Гдањск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Apr 2019 06:25:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гдањск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свештеници во Гдањск палеле книги во кои има зли сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenici-vo-gdanjsk-palele-knigi-vo-koi-ima-zli-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenici-vo-gdanjsk-palele-knigi-vo-koi-ima-zli-sili/#respond Tue, 02 Apr 2019 06:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=181335

Свештениците од католичката парохија во Гдањск, во северна Полска, палеа книги, вклучувајќи и серија книги за волшебникот Хари Потер и други работи за кои нивните сопственици тврдат дека во нив има зли сили. Католичката фондација, која користи неконвенционални методи во верската работа, објави фотографии на Фејсбук и наведе дека палењето на книгите треба да ги предупреди припадниците на парохијата на лошите влијанија „кои доаѓаат од магиите“. Во коментарите на Фејсбук се осудува палењето на книгите и притоа се потсетува дека тоа се случувало во нацистичка Германија пред Втората светска војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenici-vo-gdanjsk-palele-knigi-vo-koi-ima-zli-sili/feed/ 0
Протести во Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-polska-po-ubistvoto-na-gradonachalnikot-na-gdanjsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-polska-po-ubistvoto-na-gradonachalnikot-na-gdanjsk/#respond Tue, 15 Jan 2019 08:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=152293

Во Полска синоќа се одржаа протести против омразата и насилството, како одговор на убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович. Адамович почина вчера откако завчера беше прободен со нож на хуманитарен настан на невладина организација. Во Варшава се собраа илјадници луѓе под слоганот „Стоп за омразата“, а слични протести се одржаа и во другите градови на Полска. Претседателот на Европскиот совет и поранешен полски премиер Доналд Туск пред насобраните граѓани во Гдањск рече дека ќе го ослободат градот од омразата. – Ти ветувам драги Павел дека за тебе ќе го ослободиме од омразата нашиот Гдањск, нашата Полска и нашата Европа, рече Туск. Полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски изјави дека Адамович им подлегнал на повредите и покрај напорите на лекарите кои го оперираа пет часа. Напаѓачот, пред да биде уапсен, на бината ја обвини партијата на градоначалникот, позициската Граѓанска платформа (ПО), дека го сместила во затвор каде што бил малтретиран. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-polska-po-ubistvoto-na-gradonachalnikot-na-gdanjsk/feed/ 0
Ја изгуби битката: Почина градоначалникот на Гдањск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-izgubi-bitkata-pochina-gradonachalnikot-na-gdanjsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-izgubi-bitkata-pochina-gradonachalnikot-na-gdanjsk/#respond Mon, 14 Jan 2019 14:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=152086

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт. Адамович (53), кој на оваа функција е од 1998 година, беше во критична состојба по петчасовната операција. Според лекарите, тој имал сериозни повреди на срцети, дијафрагмата и други внатрешни органи. Не можевме да го спасиме – изјави полскиот министер за здравство, Лукаш Шумовски за локалните медиуми. Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор. По нападот синоќа тој пред публиката рече дека поранешната политичка партија на Адамович е виновна што тој бил во затвор во 2014 година за серија насилни напади. Адамович веќе долго време беше цел на омраза во екстремно десничарските кругови поради неговата енергична одбрана на правата на мигрантите и бегалците и на ЛГБТ заедницата. Засега нема докази дека се работи за политички мотивиран напад. Но многумина во Полска сметаат дека нападот е резултат на порастот на говорот на омраза. Сопругата на Адамович била во Велика Британија за време на нападот. Полската влада испрати авион во Лондон за да ја врати во Полска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-izgubi-bitkata-pochina-gradonachalnikot-na-gdanjsk/feed/ 0
Се викам Стефан и недолжен бев во затвор: Откриени мотивите за бруталниот напад на градоначалникот кој се бори за живот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vikam-stefan-i-nedolzen-bev-vo-zatvor-otkrieni-motivite-za-brutalniot-napad-na-gradonachalnikot-koj-se-bori-za-zivot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vikam-stefan-i-nedolzen-bev-vo-zatvor-otkrieni-motivite-za-brutalniot-napad-na-gradonachalnikot-koj-se-bori-za-zivot-video/#respond Mon, 14 Jan 2019 08:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=151921

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ, кој синоќа е избоден со нож во пределот на срцето и стомакот додека стоел на бина, е во критична состојба, а во Гдањск во тек е акција за собирање на крв. Лекарите нападнатиот градоначалник пет часа го оперирале, а еден од хирурзите рече дека Адамович има „критични рани во пределот на срцето, дијафрагмата и внатрешните органи“, пренесе агенцијата АП. На Адамович му е потребно големо количество крв поради што денеска е покрената акција за собирање во Гдањск, а направен е и протест против насилството. Гдањскиот бискуп, кој бил во болницата во текот на операцијата на градоначалникот, рекол дека се моли за „чудо“. Адамович, е избоден вчера на бина, кога втрчал напаѓач со нож, во неделата навечер во текот на добротворен настан, по што градоначалникот само се фатил за стомак и паднал. Осомничениот е уапсен. Повеќе полски медиуми известија дека тој маж, откако го избодел Адамович, извикал дека се вика Стефан и дека бил во затвор, иако бил невин. Адамович (53) е градоначалник на Гдањск, балтичкиот пристанишен град од 1998 година. Тој е член на демократскат опозиција која настана во тој град по водстство на Лех Валенса во текот на 1980 година. Откако ја напушти Граѓанската платформа, избран е повторно за шести мандат како независен кандидат. Како градоначалник беше прогресивен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vikam-stefan-i-nedolzen-bev-vo-zatvor-otkrieni-motivite-za-brutalniot-napad-na-gradonachalnikot-koj-se-bori-za-zivot-video/feed/ 0