гемиџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 10:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гемиџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Саможртва во Солун за слободна Македонија – гемиџијата Орце Поп Јорданов се самоуби откако ги потроши бомбите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-samozrtva-vo-solun-za-slobodna-makedonija-gemidzijata-orce-pop-jordanov-se-samoubi-otkako-gi-potroshi-bombite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-samozrtva-vo-solun-za-slobodna-makedonija-gemidzijata-orce-pop-jordanov-se-samoubi-otkako-gi-potroshi-bombite/#respond Sat, 30 Apr 2022 10:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=670075

Се осигурав на 10.000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде испалтена, сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото, за кое живеев, работев и ќе умрам – делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија! Ова е последната порака што ја упатил велешкиот гемиџија Јордан Поп Јорданов – Орце, пред да си го одземе животот, на денешен ден, 30 април 1903 година во Солун. Тој загинува херојски, во куќата во која живеел во Солун, откако ги употребил и последните бомби против османлиските војници кои го држеле под опсада. Орце е еден од најистакнатите гемиџии во познатите Солунски атентати од 1903 година и нивни водач. Роден е 1881 година во Велес, помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школувал во родниот град и Солунската гимназија. На 29 април 1903 година Орце го активира динамитот во прокопаниот тунел и ја крева во воздух Отоманската банка, притоа внимавајќи да нема човечки жртви, што било мото на Солунските атентатори. Со експлозиите и минирањето на избрани објекти да се сврти вниманието на европската јавност за неправдата кон Македонија, а притоа да нема цивилни жртви. Орцето, како што го викале блиските, бил голем идеалист. Тој и со својата смрт сакал да биде корисен за револуционерното дело и за својата татковина Македонија. Тој непосредно пред Солунските атентати се осигурил во осигурителното друштво Њујорк на 10.000 франци и тоа на иметото Симеон Радев. Орцето го замолил Радев осигураните 10.000 франци, по неговата смрт, да му ги предаде на Борис Сарафов затоа што тој им помагал и им дал 10.000 франци на Гемиџиите. Орце во писмотото до Радев напишал: – Пред неколку месеци се осигурав на 10.000 франци. Сумата по мојата смрт ќе ти биде исплатена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото, за кое живеев, работев и ќе умрам – делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија, напишал Орце. Писмото на Орце до неговата сакана Кате
Кога ќе го читаш моето писмо мене веќе нема да ме има – јас ќе бидам труп или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче. Но, во ситуацијава кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам. Од првиот пат кога те видов, те засакав. Ти ми беше единствена радост, но чувствував дека немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам себеси, а на делото кое што беше цел и смисла на мојот живот. Да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата сакана и ценета Македонија. Те сакав со сите пори на моето тело. Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас како звукот на цитрата. И сепак те одбегнував зашто ме плашеа честите средби со тебе ми ја ослабнуваа волјата ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот. А не требаше ништо да ме врзува за него. Понекогаш бев груб дури и суров со тебе. Прости ми за грубоста и суровоста. Зад нив ја криев безграничната љубов, а срцето ми крвавеше. Верувам ќе ми простиш, ти си добра, а јас сега жалам што не бев подобар, повнимателен и понежен кон тебе. Сигурно ќе прашаш: Неопходно ли е да умрам? За мене нема друг излез. Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите нема право да го штеди ни сопствениот живот. Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт на многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања. Зар по сето тоа што ќе го сториме јас ќе имам право да живеам? Мислам ќе биде ниско и подло. Да умрам, за мeне е врховна повелба на мојата совест. И потоа мојата девиза беше – не зборови а дело, а крајот е тој што го краси делото. Има и едно последно сообразување, не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене да си подигрува. Зошто ми е живот лишен од слобода. Да тлее во некоја темна ќелија на Еди Куле или да се стопи под жешкото сонце на Сахара? Не, претпочитувам да умрам! Со мојата смрт ќе им го фрлам на непријателите, поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир. Како што живеев, така сакам и да умрам – скромно и чесно, до крај верен на себеси, сакав да бидам и останам и една целосна личност. Треба да завршам. Времето не чека. Многу нешта навираат во мојата душа. Но, ќе ги чуеш. Така е подобро. Срцето ти претскажа што би сакал да ти пишам во овој последен час. Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од се. Ти пожелувам, не, те молам да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов и нему дај му го своето срце и својата љубов. Дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене. Ти пожелувам да бидеш среќна. Понекогаш во вечерните часови, кога спомените довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа, спомни си за мене. Ти благодарам за тоа. Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните. Твојот Орце
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-samozrtva-vo-solun-za-slobodna-makedonija-gemidzijata-orce-pop-jordanov-se-samoubi-otkako-gi-potroshi-bombite/feed/ 0
На денешен ден роден е Павел Шатев, истакнат македонски револуционер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-roden-e-pavel-shatev-istaknat-makedonski-revolucioner/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-roden-e-pavel-shatev-istaknat-makedonski-revolucioner/#respond Tue, 15 Jun 2021 05:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=523454

Во Кратово на денешен ден, 15 јуни во 1882 година е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станал еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. Во 1900 година успешно матурирал во Солунската гимназија. Истовремено им се приклучил на Гемиџиите. Бил задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција била успешно извршена, при што бродот бил запален, а сите патници биле спасени. Бил уапсен и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година бил осуден на смртна казна. Исчекувајќи го трите години за извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара. Во 1908 година, по Младотурската револуција, добил амнестија и повторно дошол во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминал во Брисел, каде студирал право. Во текот на Првата светска војна бил мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се вратил во Македонија и се вклучил во политичкиот живот на македонската република извршувајќи највисоки раководни должности. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанал на страната на советската партија. На 16 јуни 1949 година Шатев бил уапсен „како непријател на државата“ и набрзо му бил одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје бил задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што бил испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен бил од контакти со надворешни лица и држен во тешки услови. Набрзо се разболел и бидејќи не му било дозволено да се лекува, починал на 30 јануари 1951 година. Властите не дозволувале да биде погребан во родното Кратово. Закопан бил на битолските гробишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-roden-e-pavel-shatev-istaknat-makedonski-revolucioner/feed/ 0
„Македонците никогаш нема да се предадат“: 5000 Комити и Гемиџии со заедничка порака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-nikogash-nema-da-se-predadat-5000-komiti-i-gemidzii-so-zaednichka-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-nikogash-nema-da-se-predadat-5000-komiti-i-gemidzii-so-zaednichka-poraka/#respond Sun, 18 Aug 2019 18:45:57 +0000 https://kurir.mk/?p=230965

„Македонците никогаш нема да се предадат“, пишува на транспарентот кој денеска беше истакнат од навивачките групи Комити и Гемиџии на првенствениот фудбалски натпревар меѓу Борец и Вардар во Велес. И Гемиџиите и Комити навиваа за својот омилен клуб, но заеднички навиваа за Македонија и испратија заедничка порака преку големиот транспарент. Натпреварот, кој е прв прволигашки за ФК Борец по 18 години, заврши без голови 0:0, но ќе остане запаметена заедничката порака на навивачките клубови од Велес и од Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-nikogash-nema-da-se-predadat-5000-komiti-i-gemidzii-so-zaednichka-poraka/feed/ 0
ЗА ПРВПАТ ПО 20 ГОДИНИ: Општина Велес ја укина Вардарската регата „Гемиџии“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/za-prvpat-po-20-godini-opshtina-veles-ja-ukina-vardarskata-regata-gemidzii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/za-prvpat-po-20-godini-opshtina-veles-ja-ukina-vardarskata-regata-gemidzii/#respond Sun, 01 Jul 2018 10:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=71673

Прв пат после 20 години, општина Велес ја стопираше манифестацијата Вардарска регата „Гемиџии“, која оваа година требаше да слави јубилеј од 20 години. Градот се откажа од манифестацијата која е симбол и гордост на Велес, која ги  поврзуваше минатото со сегашноста и за истата се направи специјална конструкција која ја отсликува историската гемија (во намалена верзија), која тогаш била единствен начин на трговската размена на градот Велес и градот Солун, а во денешно време славење на делото на храбрите Гемиџии. Вечешани коментираат дека не може да се прифати образложението дека Општина Велес нема 120.000  денари во својот буџет за нејзино одржување. Според нив, одлуката е штетна, кусогледа, погрешна и директно го засега достоинството на Велес и Велешани. -Не сакаме да веруваме дека самото името на регатата "Гемиџии" и симболот што таа го претставува е основен мотив за нејзино укинување. Велес е град со огромна историја која ниту почнала ниту пак ќе заврши со Декрет на локалниот општинскиот естаблишмент, коментираат тие. Вардарската Регата „ГЕМИЏИИ“ се одржува во чест на славните Солунски Атентатори или Гемиџиите од 1903 година. Тие со серија самоубиствени напади на јавните објекти во најзначајниот европски град во Османлиската Империја Солун, прво со напад на Францускиот брод  „Гвадалкивир“, Банк Отоман, Гранд Хотел Солун, гасоводните цевки и други објекти сакале да го свртат вниманието на Европа за поробената Македонија од страна на Османлиската Империја. Во сите тие напади било предизвикано само материјална штета и општ хаос додека жртви биле самите Гемиџии.Нивниот слоган бил  „СЕ АРЧИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“. Гемиџиите биле млади интелектуалци на возраст од 18 до 22 години,од кој најголемиот дел биле од Велес: ЈОРДАН ПОП ЈОРДАНОВ-ОРЦЕТО, ДИМИТАР МЕЧЕВ-МЕЧЕТО, КОНСТАНТИН КИРКОВ, ИЛИЈА ТРЧКОВ, ВЛАДИМИР ПИНГОВ, ГЕОРГИ БОГДАНОВ, МИЛАН АРСОВ, ПАВЕЛ ШАТЕВ од КРАТОВО и МАРКО БОШНАКОВ од  ОХРИД.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/za-prvpat-po-20-godini-opshtina-veles-ja-ukina-vardarskata-regata-gemidzii/feed/ 0
Во Велес одбележани 115 години од подвигот на Гемиџиите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-odbelezani-115-godini-od-podvigot-na-gemidziite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-odbelezani-115-godini-od-podvigot-na-gemidziite/#respond Mon, 30 Apr 2018 14:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=48069

Во Велес кај Вардар пред споменикот на Гемиџиите, познати и како Солунските атентатори, денеска беа одбележани 115 години од низата бомбашки напади што ги извршија во 1903-та во Солун.

На споменикот повеќе општински делегации во нивна чест положија цвеќе.

Со бомбашките акции, под слоганот „Се арчиме себе си за Македонија“, младите интелектуалци кои се нарекуваа Гемиџии имаа цел да го свртат вниманието на Европа за неподносливите услови во кои живее македонскиот народ под Отоманската империја.

Во акциите од 28 до 30  април во 1903. година во воздух биле кренати бродот „Гвадилкивир“, Отоманската банка, Електричната централа, а бил направен обид во воздух да се крене и Централната пошта во Солун и да се минира железничката пруга Солун - Деде Агач.

Повеќето од гемиџиите биле интелектуалци на возраст од 18 до 22 години. Тоа се Јордан Поп Јорданов, раководител на Кружокот, Димитар Мечев, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов сите од Велес и Павел Шатев од Кратово и Марко Бошњаков од Охрид.
Нивните имиња се запишани со златни букви во историјата за борбата на македонскиот народ за своја независна држава.
МИА

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-odbelezani-115-godini-od-podvigot-na-gemidziite/feed/ 0