газди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 16:22:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png газди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДК открива кои се скопските газди меѓу уапсените за кражба на луксузни автомобили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-otkriva-koi-se-skopskite-gazdi-megu-uapsenite-za-krazhba-na-luksuzni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-otkriva-koi-se-skopskite-gazdi-megu-uapsenite-za-krazhba-na-luksuzni-avtomobili/#respond Wed, 05 Jul 2023 14:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=853193

Меѓу уапсените 18 лица за кражба на луксузни автомобили од неколку европски држави се и газдите на два познати угостителски локали во центарот на Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори на истрагата. Едниот од нив е и сопственик на фабрика за колачиња, а меѓу уапсените е и газда на менувачница. Од МВР, пак, уапсени се пет вработени од управните служби, кои ги фалсификувале и ги подготвувале документите за регистрација на украдените нови возила. Возилата што се краделе па препродавале биле исклучиво под лизинг во странство. Скопското обвинителство отвори истрага за криумчарење луксузни автомобили со 20-мина осомничени, од кои петмина се вработени во МВР. Обвинителството соопшти дека до овој момент од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по двајца сè уште се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство. Меѓу осомничените има и мажи и жени. Осуммина од овие 18 се осомничени за кривичните дела Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи, а останатите 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка. Македонската Царина помогнала во неколкумесечната истрага. Од Царината нема вмешани или осомничени. Истрагата вели дека се краделе луксузни коли дадени на лизинг, произведени најчесто во 2021 година. Во текот на 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на патнички моторни возила избегнувајќи ја царинската контрола како непријавена стока, во вкупна вредност од големи размери. Употребувале лажни јавни исправи како вистинити, за да ги регистрираат автомобилите, по што ги продавале возилата за кои знаеле дека се предмет на кривично дело. Најголем дел од автомобилите биле предмет на меѓународни потраги, како украдени. Биле крадени во различни европски земји и внесувани во Македонија со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа осомничените службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. Некои од овие нови лусузни коли биле намерно опожарени, за да им се прикрие бројот на шасијата. Но, и за да се скријат трагите, автомобилите меѓусебно ги препродавале по неколкупати за краток временски период, по најнормално (трајно) ги продавале на физички и на правни лица во државава. Во текот на постапката обезбедени се докази за внесување и препродажба на 14 вакви автомобили и еден мотор, со вкупна првично проценета вредност од над 500.000 евра. Скопскиот надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор за осум осомничени за кои ќе се води истрага, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-otkriva-koi-se-skopskite-gazdi-megu-uapsenite-za-krazhba-na-luksuzni-avtomobili/feed/ 0
Грција: Газдите од своите вработени бараат да им вратат дел од специјалната помош од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gazdite-od-svoite-vraboteni-baraat-da-im-vratat-del-od-specijalnata-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gazdite-od-svoite-vraboteni-baraat-da-im-vratat-del-od-specijalnata-pomosh-od-drzavata/#respond Thu, 26 Mar 2020 15:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=322658

До синдикатите во Грција стигнале сериозни поплаки дека постојат обиди на некои работодавците да земат дел од специјалната помош во висина од 800 евра што им следува на вработените во рамките на владините мерки за поддршка за справување со економските последици од коронавирусот, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. ЕРТ, информациите ги поткрепи со објавена аудио снимка од разговор во кој одговорниот, од вработените бара, на специјална сметка на работодавецот да врата 100 од добиените 800 евра. -Сите кои имате право на надомест од 800 евра, согласно законот на Мицотакис, разговарав со сметководителот, од овие 800, треба 100 евра да бидат уплатени на сметка, што ќе ви ја дадам, на работодавецот, општо за штетите, за целиот проблем и за оптовареноста што ја имаше од почетокот на март. Така што, да знаете ќе добиете нето 700 евра, вели одговорниот во разговор со вработените, според аудио документот што го објави ЕРТ, а државната телевизија го добила од синдикатите. Грчката влада, минатата седмица, во рамките на пакетот економски мерки, соопшти дека сите вработени на кои привремено им е прекинат нивниот договор за вработување, поради прекинување на работењето на компанијата по наредбата од државата, ќе добијат надомест од државниот буџет, на почетокот на април, во висина од 800 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gazdite-od-svoite-vraboteni-baraat-da-im-vratat-del-od-specijalnata-pomosh-od-drzavata/feed/ 0