генерално собрание на он – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Sep 2022 09:15:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png генерално собрание на он – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на ГС на ОН повика на демилитаризација на нуклеарката Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gs-na-on-povika-na-demilitarizacija-na-nuklearkata-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gs-na-on-povika-na-demilitarizacija-na-nuklearkata-zaporozje/#respond Thu, 15 Sep 2022 09:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=733095

Нуклеарната електрана Запорожје мора да биде демилитаризирана и двете страни мораат да ги повлечат своите сили оттаму, нагласи денеска претседателот на 77. Генерално собрание на Обединетите Нации, Чаба Короси. – Што се однесува на нуклеарната електрана Запорожје, ајде да ги наречеме работите со вистинско име. Тоа е главно прашање за нуклеарната безбедност. Ги повикуваме двете страни да ја демилитаризираат зоната околу нуклеарната електрана, да ги повлечат своите сили, за да бидеме сигурни дека нема воени операции на територијата на нуклеарката, изјави Короси. Таквата одлука, според него, би била добра и за Украина и за Русија, но и за други земји. Нуклеарната електрана Запорожје од почетокот на руската инвазија е под контрола на руските трупи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gs-na-on-povika-na-demilitarizacija-na-nuklearkata-zaporozje/feed/ 0
Гутереш од 77-то Генерално собрание на ОН повика на „солидарност и соработка пред предизвиците на светот во ризик“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-od-77-to-generalno-sobranie-na-on-povika-na-solidarnost-i-sorabotka-pred-predizvicite-na-svetot-vo-rizik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-od-77-to-generalno-sobranie-na-on-povika-na-solidarnost-i-sorabotka-pred-predizvicite-na-svetot-vo-rizik/#respond Wed, 14 Sep 2022 05:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=732454

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа, на отворањето на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, повика на „солидарност“ и „соработка“ пред повеќекратните предизвици на „светот во ризик“, пренесоа светските агенции. -Ние се соочуваме со светот во опасност преку целата наша работа за промовирање на мирот, човековите права и одржлив развој, рече првиот човек на светската организација. „Од конфликти до климатски промени, до уништени финансиски системи што ги разочаруваат земјите во развој, до сиромаштија, нееднаквост и глад, до поделеност и недоверба“. -Соочувањето со овие предизвици бара постојана солидарност, соработка и градење консензус и решенија, потенцираше  Гутереш, една недела пред одржувањето на Генералното собрание на највисоко ниво. Почнувајќи од следниот вторник, зад говорницата на Генералното собрание на најголемиот годишен светски собир ќе се наредат десетици шефови на држави и влади од целиот свет. Иако официјално не е планирана промена во програмата, погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, на кој планираа да присуствуваат многу лидери, сепак отвора низа неизвесности за текот на неделата, особено поврзани со редоследот на говорите и одржувањето на одредени придружни настани. Самитот за образование, закажан за в понеделник, на кој претходно своето присуство го потврдија 90 шефови на држави и влади, сепак, ќе се одржи. Антонио Гутереш нема да патува во Лондон на погребот на кралицата, изјави неговиот портпарол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-od-77-to-generalno-sobranie-na-on-povika-na-solidarnost-i-sorabotka-pred-predizvicite-na-svetot-vo-rizik/feed/ 0
Генералното собрание на ОН утре треба да изгласа нова хуманитарна резолуција за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-utre-treba-da-izglasa-nova-humanitarna-rezolucija-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-utre-treba-da-izglasa-nova-humanitarna-rezolucija-za-ukraina/#respond Tue, 22 Mar 2022 06:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=651097

Генералното собрание на ОН треба да се состане в среда во обид да се договори и изгласа нова резолуција за војната на Русија против Украина. Дипломати укажуват дека иако беше најавено, не било сосема сигурно дека гласањето ќе се одржи. Според нив, целта е да се добијат најмалку 141 глас „за“ како што беше случајот со претходната резолуција со која беше осудена Русија поради воената интервенција. Резолуцијата фокусирана врз хуманитарните последици од руската агресија врз Украина се очекува да биде широко одобрена во најголемото тело на ОН со 193 членки. Во нацрт-документот на резолуцијата до кој дојдоа медиумите, меѓу другото, се бара „итен прекин на непријателствата од страна на Русија против Украина, особено сите напади врз цивили и цивилна инфраструктура“. Исто така документот ја повикува Москва веднаш да ги повлече своите вооружени сили од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-utre-treba-da-izglasa-nova-humanitarna-rezolucija-za-ukraina/feed/ 0
Генералното собрание на ОН „бара“ Русија итно да се повлече од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-bara-rusija-itno-da-se-povleche-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-bara-rusija-itno-da-se-povleche-od-ukraina/#respond Wed, 02 Mar 2022 17:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=639664

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство денеска усвои резолуција со која „бара“ Русија „итно“ да се повлече од Украина, како силен укор за инвазијата на Москва од страна на глобалното тело задолжено за мир и безбедност. По повеќе од два дена вонредна дебата, 141 од 193 земји-членки гласаа за необврзувачката резолуција. Кина беше меѓу 35-те земји кои беа воздржани, а само пет гласаа против. Резолуцијата „најостро ја осудува“ руската инвазија врз Украина и ја осудува одлуката на претседателот Владимир Путин да ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnoto-sobranie-na-on-bara-rusija-itno-da-se-povleche-od-ukraina/feed/ 0
Албанија ќе биде потпретседател на 75-та седница на Генералното собрание на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-kje-bide-potpretsedatel-na-75-ta-sednica-na-generalnoto-sobranie-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-kje-bide-potpretsedatel-na-75-ta-sednica-na-generalnoto-sobranie-na-on/#respond Thu, 02 Jul 2020 10:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=367336

Албанија е избрана за потпретседател на 75-та седница на Генералното собрание на ОН,функција која ќе ја обавува амбасадорката на оваа земја во светската организација Бесиана Кадаре. Соопштувајќи ја веста Кадаре напиша дека е „горда да објави дека Албанија е избрана за заменик претседател на 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации и оти со нетрпение очекува да соработува со Волкан Бозкир,од Турција кој е новозбраниот претседател“. -Голема привилегија и извонредна одговорност е да и служам на мојата земја на оваа важна функција, додава Бесиана,која е ќерка на еден од најпознатите албански писатели Исмаил Кадаре. Секоја регионална група, како што пренесува албанската државна агенција АТА, во Обединетите нации е претставена од потпретседател на Генералното собрание. Албанија ќе ја претставува групата Источна Европа, која ги вклучува Балканот, Источна Европа, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан, Ерменија и други. Поздравувајќи го изборот шефот на државата Илир Мета оцени дека „тоа е многу добра можност за достоинствено претставување на Албанија во оваа многу значајна светска институција“. За парламентарниот спикер, Грамоз Ручи, изборот на Бесиана Кадаре претставува национален и политички успех. Посакувајќи и успешна работа,овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, додава дека „изборот на Албанија на оваа висока институционална позиција јасно го докажува растечкото присуство на албанската дипломатија во ООН“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-kje-bide-potpretsedatel-na-75-ta-sednica-na-generalnoto-sobranie-na-on/feed/ 0