гду – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Nov 2020 18:28:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гду – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ГДУ нема да учествува на избори во Штип: „Лудост е да има избори кога болниците се преполни“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gdu-nema-da-uchestvuva-na-izbori-vo-shtip-ludost-e-da-ima-izbori-koga-bolnicite-se-prepolni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gdu-nema-da-uchestvuva-na-izbori-vo-shtip-ludost-e-da-ima-izbori-koga-bolnicite-se-prepolni/#respond Fri, 06 Nov 2020 16:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=425956

Во услови на корона криза кога болниците веќе се преполни, медицинскиот персонал истоштен, да бараш предвремени локални избори во Штип е апсолутна лудост, глупост и неодговорност. ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА се за одлагање на изборите, кое реално им дава уште неколку месеци власт на СДСМ во Штип. Тоа е апсолутно наместена утакмица, во која ние како ГДУ немаме намера да учествуваме. Каква е логиката тие кои така или инаку ќе се на власт, со в.д.градоначалник, како што е со СДСМ во Штип, да сакаат да одиме на избори?, стои во Фејсбук статусот на Петар Колев. - Ќе потрошиме неколку милиони за кампања, маици, пенкала, глупости изнапишани во предизборни програми, пари кои се од даноците на штипјани и другите граѓани на Македонија, наместо да ги насочиме кон здравството. Ќе создадеме опасност за здравјето и ќе имаме избори со најниска излезност, кои автоматски ќе го компромитираат изборниот процес, пишува тој. - ГДУ како политичка партија која учествуваше на последните парламентарни избори, нема да учествува со свој кандидат на овие избори и ќе поведеме кампања во која ќе им објасниме на граѓаните дека е апсолутна глупост во корона криза, додека политичарите лапаат тендери по Штип, вработуваат партиски војници и лажат кај ќе стигнат, ние да си го ставаме здравјето во ризик одејќи од врата на врата и излегувајќи на избори. Ајде барем еднаш да бидеме над личните и тесните политички интереси и да надвладее разумот! И за моја огромна жал нека ни е „честита“ првата блокада од Бугарија, како што би рекле нашите сограѓани албанци-„ЈА ГА ЧУДИМ“, вели Колев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gdu-nema-da-uchestvuva-na-izbori-vo-shtip-ludost-e-da-ima-izbori-koga-bolnicite-se-prepolni/feed/ 0