ген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jan 2022 13:11:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриен е ген кој двојно го зголемува ризикот од тешко заболување со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrien-e-gen-koj-dvojno-go-zgolemuva-rizikot-od-teshko-zaboluvanje-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrien-e-gen-koj-dvojno-go-zgolemuva-rizikot-od-teshko-zaboluvanje-so-kovid-19/#respond Sat, 15 Jan 2022 13:11:12 +0000 https://kurir.mk/?p=619660

Полските научници пронајдоа ген кој повеќе од двојно го зголемува ризикот од тешка болест на Ковид-19, откритие за кое се надеваат дека може да им помогне на лекарите да ги идентификуваат луѓето кои се најзагрозени од оваа болест. Со оглед на тоа што неодлучноста при вакцинацијата е главен фактор за високата стапка на смртност од коронавирус во Централна и Источна Европа, истражувачите се надеваат дека идентификувањето на луѓето со најголем ризик ќе ги поттикне да се вакцинираат и ќе им овозможи пристап до поинтензивни опции за третман во случај на инфекција. -По повеќе од година и пол работа, беше можно да се идентификува генот одговорен за предиспозиција за тешка болест. Тоа значи дека во иднина ќе можеме да идентификуваме лица со предиспозиција сериозно да заболат од Ковид, изјави министерот за здравство, Адам Ниџиелски. Научниците од Медицинскиот универзитет во Бјалисток открија дека генот е четвртиот најважен фактор што одредува колку сериозно човек страда од Ковид-19, по возраст, тежина и пол. Генот е присутен кај околу 14 отсто од полската популација, во споредба со осум до девет отсто во Европа и 27 отсто во Индија, изјави Марцин Мониушко, професор задолжен за проектот. Други студии, исто така, ја покажаа важноста на генетските фактори во тоа колку сериозно се развива Ковид-19. Во ноември, британските научници објавија дека идентификувале верзија на генот што може да се поврзе со двоен ризик од конгестија на белите дробови при заболување со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrien-e-gen-koj-dvojno-go-zgolemuva-rizikot-od-teshko-zaboluvanje-so-kovid-19/feed/ 0
Научниците со ново откритие: Гените одредуваат дали може да добиете рак https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-so-novo-otkritie-genite-odreduvaat-dali-moze-da-dobiete-rak/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-so-novo-otkritie-genite-odreduvaat-dali-moze-da-dobiete-rak/#respond Sun, 30 May 2021 12:44:17 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516885

Човекот има околу 30.000 гени кои ги диктираат не само изгледот, туку и клучните биолошки процеси. Истражувачки тим од Државниот универзитет во Флорида и Националниот универзитет во Австралија открил клучен аспект за регулација на гените и како тој процес влијае на ракот како болест. Професорите Џонатан Денис и Дејвид Треметник објавиле статија во мегазинот "Nature Communications" која открива клучни информации за контрлниот регион на генот, каде протеините се врзуваат за да ги вклучат или исклучат ген. Откриено е дека овој регион „спакуван“ го диктиран начинот на кој гените истакнуваат или ограничуваат. „Пакувањето“ се однесува на сите карактеристики како и каде овие протеини ќе се врзат. процесот е пресуден за човековата биологија. -Кога погрешна работа ќе се врзе, ќе добиете несоодветна филиологија, во некои случаи рак, истакнува Денис. Новите информации ги предизвикуваат актуелните модели на истражување на генот и откриваат дека постојат многу начини на кои промоторот може да биде „спакуван“ и со тоа да се дозволи или да се ограничи експесијата на генот. Протеинот наречен H2A.Z игра важна улога во регулирање на ова пакување на генот на разни начини. -H2A.Z е вид на протеин кој предизивикува хистонска варијанта, изјавил Лорен Кол, која е прва авторка во студијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-so-novo-otkritie-genite-odreduvaat-dali-moze-da-dobiete-rak/feed/ 0
Научниците тврдат: Ген на криминалот не постои https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-tvrdat-gen-na-kriminalot-ne-postoi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-tvrdat-gen-na-kriminalot-ne-postoi/#respond Tue, 06 Nov 2018 12:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=124184

Грабежи, насилиство, убиства… Што го тера човекот да го крши законот и да врши тешки престапи? Дали е во прашање тешкото детство, семејното и социјалното опкружување или, пак, тоа има научно објаснување и причината се крие во гените? Нацистите сметале дека „криминалците со гени со понизок квалитет” имаат посебни белези. Се докажа дека тоа нема никаква смисла, иако некои нови истражувања покажуваат дека некои генетски одлики сепак може до извесен степен да ја зголемат склоноста кон насилство. Мајката на познатиот сериски убиец Чарлс Менсон, на пример, исто така имала криминално минато. Но, гените, генерално гледано, не се одговорни за таквите карактеристики, туку за хемиските својства на мозокот. Кај најопасните криминалци, хормонот серотонин го има во исклучително ниски количества, па доколку во големиот мозок тоа ниво е доволно ниско, насилството излегува надвор од контрола. Друг битен фактор се и душевните трауми од детството, причинети од физичко и сексуално злоставување. Во многу случаи стравот се претвора во агресија. Резултатите посочуваат дека генетската предодреденост во комбинација со тешки емоционални и психички трауми од минатото можат да го насочат човекот кон криминал. Ген на криминалот, сепак, не постои. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-tvrdat-gen-na-kriminalot-ne-postoi/feed/ 0