генерален штрајк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 08:51:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png генерален штрајк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, доколку не се најде решение ќе се активира генералниот штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ujp-ochekuva-da-gi-povika-pomiruvachot-dokolku-ne-se-najde-reshenie-ke-se-aktivira-generalniot-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ujp-ochekuva-da-gi-povika-pomiruvachot-dokolku-ne-se-najde-reshenie-ke-se-aktivira-generalniot-shtrajk/#respond Mon, 26 Jun 2023 08:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=849653

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) очекува да ги повика помирувачот за да изнајдат решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии. -Помирувачот што ние го предложивме веднаш беше прифатен од Министерството и чекаме да не повика на разговор. Тој е должен во рок од три дена да го врати мандатот доколку не може да најде решение, изјави Васе Неданоски од Синдикатот на УЈП за МИА. Доколку сегашниот помирувач не е во земјава и не може да го спроведе помирувањето, како што кажа, на негово место може да се назначи друг. Сепак, Неданоски очекува за пет до шест дена да заврши процедурата за помирување. -Доколку не се изнајде решение за неколку денови ќе се активира одлуката за генерален штрајк при што ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање. Ние не сме дел од одбраната или внатрешните работи па да имаме некакво ограничување што смееме, а што не смееме да правиме за време на генерален штрајк, посочи Неданоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ujp-ochekuva-da-gi-povika-pomiruvachot-dokolku-ne-se-najde-reshenie-ke-se-aktivira-generalniot-shtrajk/feed/ 0
Здравствените работници најавуваат генерален штрајк поради игнорантскиот однос од надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenite-rabotnitsi-najavuvaat-generalen-shtrajk-poradi-ignorantskiot-odnos-od-nadlezhnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenite-rabotnitsi-najavuvaat-generalen-shtrajk-poradi-ignorantskiot-odnos-od-nadlezhnite/#respond Fri, 05 May 2023 15:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=831031

Бел штрајк царува во здравството поради незголемените плати и игнорантскиот однос од надлежните. На работа без ентузијазам, постојани кавги и нервози додека пациенти чекаат прегледи, а здравствените синдикати чекаат потпишување на договорот. Никој незнае дали со априлската плата ќе ги добијат ветените 2000 денари кои се синдикални барања за 2022 година. -Со сегашните покажувања платата на лекар хирург и на било кој специјалист е 3 спрема еден со функционерите во плати, во оваа социјална сиромашна држава, вели д-р Предраг Серафимовски претседател на Синдикат на Клинички. -Седум месеци не маткаат од министерство до министерство за 3000 со 2000 илјади и одеднаш тие преку ноќ си зголемуваат за 78 проценти. Се чувствуваме како ретардирани, вели Стојка Накевска потпретседател на Синдикат на Клинички. Најголемите здравствени синдикати се револтирани што постојано чекаат некое мислење и молат за 2000 денари месечно, а функционерите веќе добија по 2000 денари дневно повеќе на сметка. -Генералниот штрајк ни останува како опција како израз на револт, но се надеваме дека нема да дојде да ја донесеме оваа најрадикална мерка бидејќи при генерален штрајк трпи третото лице – пациентот, вели Љубиша Каранфиловски претседател на Самостоен синдикат на здравство. А каква е состојбата во здравствениот систем доволно сведочи изјавата на министерот Фатмир Меџити - не би сакал да се лекува во штипската болница поради лошите услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenite-rabotnitsi-najavuvaat-generalen-shtrajk-poradi-ignorantskiot-odnos-od-nadlezhnite/feed/ 0
Вработените во ДИЦ бараат зголемување на платите, почнаа генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-dits-baraat-zgolemuvane-na-platite-pochnaa-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-dits-baraat-zgolemuvane-na-platite-pochnaa-generalen-shtrajk/#respond Tue, 25 Apr 2023 12:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=827423

Дваесет и девет вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) од вчера се во генерален штрајк зашто не добиле согласност од Министерството за финансии на нивното барање за зголемување на платите односно изменување и дополнување на колективниот договор. Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација на ДИЦ, рече дека речиси половина од 29-те вработени во ДИЦ, т.е. 11, примаат минимална плата од 20 100 денари. Таа апелираше побрзо да се реши нивното барање за да не заглават, како што рече, процесите кои се во нивна надлежност. Доколку штрајкот продолжи повеќе од една недела, ќе биде доведено во прашање и претстојното полагање државна матура. Основната плата на советниците во ДИЦ е, рече, 26 000 денари. Се обратиле до Министерство за финансии со измена на колективен договор бидејќи земаат плата преку поединечен колективен помеѓу работодавач и вработени. -Со измената што ја направивме се обидовме да ја внесеме минималната плата во тој колективен, тоа е тоа што ни недостасуваше, и се уште не добивме позитивен одговор, согласност за покачување на платите. Кога би влегла минималната плата, би имале линеарно покачување на платите коишто досега не го добивме, рече Бошковска. На прашање колкаво покачување бараат, одговори дека износот не е фиксен, но не смее да биде помалку од 30 проценти. Измените во колективниот договор за кои бараат согласност се за да се добие разликата во платите помеѓу работните позиции бидејќи со порастот на минималната плата тие се изедначиле. -Платите наши беа заборавени, со покачување на минималната плата веќе двапати, се покачија само на тие со најниска позиција. А ние сме основата т.е. стожерот на еден куп процеси кои се случуваат во образованието, меѓу кои е матурата, меѓународните тестирања кои се спроведуваат во моментов, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници. Значи, обемот на работа е многу зголемен, а дојдовме во ситуација во која вработените не можат да преживеат со оглед на поскапувањата. Наставниците одамна добија покачувања. Ние сме тие коишто имаме некоја улога многу посериозна од тоа колку не цени Владата, рече Бошковска додавајќи дека во минатите години не добиле ни регрес за годишен одмор. Штрајкот ќе продолжи и сите процеси коишто се во надлежност на ДИЦ, рече таа, ќе бидат стопирани, а доколку трае повеќе од една недела ќе биде во прашање и полагањето државна матура која почнува на 27 мај. -Затоа се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме позитивен одговор, бидејќи не е само државната матура. Навистина има процеси коишто се врзани со рокови, но навистина станува збор за сензитивна работа. Овие вработени се во клучни процеси, секој од нив е битен и битно е да биде стимулиран, да добиеме надомест за достоинствен живот, истакна претседателката на синдикалната организација на ДИЦ која немала контакт со МОН ниту официјален одговор од Финансии. Синдикалната организација на ДИЦ е формирана од почетокот на оваа година и членува во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Поддршка на нивниот штрајк добија и од Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиските дејности на Македонија и член на Претседателството на ССМ. Тој рече дека уште од септември минатата година, кога се покачила минималната плата, вработените во ДИЦ не добиле ниту линеарно покачување. -Сега, со последново покачување, тие останаа без никакво покачување и од тогаш се бараат начини како да им се помогне. За жал, до денеска Владата, и покрај сите нејзини ветувања, не најде сила да излезе во пресрет на нивните барања, изјави Селовски и апелираше барем линеарно да се зголемат платите во ДИЦ за, како што рече, да не дојде до револт што може да предизвика огромни последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-dits-baraat-zgolemuvane-na-platite-pochnaa-generalen-shtrajk/feed/ 0
Генерален штрајк во Белгија в среда, над половина летови откажани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalen-shtrajk-vo-belgija-v-sreda-nad-polovina-letovi-otkazani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalen-shtrajk-vo-belgija-v-sreda-nad-polovina-letovi-otkazani/#respond Mon, 07 Nov 2022 15:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=756982

Со поддршка на трите најголеми синдикати на Белгија, работниците во Белгија масовно ќе штрајкуваат, засегнати се сите превозни средства, јави дописничката на МИА од Брисел. Синдикалната и работничката мобилизација најавена за среда 9 ноември се очекува да биде без преседан во последните години. Незадоволството на работниците во сите професионални сектори расте пропорционално со цените и стандардот на живеење. Вториот најголем синдикат во земјата, ФГТБ, сложно со другите два синдикати, упати повеќе барања до власта и до работодавците: да се блокираат цените на енергијата, да се зголемат платите за 2023 и 2024 година, да се воведе данок врз големите профити, да се укине контроверзен закон од 1996 година, и да се отфрли барањето на стопанските комори за замрзнување на механизмот на индексација на платите. Индексирањето на платите во Белгија е механизам кој автоматски ги коригира платите и социјалната помош кога има инфлација. Штрајкови, прекин на работа, работнички совети, протести ќе се организираат цел ден ширум земјата. Синдикатите бараат исто така да им биде исплатен превозот на работниците до работното место повторно поради преголемата цена на енергијата и горивото. Иако денеска синдикатите и работодавците се сретнуваат за да се обидат да изнајдат решение, штрајкот нема да биде откажан. На маса се некои компромисни решенија, но за сега синдикатите не коментираат. Се очекува целата земја да биде речиси целосно парализирана во среда, вклучително и превозните средства. Аеродромот во Брисел најави дека 55 отсто од летовите се откажани за 9 ноември, односно над 200 летови. Знаејќи дека еден лет во просек има 130 патници авиокомпаниите најверојатно ќе се соочат со масовни отштети за клиентите. За патниците чиј лет не е откажан за или од Брисел на тој ден, аеродромот бара да се дојде само со рачен багаж бидејќи штрајк е најавен и во одделот за багаж. Секако штрајкот ги засега и возовите и автобусите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalen-shtrajk-vo-belgija-v-sreda-nad-polovina-letovi-otkazani/feed/ 0
Бериша повика на генерален штрајк на целата територија на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-povika-na-generalen-shtrajk-na-celata-teritorija-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-povika-na-generalen-shtrajk-na-celata-teritorija-na-zemjata/#respond Thu, 22 Sep 2022 16:53:49 +0000 https://kurir.mk/?p=736344

Поранешниот албански претседател, премиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша од собраниската говорница повика на генерален штрајк. Тој почна со повик до наставниците, универзитетските професори, па лекарите, а потоа и бизнисмените и студентите да излезат на протест и да почнат генерален штрајк, јави дописничката на МИА од Тирана. -Само генерален штрајк е билетот за ставање крај на владеењето на оваа корумпирана влада. На штрајк, на штрајк, само штрајк, рече Бериша, кој повикот го упати и до сите албански граѓани. Пратениците од владејачката социјалистичка партија го обвинија за поттикнување насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-povika-na-generalen-shtrajk-na-celata-teritorija-na-zemjata/feed/ 0
ССМ денеска излегува на штрајк: Владата нема слух за јавниот сектор за линеарно покачување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-deneska-izleguva-na-shtrajk-vladata-nema-sluh-za-javniot-sektor-za-linearno-pokachuvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-deneska-izleguva-na-shtrajk-vladata-nema-sluh-za-javniot-sektor-za-linearno-pokachuvanje-na-platite/#respond Wed, 22 Jun 2022 05:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=693933

Откако преговорите со владините претставници не вродија со плод, Сојузот на синдикати на Македонија одлучи денеска да излезе на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството од немањето слух од страна на Владата по однос на линеарното покачување за сите по 2 806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата, најави денеска по средбата со владините претставници. Претседателот на ССМ Дарко Димовски вчера истакна дека е разочаран од преговорите кои се воделе во последен момент, при што ги оцени како обид за купување на време. -Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така. Тие се сервис на граѓаните, ние од нив користиме услуги. Тие достоинствено си ја работат работата и сметаме дека дојде времето нашето незадоволство да го искажеме на улица, рече Димовски. Денеска пред Собранието ќе бидат наредени 120 столчиња, од каде од пратениците ќе бараат да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Тој јавно побара помирувачот кој што е дел од Министерството за труд и социјална политика да го прочита Законот за мирно решавање на спорови и членовите во тој закон, и да не ги убедува дека помирувањето може да трае 20 дена и оти за тој период ССМ не треба да штрајкува. Штрајкот значи прекин на работниот процес за време на работното време на работното место. -Ние како ССМ не можеме да штрајкуваме во тие одделни институции, ние нашето незадоволство како предводници на овој штрајк ќе го изразиме пред Собранието на РСМ во среда, во четврток тоа ќе го пренасочиме кон Владата, а доколку ниту тогаш не се реши проблемот, тогаш ќе одиме пред Министерството за финансии каде што ќе побараме уште еднаш од министерот Бесими да се преиспита во ребалансот на Буџетот и да не стави како ставка за покачување на плати. Доколку и тоа не се случи, знаете што значи штрајк и кои се последиците, очигледо ќе бараме оставка од некои министри. Тоа е наше легитимно право, рече Димовски. Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија на 3 јуни донесоа Одлука за генерален штрајк за 22 јуни, ако дотогаш не бидат исполнети нивните барања. Откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за нивното барање за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор како што им било ветено за време на преговорите, ССМ бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика, но ни на таа средба не беше постигнат договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-deneska-izleguva-na-shtrajk-vladata-nema-sluh-za-javniot-sektor-za-linearno-pokachuvanje-na-platite/feed/ 0
Јавниот сектор од утре во генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-sektor-od-utre-vo-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-sektor-od-utre-vo-generalen-shtrajk/#respond Tue, 21 Jun 2022 09:05:26 +0000 https://kurir.mk/?p=693554

Вработените во јавен сектор од утре стапуваат во генерален штрајк. Покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот. Сојузот на синдикати соопшти дека за време на генералниот штрајк во јавниот сектор најавен за 22 јуни ќе обезбедат расположив капацитет од 10 отсто од вработените во овој сектор, според правилата за штрајк. -Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот. Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор , велат од ССМ. Штрајкот, како што соопштија претходно, се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на барања од работен однос – склучување општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-sektor-od-utre-vo-generalen-shtrajk/feed/ 0
ССМ ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА: Ќе организира генерален штрајк на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-izleguva-na-ulica-kje-organizira-generalen-shtrajk-na-22-juni-dokolku-dotogash-ne-bidat-ispolneti-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-izleguva-na-ulica-kje-organizira-generalen-shtrajk-na-22-juni-dokolku-dotogash-ne-bidat-ispolneti-nivnite-baranja/#respond Fri, 03 Jun 2022 11:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=686178

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија денеска донесоа одлука за генерален штрајк што треба да се одржи на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. Ваквата одлука е донесена на денешните седници на Претседателството и Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), откако вчера не беше постигнат договор со Владата линеарно да се зголемат останатите плати во јавниот сектор, по зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари. Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за покачување на платите, иако тоа им било ветено за време на преговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-izleguva-na-ulica-kje-organizira-generalen-shtrajk-na-22-juni-dokolku-dotogash-ne-bidat-ispolneti-nivnite-baranja/feed/ 0
Ќе заседаваат највисоките тела на ССМ, ќе се одлучува за генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-zasedavaat-najvisokite-tela-na-ssm-kje-se-odluchuva-za-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-zasedavaat-najvisokite-tela-na-ssm-kje-se-odluchuva-za-generalen-shtrajk/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=686014

Откако вчера Сојузот на синдикатите на Македонија не постигна договор со Владата за линеарно зголемување на платите, денеска ќе заседаваат претседателството и советот на ССМ кои треба да одлучат за почнување генерален штрајк. Претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната двочасовна средба во Владата изјави дека не е постигнат договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и оти денеска ќе биде донесена одлука за генерален штрајк. Димовски кажа дека е разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имале одговор за се, само не за главното – за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за ова нивно барање како што им било ветено за време на преговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-zasedavaat-najvisokite-tela-na-ssm-kje-se-odluchuva-za-generalen-shtrajk/feed/ 0
Белгија: Синдикатите на 31 мај излегуваат на генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-sindikatite-na-31-maj-izleguvaat-na-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-sindikatite-na-31-maj-izleguvaat-na-generalen-shtrajk/#respond Fri, 06 May 2022 12:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=672956

Синдикатите пријавија дека на 31 мај ќе се одржи генерален штрајк во целата земја. Национален генерален штрајк во целата администрација, државни институции и јавни претпријатија, вклучително и железничката, ќе ја парализира цела Белгија на 31 мај на иницијатива на социјалистичкиот синдикат. Синдикалните акции ќе се водат како одговор на општата влошена состојба во државата, како што најавија. Цените на основните производи и на енергијата постигнаа рекордни бројки по Ковид-19 и војната во Украина. Не се прецизира сѐ уште какви акции ќе се преземат. На 30 и 31 мај во Брисел се одржува и вонреден самит на ЕУ, што дополнително ќе го парализира градот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-sindikatite-na-31-maj-izleguvaat-na-generalen-shtrajk/feed/ 0