалување на обемот на нарачката од 95.8 милиони кубни метри, претходниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gasprom-potvrdi-deka-pomalku-gas-se-isporachuva-preku-ukraina/feed/ 0
Петков: Одлуката на Русија за прекин на испораката на гас е еднострана уцена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-odlukata-na-rusija-za-prekin-na-isporakata-na-gas-e-ednostrana-ucena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-odlukata-na-rusija-za-prekin-na-isporakata-na-gas-e-ednostrana-ucena/#respond Wed, 27 Apr 2022 08:56:08 +0000 https://kurir.mk/?p=668472

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со Гаспром, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија. „Предупредувањето на Русија дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Бугарија поради барањето за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена“, рече Петков, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека Бугарија во моментов ги разгледува сите свои договори со Гаспром, како што е и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија, бидејќи „едностраната уцена не е прифатлива“. Петков разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека 27-члениот блок ќе има заеднички одговор на дејствијата на Русија. Рускиот енергетски гигант Газпром утринава објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие одбиле да исплатат во рубљи за гасот што им бил доставен во април. За одлуката на Газпром претходно денеска зборуваше и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, кој на новинарите им рече дека Софија ги платила сите количини гас за април и дека руската компанија ќе го прекрши сегашниот договор доколку го запре протокот на гас. Според него, Софија наскоро ќе знае дали гасот што се добива преку Турција ќе биде прекинат, рече Николов. Тој нагласи дека Бугарија, како членка на ЕУ и НАТО, ќе го почитува ставот на Европската комисија, која ги повикува земјите да не плаќаат руски гас во рубљи, што, како што вели, го бара рускиот претседател Владимир Путин. „Бидејќи се почитуваат сите трговски и законски обврски, јасно е дека во овој момент природниот гас повеќе се користи како политичко и економско оружје во актуелната војна“, рече Николов. Бугарија исполнува повеќе од 90 отсто од потребите за снабдување со гас од Русија според долгорочниот договор кој истекува кон крајот на оваа година. Николов рече дека снабдувањето со гас за бугарските потрошувачи се уште е гарантирано најмалку еден месец. Рускиот гас се транспортира и преку Бугарија преку продолжениот крак на гасоводот Турски тек до Србија и понатаму до Унгарија. Николов рече дека Софија ќе ги разгледа сите актуелни договори со Гаспром. „Бугарија е лојален партнер на сите соседни земји. Бугарија не е Русија. „Кога можеме, ќе им помогнеме на сите наши соседи“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-odlukata-na-rusija-za-prekin-na-isporakata-na-gas-e-ednostrana-ucena/feed/ 0