Газивода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Sep 2018 13:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Газивода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Танјуг: Тачи бил на езерото Газивода https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tanjug-tachi-bil-na-ezeroto-gazivoda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tanjug-tachi-bil-na-ezeroto-gazivoda/#respond Sat, 29 Sep 2018 13:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=107934

Агенцијата Косова прес околу 14 часот емитувала снимка на која се гледа како Хашим Тачи се вози по езерото Газивода, а на приштинските портали објавени се и фотографии и видео снимки од неговиот престој таму, јави Танјуг. Српската агенција напоменува дека за сега не е познато кога точно се направени тие снимки, но извесно е дека неговото доаѓање во Газивода е поврзано со распоредувањето на припадниците на РОСУ во непосредна близина на езерото. Градоначалникот на Зубин Поток Стеван Вуловиќ за РТС изјавил дека косовските специјални единици попладнево се повлекле од вештачкото езеро Газивода. - Единиците на РОСУ се повлекоа, моментално е мирно, рекол Вучиќ за РТС малку после 14 часот. Како што пренесува Танјуг, на прашањерто дали е точно дека косовскиот претседател се возел со чамец по езерото, Вуловиќ рекол дека не се возел, туку дека „се криел на брегот“. Тој додал дека е важно што никој не е повреден, ниту уапсен. Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо претходно за Танјуг изјави дека КФОР не бил информиран дека припадниците на косовските специјални единици РОСУ ќе одат во северно Косово. Според него, припадниците на РОСУ го уапсиле заменикот градоначалник на Зубин Поток, а КФОР испратил свои единици во подрачјето и ја мониторира ситуацијата. Заменикот комадант на косовската полиција за северот Бесим Хоти ги отфрли тврдењата за апсења. Тој за радио Слободна Европа рекол дека во тој дел имало само „една посета“. Танјуг исто така јави дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил во постојан контакт со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, откако припадници на РОСУ се распоредиле на Газивода. Тој „изразил протест поради безобѕирната акција на Хашим Тачи и приштинското раководство“, дознава Танјуг од извори блиски до Кабинетот на Вучиќ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tanjug-tachi-bil-na-ezeroto-gazivoda/feed/ 0