газа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 09:01:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png газа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петнаесет загинати, 60 ранети во израелски напад врз амбулантни возила во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=896353

Во израелски воздушен напад извршен синоќа врз амбулантни возила користени за евакуација на ранетите од опколениот северен дел на Газа, загинаа 15 лица, а 60 се ранети, соопшти Министерството за здравство на енклавата под контрола на Хамас. Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичката ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила. Официјалниот претставник на Хамас Изат Ел Решик рече дека наводите за присуството на неговите борци се „неосновани“. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, рече дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа. Кидра рече дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост. Во соопштението за инцидентот, израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/feed/ 0
Грција в понеделник ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-v-ponedelnik-ke-isprati-humanitarna-pomosh-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-v-ponedelnik-ke-isprati-humanitarna-pomosh-vo-pojasot-gaza/#respond Fri, 03 Nov 2023 15:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896226

Грција в понеделник со авион на военото воздухопловство ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, одговарајќи на пратеничко прашање во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција истакна дека грчката Влада е во консултација со други земји, особено со Кипар и Франција за формирање хуманитарен морски коридор директно до Газа, а разговараат и со Израел за да се обезбеди непречено минување. -Секако, сфаќаме дека се работи за проект со исклучително голема техничка тешкотија, со оглед на фактот што во Појасот Газа нема безбедно пристаниште за да може безбедно да доплови било кој брод. Во секој случај, сакам да потсетам дека Грција самостојно, освен помошта со која придонесува преку ОН, веќе планира помош за Појасот Газа. В понеделник наутро ќе тргне Ц-130 на военото воздухопловство со неопходната помош, односно лекови, кои веднаш ќе бидат распределени во Појасот Газа, објасни Герапетритис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-v-ponedelnik-ke-isprati-humanitarna-pomosh-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви се зголеми на 9.227 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=896186

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа загинале уште 196 лица, што значи дека вкупниот број на жртви на палестинска територија се зголемил на 9.227. Меѓу загинатите има 3.826 деца и 2.405 жени, додека 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините. Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека на болниците во Газа им снемува гориво и дека болниците во Индонезија и Шифа користат помали генератори за да ја задржат струјата само во единиците за интензивна нега, инкубаторите и операционите сали. Тој го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во испораката на крв од сите крвни групи и му се заблагодари на Египет за евакуацијата на десетици ранети на лекување во изминатите три дена, додавајќи дека се уште има стотици сериозни случаи кои треба да се евакуираат. Во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас на југот на Израел, а околу 240 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/feed/ 0
Ердоган повика на итен прекин на огнот: Во Газа се случуваат злосторства против човештвото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-povika-na-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza-se-sluchuvaat-zlostorstva-protiv-choveshtvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-povika-na-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza-se-sluchuvaat-zlostorstva-protiv-choveshtvoto/#respond Fri, 03 Nov 2023 12:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=896165

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“. „Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, пренесува „Гардијан“. Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот. „Да бидам искрен, злосторства против човештвото се случуваат во Газа точно 28 дена“, рече Ердоган. Тој изјави дека Турција работи на „нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“. „Нашите напори да поставиме основа за меѓународна мировна конференција продолжуваат“, рече Ердоган.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-povika-na-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza-se-sluchuvaat-zlostorstva-protiv-choveshtvoto/feed/ 0
Таткото и двете деца, македонски државјани, безбедно ја напуштија Газа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-i-dvete-detsa-makedonski-drzhavjani-bezbedno-ja-napushtija-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-i-dvete-detsa-makedonski-drzhavjani-bezbedno-ja-napushtija-gaza/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=896018

Министерството за надворени работи информира дека вчера тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија. Со нив, преку Рафах се евакуирала и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. -Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани. Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани, се наведува во соопштението на МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-i-dvete-detsa-makedonski-drzhavjani-bezbedno-ja-napushtija-gaza/feed/ 0
СЗО повика на безбеден пристап до болниците во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=895926

Светската здравствена организација (СЗО) повика на безбедносни гаранции за испорака на медицинска помош до клиниките во Газа. Главниот кризен менаџер на СЗО, Мајк Рајан денеска во Женева изјави дека транспортот на хуманитарна помош на палестинската територија е попречен од завојуваните страни, бидејќи е речиси невозможно да се добијат безбедносни гаранции од нив. - Ми здодеа да ги слушам сите овие уверувања кои всушност не постојат на терен за луѓето со кои работиме, рече Рајан. Тој, исто така, нагласи дека СЗО не знаела за бази на Хамас во болниците во Газа. Иако СЗО е во близок контакт со медицинскиот персонал на теренот, она што може да се случува под овие клиники не ѝ е познато на СЗО, призна Рајан. Доколку болниците во Газа бидат евакуирани на барање на Израел, Израел, како окупаторска сила, ќе мора да го олесни безбедниот транспорт на пациентите до центрите за алтернативен третман во координација со одговорниот здравствен орган, нагласи Рајан. Во меѓувреме, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус повика на прекин на огнот и рече дека од одговорот на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври, 218 здравствени установи и персонал во палестинските области биле нападнати. - Ситуацијата во Газа е неопислива. Болници преполни со повредени, мртовечници преполни, лекари кои вршат операција без анестезија, илјадници луѓе кои бараат засолниште од бомбардирањето, семејства во преполни училишта, очајни за храна и вода, преполни тоалети и ризик од ширење на епидемии на болести. И насекаде страв, смрт, уништување, загуба, рече Гебрејесус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/feed/ 0
СЗО: Околу една третина од болниците во Газа не работат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-edna-tretina-od-bolnitsite-vo-gaza-ne-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-edna-tretina-od-bolnitsite-vo-gaza-ne-rabotat/#respond Thu, 02 Nov 2023 15:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895878

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, оцени дека ситуацијата во Газа е „длабоко загрижувачка“. Тој на социјалната мрежа Х напиша дека 14 од вкупно 36 болници во Газа не работат поради недостиг на гориво, како и поради напади и несигурност. Болниците кои успеаја да останат отворени работат со капацитет од 40 отсто, додаде тој. Шефот на СЗО во изјавата додаде: „Дваесет и три болници добиле наредба за евакуација од градот Газа и северниот дел на Газа, а присилната евакуација под овие околности ќе ги стави животите на стотици пациенти во опасна по живот ситуација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-edna-tretina-od-bolnitsite-vo-gaza-ne-rabotat/feed/ 0
Генерал Халеви: ИДФ го опколи градот Газа, влезени сме во срцето на северна Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-halevi-idf-go-opkoli-gradot-gaza-vlezeni-sme-vo-srtseto-na-severna-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-halevi-idf-go-opkoli-gradot-gaza-vlezeni-sme-vo-srtseto-na-severna-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 15:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=895872

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, денеска изјави дека неговите сили оствариле нов напредок во спроведувањето на фазите од војната против Хамас во Појасот Газа, пренесе „Тајмс од Израел“. -Постигнавме напредок во уште една значајна фаза од војната. Нашите сили се во срцето на северна Газа, оперираат во градот Газа, го опкружуваат и ја продлабочуваат копнената офанзива и достигнувањата, изјави генералот Халеви во базата на воздухопловните сили. „ИДФ се борат во густа и сложена урбана област, за која е потребна професионална борба и храброст“, наведе тој. Генералот кажа дека војниците се вклучени и во блиска борба. -Копнените сили имаат точни разузнавачки информации, и се поддржани со оган од воздух и море. Оваа соработка ја прави борбата многу поефикасна, кажа началникот на ГШ на израелската армија. Халеви, сепак, призна дека во оваа војна се плаќа „болна и тешка цена“, со 18 досега убиени војници во копнената операција. -Го изгубивме најдобрите наши синови во војната, ги прегрнуваме нивните семејства... ќе продолжиме да победуваме, кажа генералот. На крајот од изјавата тој кажа дека ИДФ има „обврска“ да ги врати дома сите заложници што ги држи Хамас и другите терористички групи во Појасот Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-halevi-idf-go-opkoli-gradot-gaza-vlezeni-sme-vo-srtseto-na-severna-gaza/feed/ 0
Припадник на терористичката група Хамас: Знаев дека има деца и пукав во вратата, нема разлика меѓу Хамас и ИСИС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=895815

Израелската војска вчера објави видео од испрашување на маж за кој велат дека е член на Хамас вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври. Човекот на видеото го опишува убиството на израелски деца во Кфар Аз, израелски кибуц на границата со Газа. „Нашата единствена мисија беше убивање, а не киднапирање. Убијте го секој човек кој ќе го видите и вратете се во Газа“, раскажал Амер Абу Гоша, командос на единица на Хамас. Тој навел дека неговата група се упатила кон Кфар Аз со џип и влегла во кибуцот откако еден од нив ја разнел капијата со експлозивна направа. Откако влегле во градот, оделе од куќа до куќа, ги палеле и пукале во сите кои им се нашле на патот со калашникови или ги гаѓале со гранати. „Слушнав деца, пукав на вратата“ Во еден момент, Абу Гоша опишува како влегол во куќа и слушнал гласови на мали деца кои плачат во другата соба и пукал кон вратата од собата. Тој вели дека гласовите на крајот престанале, па заклучил дека децата умреле. „Пукавме додека не слушнавме повеќе гласови“, рече тој. Абу Гоша и дел од неговата група подоцна влегле во вооружен конфликт со војниците на ИДФ – Израелските одбранбени сили, кои влегле во куќата низ прозорците и биле принудени да се предадат. На прашањето зошто убивале жени и деца, Абу Гоша одговара: „Ни рекоа дека сите доселеници се војници“. На прашањето која е разликата меѓу Хамас и ИСИС, тој вели дека испитувачите му покажале видео снимки од некои од злосторствата извршени од терористите на Хамас врз израелските цивили, а тој коментирал: „Нема разлика. Сум видел видеа кои се полоши од оние на ИСИС“. Израел ја напаѓа Газа повеќе од три недели како одговор на најтешкиот масакр во својата историја, извршен на 7 октомври од терористи од Хамас и други екстремистички групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/feed/ 0
Престана со работа главната единица за производство на струја во болница во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prestana-so-rabota-glavnata-edinitsa-za-proizvodstvo-na-struja-vo-bolnitsa-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prestana-so-rabota-glavnata-edinitsa-za-proizvodstvo-na-struja-vo-bolnitsa-vo-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895807

Престана со работа главната единица за производство на струја во болницата во близина на бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти тамошното Министерство за здравство. Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кудра, во телевизиско обраќање рече дека болницата сега работи со помал, резервен генератор, но мора да ги исклучи светлата во повеќето простории, да ги исклучи генераторите на кислород, како и ладилникот во мртовечницата. „Овие итни мерки ќе и овозможат на болницата да работи само уште неколку дена. Меѓутоа, ако не можеме да обезбедиме струја или гориво, ќе се соочиме со катастрофа“, предупреди Ал-Кудра. Шеснаесет од 35-те болници во Појасот Газа повеќе не се во можност да лекуваат пациенти поради недостиг на гориво, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prestana-so-rabota-glavnata-edinitsa-za-proizvodstvo-na-struja-vo-bolnitsa-vo-gaza/feed/ 0